Фокусот од женава треба да се тргне, и да се стави на како можеме да им помогнеме на дијабетичарите. Со плукање по нејзе, тапкаме во место, како да не знаете во каква вукојебина живееме и такви луѓе како да нема премногу. Ова ќе се заборави, секој ќе продолжи со животот и темава ќе замре, но болеста кај девојчето и кај останатите луѓе со дијабет ќе остане, затоа сè што ви е кажано пропаѓа во вода. Подобро би било да се отвори тема за како би можело да им се помогне на дијабетичарите во Македонија.
И за рудникО се крена галама , многу струмичани беа на протест од тие што ги знам. Тие што не ги засега беа на БазентО пошо времето убаво беше нели. И мешање други теми со ова ми е За дијабетис проблемот се дозна . Се потпишуваат петиции, ќе се добијат можеби донаци за фамилијата . Друго што да се направи . Да се влезе во влада и да се бунтува. И за Славица синдромот треба да се збори . Неможе кој што сака да прави .
По таа линија, мене исто ми е чудно оти никој не се запраша оти снимале надвор? Нели се потеле на 40 степени, нели се може да влијае кон влошување на здравствената состојба на девојчето, мене ме интересира оти сред лето и на 40 степени снимале надвор? Нели за самиот добробит на девојчето ќе било многу подобро да се негде внатре со умерена температура? За невротичнава што им се издра и ги избрка нема оправдување. Ама генерално целата ситуација е недоречена и не во ред.
Уште тоа фалеше и на нив да се фрли срам. Браво бе. Браво! 2 дена да си им во кожа. 2 дена!! Срамота! И не, ниту јас еве да седам да си пијам кафе нема да и станам. Не ме занима бе дали ставила ливче, резервирала за роденден. Бре !! Ако сакаш така идеш и првиот слободен што ќе го најдеш ќе славиш роденден. Јавна површина е. КРАЈ!
Ама за да се игнорираат вистинските проблеми, вакви ситни инциденти се одлични за празнење на револтот кој е насобран кај народот.
Omg Нена аман жено со драмава! Сосем легитимно е човек да се запраша дали воопшто новинарката истражила нешто околу дијабетот пред интервјуто и оти за снимање на истото не понудила/обезбедила по соодветни услови за дете од 4 години со дијабет, на пример во некоја просторија во Алфа. А ти шо сакаш праи. Земи расправај се колку сакаш по летниковци, кини ливчиња, не отстапувај. Твое си е тоа.
Абе најверојатно родителите имале право на збор, каде ќе се снима. Сигурно не одлучиле во парк ако би му штетело на девојчето. Не верувам дека водителката одлучила, сепак прилогот е за нивното дете. Јас така мислам
Со децата ли ќе се натегаш и нема да им станеш да си слават роденден? Колку сте нелуѓе значи, пу јазк.
Да ми се испонаша онака? Нека му ја мисли она за тоа. Утре јас свадба ќр правам во градски парк, ќе оставам ливче, немој некој да стапнал. Цел парк мој. Ќе си местам јас за свадбата. Шо ме боли дали е јавна површина.. еднаш ми е.
Прво го кажа општо дека нема да напуштиш а не доколку ти се испонаша онака, друго ете и да ти преречи ќе се тепаш ли за летниковецот? Јас во ваков случај само би и упатил критика и би си заминал, пред се сам од себе ќе се срамам воопшто да се расправам за такво нешто или да се контрам и намерно да не станувам. Јас видов дека се расправа со новинарката и човекот а не со детето, и претпоставувам дека во тој момент не ни знаела за што снимаат, но во секој случај и таквата нејзина постапка не е во ред воопшто па макар се работело и за расправија помеѓу возрасни личности, бидејќи секој со добар збор може да се разбере.
Нема да се тепам ќе си седам. Зашто да се тепам. Јавна површина е. И да викне полиција што ќе каже. ГоспоЖата многу јака испадна. Леле нејзин е паркот. А бе ајде те молам. Без разлика кој е, што е, како е. Јавна површина е за секого. Крај. Сака во парк? Нека оди и на лице место каде е слободно таму, ама на јавна површина за која нема платено закуп, нема право да брка никого.
Добро, но што е постигнато ако ја знаеме по име? Како да е таа единствениот проблем во државава. Што менува, луѓе како нејзе постојат еден куп. Да би ги објавувале сите мрчатори, листата би била предолга