Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Не)Постоечката култура во Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Misskirova, 17 јули 2023.

  1. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.202
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто ама баш ваква ја замислував кога ја видов на сликата која е. :D Сељанка, сигурно истата оваа се турка на каса и по шалтери преку ред само за нешто да праша. Штета што не начекала некои кои нема да ги стане за жива глава. Ме заболе мене дали еднаш во годината му е роденден на твоето дете. Резервирај си во угостителски објект, не е ова имотот на татко ти.
     
    На Purpleheart, ZAHRA, Oneo и 11 други им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.091
    Пол:
    Женски
    :( муабетот ми беше дека не ни требаше да го има овој муабет, требаше веднаш да биде за децата со дијабет, кога веќе излегла емисијата. Да се отвори тема за тоа, тема која ни после тоа никој не нашол за сходно да ја отвори. (да, ни јас).
    Ама, поинтересно е да плукаме и си правиме сеир, отколку да отвориме тема за првата намена која била на емисијата.
    Полесно ни е да се згрозуваме, отколку да се осврнеме на важното...
    За жал, така си било и ќе биде.
     
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.466
    Допаѓања:
    114.821
    Пол:
    Женски
    Ама баш. Ем да помине поевтино, ем комоција сака госпожата.. Ајде беее. На јавна површина. Тешко дететнцето ако е школска возраст сега ќе го етикетираат после ова.
    @RainBow за дијабетот за децата и тоа како убаво е склопен прилогот, не правдај молим те. Баш убаво и се намести оваа. Е овие се тие што на дете од уста чоколадо ќе му земат, за на нивната снегулка да им дадат.
     
    На Ahoy, zuto, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Gornn

    Gornn Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2019
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.444
    Тебе женава да не ти е роднина што упорно и упорно толку ја браниш? :D од цел форум ти си единствена која има оправдувачки зборови за оваа особа. Што, треба да сочувствувам со неа? И по цена на тоа да трпам арогантни испади во излетничко место кај што сум излегол да се релаксирам? Ни под разно! Така може дома на маж и да се понаша колку што и душа сака, а потоа и за тоа си има соодветни институции за семејно насилство. Ама кога ќе видиш дека всушност она е дел од тие институци, ете ти парадоксална ситуација. Дајте ми карта за во еден правец...
     
    На Gosh, Amellie13, ZAHRA и 11 други им се допаѓа ова.
  5. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.218
    Допаѓања:
    181.476
    Пол:
    Женски
    Може да ја отвориме темата за дијабет, ама што би кажале ние, кога немаме никакво искуство, ниту сме поминале низ тоа, нели освен да кажеме греота и дека мора да се смени тоа.
    Културата и некултурата се нешта со кои секојдневно се соочуваме, дали на работа, дали на доктор, некоја друга институција или во случајов во локален парк. И да, повеќе можеме да влијаеме, па и со вакво јавно засрамување бар во иднина да не им текне така да се однесуваат. Не дека нешто ќе се промени во нивните мали закржлавени мозочни ќелии, ама бар од страв да не станат вирални.
    Според мене културата е основата за добро функционирање на една држава. Ако работиме на тоа, тогаш и оние сериозните недостатоци кои ги имаме во здравството, образованието, судството итн. ќе бидат како што треба. А вака, секој си гледа за себе, во случајов "најјакиот настан во годината после Нова година, роденден на детето, па сите други нека пукнат" :drunk:
     
    На Ahoy, CameliaMiller, kalinaka и 15 други им се допаѓа ова.
  6. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.870
    Допаѓања:
    8.284
    Со оглед на тоа дека 8000+ луѓе сме ја потпишале петицијата за дечињата со дијабет да добијат сензори, тој проблем не добил помал фокус.

    Подобро вака, побрзо да се стаса до целта, отколку да се отвореше тема во која преку мислења само ќе се пишуваше и ништо.

    Вториот проблем, а тоа е некултурата, заслужува ваква тема бидејќи секогаш решението е доза на public shaming.

    Бидејќи од ќутење на вакви крајно прости луѓе сме таму каде што сме. Ваквата некултура не треба да се нормализира.

    Оправдување нема. Не да не знае за што е емисијата, баш дрско рече дека не ја ни интересира. И да не те интересира туѓата мака, има нешто што се вика основна култура, ама eror 404, not found :drunk:
     
    На Ahoy, CameliaMiller, ZAHRA и 20 други им се допаѓа ова.
  7. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    43.169
    Пол:
    Женски
    Само да се надоврзам, според мене исто некултурно е ова. Ако седам сама на место за 20 души, не ми смета да се преместам на клупата потаму.
    Не зборам за случајов пошто им се втурна и почна да си се мести, ни добар ден ни дали можи ни ништо. И се' поголем дел од луѓето се вакви, ќе те изгазат нема око да им трепни.
     
    На Gosh, Bezimenka90, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.157
    https://sitel.com.mk/masovna-tepachka-megju-mazhi-i-zheni-na-gradskiot-bazen-vo-shtip-video
    Има нешто во воздухот, изгледа жештиниве удараат у глава

    @Ugly Duckling да, и јас преферирам ако сум сама или двајца да седнам на помало место, на летниковец само ако све друго е зафатено.
    Ама пак бе, ќе прашаш ко чоек дали може.
    Се случило така да седам на летниковец, идат фамилија со дете ми викаат може ли да седнеме пауза кратко да направиме, викам слободно. Нит ме набркаа, нит ништо.
     
    Последна измена: 18 јули 2023
    На ZAHRA и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  9. Gornn

    Gornn Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2019
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.444
    Изгледа хемитрејлсот со кој не прскаат за нашиов простор е посебен, буди сељачизам. Друго објаснување немам.
     
    На Gosh, ZAHRA, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Не знам шо ме најде ама сега размислив вака
    Типкава гледа дека е емисија и дека ќе ја снимат па секако и снимката ќе излезе , да не е работава желна за внимание ?
     
    На ZAHRA и nena2010 им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.466
    Допаѓања:
    114.821
    Пол:
    Женски
    Ќе дозволеше да покажат лице тогаш..
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.091
    Пол:
    Женски
    Не ја бранам. Реков. Ама нема ни да се фрлам во најостро осудување и плукање на некоја што нит ја знам нит ја познавам. Гледам и полошо однесување секојдневно, гледам со мотори по пешачки си возат, гледам секој со секој се пцуе на сите страни, по маркет да не збориме. Мислите со ова плукањево ќе се промени нешто? Ќе исповреѓаме некој и што? Народот е пренервозен, сиромаштијата си го прави своето и тоа е тоа.
    Ајде, ќе се истуриме овде виртуелно , па ќе продолжиме надвор.
     
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.466
    Допаѓања:
    114.821
    Пол:
    Женски
    Може после ова нема да им текне да си ставаат ливчиња за родендени. Ако сакаш во летнковец иди па кој најдеш слободен таму прави на лице место. Ај утре свадба некој да почне да прави во парк и да избрка се живо?
     
    На Purpleheart, CameliaMiller, Gosh и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.746
    Пол:
    Женски
    Истото сакав да го кажам.
    Да не беше скандалов, со глава гарантирам дека ниту една од нас тука немаше да знае за девојчето.
     
    На Ahoy, CameliaMiller, Selena01 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.844
    Допаѓања:
    40.150
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2023-07-18-12-25-10-90_1c337646f29875672b5a61192b9010f9.jpg
     
    На Ahoy, Gosh, Selena01 и 17 други им се допаѓа ова.
  16. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.660
    Допаѓања:
    57.287
    Пол:
    Женски
    Културата односно НЕкултурата е само одраз на цело наше друштво/општетсво/државиче...
    И да, ништо не сме направиле со плукање на дотичната мајка, сега инфлуенсерине ќе се потепаат кој повеќе да се направи херој во приказната..

    И дефинитивно никој никого не слуша, нит некој го разбира соговорникот, сите гракаат наоколу и тоа е, приказни за 3 дена што се забораваат...
     
    На ZAHRA, MarijaMi90 и Осе им се допаѓа ова.
  17. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.817
    Допаѓања:
    8.683
    Пол:
    Женски
    Можам само да претпоставам низ што минува семејството на девојчето со македонскиов здравствен систем и многу ми е мачно што само немо им ја гледаме маката. За жал, ние сме немоќни да им помогнеме.
    Само сакам да кажам една работа на темава: кој знае каков мизерен живот живее мајката на детето славеник, за да реагира толку исфрустрирано. Не требаше вниманието да се сврти на овој начин, бидејќи проблем беше негрижата на државата за лицата со дијабет и повик да се промени нешто. Наместо тоа, испадна да биде објавена слика на мајката и да се зборува во јавноста за неа. За неа требаше да реагираат институциите, кои очигледно ништо не прават. Ова е класичен и училишен случај за социјални работници, а Центарот за социјална грижа треба да се затвори.
     
    На Victorian и Осе им се допаѓа ова.
  18. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.202
    Пол:
    Женски
    Мнозинството би станале доколку дојде некоја мајка и културно замоли. Да седам така и некоја со фино да ми се обрати со задоволство ќе се преместам. Ама оваа настапи дрско, сељачки и со викање и некој да е за инает не би станал. Ништо не му може, веројатно нема да се тепа. Нека пукне од нервирање оти така си заслужува. Проблемот е во нејзиниот скапан однос. Во случајов дека снимање на емисија, можеше да почека малку.
     
    На CameliaMiller, kalinaka, Oneo и 16 други им се допаѓа ова.
  19. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.596
    Допаѓања:
    15.916
    Пол:
    Машки
    На _beautyy_, Ljubova, MandyLane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.137
    Допаѓања:
    180.935
    Јас се извинувам, може сум глупа, ама во најмала рака, ако сум во дадена ситуација ќе замолам, ќе прашам дали би можеле, нема да врескам како во двор да ми дошле. Јер, не е тоа мој двор.

    Важното е дека некој се прави маалски шериф на туѓо. И таа со летниковецот, и тие со фондот /министерството за здравство. Темата за дијабет е малку покомплексна, ама во основа станува збор за крадење на народот. За ускратување на елементарно човеково право, ако веќе сакате, оти правото на здравствена заштита е основно човеково право, јер е право на живот, не некои таму измислени права. Али пошто сите шерифи, после е така како што е.
    Дали сум шокирана од некултурата? Ма не е ова некултура, ова е шериф коњевич синдром. И да, шокирана сум, секогаш кога ќе стапнам во Македонија, особено во Скопје, ме шокира. Никогаш не ми било нешто прифатливо, ниту ќе ми биде, ниту треба да биде.
    Дали е само македонски/балкански синдром? За жал не е, ми се случуваат шериф коњевич моменти и овде кајшто живеам, во последниве година, две. Порано никогаш не се случило. Причината не е сеуште јасна, ама да го прифатам како нормално не можам. Треба ли да го прифатиме како нормално, па ајде, сите со палки и стапови, so let's be it, посилниот нека победи? :^)
     
    На Ahoy, CameliaMiller, Gosh и 16 други им се допаѓа ова.