Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не верувам во љубовта...

Дискусија во 'Сингл' започната од StoryOfAGirl, 8 февруари 2010.

  1. lilybeth

    lilybeth Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Јас не верував , па некои теории имав се е тоа привлечност и страст , нема љубов , па ово па оно ,па жолчни расправии и докажувања од типот дали ке те сака ако се здебелиш или да не изгледаше како што изледаш мислиш дека некогаш ке ти пријдеше ... бла бла бла
    Сега верувам и тоа многу верувам , иако сум видела и чула доволно за да имам за неверување , знам што сум осетила ... сега далеку од тоа дека ми цветале ружи па и кога процветале ја наместо цветот за трнот сум се фатила :D Rетка , тешка за наоѓање , ама постои...Mора да постои , сега далеку од тоа дека е среќна , гледам некои се разочарале и не веруваат , па со самото тоа што ги боли и што се разочарани и исплашени зар не го докажуваат уште посилно нејзиното постоење ? Jас имам многу љубов во себе и колку и да сум била разочарана , не можам да кажам пу пу не важи , не љубев јас или згрешив нема веќе... тоа не може да се контролира , само можеме да мислиме дали веруваме или не , она те прашува дали може , кучка !!! :DD
     
  2. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    До 23 години не верував во љубовта, мислев дека сум единствената што не може да се вљуби, но се случи ... и сега колку ми викаат ваков е, таков е,види се здебелил, јас го гледам со мои очи. Многу карактерни особини не ми одговараат, но кога знам колку јас го сакам и колку тој мене ме сака тешко ми е да размислувам нашите различни карактери што можат да направат во иднина. Ми викаат љубовта и страста се првите години потоа е битен карактерот, но незнам мене прв пат ми се случува ова и не можам да отфрлам возвратена силна љубов во овој момент без причина.
     
  3. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Во љѕбов верувам,во девојките не верувам дека имаа љубов а не е од интерес.
     
  4. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Љубовта е за двајца.Не е љубов кога само едниот сака.Според тоа што јас го гледам денес навистина не верувам во љубовта.Добро,можеби суште сум мала,ама фала богу имам очи и памет така да знам дека не постои. :)
     
  5. Shaaggy

    Shaaggy Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    7
    Верувам во љубов, но кога љубовта заврши многу боли ... :/
     
  6. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Верувам во љубов, верувам во сродна душа. Што е мое ќе си дојде.
     
  7. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    верувам во љубов, и во сродна душа и Мислам дека ја пронајдов мојата.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    И треба да верувате, како ќе најдеш нешто без да веруваш дека постои? :)
     
  9. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    Не верувам во љубов имам доволно причини и горко искуство за да верувам дека ќе ми се случи. Реално дигнав раце од љубовта .Дадов шанса и по тоа горко искуство ама и тоа пропадна. Неможам да просам за љубов иако се чувствувам и без тоа како просјак и сираче,жално за годиниве што ми минат во осаменост и болка и куп прашалници во глава со што го заслужив ова т.е зошто ја не заслужив да бидам среќна и сакана.
     
  10. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    5.887
    Моментално како што сум изгорена од љубов не верувам...понатаму можеби :tmi:
     
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    А тогаш што покажуваш со аватарот????
    Дека тебе ти треба љубов јасно е, а и на некој друг му треба љубов. Не си единствената во светот што љубела, како што нема да бидеш и во иднина.

    Ако имаш само 24 год и вака размилуваш, тогаш јас да те прашам тебе.
    Дали ТИ знаеш што е љубов?
    Дали ТИ знаеш да љубиш?
    Дали ТИ некогаш некого си љубела?

    Ако одговорот на прашањава е ДА, тогаш знај дека љубовта постои и дека ти тропа на врата.



    Девојки љубов постои, само треба да и дадете шанса, како што и давате шанса на розата да ви го разубави домот, иако пред да ја оберете бе избоцкала.

    :* :* :* :* :*
     
  12. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    5.887
    А тогаш што покажуваш со аватарот????
    Дека тебе ти треба љубов јасно е, а и на некој друг му треба љубов. Не си единствената во светот што љубела, како што нема да бидеш и во иднина.




    avatarot ne go menuvam poradi ljubovta tuku mi e staven zatoa sto mi se dopagja!
     
  13. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    ^

    Сани гирл2, секако дека нема да веруваш во љубовта, бидејќи не си го дозволуваш тоа.
    До пред некое време те читав по темиве дека имаш љубовни проблеми-дечко ти не се враќа дома ( нели студираше во друг град), ти ги враќаше подароците, те игнорираше, немаше време за тебе.
    Е имаш право, тоа не е љубов.

    Зарем не мислиш дека е време да си дадеш себе си нова прилика и можност за нова љубов, нови моменти?

    Ако грешам, се извинувам. :)
     
  14. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    За да ти се случи нешто убаво во животот треба да веруваш.
    Така е и во љубовта.Ако сама не си дозволиш, нема ни да ја почувствуваш.
    Со оглед на љубовните проблеми што ги имаш во врската треба да си дадеш шанса за нов почеток.Тоа што си разочарана од сегашниот дечко не значи дека треба песимистички да размислуваш за понатаму.
    Кога некои не се откажуваат и на 50 год.од потрагата по љубовта,па за млада девојка воопште оваа тема не треба да биде предмет на дискусија.
    Секој има право да биде среќен.
     
  15. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    760
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Верував, се изгорев и никогаш повеќе нема да верувам! После толку многу години кажување колку некој те сака, не може без тебе, преку ноќ да ти го сврти грбот и да ти стане непријател, да те замени со првата мивка што ја сретнал, не го докажува постоењето на љубовта! Длабоко се разочарав!
     
  16. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Не сакам да правам оф топик за глупости, ама одамна ми падна во очи. Во некои теми пишуваш дека си разочарана од љубовта, а во многу теми го спомнуваш дечко ти кој ако добро ме служи меморија одамна го имаш. Епа ако не веруваш во љубов, не го ни нарекувај дечко, туку секс партнер или муватор. Може сум старомодна јас, ама колку што знам поимите „дечко“ или „врска“ се токму нешта во кои љубовта е главен застапник. И сите други работи кои си одат со тоа.

    И не сакам да делува како да избувнав ама ова ми падна во очи, а контрадикторност не сакам, ниту нејасни луѓе.
     
  17. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    5.887
    avatarot ne go menuvam poradi ljubovta tuku mi e staven zatoa sto mi se dopagja![/quote]
    Не сакам да правам оф топик за глупости, ама одамна ми падна во очи. Во некои теми пишуваш дека си разочарана од љубовта, а во многу теми го спомнуваш дечко ти кој ако добро ме служи меморија одамна го имаш. Епа ако не веруваш во љубов, не го ни нарекувај дечко, туку секс партнер или муватор. Може сум старомодна јас, ама колку што знам поимите „дечко“ или „врска“ се токму нешта во кои љубовта е главен застапник. И сите други работи кои си одат со тоа.

    И не сакам да делува како да избувнав ама ова ми падна во очи, а контрадикторност не сакам, ниту нејасни луѓе.[/quote]

    не можам да го наречам секс партнер...ниту мувач повеќе
     
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Никогаш не се откажувајте од потрага по љубовта.
    Таа е секаде околу вас, само треба да ја побарате.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Сум се изгорила,страшно...Сега пред неколку месеци...Со човекот што се ми значеше...
    Знаете што?Никогаш не дозволив да ја исцица надежта од мене дека човекот за мене,некаде таму постои!
    Никогаш нема да дозволам ова да ме спречи да сакам повторно,со целата душа,целото мое битие.
    Овај пат нема да се плашам,ќе го љубам,толку многу.Па и да дојди ден да бидам повторно повредена нема да се противам на падот,бидеќи многу научив исправајќи се...
     
    На natemila му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Читам коментари, и гледам дека сите кои наводно "не веруваат" предходно биле повредени/понижени/изневерени и сл. Тоа не е причина да не верувате. Тоа што ви се случило треба да го сфатите само како едно искуство плус и научена лекција во животот, да го оставите во минатото и да продолжите понатаму, не веднаш да се откажувате и "во весник да се отпишувате" од љубов или не знам ти што. :D
    Додека јас лично... ниту верувам, ниту не верувам. Како? Така, сериозно. Самата сакам да не верувам во неа и да стојам цврсто на теријата дека истата не ми е потребна. Знам дека сигурно еден ден ќе се премислам, :lol: ама ако дојде/додека дојде тој миг, мене не ми е потребна. Гледам бре девојчиња а пубертет ги мавме одма почнуваат глави да губат за машки, за љубов, апла романтики, причам ти причу, ама јас никогаш не сум била таква, што знам. Ете, едноставно не се дојдени моите 5 минути, ама барем не сум дозволила предходна "врска" да ме поколеба во што и да е. Па, ако ништо друго, можете да го земете мојов пример и можеби едноставно да не се разочарувате и откажувате од ништо пред време, само лагано, се во свој миг. ;)