И јас многу пати сум се разочарала и уште ја немам пронајдено вистинската љубов,но си мислам ако не верувам во љубов нема ни да ја најдам....верувам во љубов затоа што пред се мене ме створиле од љубов...постои сродна душа само некои ќе си ја најдат порано,а некој подоцна.
Јас сум од оние типови на луѓе кои би сакале да веруваат дека во животот само еднаш се љуби искрено и вистински ,но љубов е кога двајцата се сакаат ,се почитуваат,нема неверство и се борат за опстојување на една врска,дали тоа навистина постои премногу добро да биде реално во денешно време :Според мојата дефиниција за љубов и според искуството сметам дека не сум ја почуствувала и дека поради тоа не верувам во љубов иако велат дека треба да веруваш па да се случи јас пред разум и сите други верувања јас се водам од искуството па затоа посакувам да ми се случи т.е да ја почуствувам па да речам да навистина ми се случи ...Нека не те разочарува тоа што си не ти успеале претходни врски подобро е квалтетно сама да бидеш без да трошиш време на врски и личности кои ќе бидат само промашени инветиции во твојот живот.Јас тргнувам од тоа квалитетно сам отколку во неквалитетна врска .Се случува да ми се додворуваат добри момци и згодни кои се женкари или кои сакаат само мување па тука се разидуваат нашите патишта ако ништо друго љубовта постои само во љубовните романи што ги читаме и што ги гледаме
Мислам дека токму вербата во љубовта не’ прави различни од обични роботи, камења... Потребата да сакаме, да сме со саканата личност, да ја усреќуваме... Кога не би постоеле таквите желби и чувството на заљубеност, животот би имал една многу помонотона, „сива’ димензија. Затоа, секако дека верувам во љубовта, и тоа многу.
од сите ваши постови што ги прочитав за љубовта, се некако ме тера на олеснување на душата мислам дека беше доста од тоа најверојатно оти и таков ми е знакот, а и таква сум ко личност секогаш кога се заљубувам е вистински (од срце-иако многу пати се имам изгорено и тоа како) ама како што се вели човек од грешките учи, па периодов во љубовта веке ги снема емоциите, и уште ја немам пронајдено вистинската љубов т.е. љубовта на мојот живот, а и со сила убавина не бива-како што рекле старите, се во свое време
Многу пати сум се разочарала во љубовта, ама сеуште верувам во неа. Верувам дека постои вистинска љубов само што јас сеуште не сум ја нашла. За љубов се потребни двајца, потребно е да бидат сродни души. Треба да учиме од грешките и да не се откажуваме од љубовта само заради тоа што некој не разочарал а тој некој не бил вистинскиот.
Без разлика што и да се случи, и тогаш кога би изгубила доверба во секого и се', во љубовта нема да изгубам. Тоа е всушност чувство околу кое се врти мојот свет. Што би бил животот без љубов? Што би бил животот без сите оние мечти, соништа, копнежи и цели кои се раѓаат со љубовта? Каде би биле ние? Каде би отишле? Зошто би живееле? За да бидеме исполнети со гнев и очај или пак рамнодушно да приоѓаме на се' она на кое ќе наидеме? Секако дека не. Секогаш велам "Кога човек сака, светот го гледа со поинакви бои, нормално поубави." Затоа без разлика на искушенијата пред кои би ме поставил животот, јас би продолжила со надежта дека еден ден повторно ќе ме пронајде љубовта, а во меѓувреме би ја барала во секое и едно нешто кое навидум е безначајно, а сепак исполнето со исконска убавина.
И јас не верував во љубовта, се држев до тоа дека сите машки се исти... Им с смеев на девојките кои викаа дека бескрајно го сакаат, дека не можат без него и ред други работи... И сега за прв пат сум заљубена и среќна, за прв пат можам да кажам дека моето златце не е само машко како сите други, за прв пат знам што е љубов... Ова сега ме потсети на една картичка што ми ја поклони една другарка за еден Св. Валентин мн одамна: "Деновите поминуваа... и тогаш љубовта си дојде по своето"
Не верувам сметам дека дури да постои сродна душа за тебе доколку не се бориш и не ја препознаеш среќата лесно може твојата среќа друг да ти ја земе. Мислам дека не постои љубов туку потреба за љубов, желба да бидеме со некого, да бидеме сакани и да сакаме. Јас се уште не сум ја нашла вистинската љубов можеби затоа не верувам се надевам дека ќе најдам некој кој за брзо ќе ми го смени ова мислење. Љубовта е само збор се додека не дојде некој да ти го покаже нејзиното вистинско значење Вреди да се бориш за она што вреди да го имаш. За љубов се потребни двајца. http://youtu.be/a_8yj1R6q70
Сум била разочарана од љубовта, сум помислувала дека никогаш нема да ја најдам сродната душа и имало и моменти кога сум си рекла "готово, се откажувам од љубов, се фокусирам на се останато освен на љубов"... Но вистината е поинаква, во моментот кога сме повредени мислиме дека светот ни се срушил и дека никогаш повеќе нема да љубиме, но не е така, по извесно време подолго или пократко, ќе се појави некој кој ќе направи нашето срце повторно да заигра и повторно да ги почувствуваме пеперутките во стомакот.. Ова не го зборувам од памет туку од лично искуство
Независно дали сум се разочарала или не во љубовта, дали воопшто сум ја почувствувала, дали сум ја доживеала, ќе кажам ДА, верувам во љубовта. Љубовта е околу мене, ме опкружува, ме тера секој ден да станам и да продолжам понатака, да легнам навечер со желба да го видам и утрешниот ден. Ми дава сила, ми ја храни душата... Ова не е патетика, не е дел од писмена по македонски јазик (иако некој тоа и ќе го помисли), туку ова е мое мислење за вербата во љубовта... Љубов не е само меѓу дечко и девојка, не е само бакнеж во уста, не се пеперутки во стомакот, љубовта е многу повеќе од тоа и се случува помеѓу многу други личности... Верувам дека сите еден ден ќе почувствуваат вистинска љубов, која е една и единствена, која те прави потполен и совршен, која те крева над облаците, љубов поради која ТИ СИ СРЕЌНА!!
верувам во љубовта... каква разлика има помеѓу луд и заљубен? НЕМА нема поубаво чуство од прегратката на саканиот човек од бакнежот на саканиот човек од реченото СВЕ ЌЕ БИДЕ ВО РЕД заштитата на саканиот човек топлината на неговата рака топлината на неговата насмевка која ти дава сила топлината на неговите очи и моќта во нив топлината на неговото тело нема поубаво чуство кажете дали не вреди да се верува во љубовта ако не веруваш како ќе ги доживееш овие нешта? верувајте во љубовта таа постои
Верувам во љубовта затоа што успеав да ја доживеам и ја живеам максимално. И после толку време пеперутките во мојот стомак уште работат. Кога ќе се видиме не сме странци туку нашето гледање започнува со доза гушкање. Двајцата сме големи мази можеме да поминеме со саати во кревет гушнати и да се обидуваме да си докажеме кој кого повеќе сака. Да се насмееме и да ми рече покажи со рачињата колку ме сакаш Да ме гушне и да заплаче со мене кога ми е тешко, да се израдува на мојте успеси да биде покрај мене секогаш кога ќе го побарам тоа од него. Се разбира сето тоа и му е возвратено. И после толку време знаеме да се изненадиме со нешто сепак уште љубовта е во воздухот кој го дишеме. Од кога го запознав него знам дека постој љубов постој некој кој може вистински да ме сака да биде мој ангел чувар
Јас не верувам во љубовта и тоа поради една единствена причина - ја немам почувствувано, а нешто што немам почувствувано не можам да верувам во него
Знам млада сум и веројатно ќе ми речете „Млада си уште, не знаеш што значи тоа љубов.“ Јас верувам во љубовта бидејќи ја имам почувствувано не ми е бидена возвратена излегов повредена поради фактот што никогаш не признав дека сум вљубена не му признав ни на моето срце, и сега се каам,но иако ја најдов верувам дека ќе ја најдам повторно, дека ќе се заљубам повторно и не верувам дека само еднаш се сака вистински, верувам дека можеш да се заљубиш многу пати,но само некои ќе бидат вредни на трудот и на посветеноста што сте ја вложиле. Па затоа една порака до сите сакајте и искористете ја шансата кога знаеете дека сте сакани.
За да можеш да ја почувствуваш треба да веруваш во неа Јас верував и ја почувствував, ја чувствувам и денес и сега додека пишувам, ја живеам секој ден и не само кон мојот љубен туку кон моите блиски, кон моето куче, кон природата, кон сонцето, кон светлината. Нема ништо поубаво од тоа да ДАРИШ љубов, да љубиш а со тоа да шириш само позитивни вибрации , вибрации способни да допрат и до најтажниот и најнесреќниот кој ќе го видиш денес Луѓе ширете ја љубовта, сакајте се и направете си го животот најубава бајка која ќе ја живеете ВИЕ
Љубов и сродна душа....Има некој до сега дадено дефинитивна дефиниција која што е општо прифатена? НЕ !!! Затоа што сите ние имаме различни погледи, сфаќања, мислења и искуства во врска со оваа тема. Дали постои љубов? - ДА секако дека постои...Дали постои сродна душа? - ДА секако дека постои...Но тоа не значе дека постои само една сродна душа. Како прво ајде да го дефинираме поимот сродна душа....Што значи тоа? Да се согласувате во сексот? Да сакате иста музика? Или да излегувате на исти места? Лично поимот сродна душа го сфаќам како личност со која што имаме слични сфаќања во врска со одредени теми, личност кога што ме стимулира интелектуално, личност која што ќе ми даде совет кога ќе ми е потребен и која што ќе знае да ме посочи во права насока кога ќе согледа дека нешто што правам не е правилно. Личност која што ќе знае да дебатира на интелектуално ниво и со факти, личност која што има свој живот, свои цели кон кои што се стреми, личност која што знае што сака во животот, итн итн итн, да не го тупам со уште 20 работи. Како и да е, во ниту еден наврат не спомнав музика или филмови или такви некои што во спредба со другото се банални работи. Сродна душа е според карактер, а со самото тоа НЕ ПОСТОИ само една сродна душа - постојат многу...Од тие многу ние може ќе сренеме неколку, може само една, може ниедна...
Јас сум заљубена во љубовта Сакањето, исчекувањето да го видиш, копнежот, мечтата, болката, повреденото его, скршеното срце, тагата, музиката која те потсетува на вас двајца, сонцето и облаците со кои наоѓаш мал милион компарации, измрсулавениот нос поради целовечерната сесија на плачење поради некои си икс фактори, тврдоглавоста, вербата, среќата, надежта, фантазиите во кои дремеш со него во вашата мала куќичка додека децата ви прават лом низ дворот, страста, одземениот здив................. Сето тоа те прави жив/а!!! А сите оние што не даваат втора шанса освен на самосожалувањето секако...е од тоа да ти пукне чирот.Бљак!
И јас до пред две години верував во љубов ..ама веке не.На почетокот мислиме дека навистина сме вљубени,постои личност која ќе те разбере,која ќе ти верува.ќе биде со тебе и во добро и во лошо.Сфатив дека на денешницата постои само навика и секс,тоа е тоа.
Многу ми е криво што вака размислувам и јас , ама навистина не верувам во љубов , скоро една година . Да убаво чувство , се чувсвуваш среќено , исполнето, возвишено , сигурно................... , но потоа навистина нема потреба целата убавина да излезе од нос како што би се рекло , навистина нема потреба.