Исто така пот на стари луѓе на млади да не зборувам , мирис од место каде живеат офци и кози, мирисот на месо (бидејќи сум вегетарјанец)
Освен очигледните непријатни мириси кои не ги сакаме сите, јас не го сакам мирисот на диња. И варено пилешко месо.
Лук и кромид, пот, нешто пржено, мирисот на болница, ефтини парфеми, кокос и мирисот на цигари и алхокол.
Болници, канализации ( НОРМАЛНО! ) пот, кромид, лук, риба, јајце, кокос ..... засега толку ми текнува Аааааа Felce Azzura аааааууууу БЉАААК!
Мирис на јагнешко, риба, јавен тоалет, мирис на свежо искосена трева, мирис на нафта, мирис на оние бугарскине парфеми... blah !!! Има уште многу, овие ми текнуваат во моментов.
Значи нај нај одвратно од се ми е миризбата на кантите за ѓубре особено одкако поминало комуналното па се е растечено низ улицте, значи ми се гади од тоа и неколку пати бев на раб на повраќање. Сега кога ќе забележам уште од далеку додека не ме опнала миризбата обавезно зимам воздух и не дишам додека не поминам, толку многу е одвратно немам зборови! Многу гадно ми мириса коа се готви некоја манџурија низ маало и апла се приметува дека кило кромид има ставено. Грозно. Го мразам мирисот на влезови во згради, чудно ама сите исто мирисаат, ко на влага, подрум, ладен е воздухот и сето тоа помешано со миризба од готвена храна. Го мразам мирисот на праз, мирисот на варено месо, јагнешко, козјо и се тоа несакам ни да помирисам. Мирисот во кинеска продавница или на кинески производ. Многу го мразам мирисот на кисела зелка и кога се готви истата многу тешко и тужно ми мириса, неможам да поднесам, нема нешто по смрдливо од буре со кисела зелка. Мирисот на пекара исто така ми е многу одбивен, толку тужно ми мириса на мрснотија на буреци, а не дај боже да седнеш да јадеш внатре во некоја пекара ќе смрдиш 3 дена на мрсно тесто! Ова особено важи за оние маалскине пекари кои немаат никаква вентилација. На листата мора да се најдат и сите оние „освежувачи„ на воздухот кои се прскаат или се ставаат во штекер. Освежувачите за во кола, ги мразам сите освен цитрусните. Од овие таканаречени освежувачи секогаш ме боли глава. Една сендвичара кај факултетот ми е посебно смрдлива. Значи шири некоја чудна, одвратна миризба на тостови и хамбургери ама не е онаа обичната миризба туку ова е нешто многу лошо, ко незнам какво месо да ставаат внатре, немате појма како мириса, нешто измеѓу месо варено ама мириса и на благо, бљак ми се згади сега. И кучињата бегаат од сендвичарава. Некогаш кружам само за да не ја осетам миризбата, одвратно ми е, вецињата подобро мирисаат.
Автобус во вторник, петок, пот, мишки, непрани чорапи или кондури, фрижидер во кој се собирала храна манџичиња некој од деда Ноета, салами некој па коа ке се отвори...Мирисот од самиот ходник на еден стан многу ми кажува за станарите, како живеат па и какви особини имаат а исто така и мирисот на поединецот зборува за него/нејзе самиот.