Оти ни едното, ни другото дете не се криви. Оти и двете се само деца. Проблемот е мајката и точка. Нема потреба да се мешаат децата.
И форумов е јавен простор, па резервирани летниковци колку сакаш Јас па јас,вришти од сите страни.... а сега сме сите изненадени и многу фини инаку На дотичнава госпоѓа сигурно свекрва и не и дозволила да се слави дома роденденот на принцот, па кај таа мака, уште на резервирано ќе и се меша некој Веројатно е сега уште побесна,поточно збесната од неправдата која и е нанесена , тешко се гради углед во друштво, но ќе и помине, кога ќе укапира дека славна станала
Јас сега прв пат ова слушнав. Ако имаш твој приватен летниковец, да, ама отворен јавен простор да резервираш за славење роденден и да бркаш луѓе оти седеле, една од поголемите глупости што ги слушнав последниве денови. Веројатно да се заштедат пари.
Всушност ова е многу често, и тоа не само кај нас. Родендени или било какви помали прослави, собиранки, се слават и во западните земји во летниковци и паркови. Мене ми е баш убава идеја за славење, само тоа да се направи да не смета на никој и се разбира после тоа да се остави чисто и уредно.
Ова му доаѓа ко со резервациите. Зошто некој надвор јавен простор да резервира? Може со друштво сме излегле и ќе си седнеме, празно е. Ко на плажа пешкири кога оставаат. Нема што тоа да се прави на јавен простор кој е достапен за секој. Ако дента ти се погоди празно да си славиш супер, ама да резервираш нешто што е за сите не оди некако.
Не не, не зборам за резервации. Зборам за славење во летниковци. Ова со резервациите е смешка шо го прават.
Се слават. Уште порано пред 10 години кога бевме средно/факултет, сме биле големи друштва од по 20-30 души, па често некој правел роденден во парк. Такви биле реално можностите на многумина. Сепак сме биле млади дечки со ограничен буџет. Ама ако случајно го фатиш, ако не некаде по клупи. Главно тие родендени се состоеле од алкохол, храна малку или пак воопшто па не било тешко тоа да се постави. Важно никој никого не бркал. Не дека некој и воопшто доаѓаше, секако сме биле многумина и сме го исполнувале тој летниковец. Не постоеја глупости и резервации напишани на ливче. Идеш и го фаќаш ако го најдеш слободен.
Абе луѓе, малку да не претеравте со реакцијата? Се преувеличи ситуацијава, некои реакции што ги читам по интернетов, да не знам што се случило ќе мислам натепала некој или нешто уште полошо. Факт е дека жената е некултурна, се испонаша сељачки, очигледно е со комплекс на супериорност, не го негирам тоа и вреди да се осуди за тоа. Ама, да не глумиме дека тоа не е секој втор човек во државава денес. Причините кои се не знам, ама културата кај нас одамна се води за исчезната. Искрено, тоа славење родендени на мали деца со 234 гости ми е скроз непотребно форсирање од родителите, а па на отворено на 50 степени уште понејасно ми е, ама тоа е веќе друга тема. Едит: Не ја бранам, далеку од тоа, само мислам дека се претера малку со реакциите.
Сосема во ред се реакциите.И фала Богу што има реакции на некултурно однесување и не се релативизираат постапки веке на размазени и некултурни мамички кои газат преку се за кејфовите нивни. Така и се реагира на некултурна постапка.
Па ако нема реакции за вакво однесување тогаш зошто воопшто да имаме реакции за било што? Сериозно некои од вас тука сметате дека не треба да се осуди женава што смета дека маалово и е на татко и?
Мислам дека коментарите на обичниот народ никогаш не се минимизирани. Впрочем, цела тема имаме за нив, а тоа е "Одвратни коментари на социјалните мрежи". Но, тоа што одредена група недолично коментира не треба да ја турне под тепих постапката на госпоѓата или на било кој. Понекогаш лекцијата е a taste of our own medicine.
Тоа исто му доаѓа ко на детето кога ќе му речеш удри го ако те удри, врати му. Со уште толку навреди и клетви нема да одиме погоре, се спуштаме подолу. Дали ако е таа некултурна ти со тоа што ќе бидеш понекултурна ќе изгледаш подобро? Или двете ќе изгледате просто? Убаво ќе беше коментарите да беа осудувачки, пишав погоре, ама еве ви какви се. Jas da bev ke i ja iskubev kosata i ke imase den za pametenje,sepak karmata ke i se vrati tamu kaj sto najmnogu ja bole e posle olele Utre mozebi za nejzinoto dete ke snimaat nikogas ne se znae zivotot e kolce Da mu se pomocam i na majkata i na rodendenot od sinot so ja zamatuvate jas neznam Ме интересира само која е таа будала што изнајмува (ЧИТАЈ) ЈАВНА ПОВРШИНА!? А башка требаше да ја снимат таа змијата,а не да и го заматуваат суратот.Нека види народот која е,па да ја поплукаме кога и да ја видиме...против уроци!!! А да бев јас на местото на родителите...имаше да го запамти роденденот за цел живот П.С Срамота и за мажот...у ствари змијава е изгледа МАЖ у куќа!
@RainBow Пријави ги недоличните коментари на Фејсбук. Кажав и погоре дека одредена група коментираат недолично. А тој тип на луѓе и на вест за постпородилна депресија или убава вест поеднакво недолично коментираат. Ги објавуваме во темата, ги пријавуваме. Тоа пак не ја прави постапката на госпоѓата правилна. А поентата за лекцијата ми беше исто како првото мислење. Не мислам бувкално некој да ја повреди или да и го уништи животот. Туку едноставно да се засрами, за да размисли следен пат дали греши или не. Тоа важи за сите нас. Темата е за некултурата која владее, секако не важи тоа само за оваа случка. Не мислам дека треба да се открива идентитет или некој бувкално да се тепа. Туку да седне човек и да размисли. Немањето основна култура не треба да се става под тепих.
Човек ако е полн со егоизам и болен ум тешко дека ќе се засрами од било шо. И сите да викаат дека не е во ред, за неа тоа ќе биде во ред. Таквите само со ќотек може да се воспитаат, нема друг начин.
Од емисијата за детето со дијабетес, само сфатив колку сме народ желен за драма. Повеќе прашина се крена околу некоја проста, некултурна Славица, а тоа дека во државава нема инсулин за болните од дијабетес, колкав трошок се сензори за деца, низ кое мачење поминуваат овие луѓе, колективно гајле- not found. Дури и идентитет ѝ откриле, па скринови од нејзини профили, па пцуење, колнење на твитер не кажува ништо друго освен тоа дека не се ништо подобри од неа со пцовките и речникот. Скроз се заборави поентата на емисијата и што е алармантното, пошо ова поинтересно испадна.
@Adidas888 Насилството не е решение. Ни пак злобно да се коментира до бескраен степен. Погрешно е секако да се оди од една крајност во друга. Мене пример ова ми е како ситуацијата со Лазаров, кој доби јавна критика и реакција, за следно малку да се помисли што прави. Не беше тепан, не му е уништен животот, ама барем после тоа, колку што знам немаше сличен неандерталски испад.
Moжеби ќе беше малку сурово, ама па новинарите можеа да ја пријават во полиција, да дојдат и да видат кој тоа слави роденден на јавни површини и брка луѓе. Кога ќе излезе утре во билтен на МВР со иницијали, возраст, каде славела роденден по паркови и бркала луѓе, нема да е сеедно.