Мирисот на скара во 8 и 9 саат сабајле. И оној мирис кој се ширеше во Сити Мол кога ќе се приближев до Карфур. А, да, и мирисот на пуканки, особено во горенаведениот трговски.
Покрај пот, расипана храна,нај што не можам да поднесам е мирисот во/на болница. Секогаш кога одам во болница гледам да излезам со брзина на светлината. Кога чекам ред за да влезам кај гинеколог толку ми се слошува и мењам боја на лицето па веднаш некоја ме прашува:добро ти е, кој месец си, влези ако не пред мене, а јас сум отишла пример за редовен годишен преглед онака, не бремена. А најјакото е што дома двајца имам што работат у болница.
На пржење. Посебно работи како кромид, праз, риби, манџи, запршки сдјгндјбнфјк. Не дека не ги јадам сите тие работи, ама процесот на подготвување е блјак. Едно е да ти мириса нешто лошо, друго е после цел ден ти да мирисаш на тоа дури не ти се слоши и одиш да се капиш иако си се искапил пред два саати.
Плин, бензин... тешки парфеми... манџоини залепени на јакни, луѓе пост-лук јадење.. пот... хамбургери во автобус... душеци за вежбање со мирис на смрдени чорапи (бљак)... загорено кромтиче (комшиска мити работа)... цигари кога ме гребе грло.. некои врсти на чипсови и смоки со сирење.. риба (брр).
Здивот на една колешка. Мишките на еден колега. Неизлуфтирана соба. Нечисти чорапи и гаќи расфрлани низ соба. Рацете мои после испушена цигара. Мирисот од контенјер.
една стара муштерика со која морам да соработувам секојдневно корне некако чудно и тоа ме тера да не сум толку љубе-зен колку што треба...бахх сеедно