Kaко што кажа Хипстер.Премлада си да тонеш во депресија со вакви мисли. Животот е еден,треба да го искористиш најдобро колку што можеш а љубовта ке си дојде. Мене ми се случија разни бури и еве се уште сум жива нели? Не се предадов во ниеден момент.И се уште верувам во љубовта. Во моментот кога најмалку ке очекуваш ке најдеш личност која ке те цени,ке те сака,ке сака да биде покрај тебе.И на сето ова кажано од твоја страна верувај дека ке се смееш.
Верувам во љубов до смрт бидејќи јас ја вкусив 23години иако имавме страшно долга врска потоа дојде брак се уште се однесуваме како млади вљубени деца и исто така ја чусвуваме љубовта ама баш како првиот ден,минавме низ се но останавме истите понекогаш знае да ја кидне од работа без да знам,ќе дојде таксист да ме земе од дуќан и знам дека пак некоја лудорија смислил баш како вчера имавме годишнина,а тој без да знам ги повикал пријателите на нашто место не чекаа полачас,таму отвори сок обичен без шекер од некои 22ден 1чоколадо и грисинчиња и вели се сеќавате тука започна се...пиевме од сокот се гушкавме потоа бевме во ресторан супер беше значи сум вкусила љубов која верувајте верувам дека е до смрт,можеби е така што не се замараме со глупости наша кавгае што да се јаде
не верувам во љубов.изгледа лошото искуство си го направило своето.а ниту пак сакам да се вљубам.едноставно добро ми е вака.барем ми е мирна главата.понекогаш се почувствувам осамена и многу ми е потребно некој да ме прегрне.ама како стојат работите не можам да си дозволам да се вљубам,не сакам повторно да преживеам некои работи.ама срцето никого не слуша.
точно не верувам во љубов,9години скарани,смирени,верени,неверени ништо за мене неме љубов се е само ако имав пари тогаш се ќе беше поинаку ама немам
И јас може да се каже дека не верувам многу во љубовта. Можеби и ќе се најде некој да ми го промени ова мислење ама засега тоа ми останува. Не сум била заљубена досега и искрено поим немам како изгледа тоа чувство . Но мислам дека после години поминати заедно некако се станува навика, рутина...А и во денешно време секој повеќе гледа за материјалното, да си обезбеди добар живот а љубовта се става во заден план. Можеби и да сум грешка ама такво мислење засега имам.
Ljubovta ne e samo sakanje i da se bide zaedno so nekoj.Ljubovta e premnogu kompleksna za da moze da se kaze vo nekolku recenici,da se opise i da se poznava.Ljubovta e poceten del na srekata za site nas,bezrazlika sto sakame i po sto stremime potrebna e ljubov za da se ima pocetok,ama kako so vikaat bez berba i nadez,ljubovta e samo del.Mora da go ljubime vna vo sto veruvame i da se nadevame vo ona sto go ljubime.
Дека со време се станува навика и дека денес сите гледаат материјално е точно, но сепак од тие 1 000 000 материјалисти ќе се најде 1 кој знае да сака и почитува. Љубовта постои само треба да се верува во неа и да и дозволиш да допре до тебе за да ја почувствуваш. Можеби твојот идеален патник низ тие води е околу тебе но ти неможеш да го видиш. Дозволи некој да ти ја покаже љубовта, но пази на оние материјалисти
Спојлер Да живееш… Да копнееш... Да се будиш секое утро со помислата дека си некому потребен... Најубавото чувство. Тоа што нè исполнува. Ни го прави животот посебен и единствен. Единствен, на начин на кој некогаш бил само дел од нашите сонови. Што е тоа? Кое е тоа чувство кое може да ги помине сите препреки само за да спои две срца? Да, тоа е љубовта! Љубов – толку мало зборче, а сепак исполнето со многу емоции, чувства... Исполнето со огромна светлина и радост, но понекогаш и тага. Љубовта постоела отсекогаш и претставувала чувство без кое ако размислам, човечкиот род не би можел да опстане. Без разлика на времето, местото и положбата во која се наоѓале, луѓето секогаш биле способни да дадат љубов, па дури и да го дадат својот живот за оние кои ги сакале. Што е тоа љубов? Понекогаш ќе се прашаме. Всушност мислам дека тоа е најчесто поставувано прашање. За некого љубовта претставува само болка и страдање, додека за некого претставува најубавото и најпрекрасното нешто на светот, единствена причина за живеење. За мене љубовта е еден вид пријателство, да бидеш со тој што го сакаш во добро и во зло, да растете заедно, да плачете, да се смеете... Да ги поминувате заедно најубавите моменти. Да си верувате еден на друг, но пред се да верувате во вашата љубов. Едноставно, тогаш целиот свет е само ваш, а на него постоите само вие двајца и нормално вашата љубов. Се уште не можам да зборувам за љубовта и нејзината убавина, но сепак мислам дека таа е дел од секого и дека nекој има право да ја почувствува. Пролетта е време за вљубување. Па затоа се вели дека на вљубените целиот живот им е пролет. Љубовта е најубавото нешто на светот. Кога сум вљубен чувствувам дека целиот свет е мој, а светот е обоен со розова боја, прекрасна волшебна боја... Љубовта знам колку е слатка, но знам и колку боли. Не се откажав од љубовта, бидејќи таа доаѓа кон оние кои веруваат во неа. И секој пат кога ќе ги осетам оние пеперутки во стомакот, ја осеќам љубовта на своја кожа, сите убави мигови, се осеќам најубаво. Па дури и кога нема љубов во мојот живот, остануваат спомените од нешто поминато, спомени кои ми го одржуваат животот. Љубовта е најсилната сила. Сила која го врти светот. Во школо не учат за гравитациона, електростатичка и други сили кои не опкружуваат, но дали се тие и најважни? Тие се сили кои ги проучуваат некои научници, кои го трошат својот живот затворени во својата работна соба, проучувајќи ги законите и она што не опкружува. Но ниту еден човек, ниту еден научник или слично не може, не е способен да ги открие сите закони на љубовта. На таа сила која според мене има најголема моќ. Но љубовта е секогаш непредвидлива. Иако ни ја носи најголемата среќа во животот, знае да донесе и болка, тага и мнгоу солзи. Но сепак тој баланс помеѓу среќата и тагата е неопходен во нашите животи и сето тоа се надминува. Најбитна е убавината на љубовта, за која доколку е вистинска вреди да се ризикува животот. Дали само еден цвет ја прави ливадата шарена? Дали само една ѕвезда го прави небото чудесно? Само еден лебед ли ги прави водите на езерото романтични? Започнав со мелодијата на пријателството, а завршувам со песната на љубовта. Љубовта е како музичка кутија која е затворена со катанче, а клучот на тоа катанче го има тој што го сакаме. А душата, таа претставува огледало, при секој поглед во него се гледа нашата љубов. Ако си го отвориме срцето, љубовта ќе ни ја отвори душата. Кога музиката од музичката кутија допира до мојата душа, започнува љубовта. А, кога ќе запре музиката се крши огледалото и се губи клучот – тука лежат одговорите на сите прашања. Неверствата и лагите ја трујат љубовта. Помалите лаги и неверства бавно ја уништуваат љубовта. Големите лаги и неверства ја уништуваат побрзо. Љубовта не значи само болка и повредување. Љубов значи: Љубовта да ја подариш на оној што мислиш дека му е потребна и искрено и безусловно да го сакаш. Љубовта е најубавото нешто на светот, но само ако е возвратена! Секогаш носи љубов во твоето срце, затоа што само така ќе бидеш среќен и ќе те сакаат. А тоа, да бидеш сакан е најубавото нешто што може да ти се случи. Деновите потрошени без љубов, се залудно потрошени денови... Тој што те сака, и ти сакај го, но тој што те повредува, засекогаш избриши го од твојот живот. Ако си во мојот живот само за да си играш со моите чувства, не си го губи времето и оди си. Но, ако си тука да ме сакаш и да ми покажеш што е вистинска љубов, можеш да останеш засекогаш...од интернет љубов е кога се птпираш на некој кога сакаш ке го видиш на слика да сакаш да е до тебе итн.
Јас искрено сум малку разочарана и не верувам во љубовта, но сепак ништо во животот не се знае, се надевам дека некој ќе направи да поверувам во спротивното.Според мене љубовта е еден вид опсесија која трае извесен период, а по поминати година-две веќе преминува во навика.
Не верувам во љубовта дека е толку сложена...некој плаче некој губи, а некој добива Кога ќе созреам уште малку,тогаш ќе пишам повторно во темава. A засега нека стојт ова што го пишав погоре,дел е од една песна на Некст Тајм
Јас во скоро време најдов сродна душа,но таа мене не ме најде Мислам немам никакви шанси со него.Мислам дека ќе престанам и јас да верувам во љубов
Можи многу ќе ме прекорат дека е рано , ама цела година не верував во љубовта оправдано и се појави еден мочко кој ми го одмрзна срцето и после пак ме шутна , се да му е... шо ми ја уништи удобноста. Не не вервам веќе во љубов , последен пат ко бев со некој за Валентајн беше пред 4 години. Од тогаш од никој ни едно камче од улица немам добиено, ништо. Ни едно ливче стуткано на кое пишува те сакам, ништо. Верувам само во љубовта на родителите и брат ми , во ниедна друга. Никогаш веќе.
сепак верувам во љубовта,иако сум многу разочарана од спротивниот пол .не им верувам на луѓето веќе,љубовта олади кај многумина.сега се е од интерес,а во последно време налетувам на машки кои го гледаат само физичкиот изглед и бараат само секс,џабе е што ми велат дека сум убава,секси.џабе е тоа кога нема љубов
Верував, верувам и ќе верувам! Без разлика на тоа дали сум била повредена или не... Колку и да не покажувам, јас без љубов не можам да живеам. Не само кон партнерот, зборам општо. Дефинитивно ми е движечка сила
Не верувам, се е од корист. Кога си некоја и нешто, секси, убава те сакаат ама за да те имаат во кревет, а не дека е тоа љубов или да те покажуваат како украс, да се фалат со тебе. На колешките постари кога ќе кажам дека такво нешто нема во денешно време викаат ееејјј ќе видиш кога ќе се заљубиш. А во кого тоа, во некој што само сака да ме смути на брзина, да ме ќари на најлесен можен начин, во некој што денеска ѕвезди симнува, а утре збори се и сешто.
Верувам во љубовта. Мора да верувам, инаку веќе би била мртва... Но, тешко е да најдеш човек за да му веруваш... Ја изгубив речиси целата надеж во луѓето... Како се` да е за корист. Многу едноставно, ако има корист од тебе ќе те сака и бара. Ако нема, ти за него не постоиш. Сепак верувам во љубов и во тоа дека постои вистинска љѕбов, иако е ретка. Таа е движечка сила, па без неа мислам дека би биле застоена вода...
Скоро секојпат кога можам ја гледам емисијата Све за љубав, и толку ми е мило што постојат вистински љубови.. Некој пат човек е разочаран, ама кога ќе ги видите дебели, слаби, убави, помалку убави, секакви.. дека си ја нашле сродната душа: Никогаш не треба да ја загубиме вербата во Љубовта
Jas ne vervev deka mojs da sa sakas nekoj mnogu... Ama sega za prv pat pocustvuvav nesto poveke,a pomegu nas nema nisto...