Па не знам зошто ни била дадена цела палета на чувства ако не за да ја изживееме комплетно љубовта? Токму преку љубовта среќата,тагата,лутината и се‘ останато добиваат друга димензија,некоја вонсериска. Фактот што сум претрпела разочарувања не ми ја намалило верата во љубовта,си ги собирам парчињата од скршеното срце и внимателно го лепам,па продолжувам со потрагата.Оној ден кога ќе ја пронајдам вистинската личност ќе го вдомам моето срце во неговото,независно дали тој ќе ме вдоми церемонијално со потпис и размена на прстенчиња. Мене изјава од типот да не се верува во љубов ме ужаснува бидејќи и никогаш да не ја доживеам на начин на кој ја посакувам,притоа да го поминам целиот живот обидувајќи се во тоа-пак би бил тоа најмалку двојно побогат живот од оној кога кукавички би се откажала од потрагата. Само отвореното срце може да прими и дарува љубов,гледав некое клипче како еден човек имаше совршено срце кое го чуваше превнимателно,а друг имаше срце на кое му фалеа делчиња,беше целото деформирано и јас гласам за срце како во вториов пример,без разлика на цената на искуствата. Дури и мрачната страна на љубовта е показател за нашата моќ и сознание дека сме живи и дека тоа што споделуваме со некого вакви емоции му дава смисол на нашето постоење.Без љубов би биле само случајно избрано име,неколку датуми и ништо повеќе.
Многу пати сум се разочарала, и се уште не сум ја пронашла вистинската љубов.. Но, се уште верувам дека постои !!... И ќе верувам
верувам во љубовта и верувам во тоа дека има некој и некаде што не чека.А може најмногу верувам затоа што до сега никогаш не сум била разочарана секогаш сум била јас таа по која трчале другите а не обратно(ова се мисли на тинејџерските години)а сега за срека имам долга врска полна со доверба и љубов па се надевам дека и понатаму ке биде така и дека нема да престанам да верувам
Верувам дека постои сродна душа за секого, само што исто така верувам дека не сите сродни души се среќаваат и се заедно. Светов е голем, времето и општеството се менуваат секој ден- моментално живееме во свет каде што моралните вредности се изгубени и луѓето беспомошно лутаат барајќи љубов (од која обично се плашат) и понекогаш и кога ќе го сретнете вистинскиот невозможно е да сте заедно. Идеите, желбите и мечтите ни се една работа а реалноста е друга, за жал. Но, среќна сум за тие што успеваат да се најдат и да останат заедно до крај на живот. Сметам дека вистинската љубов постои и е вечна и алал да им е на тие што упеваат да ја најдат и уживаат.
Ех и јас како тебе престанав да верувам откако се зарочавар тотално. Со тек не време ќе помине можеби и ќе се најде некој дечко
... aли има еден добар машки примерок на планетава шо ме убедува во спротивното. Добро,ме убедуваше. Верувам во љубовта, да. Некогаш мислев дека нема никој да го сакам како него,сега мислам дека нема никој да сакам како Иван ( што и донекаде е точно,и јас тоа го знам ),а после ќе мислам.. Ма не знам што ќе мислам. Не знам ни дали ќе мислам уопште. Глава боли од мислење. Верувам,али како стареам ( грубо да се изразам ), се помалку и помалку. Во љубовта верувам. На мажите поретко. Тоа е и проблемот. А да си станам јас лезбејка,а?
Верувам во љубовта кога мене ми годи ! хахахха уствари да верувам, но секогаш кога љубам сакам да бидам и љубена. Возвратените чувства јас ги викам љубов. А не е љубов да се заљубиш само ти, или само спротивниот пол. Ајде рано ми е за мислење на вечна љубов или шо ти ја знам Уживам дур можам, и така сум во најубавите години од животот
не верувам во љубовта, и откако знам за мене сме скарани со неа(многу солзи и болка ми има донесено во зивотот ) подобро е кога работите се одвиваат спонтано(сами по себе) а дали сродна душа постои
Верувам Незнам зошто, но, постојано ми се вртка во главата кој ли ми е сродната душа...со кој ли ќе го поминам животот.....
Се уште не можам да зборувам за љубовта и нејзината убавина, но сепак мислам дека таа е дел од секого и дека секој има право да ја почувствува. Но љубовта е секогаш непредвидлива. Иако ни ја носи најголемата среќа во животот, знае да донесе и болка, тага и мнгоу солзи. Но сепак тој баланс помеѓу среќата и тагата е неопходен во нашите животи и сето тоа се надминува. Деновите потрошени без љубов, се залудно потрошени денови... Верувам дека постои сродна душа за секого, само многу е важно да знаеш да ја препознаеш
Иако повеќето велат дека треба силно да веруваш за да ти се случат убавите нешта ,јас верував па што ??си останав само на верување на невидено ,на недоживеано ,на празни соништа и копнежи по убавото и овакви депремирачки ноќи .Како да верувам во нешто кое го немам доживеано ??? Љубовта треба да биде синоним за сите добри вредности собрани на едно место , јас сметам дека љубовта треба да биде обострана ,искрена, љубов е за оние кои се почитуваат ,оние кои не знаат да повредуваат и се грижат за нас ,оние кои знаат да постигнат компромис во врска...и др.но овие вредности се камен темелници на една врска но дали денеска постои ваква љубов ???
Не ја барај сродната душа во пратнерот, сродна душа имаме сите дури може да имаме и повеќе ама тоа не значи дека се идеалниот партнер или бла бла тоа само во америчките романтични комедии. Можеме да бидеме задоволни единствено со солиден партнер прашањето е и дали воопшто ќе не почитува. Тоа е реалноста!
Верувам во љубов, ама им се случува на други луѓе, а лично мене НЕ. ми се нема случено и не верувам дека ќе ми се случи... Бев повредена еднаш на 17години од сегашна песперктива гледано мислам дека не бев ни толку многу вљубна во него, ама тогаш главата ми леташе во облаци, имав чувства кон него ама не верувам дека беше љубов, туку само нешто повеќе од допаѓање, од кога раскина ТОЈ со мене и начинот на кој го направи тоа се затворив и сега можам да кажам дека сум многу ладна личност, сум имала неколку врски кои подолги кои пократки али едно се знаело од моја страна мешање чувтства нема, без разлика колку тој бил фин, мил, заљубен, правел се али јас ладна, мислам дека тоа е и најголемата причина што сега сум сингл Не верувам ни во сродна душа, во денешно време се е компромис... А чекање принц на бел коњ нема шанси, ниту чекам ниту барам принц на бел коњ...подолго (многу) време сум сингл (мислам онака од некоја врска што би потрајала барем еден месец а имало некој мувања и такви кратки работи), па сум навикнала на таков живот, самостоен, необврзана за никој, што сакам правам, кога сакам кај сакам одам и добро ми е...е сега некогаш ме фаќа криза (поготово кога ги гледам другарките со дечковците) за некој да ме гушни, бакни и се тоа, али поминува... Љубов нема па продолжувам да го живеам животот, а некој случајно ако се појави-добредошол, можи ќе добие шанса
И уште нешто единствената личност во која можам вистински да се заљубам е мојот омилен пејач, уатвари тоа можи беше љубов на прв поглед, кога прв пат го видив на телевизија..хахаха Али тој е далеку... така да ништо од љубовта
јас воопшто не верував во љубовта,не знаев да уживам да се опуштам не можев.ама од кога дојде дечко ми во мојот живот ми докажа дека љубовта постои ме научи да уживам и да се опуштам во врската,секогаш кога и да ми треба тој е тука до мене и ме држи за рака и подржува во се BTW некогаш ме нервира да ама знае и да ми покаже дека тој е тој и дека секогаш е тука за мене и да се надополнам женски ,,храбрите сакаат не чекаат да бидат сакани,, и ви пожелувам сите кои сте сингл да си ја најдите љубовта
Абе може постои,шо знам,ама јас не верувам во онаа љубов до смрт,абе за мене тоа си нема врска,некој да сакаш 20-30-40 години.Тешко ми е да поверувам во тоа,после неколку години,јас сето тоа ќе го сметам само за навика,не за љубов,нема да ми биде интересно кога на некој ќе го знам толку добро колку што се познавам самата,кога ќе го знам веќе како размислува,што сака да прави итн.Нема да ми биде интересно,ќе нема што ново да откривам кај него и ќе ми се здосади.Може овака размислувам поради мојот карактер,бидејќи откако ќе добијам нешто,и ќе го запознаам добро,повеќе не ми е интересно ама баш ич. Можно е да ми се смени мислењето за неколку години,али видечемо.
Безпотребно. Сеуште си премлада за вакви мисли, ма и колку години и да имаш, нема потреба да се откажуваш од љубовта. Дали сум била некогаш разочарана, нормално, а кој не бил, но сепак длабко во себе тоа е минливо чувство. Во љубовта не смее да се престане да се верува, никогаш незнаеш кога ќе те пресретне. Чувство кој секој треба барем еднаш да го почувствува.