https://a1on.mk/macedonia/ssnm-popr...-tv-na-javen-prostor-e-nedozvolivo-i-kaznivo/ Попречувањето на новинарите и снимателите во обврските за информирање на јавноста е казниво според законот се вели во реакцијата на Синдикатот на новинари и медиумски работници. “– Дополнително, попречувањето е направено во процес на снимање на тема за подигање на свеста за многу горливо и сензитивно прашање за граѓаните и општеството, како што беше темата во прилогот, што дава нехумана тежина на чинот кој е за секоја осуда. “ Попречувањето на новинарите во вршење на нивната работа е казниво според член 139 од Кривичниот закон, кој таквото дело го препознава како попречување на службено лице во вршење на неговата работа за што е предвидена казна од шест месеци до три години затвор. Ок. Кај нас се со врски е, па сигурна сум дека не би дошло до ова, поентата е дека, не е само - ајде бе “возбудени за роденденот”, или “сите сме нервозни денеска”. Секогаш е битно на кое место истураш фрустрации, ама еве вака некогаш… дури и кривично дело може да биде.
Скоро 13 500 луѓе ја потпишале петицијата . Значи нешто се дешава . Не се крена за џабе прашина за дијабетисот . Од друга страна сега наоѓате од портали некои груби и навредливи коментари.. за да се смени темата на некоја друга страна .
Срамота од држава, да се молат луѓето за лек бре!! Мајката на мм е дијабетичар и мм и зема од тука Германија нејзините лекови и ги праќа во Македонија. Значи ако луѓето не се снајдат да побараат во странство , оставени се на милост и немилост.
Не е смешно, ама се изнасмеав поштено. Луѓево се скроз исклучени веќе сите. Ама од тоа да се биде the bigger person и kill them with kindness и нашето попаметниот попушта ваквите особи си земале олкав замав, искрено доста ми е. Јас а верувам и многу други сум воспитана така да, да ќутам, да трпам, да попуштам, да толерирам, да бидам културна и во ред стои се тоа, ама растејќи така јас секогаш го извлекував подебелиот крај. Во вакво општество мора БОРБА за опстанок и ако сум нападната, веќе не бирам средства за одбрана. Значи да, култура пред се и прва не се закачам, ама ако некој на овој начин како коконава покаже непочит, тогаш извини, ама и мојот фитиљ е краток. Што треба, да се водам по тоа ако некој те удри, сврти му го другиот образ? Важи. И искрено мило ми е што се луѓево бесни и има реакции, многу подобро од апатија и индиферентност.
Не знам дали ќе е непопуларно мислење ама... Не сум изненадена и од таму поќе идејата за ова ме потресе него од ко видов интервјуто. Во смисла, голем процент од луѓето се вакви. Не е ова оправдување, оти нема оправдување, туку лично сум отрпнала да се речи. Тие се шо се карат и туркат на шалтер, шо се дерат на јавни простори, шо не станват во бус на постари и трудни и изнемоштени. Не сум изненадена дека женава ова го напрај. Само ја прај Славица "фатена на камера". Дали е долно? Да. Дали е глупо? Да. Дали можеше скроз поинаку да се пристапи? Да. И вервам дека со то шо можи чита тука, шо гледа на тв и слично - не ѝ е сеедно безразлика дали сеуште мисли дека е во право иако објективно - не е. Исто не би се согласила дека не требаше да се тргнат. Девојчето доволно се вознемири as it is. Не вреди со некоја Славица да се натегаш особено ко имаш во моментот новинари шо ќе објават uncut верзија од настанот. Sweet revenge. Да не беше девојчето таму, да не се малтретира, филозофијата секогаш ми е да се оди контра на просечна Славица. И последно, воопшто не ми се допаѓа доксинг. Прво можи не е та жената од која кружат профили. То би било п о р а з и т е л н о. Ама и да е - доксинг е одење предалеку. Не случајно е цензурирано видеото и не случајно треба да е цензурирано. Не треба да играме online vigilantes. Колку и да е расипан некој, на крај на ден е реален чоек со семејство, работа и реалниот живот и приходи можи од ова да му се загрозени. Во најмала рака треба да споредиме crime and (potential) punishment оти социјални ситуации многу лесно излегват од контрола и да се запрашаме ако тргниме облакот од негативна еуфорија - дали казната е еднаква на злото? Реално, до трета страна сум и можи сте пишале уште нешто. Ама секогаш на почеток коментирам оти заборавам шо сакав да кажам.
Мислам дека треба да има коментари и реакции за нејзината нечовечка одвратна постапка,само еве ме интересира,дали овие реакции би влијаеле некако врз особата.Мора да видела,слушнала или прочитала нешто.Ама тешко,можи уште повеќе се сили. Срамота,во секој случај. Прочитав многу коментари демек не требало да ѝ биде замаглен ликот,ама мислам дека ако не ѝ беше,би можела да тужи за неовластено снимање.Некој правник би знаел подобро,али можи да е поради тоа.
Темата почна од другата страна. Темата почна од испадов на жената, а не почна од девојчето со дијабетес, па да се смени. Ако не примети прочитај од почеток од каде почна темата. За жал.
Таа што ги избрка на сред репортажа,сепак јавен простор е,да бидеме свесни ,реално,беше многу безобразно во најмала рака,можеше културно да ги замоли...Ете како човек може да ти стане ОДБИВЕН секундарно,нешто што не поднесувам тоа се ароганција,прости луѓе и некултура! Жената испадна без свест и осет,одвратна!!!...но и тие во коментарите не се ништо подобри од неа.Тие клетви,тоа колнење,пцовки,повикување на насилство дали вам ви се океј??? На исто ниво ми се со дотичната да бидам искрена. Но среќа има и позитивен исход од цела ситуација,идејата за потпишување на петицијата!Исто прочитав дека една продавница за здрава храна ќе почнела да произведува торти за луѓе со дијабет(за дијабетичари).Што е секако за поздрав.
Мајкава со роденденот не е единствена таква, за жал. И мене ме изнервира многу, а и тешко дека ќе останев смирена како што сум избувлива. Само се надевам дека нејзиното дете ќе стане подобар човек од неа. Толку.
Ахам, не за џабе она старата круша под круша… од мало му се демонстрира на детето дека е во центарот на универзумот, тоа што си наумил ќе го исполниш, а негово е само да гледа и да учи
Не знам до кој степен била безобразноста на женава и како екипава од ТВ настапиле на почеток. Онака ја замислувам ситуацијата. Ако си екипата од ТВ: Може нема да го загледаш ливчето, ама ко гледаш луѓе со балони и торта можеле да кажат извинете снимаме емисија уште толку и толку минути. Ако рекле така и оваа пак исто реагирала тогаш само таа е сељанка. Обратно ако си женава со роденденот: Гледаш снимаат камери у летниковец, културно доаѓаш и прашуваш уште колку ќе снимаат. Ваљда нема да е повеќе од пола саат да речеме, па да седнеш и да почекаш. Зборот ми е не мора да значи и екипата од ТВ дека се културни и обзирни. Уствари народов е многу, многу себичен и безобзирен кон други луѓе. Некултурата доаѓа втора. Обично ако едната страна бар имала култура и обзир ќе се намалел или ќе се разрешел конфликтот подобро.
Настанов само ја покажува македонската реалност и менталитет. Обичен кукавичлук. Ништо повеќе. Сега сите рандом „морални величини„ на социјалниве мрежи ќе се испукаат на „лошата и злобна Трајанка„ а од друга страна молчат и се прават на Тошо кога во прашање се вистинските проблеми и ерозии на оваа општество. Заглавено во стотици криминали, енормна корупција, криминал и рекетарство на сите страни, силување на државни и национални интереси во полза на лични материјални бенефиции. Држава во четврти стадиум на канцер метастаза и со веројатност од 10% за преживување со ова темпо на развој. Каде се сите тие „морални величини„ на протестот во Струмица за рудникот Иловица-Штука? Каде власта преку ноќ му даде тендер за ископување на кој ако не на бизнис пријателот на ДУИ - фирмата Еколог од Тетово. На која државата исто така исплати десетици милиони евра за изградба на електрични возила во Тетово, а лопата не се фрли. Каде беа десетиците илјадници луѓе на протестот? Каде бевте вие? За кој Струмичани и тој регион беа лажени од гнојот Заев и неговото лево маде, Димитар Ковачевски, дека рудникот нема да се гради и нема да се труе населението во тој регион. Штама! Само 500 луѓе на протест. Нормално за да вистинските проблеми во општеството се решат бараат лична жртва, излегување од комфор зона, активизам, но најлесно е да се испразнат фрустрациите на некоја рандом „лоша и злобна Трајанка„ на социјалните мрежи. Каде се десетици и десетици илјадници граѓани на секојдневни протести против тоа што 40% од популација не плаќа данок, струја, вода, ДДВ, фискални сметки и каде секој ден екипи на ЕВН се тепани, затоа што дошле да сменат струјомер? Но злобната и лоша Трајанка е најголемиот проблем во оваа општество. Дај да и се изнаебеме мајката што ни го руши идеализмот во кој живееме. Првин, никој не знае дали таа фигуративна Трајанка, на која сите и се изнаебаа мајка, е лоша жена туку целото стори беше максимално експлоатирано од водителката за промоција со увод „дете со дијабетис„ знаејќи свесно дека ќе фати гледаност и бука врз база на тоа што девојчето има дијабетис и е малолетно. Да беше жена од 60 години на никој немаше да му биде гајле и веројатно ќе си свртеа глава ко за 98% од проблемите во државата и општеството. Замисли, Трајанка се скарала со водителката да се тргне побргу од летниковец затоа што требале да слават роденден. Вакви баналности имаш во Скандинавија илјадници неделно. Луѓе ко луѓе. Ќе се степаат, скараат, мират. Јас лично сум бил сведок на настан каде полупијани Швеѓани му ставија под нос носени патики на слеп човек во бар. И што? Дојде обезбедување, им шлапна по два бокса, ги патосираа, исфрлија од клуб и тоа е тоа. Затоа сме таму каде што сме како народ и како држава. На дното. Гнојот во Европа. Со ваков менталитет и состојба на дух и ова што го имаме е многу.
Вакви баналности, со мој е летниковецот се апсолутно идентични со баналностите од погоре- мој е рудникот, мој е арачиново, мој е додај по желба. Истите силеџии, со истиот ментален склоп, во различен формат. Ете затоа осуда.
Не е исто. На Трајанка можат да се курчат и да покажуваат сила, затоа што таа е само обичен анонимус и маргиналец. На Али Ахмети, неговиот син, неговиот сват, Артан Груби, Бектеши и нивните нарко-босови не можат да одат и да се курчат. Син на Ахмети ја купи Соравија на 23 години, неговиот сват го купи Жито Караорман (еден од најголемите снабдувачи на жито во Македонија), нарко-босови хараат и рекетираат газди. Скопје преплавено од бело од нарко клановите од Сарај, Арачиново, Чаир. Цел ден се изживуваат по кафаните во Дебар Маало. Цел владин врв инволвиран и испреплетен во тендерски-оф шор-нарко бизнизи. Али рандом Трајанка ќе ја полемизираме цел ден по социјалните мрежи. Од неа ни зависи опстанокот и иднината. Пола држава не плаќа никакви придонеси кон државата и јавно-приватните претпријатија. Придонеси кои другиот дел од населението ги покрива и плаќа. Тоа мене ме интересира. Кога некој зема од устата и џебот на татко ми и мајка ми. Што цел живот и кога имале и немале секогаш плаќале. Затоа такви маргинални појави како Трајанка ќе го јадат стапот заради кукавичлукот на овој народ. Има разлика. Рудникот Иловица ќе труе генерации луѓе во тој регион. Трајанка никого не отру, ниту е крива за дијабетисот на детето, ниту е крива зашто девојчето не добива адекватна терапија и третман. Приказна експлоатирана од новинарката за да си добие на популарност. Ништо повеќе.
Па да, време беше кога некој ќе почне да споредува две неспоредливи теми. Ако одиме по твојава логика, само крупните политички проблеми треба да не засегаат, се друго што е дел од секојдневниот живот треба да се игнорира, јер нели, небитно бе, ситница. "Детето нема лек? Бре, големи чуда - рудникот ќе го отвораат ти па за еден лек." "Родилки и бебиња умираат секој ден - Е добро де што, ни први ни последни, ама за РуДнИкОт слушнавте?!" "Трајанка и децата ви го прават животот пекол со нивниот булинг и однесување - Ок де шо, големи чуда, не е дека Трајанка отвара рудник, супер жена е иначе" Како да ви кажам, ама два проблеми можат да коегзистираат истовремено. Може да ви смета и рудникот и ДУИ, ама и нелуѓе како Трајанка.
Абе какво курчење и покажување сила? Пцуење и колнење по интернет, сигурна сум дека добиваат сите, и Трајанка, и Зајко, и Арко и Петко, јер тие покажуваат сила и се курчат, за нешто што не е нивно, наше е, заедничко. И уште бројни други, што не го заслужиле тоа, ама тоа е друга тема на глупост и некултура. Пошто со социјални мрежи ништо немам, јас овде кажувам форумска перспектива. А овде, се дури не го пцуеме спонзорот, може да биде пцуен секој, според заслуги. Колнење е неприфатливо. Оди во Скандинавија бркај луѓе од јавна површина, па кажи како ќе си поминеш.
Прва работа, никој не знае каква жена е Трајанка. Тоа се ваши констатации. Втора работа, Трајанка не е крива што детето нема лек и адекватна терапија. Криво е Министерството за здравство и луѓето одговорни за тоа. Истото министерство што го промени за директор најдобриот кардиохируг во Македонија, а надредениот што го промени е верувале или не доаѓа од јавно претпријатие за собирање смет. За тоа не видов баш многу да се потресовте и да коментирате по 200 страни. Утре од таков однос може на тој кардихирург да му прдне и да си ја збрише од државата, па да останеш и без тоа нешто квалитетно. Родилки и бебиња не умираат заради Трајанка. Умираат заради корупција и некомпетенција во државата. Умираат заради тоа што Тетово, а сега и Гостивар добиваат медицински факултет каде знаеме како се добива диплома и добиваш плејада неписмени доктори и сестри само врз база на етничка линија и да се превземат јавните институции. Пошто се живо и диво македонско од доктори до сестри е веќе иселено. Трета работа, Трајанка не вршела булинг врз никога, ниту истепала некого, ниту повредила некого. Едноставно момент на реакција. Би рекол без осет и баланс малку да почека. Такви ги имаш кај и да одиш. Милиони и милиони. Четврта работа, рудникот директно афектира 100 илјади луѓе. Расправијата на Трајанка и водителката околу летниковецот афектира само кукавици по социјалните мрежи да се испразнат некаде и да ја покажат својата „морална величина„. Ова што се случува во Македонија е директно игнорирање на вистинските проблеми, а не заради ситни инциденти и табиет на некои луѓе.