1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Не)благодарни сме??

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од senjorita.lombardi, 8 март 2012.

  1. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    http://www.youtube.com/watch?v=QAEWNVmh ... re=related
    Секојдневно околу нас гледаме како се жалат,на 14 години умирAAт од љубовни проблеми, на 15 се разочарани и цела ден плачат од новата видео игра, на 16, се караат и пак плачат дали ке носат адидас или рибок, на 17, 18 веќе почнале да излегуваат, па пак плачат немале што да облечат (покрај полн плакар со алишта), и после 20 веке почнува сезона на диета???? Дали е ова посакуваниот цивилизиран живот??
    Не сме свесни што правиме или едноставно неблагодарни сме???
     
    На angelche16, cresa-jagoda, Foreveryoungiwannabe и 6 други им се допаѓа ова.
  2. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.626
    Се согласувам дека сме неблагодарни! Песнава од Тоше е точна со наслов Немаш ни Благодарам.
     
  3. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.626
    Се согласувам дека сме неблагодарни! Песнава од Тоше е точна со наслов Немаш ни Благодарам.
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Делумно, не сме свесни и не сме благодарни, двете заедно, зборам за на глобално ниво.Некако сменети се вреднувањата за животот, затоа и вака се случува и не ми е чудно воопшто.Треба тоа што го имаме да знаеме да го цениме, почитуваме, да знаеме колку сме задоволни од оние работи кои ги имаме.Тенка е линијата помеѓу тоа што го имаме и тоа што можеме истото да го изгубиме, премногу тенка, само најчесто тоа доцна се открива, кога човек ќе го изгуби здравјето, па ќе прави на секаков начин истото да си го врати, дури тогаш сваќаме дека и тоа што го имаме не е вечно, туку минливо.Само работата е да сме свесни за истото уште пред да го изгубиме здравјето.Страшно сум свесна за ова и многу добро знам што зборувам, инаку воопшто не би пишала на темава.Човек незнае дека денес може да го има, а утре да го нема и за тоа не треба многу и без разлика каква би била причината за истото.А после тоа што? Ништо, ќе излезе дека целиот живот се нервирал за нешто што и не било толку важно. Материјалните работи се минливи.Само отсекогаш било така и ќе биде, некаков си баланс, во светов некои гладуваат, немаат леб да јадат, згора на тоа па и здравствени проблеми си имаат, други не гладуваат, имаат се, некои од истите и немаат здравје и не го ценат тоа што го имаат, а ретки се тие што имаат се во животот и знаат да бидат хумани, знаат да внимаваат на се.Дали некогаш ќе биде поинаку, незнам, веројатно по истото темпо ќе си продолжат работите.
     
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Имав прилика пред неколку месеци накратко да го посетам службено „Сојузот на слепи лица во Р.М„ . Дента претходно мрчев околу некои ситници неврзани со тоа. Зошто испаднало вака зошто не онака, зошто немам ова зошто немам она...
    Откако излеговме од нивната зграда, до бескрај повторував „Ти благодарам Господе што можам со двете очи да гледам и да ги разликувам боите!„ Кое богатство е да се има видот, слухот, чувството за вкус и мирис и допир. Да можеш да одиш, трчаш, спортуваш, танцуваш! Да ги гледаш другите како тоа го прават.

    Па уште кога пуштам чешма и имам вода да се истуширам, насабајле измијам лице, а воедно таа вода од чешма слободно можам да ја пијам - голема благодарност ме обзема.

    Заклучок: Да не тагуваме по она кое го немаме, туку да се радуваме на она што го имаме!!!
     
    На mami blue, love23, booba и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Јас би кажала дека не знаеме да го цениме тоа што го имаме и сме неблагодарни.
    Обично кога нештото ќе го изгубиме сваќаме колку ни значело и колку сме го цениле. Ако знаеме нештата да ги цениме тогаш и сме благодарни.
    Човекот кој резонира со свест - разум е свесен, ама прави така како што му одговара. А дали е во ред или не е, е веќе друга приказна
     
    На senjorita.lombardi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Мое мислење е дека се додека не изгубиме нешто, не знаеме колку е вредно и колку ни значело. Секој ден се жалиме дека немаме што да носиме, а уствари во плакарот имаме секакви алишта, се жалиме дека немаме нешто што долго време сме го посакувале, а тие немаат леб да јадат итн.
    Неблагодарни сме, а во исто време и не сме свесни за тоа што го правиме.
    Се сложувам со погоренаведените мислења. Секој ден откако ќе станеме од топлиот кревет, треба да се заблагодариме на Господ за новото утро, за тоа дека имаме каде да спиеме, за тоа дека имаме вода, струја, храна, облека... Затоа што некои го немаат тоа, а толку многу го посакуваат. :)
     
  8. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    За жал таква е нашата нереална реалност ...
     
  9. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    Тоа што го имаме не го цениме.Дури кога ке го изгуби сваќаме колку многу ни значело.Го делам истото мислење со Гордана10.
     
  10. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    едно големо :clap: и за темава и за виедеовоо
    ..Секогаш кога гледам вакво нешто ми се насолзуваат очите и пак по старо си терамм..ДУШИЧКИИ ;( ;( ;( ;( ...И да ептен сме НЕБЛАГОДАРНИ на тоа што го имаме и дури кога ќе го игубиме ќе сфатиме колку ни требало и ни значело
     
    На Foreveryoungiwannabe, srcekrsacka и senjorita.lombardi им се допаѓа ова.
  11. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Луѓето знаат да бидам многу НЕБЛАГОДАРНИ.Секоја им чест на исклучоците..(ако воопшто ги има..хм..)
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Некој луѓе во секојдневието забораваат да го кажат зборот Благодарам, а не пак да се благодарни на животот и тоа што го имаат.
     
  13. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Колку повеќе имаш толку повеќе сакаш.....ете тоа сме ние.Никогаш незаситени од тоа што го имаме.Имаш здравје имаш семејство имаш она што ти е потребно не одиш бос скинат гладен секогаш се ти е во раце и пак незадоволен.Мене едно ми е чудно како можам богатите луѓе толку да бидат скржави?!не во целост за сите богати луѓе ама повеќето се скржави што несакаат да ти дадат чаша вода а камо ли нешто друго.Неблагодарни сме и тоа како.
     
    На cresa-jagoda, Foreveryoungiwannabe и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  14. belluci

    belluci Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    12
    Плачев дека немам модерни чевли, додека не видов човек без нозе. Се жалев дека немам доволно пари, додека не видов семејство што спие на улица. Ние сме луѓе кои не ценат ништо, дури и да имаш малку, има луѓе кои мечтаат да го имаат тоа малкуто што ти не го цениш…
     
    На cresa-jagoda и Foreveryoungiwannabe им се допаѓа ова.
  15. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    понекогаш сите сме неблагодарни , а и јас , најмногу се каам кога нема да одберам соодветни зборови за нешто и да не сум сакала да испадне така звучам погрешно кога и се обраќам на мајка ми ама понекогаш стварно не ме сфаќаат! :worried:
     
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.040
    Пол:
    Женски
    Околу мене толку неблагодарни луѓе, па им се чудам. Јас за најмала ситница сум благодарна. Изгледа јас сум тој посебниот случај во толпата луѓе.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Луѓето не го ценат тоа што го имаат. Глетката наоколу ги прави љубопитни и лакоми, па кога ќе почувствуваат дека индиферентноста кон сопственото ги довела во конфузна ситуација сфаќаат дека заборавиле на благодарноста за тоа што го имаат. Мал е бројот на исклучоците кои и за ситни нешта знаат да се заблагодарат, останатите ја отфрлија таа форма на изразување и жалосно е што нивниот број е се поголем, а најчесто се вбројуваат оние од кои најмалку сме очекувале неблагодарен гест.
     
  18. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.306
    Пол:
    Женски
    Сите сме понекогаш неблагодарни, не судете.
    Понекогаш забораваме колку сме среќни, затоа што убави работи ни се секојдневие, па не ги цениме. Тек кога ќе изгубиш сфаќаш што си имал.

    А посебна категорија ми се луѓе што не се способни ни едно фала да кажат никому. Дно.
     
    На sparklie и MiloMalo им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.241
    Благодарноста не е само еден збор.
    Понекогаш и ФАЛА да кажам е малку.
    Не се штедам кога сакам да изразам благодарност.
     
    На angelche16 и crimson им се допаѓа ова.
  20. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.369
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    Епа да некогаш сме неблагодарни некогаш сме исто јас имам плакари полни алишта ама се жалам што да облечам оф :rofl::rofl: