Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Не)Постоечката култура во Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Misskirova, 17 јули 2023.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.157
    Е затоа во црна хроника кога ќе излезе некој гаден случај мелам оти само зашто судии процениле дека е така, не значи оти се во право
     
    На ZAHRA, MandyLane и JuLleE им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.091
    Пол:
    Женски
    Мене ми изгледа дека и на женава и е преку таквото дојдено. Како и на сите во државава. Што ви е, кај живеете? Пцуење на секој ќош, се е живчано, сите се пцујат само, никаква култура нема, па женава сега ќе ја направиме главниот злочинец за сите комплетно да се направиме подобри од неа и да си поплукаме под пазуви, уфффф, не сме ние такви.
    Крајно непрофесионално од овие што снимале, го тргнаа фокусот од она за што снимале, за толку важен здравствен проблем, за што? За некоја исфрустрирана која живее во држава полна со исфрустрирани.
    И сега место да се бара чаре за децата, ние ќе бараме која е женава која викала, популарна ќе ја правиме и ќе редиме сеир на нејзина сметка. Додека децата пак ќе се боцкаат кога ќе не можат да набават по 65 евра нешто што им го олеснува процесот.

    Ете ја, Македонија. Вечна.
     
    На Ahoy, see.emily.play, SuperGirl24 и 23 други им се допаѓа ова.
  3. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.844
    Допаѓања:
    40.150
    Пол:
    Женски
    Сепак фокусот падна на две битни работи што се случуваат секојдневно во државата. Голготата на заболените од некоја болест и плус некултурата на народот . Таман си е .
    Некои си ја препознаа пријателката , која е нервозна и некултурна . И се надевам се срамат со какви неарни имаат контакт .
    Жената на видеото е само мала слика од тоа во каква токсична средина на жал растеме(растете) деца .
    И треба вакви личности да се покажат јавно. Зашто сегде го има. Во секој јавен сектор , во секоја фирма, продавница има некоја на кој не и бил ден (пази боже) па ја истакнува својата некултура . Пред се треба да се преиспита сама себе .
     
    На kalinaka, Glowy, Irimiri и 11 други им се допаѓа ова.
  4. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.218
    Допаѓања:
    181.481
    Пол:
    Женски
    @RainBow единствено лошо од сево ова е шо фокусот се тргна од главниот проблем и се пренасочи кон женава. Ама па и се виде некултурата која и те како е распространета низ државава. И не, не би избркала никој вака и на ваков начин. На луѓево со девојчето сигурно им е дојдено многу повеќе преку такво од мајкава која цела година пие лексилиуми за детски роденден и го спрема, оти е најважниот настан и светот треба да запре, ама ете, пак културно се тргнаа и го продолжија снимањето на друго место. Не можеме веќе да наоѓаме оправдувања за вакви испади, сите имаат некакви проблеми, па не се истресуваат каде и на кој ќе стигнат.
     
    На Ahoy, CameliaMiller, Glowy и 23 други им се допаѓа ова.
  5. Gornn

    Gornn Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2019
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.444
    Ова фрустрира затоа што оваа основна култура како нација требаше да ни е решена уште пред 50 години, а ние во 21 век, 2023 година сеуште имаме вакви прости фаци (џабе и е дипломата, може слободно да си ја искористи како тоалетна хартија), кои згора на тоа ни се на функција, се дел од системот кои ја водат државата.
    Во Швајцарија на Алпите се возиме со жичарата до скијачкиот центар, и кабината голема, затворена, собира едно 20 души и беше преполна. Луѓето внатре никој со никого не се познава, ама веднаш сите почнаа да си прават муабет меѓу себе дали имало снег горе, какви биле ски стазите, румот бил тазе, вчера донесен, кажаа по некоја шала, се насмеавме и си разотидовме штом стигнавме горе. А кај нас? Види во автобусите како е...
     
    На ZAHRA, *Amethyst*, Аргентина * и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.091
    Пол:
    Женски
    Ако земат вакви да се покажуваат јавно, треба сите на тв. Изненадена сум дека сте изненадени толку, леле како можела жената. Сигурно и она сакала на 50+ роденден во летниковец да слави. Патем, таа не ни праша што снимаат, нит знаеше, затоа е целосно оф топик тоа што се протуркува ова као расплакала дете со дијабетес. Таа поима немаше. Не дека ќе и сменеше веројатно, којзнае. Патем, испаѓа ко да ја бранам, ама не е така, дали требаше така да се понаша? Не. Дали е нејзин летниковецот? Не. Не е ни грам за бранење. Ама, не е ни за правење монструм. И што ако сеа излезе жената со приказна, ние сме толку сиромашни, детето до сега немало роденден, летниковецот од кога го чека, се радува, или соб соб нешто друго? :(

    Културата е на најдолно можно ниво.
    Све е нервозно, нема веќе обраќање со Вие на официјални места, ти што сакаш? Проследено со тивко пцуење во себе. Посебно па на старите луѓе кои се сметаат веќе за отпадок и им се дере кој стигне.

    Требало да си ја пуштат емисијата како што треба и за што била наменета.
    По некој ден можеле да направат друг сегмент за овој настан да го вметнат и за културата општо, односно до кое дереџе сме стигнати.
    Вака, ништо.
     
    На Limpan, Oneo, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.157
    А видовте во Штип? :drunk:
    Мажи се тепаат меѓу себе, па две жени тепаат трета.
    На фб најдов, пишете нешто базен Штип и ќе излезе
    Не знам зашто се затепале.

    На кеј еднаш еден ќе ме затепаше мене оти со другарка одбивме да се запознаеме со него и другар му.
    Со либе дур си шетаме еднаш, еден што проси фати да не' колне оти не му дадовме пари.
    Да му е страв на чоек од дома да излезе.
     
    На ZAHRA и Осе им се допаѓа ова.
  8. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    А кој па неа ја присили да слави роденден на 50+? :D
     
    На CameliaMiller, Bezimenka90, baby-star и 7 други им се допаѓа ова.
  9. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    Да сум била гостин на роденденов би умрела од срам после ова мислам никој веќе не би одел на роденден кај нејзиното дете. Идиотка
     
    На CameliaMiller, ZAHRA, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.091
    Пол:
    Женски
    Не знам, ќе видиме, може ќе каже жената некоја приказна. ;(
     
  11. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.369
    Пол:
    Женски
    Ниту прва ниту последна некултурна особа во нашава држава. Мислам дека премногу и се посвети внимание, и се направи дефокус од главната тема која што требаше да е ударна, а тоа беше болните деца од дијабет и колку се запоставени од државава, впрочем како и сите хронично болни.
     
    На Ahoy, theowndemon, nextredstyle и 3 други им се допаѓа ова.
  12. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.218
    Допаѓања:
    181.481
    Пол:
    Женски
    Арно рече @Biljarkata (чинам она беше), ќе се најде некој да ја оправда и мајкава зошто така направила.
     
    На Ahoy, CameliaMiller, ZAHRA и 24 други им се допаѓа ова.
  13. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.814
    Допаѓања:
    25.431
    Пол:
    Женски
    Значи дури и да не знаела/знаела за што е снимањето, тоа е најмал проблем. Може и да не снимале, да седнале да одмараат НА ЈАВНА ПОВРШИНА. Имаат целосно право. Буквално е потребен НУЛА труд за да бидеш културен, наместо да им се испонаша така можела културно да праша/објасни/замоли.
    Ама кога си така растен, невоспитан, без емпатија, без култура, без ништо човечно и не знаеш за поинаку.

    И не, не се трга од фокус хронично болното дете, баш напротив, доби повеќе внимание заради коконава, да не беше она, немаше ни да ја знаете емисијата.
     
    На Ahoy, CameliaMiller, kalinaka и 29 други им се допаѓа ова.
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.157
    Еве јас баш реков дека без разлика што снимале, макар и некој сам кафе да си пијуцкал на летниковец, нема што она некого да брка. Сите, и сиромашни и богати можат да седнат таму.

    Можела да почека или друг да побара.
    Резервирала, бре мајката
    Еве јас да бев на тој летниковец сама, исто ќе се закарав.


    Едит - Во паркот во Гази баба исто сум видела вака да слават роденден на дете во летниковец.
    Дали набркаа некого претходно, не видов.
     
    Последна измена: 18 јули 2023
    На ZAHRA, *Amethyst*, VDT2906 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.844
    Допаѓања:
    40.150
    Пол:
    Женски
    @RainBow женава неслучајно доби ( негативна) слава . Да не биле тимот што снимале нешто ќе биле други некои на кој исто ќе се развикала ( во меѓувреме мести пластични чашки и салветки) дека летниковецот е резервиран ( со обично ливче) за нејзиното дете кое слави роденден ( кој е само еднаш , само еднаш во годината.
    Маалски шерифи, кои мислат дека цела општина им припаѓа нив. Абе .... Се сите бре .
    Можеш пак ќе речам игротека да резервираш , летниковец во парк Не. Што не е јасно .
    Во август лани два пати имав можност да видам како се слават такви "детски" родендени до 23 часот . Со музика гласна , со кловнови чуда. За мали деца , кои се забавуваат до полноќ и реметат мир на другите граѓани .
    Време за одмор ? Шо беше ?
    Ех?

    Никакво објаснување нема за нејзината некултура . Никакво ..
     
    На CameliaMiller, ZAHRA, Amellie13 и 14 други им се допаѓа ова.
  16. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.079
    Допаѓања:
    21.612
    Пол:
    Женски
    На Ahoy, CameliaMiller, ZAHRA и 8 други им се допаѓа ова.
  17. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.369
    Пол:
    Женски
    Во козле и паркот кај тафталиџе има бројни летниковци и парк каде што ги прават детскиве родендени. Ај што се прегласни и се ремети мирот на луѓето што живеат во зградите, оставаат лом позади нив. Никој не собира ѓубре, расфрлано е насекаде. Е таква ни е културата, ама битно за резервиран летниковец ќе се потепаат.
     
    На CameliaMiller, ZAHRA, Bezimenka90 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.091
    Пол:
    Женски
    Ама, што ако знаеме? Знаеме дека таму имало некој монтрум што се испонашал и еве тоа збориме, не збориме за лековите, притисок никаков нема да има за лековите, нити за ништо. Напротив, ќе си позбориме три дена за женава, ќе ја испоговараме каква идиотка била, we will clutch our pearls, децата пак ќе си бидат ко што биле, идиотите ќе си бидат идиоти, и така.
    Дали некој постираше, ја видовте ли емисија за децата, да отвори нова тема, да се зборува за недостаокот на грижата за децата со дијабет?
    Не, се зборуваше за жената монструм. :D И така ќе падне прашината и никому ништо.
     
    На SuperGirl24, crimson, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  19. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.218
    Допаѓања:
    181.481
    Пол:
    Женски
    Епа темата е за тоа нели? :D За културата во Мк збориме. Отвори друга тема за деца и возрасни со дијабет, па таму ќе збориме за проблемов.
     
    На CameliaMiller, *Amethyst*, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.466
    Допаѓања:
    114.822
    Пол:
    Женски
    Без разлика дали е екипа од ТВ, дали некој рендом си седи во летниковецот, НЕМА ПРАВО НА ЈАВНА ПОВРШИНА ДА МЕ БРКА !!! Крај на приказната. Не само она, сите такви. Ливче оставале. Е баш сега ако видам ќе ги тргам и баш нарочно ќе седнувам таму да видам кој ќе има муда да ми пререче. на татко и да не е летниковецот? Сељандра !
     
    На CameliaMiller, baby-star, *Amethyst* и 9 други им се допаѓа ова.