Toa e жалното, се гледа на што народот повеќе обраќа внимание што гледа и што следи. Па за култура ќе зборуваме. Хех.
Не знам зошто не ја сфаќате поентата и причината на реакцијата? Народот е згрозен од фактот што болеста на едно детенце, и нивните повици за помош воопшто не ја засега госпоЖата која е спремна и да оди преку лешеви, само да му го прослави роденденот на детето, кој патем му е еднаш во годината. Тука е нервозата кај народот. Убаво кажа една членка овде, госпоЖата можеше да му даде пакетче на девојчето, тоа ќе беше многу сладок и симпатичен гест во сред емисија. Ама не, летниковецот е на госпоЖата...
Добро е што има реакција и внимание. Ај ако не да нема реакција за ништо, ако бил народот нервозен треба да ја прифатиме ко нормална таквата состојба и да бидеме само неми посматрачи? Убаво пишаа и поназад, ако си нервозен не значи дека треба да се понашаш сељачки и да му се истураш на некој. И треба да има реакција од јавноста, оти не треба вака да изгледа едно општество, луѓето да газат едни врз други наместо да покажат солидарност, човечност, емпатија, несебичност и култура.
А вака подобро е ова што го покажува народот? Која култура ја покажа народов со настанов? Искористи само да ја доисфрли врз некој омразата и нервозата. Какви одвратни коментари има по нетов, Објавете ја со име и презиме, па да ја видам која е, во фаца ќе ја плукам, не знам уште што ќе ѝ направат... Осуди го настанот, ама не на таков начин. И навреди, закани... Ете, зачаран круг. Не, не е некој подобар од жената ако се спушти на такво ниво, па и подолно. Одвратни и коментарите, неспособни овие од емисијава што не знаеле како да се справат, женава никаква со таква реакција и ете нѐ. Тука сме. Во метрополата. Граѓани.
За да нема коментари за женава, требало воопшто да не ја објават. На кој начин и да го стореле тоа, коментари ќе имало. Е сега ако мислите дека требало да се заштити женава и да не се објави, а со тоа и да си продолжат да си се понашаат ко да им е дома летниковецот, тука нема да се согласам со никој. "СИ местам тука, вие упорно седите..."
Добро, велиш луѓево преку осудување на нешто што не е во ред, самите уствари го покажуваат лошото од себе и не се ништо подобри од женава. Ова е ко она, лошо е ама ќути има и полошо. Лошо е што женава ги избрка овие што си снимаа емисија (или можда не е) ама полошо е што народов пишува сешто за неа. Тоа е, од лошо полошо, таков си е народот, што ќе му правиш.
Од кога е овој тренд со славење на роденден на летниковци? Иначе за женава, јас да бев таму и да ми се раздереше вака, не што немаше да станам, него ќе земев по неа да и ги фрлам и растурам работите и ќе уживав додека го правев тоа.. Сељанка покондурена..
Јас пишав погоре, одделно можело да се објави. А коментарите тие се, културата таква е. Не се, на пример, женава е за секоја осуда, летниковецот не е нејзин, па така да се однесува, или, како може вака да си дозволи, која некултура, ова треба да се санкционира. Туку се, да ја видам ќе ја испљукам у тоа фацата одвратна. Мислам, милина. Од сите страни. Овие од алфа што не викнале полиција на лице место? Веднаш да ја средат работата. Нема потреба да се расправаш кога ете, законот е на твоја страна.
Култура, за тие што се однесуваат културно, да дојдеше да ми рече со убаво, прва ќе станев, со викање и дерење, нема да и станам, последно да ми е..
Не, и јас сум против ова. Ама сакам да кажам дека и посебно да го прикажеле настанов, истото ќе било. А за полиција, пак другава страна испадна почовечна, да не расипат нечиј детски роденден, пошто детето за ништо не е криво.
Истото ќе било зошто тој е народот и со таа култура. Само сакаме да се правиме дека ние сме најкултурни и ќе пЉукаме по женава, која пак го прави истото по другите и така. Инаку, да, во право си за полицијата, баш ќе го расипеле роденденот на недолжно дете, не го размислив тој дел.
А зошто да не се искоментира нејзиното однесување? Кое е патем сељачко. Извинете на речник , вие дека ептен нежни. Па осудувате секаков вид на коментар без разлика дали е културно кажан или не. Да се приташка случајот , да се пикне под тепих. Терај понатаму . Абе зашто ? Не сме идеални , патем нема никој кој не прави грешки ... Ама оваа бре ? Па сега ќе збориме за тие што коментираат против госпЖата. Некои коментари не се во ред , со осуда , навреди, закани и сл. Ама вие веќе ја браните и вртите кон друга страна .. белким ова од одма ќе се заборави . Па дај да тераме друга тема . како Ние не сме подобри од неа . Јас немам вакви испади во реален живот. Знам да се самоконтролирам.
Море да се работеше недајбоже за мое дете ,не што ке се спуштев на нејзино ниво туку и длабоко под тоа.
И она така за нејзино дете, роденден му е, се дрзнал некој во летниковецот да снима. (Патем поим немам за ова со летниковциве и како може да постои). Мислам дека сите овие со коментариве мене вака, некако истото би го направиле за нивното дете.
Ама како можеш да ставаш во ист кош дете дијабетичар кое седи на пекол жешко и здраво дете кое среќно ке слави роденден на место кое не е нивно?