Верувам во љубовта, верувам дека за секое грнче има капаче, верувам дека секој може да сака, секој може да биде сакан, само треба да се дозволи, треба да се отвори срцето... Кога ќе прочитам дека млади личности на некои си 20-22 год. велат дека не веруваат во љубовта се нервирам, како бре не верувате во љубовта, како може да речете дека се е навика и секс...е не е така...колку пати ми било скршено срцето, може и јас не некого истото сум го направила, и што требало да се изолирам и да се самосожалувам, да плачам, да паѓам во депресии само затоа што некој ме повредил или самата сум се повредила затоа што некого сум го идеализирала, а потоа сум сфатила дека не ме заслужува, дека е погрешна сликата...или обратно... Се тоа поминува, болката поминува... нормално е дека ќе има периоди на жалење, плачење, самосожалување, па лупање од земја како сум можела да го/ја сакам, што ми е на мене, што сум видела во него/неа и слични бла бла бла реченици и мисли.....Колку побрзо го преболите толку побрзо ќе се појави новата љубов.. Но само затоа што сте ја изгубиле љубовата кон одредена личност или таа кон вас, не можеете и не смеете да речете дека таа не постои и дека не верувате во неа. Љубете и дозволете да бидете љубени. Прекрасно е..
Сите веруваме во љубов, само не можеме истата да ја почувствуваме кога ние сакаме. Се случува, ја има насекаде, само треба срцето да ти е отворено и силно за да љуби. Јас, никогаш не се откажувам од таа сила. Младите се млади, многу е нормално да не веруваат, да се разочаруваат од ситните страни и непроверености од љубовта, која ја искусуваат во периоди кога растат, се менуваат, сите нешта им се чинат идеални... Сум повредила, ме повредиле. Но, знам дека сум љубела, и тоа ме води напред. Верувам во неа, зошто од неа сум создадена.
Не е во ред само поради еден да мислиш дека нема права љубов..јас верувам дека постои вистинска љубов..Јас сум со мојот дечко 2 години..ама и да се скарам со него сигурно ке верувам во љубовта и дека ке дојди вистинскиот
Абе верувам у љубов, само не ми се јасно како некои во 5то оделение си ги пронаоѓат сродните души... и стално некој кога ќе ре4е, леле оние ама се сакаат, јас викам ај бе какво е тоа сакање на 16 години.... ама тоа не зна4и дека не верувам во љубов...
Кога сакаш некој толку силно, без да се грижиш дали е правилно или не.... Кога постојано мислис на него, кога постојано ти недостига... Да сакаш е доблест, способност да прифатиш некого со сите негови маани и доблести. да го прегрнес кога му е тешко, да ја почувствуваш неговата болка преку своето срце и сепак да успееш да се насмевнеш....Да сакаш значи да се борис за оној кој ти значи, да го поминес и пеколот за да го пронајдеш патот до неговото срце.Љубов е кога си среќна ако е тој среќен, иако со друга.... Љубовта никогас не е себична, не знае за грубост и омраза.... Го сакам бидејки тој е единствениот што може да ги избрише моите солзи. NE E LJUBOV KOGA SE GLEDATE EDEN SO DRUG, TUKU KOGA I DVAJCATA GLEDATE VO IST PRAVEC-A.AJNSTAJN
Верувам...Љубовта постои,сите ние имаме сродна душа...Понекогаш,кога сум разочарана од животот мислам дека не постои љубов...али постои..Без љубов ништо нема да е онакво какво што е...И да знаеш дека на сите ќе ни дојдат "оние" пет минути...
иако сум... сепак знаев кога да се оддалечам, и да ги прифатам работите какви што се... не молам за милост или љубов, да сакал тој да ми ги даде тие нешта, не би ме , нели? Но тоа не значи дека не верувам во љубовта, го доживеав тоа, беше поубаво од моите најлуди сништа, многу убави моменти имав, кои NIKOGAS нема да ги заборавам! И за крај...
Не е во ред да не се верува во љубов по едно две три ма милион разочарувања..таа постои,јас мн пати сум била повредена па сепак верувам во неа...можеби и мн влијание од филмчиња но и да цел живот не ја доживеам онака како треба(недај боже леле ) ќе верувам...поубаво ми е да живеам со таа верба,отколку да мислам дека ја нема,двигател е на се љубовта...не се троши ако е правата...само минува низ многу облици...вечен романтичар сум ти ја
Во љубов верувам во машките НЕ !!! Па едноставно а комплицирано прашање не знам можеби некадеееее далекууу постои ТОЈ достоен ,фер, добар дечко со кој евентуално би можела да кажам дека тој би бил љубовта на мојот живот .... Во меѓувреме се ова што го гледам НЕ
Верувам во хемија, и верувам дека привлечноста и страста подоцна поминуваат во навика. Во љубов не верувам. Ми се случило за некоја личност да чувствувам дека ми е многу драга, но љубов како љубов ако постои не би завршила, а посебно не преку ноќ како што често се случува.
Верувам во љубов, но уште повеќе верувам дека љубовта после некој период ја снемува и се е само обична навика и потреба од личноста да е до нас. Ретко кога страста останува иста како и на почетокот.
Да не постоеше љубовта,немаше ние да постоиме.А и штом зборуваме за неа значи постои.Верувам во љубов.Знам дека постои,сега можеби не толку преувеличена како по филмовите ама сепак постои.
И јас верувам во љубовта,љубовта постои насекаде љубов не само помеѓу човекот,помеѓу некое парче облека некој омилен предмет и.т.н... сепак постои љубов
Верувам во љубов. Верувам во безусловна љубов, во љубов без комрпомиси, во љубов без ветувања, во љубов без ограничувања, во слободна љубов верувам. Знам да љубам и да сакам искрено без да очекувам нешто за возврат. Знам да сакам некого со сите негови мани и недостатоци, со сите добри и лоши страни. Знам да сакам некого што е совршен таков каков што е. Љубов која не поставува граници, љубов која што и покрај се ќе остане љубов и ништо друго. Треба да е среќен тој што е љубан вака. Верувам и во други видови на љубов и сакање, знам дека во секој човек постои љубов само чека момент за да може да се покаже, секој може да љуби и да биде љубен. За секого има некој. Се додека веруваме и ја негуваме љубовта можеме да се наречеме живи суштества.
ona sto ne e za nas nikogas nema nase da bide jas veruvam vo ljubovta i toa jako iako silno ja pocuvstvuvav gorcinjata na ljubovta no zivotot prodolzuva i ako nema ljubov nisto nema!! [mod-kirilica:3isoeh9d][/mod-kirilica:3isoeh9d]
Мене не ми е јасно тие што велат дека не веруваат што ги одржува во живот? Пари? Амбиции? Работа? Учење? Што? Па нема поубаво чувство од она кога си вљубен. Убаво ти е, душата ти е исполнета, срцето, телото се. Кога си среќен, кај него се јавуваш. Кога си тажен има кој да те слушне, да те гушне, да те тапне по рамото и да те утеши дека се ќе биде во ред. Да ти помогне ако треба. А тие што велат дека не веруваат знаете како ги доживувам? Како роботи буквално. Со некоја компјутерска програма инсталирана во нив со точен редослед: Стануваат од кревет, цел ден енергијата си ја трошат на тоа на кое се преокупирани, најчесто она што го наброив во првиот дел од постов и си легнуваат. Роботи буквално. Нека не веруваат. Јас си верувам. Иако немам никој моментално до мене, не се депримирам и не сечам вени. Што е мое ќе си дојди. Ако треба и јас ќе си го земам.