Не верувам дека постои баш нешто што се вика „сродна душа“,но верувам дека постои вистинска љубов.Од толку многу луѓе во светот мора да се најде некој кој ќе ве сака,цени и почитува,а воедно ќе се чувствувате среќно,задоволно,исполнето и заштитено.Не верувам во така наречениот „принц на бел коњ“ од проста причина што знам дека никогаш нема да дојде доколку само седам и го чекам.
Па нема да го чекаш, нема да ти тропне на врата - сама ќе го побараш... сите велат, што е твое ќе си дојде - јас ќе ти речам, што е твое земи си го. Само уживај во животот, и ќе видиш дека за некое време поинаку ќе мислиш
^ Тоа сакав и да го кажам .Со затворање дома и чекање ништо не бива. Инаку тоа ми беше во стилот многу девојќи го чекаат принцот на бел коњ и мислат дека сам ќе се појави од некаде.Всушност треба да излегуваме,да запознаваме луѓе и ќе се најде вистинскиот .
Прво, си има тема за сродна душа. Второ - верувам во Љубов и тоа со големо Љ . Сум доживеала подеми и падови, како и сите луѓе и никогаш не сум се откажала од љубовта. Непоправлив романтичар сум. Кога ми било најтешко, сум пробала да ветам дека никогаш повеќе нема да љубам, да се трудам околу некого, да сакам. Но, миг потоа се молам, само да не ја изгубам способноста да љубам - некого, блиските, себе. Не ги сфаќам оние кои еднаш се изгореле од љубов и бегаат ко луди, ја презираат, ја омаловажуваат, ја иссмеваат, ме убедуваат дека не постои вистинска љубов, ја нема. Постои, ја има, ја барам, ме наоѓа, ме напушта и во ниту еден миг нема да престанам и да верувам. Тоа ме прави човек, жива и сакана.
Верувам, постои... Макар и да не е онаква каква што сме сакале (на план врски), постои... Ма постои, постои, само треба да ја најдам, ... A и, трпение-спасение
Мислам дека темава на друго место требаше да биде,пример во врски,не во се и сешто,незнам,според постовите,а можеби заборавиле да ја преместат
не верувам во љубов на прв поглед зашто сметам дека за да сакаш некого не треба само физички да те привлекува...за тоа дека постојат сродни души се согласувам меѓутоа ретко кој ја пронаоѓа...а и на шала велам дека никогаш нема да се мажам пошо мислам дека не можи цел живот некого со иста страст да го сакаш
Не верувам во љубов на прв поглед - тоа е само физичка привлечност...А љубов како љубов постои но дефинитивно не во совршен облик и не така розова...Не сум била до сега заљубена...Верувам само во љубов кон семејството, твоите најблиски...
мене за правата љубов ми се пример баба ми и дедо ми кои се уште се сакаат како и 1 ден кога се запознале во брак се повеќе од 50 години и никогаш до сега се немаат скарано,да се надобрзам на темава да верувам во љубов верувам во сродна душа ( иако се уште ја немам запознаено ) верувам дека само еднаш се заљубуваш
ми се гади од љубовта...едноставно сега неможам а и несакам да помислам на такво нешто... Сродна душа постои, но чим не сум среќна значи не сум ја нашла сеуште. Можеби доколку ја најдам ке се ослободам и пак ке почнам да љубам.
Верувам во љубавта верувам во љубовта исто така и во сродна душа... Љубовта е неопишливо прекрасно чуство .. Во љубовта некогаш се добива некогаш се губи .. исто така чустуваш тага некогаш срека но сетоа тоа е дел од љубовта.
Љѕбовта е едно прекрасно розово чувство.. Кога си заљубена се наогаш во еден прекрасен розов свет ..Но љубовта знае и да боли ... Но всушност во љубовта спаѓа и тагата и среќата...И да верувам во љубов
Верувам во љубов,сродна душа,љубов на прв поглед,вечна љубов. Сето ова го доживеав а што се работи за вечна љубов..знам дека некои работи во животот што ни се случуваат секогаш ќе ги носиме во нашето ..
верувам дека постои сродна душа за секој човек, верувам дека постои љубов на прв поглед, верувам во љубовта .. многупати сум била распарчена од неа, ама се тешам како се се случува со причина .. исто така верувам дека еднаш во животот се заљубуваш вистински и таа љубов вечно се памти .. верувам дека можам да бидам повторно заедно со човекот што ми значи најмногу, навистина верувам ..
Многу често си се залажуваме себеси мислејки дека ете ова навистина е љубов , се заљубив и такви нешта, но, верувам дека е многу тешко кога ти си сигурен дека си ја нашол твојата сродна душа, а таа кутрата не те ни погледнува
Верувам дека постои љубовта. Верувам дека постои една љубов кај секој човек која се издвојува како најпосебна. Верувам во сродни души и верувам дека не треба после секој пораз на ова поле да се откажеме од неа.
Дека постои љубов верувм и сум сигурна дека постои ја чувствувам, но за сродно души па и не верувам многу
Искрено не знам дали верувам, многу пати сум се разочарала така да немам причина да верувам...Можеби понатаму ќе го сменам моето мислење ама за сега така е