Јас сум слушнала. Овие на форумот што навиваат за свршување внатре не слушнале изгледа. Патем и со кондом ако ја сака, нема да сврши и да ризикува. Нема и јаре и паре, јбг.
Малку претеруваш, чисто се сомневам дека со дечко го практикувате ова секогаш, ама нека ти биде. Со среќа во животот, ќе ти треба
Фала богу дека го практикуваме. Бебе не планирам у следни 5 години минимум да имам. Па неам затруднето телепатски ко некои што опишуваат оти точно знам кога и колку имало ризик. Не оставам на случајност и негова желба.
Мојата бременост можам да кажам дека беше не планирана на некој начин. Свесно за време на односот се согласивме да сврши во мене и го прифативме ризикот од бременост, ама сепак се надевавме дека нема да се случи, кога на крај се фати веднаш. После секако размислував што да правам, дали да ја продолжам бременоста или не, некако не се чувствував баш спремно во тој период бидејќи имав 22 години кога забременив, мажот ми не ми вршеше притисок секако, ми рече што и да одлучиш ќе бидам покрај тебе, па одлучив да го родам бебето, и дефинитивно тоа е најдобрата одлука што сум ја донела во животот. Е сега мажот ми сака второ, ама јас воопшто ниту сакам, ниту планирам воопшто втора бременост, сакам да останеме на едно дете, и околу ова не знам како би се нашле на средина, ама постојано му кажувам доколку ми направи вакво нешто без мое знаење и согласност дека дефинитивно ќе абортирам. И сум размислувала искрено, што доколку стварно се случи знам дека нема да се согласи да абортирам, тогаш би абортирала без негово знаење, колку е паметно и исправно не знам, ама јас така би постапила дефинитивно.
Со вториот дел сочувствувам. Еве не знам што би направила, дали би можела ладнокрвно да абортирам доколку се случи такво нешто, ама мислам дека тоа би ми било единствена опција. И јас имам помислувано без ничие знаење да решам. И јас се прашувам како би се нашле на средина. Да сме во врска ќе се разделиме, ама во брак со дете не е така лесно. И сеа стварно не ми доаѓа на ум каде е таа средина кога јас велам НЕ а тој ДА. Ќе се разубедуваме еден со друг? Ќе се лажеме ? : До душа ми има паднато на памет тоа со лажењето, јас секако треба да пијам хормонски таблети заради ПЦОС ама не пијам моментално оти јас не сакам. Па си викам да пијам скришно и нека се трауматизира тој ако некогаш реши да ме зафркне. Нека си мисли дали е неплоден, дали Господ не дава или што сака. се смеам ама не е смешно. Се ежам од помислата на друго дете, а се згадувам од помислата да ми направи дете без моја согласност.
Нема средина. За деца е потребна согласност од двајцата. Ако едниот партнер сака уште деца, во ред е да започне разговор со другиот партнер. Но, ако другиот партнер рече не, тука е веќе крај на дискусија. Нема молење и убедување. Имам чувство дека твојата перцепција е "Што ако е запнат по секоја цена да имаме уште едно дете? Зарем да се разведувам и да го уништувам бракот и стабилноста на детето што веќе го имаме?" Ама има и друга страна. Зошто не размислуваш "За жал, желбата на партнерот за уште едно дете беше поголема од нашиот брак и мораше да се разведеме, бидејќи веќе желбите и плановите ни се разидоа." Не сфаќам зошто ако еден партнер сака уште деца, потенцијалниот развод би се гледал како било каква вина на другиот партнер? Според мене, нема вина никаде. Едноставно се различни желби. Одлуката според мене е на партнерот кој сака повеќе деца, да извага што сака повеќе - бракот или повеќе деца. Секако пожелно е да се разговара добро на тема деца пред да се стапи во брак. Ситуацијава е под претпоставка дека еден од партнерите се предомислил со текот на годините.
Ако она неќе а он сака, тука работата е пострашна јер може и до силување да дојде. Ако она сака, а он не, каде е манипулацијата и опасноста он да стане присилно татко? Ќе му ја испумпа спермата со сила? Не знам зашто викате дека иста тежина имаат двете ситуации.
Силување, притисок, насилство, буцкање ( ајде второ). Проблемот е мнолгу поголем од тоа свршување внатре.
Ако со маж ти имаш таков однос да треба да пиеш скришно апчиња за тој да си мисли дека е неплоден, имате поголем проблем од бременост што не ни постои во моментов. Решете си го проблемов зошто вакви работи не се туркаат под тепих, стануваат се поголеми
Mene ne mi e jasno kako razmisluvate. Sho mozhe da se sluchi ako svrshi vo tebe? Svrshil vo tebe, ste go prifatile rizikot od bremenost, ama sepak ste posakuvale da ne se sluchi bremenost. Togash zoshto svrshil vo tebe?
Јас лично секоја вечер носам панцир пошто ми се чини дека партнерот сака да ме упуца. Ваљда би требало нашиот партнер да ги исполнува најосновните работи како да не не затруднува намерно. Не дека кажуваат ако планираат тоа да прават, ама човече ако се сомневаш за тоа во ПАРТНЕРОТ.
Да се надоврзам на муабетов. Имам слушано за вакви приказни ама сум мислела само муабети се. Очигледно имало вистина во тоа. Јас и партнерот и пред брак и сега во, секогаш отворено сме разговарале, дали сакаме деца и какви очекувања имаме и сме биле на иста бранова должина, што не значи дека секогаш ќе биде така. Знам луѓе што сакале и повеќе дечиња и големо семејство, па имале трауматично искуство што им ја скратило таа желба. Ова најчесто се случува кај жени, зошто да бидеме реални цел психофизички товар од бременост и износување на дете паѓа на жената. Ако и јас се најдам во ваква ситуација и сменам размислување ќе очекувам разбирање од партнерот. Ако нема разбирање и не може да се помири дека заради икс причини јас не сакам повеќе деца, подобро да се разделиме него на сила да се прават работи. Тоа не можам да си го замислам.
Во повеќето случаи жената си легнува на брашното (раѓа деца што не ги сака) само колку да не си направи проблеми со дотичниот. Тешко се излегува од тој круг, сама тоа го знаеш.
Знам... ама тажно ми е многу оти е така. И зошто воопшто е така? Зошто жените чувствуваат притисок да останат со партнери, кои ги забремениле без нивна воља?
Кај нас па јас сакав три деца ( првото ми се погоди мирно и мислев и другите ќе се такви,ама второто ми е ептен темпераментно и веќе нејќам три деца,доста се овие), а мм не сакаше три, туку две. И се сложивме за две. Инаку и двете ни се планирани со тоа што останав бремена од прва. Не се ни надевав искрено, многу нередовна менструација имав. Се изненадив кога видов две линии.
Ако веќе сте биле договорени за бременост, не е страшно ако се случи во непланиран период. Проблем е ако еден неќи, а другиот го напаствува и се обидува да го 'намести'
Контрацепција е контрацепција без разлика на видот. Лажењето и мамењето на партнерот со цел да се забремени е подеднакво лошо без разлика од која страна доаѓа. Дали ќе го извади кондомот кога партнерката нема да гледа, или пак нема да ги пие апчињата без да знае партнерот - одговорноста и вината ми се еднакви. Бидејќи и во двата случаи партнерите се согласиле да имаат секс знаејќи дека ќе се користи контрацепција. Единствената разлика со кондомот е што кондомот може да заштити од сексуално преносливи болести. Каков вид на контрацепција користат е заедничка одлука на двајцата партнери (Под заедничка не мислам дека жената нема апсолутно право да одлучи да не користи апчиња поради хормоните. Од друга страна, спротивно на општото мислење, познавам парови каде мажите не преферираат орална контрацепција токму од медицинска гледна точка. Од овие причини велам дека може заеднички да се согласат да користат хормонална или не.) и никој не треба да им се меша. Залажувањето на партнерот со цел да се дојде до несакана бременост е одземање на правото на избор и контрола врз животот на другото лице, без разлика кој лаже и која е причината за лажењето. Прочитав повеќе коментари од типот, штом свршува во неа избрал да биде татко. По таа логика, секој што се впушта во сексуален однос избрал да биде родител, бидејќи не постои нешто што 100% заштитува од бременост освен апстиненција од секс.
@Ajronmen потполно се согласувам,тоа е зрело размислување на нормална личност,штета што нема секој капацитет тоа да го свати и да го примени,целава тема е полна со бизарни примери и размислувања за жал.