1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не го сакам татко ми

Дискусија во 'Дете' започната од The.Complicated, 14 јануари 2012.

  1. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Да почнам со фактот дека имав психички проблеми, се самоповредував и бев на работ на самоубивство, и се заради татко ми.
    Едноставно, не чувствувам љубов кон него...Се чувствувам како најмалтретираното дете на планетава..
    Моја приказна е долга. Сите што го знаат татко ми, колку и да се блиски со него, не го сметаат ни за другар, пријател, а полошо ни како син, ни како сопруг. Мислам дека е најтешкиот човек на планетава. Болен перфекционист, ситничар, себичен, премногу штедлив, троличен, алхохоличар, љубоморен, се само дел од особините што му следат. Израснат е во сиромашна фамилија, без правец во животот. Единствена причина за да го постигне тоа што е денес од страна на финасијата и професијата е мајка ми. Му помогнала за се, нејзините родители му пружиле се, а тој не е благодарен и секојдневно ја малтретира мајка ми и и љубомори. Два пати има кренато рака на неа, а мене ме тепа брутално и без причина. Поради илјада случки, зборови што ни ги има кажано, за сите тие навреди што ги собирав во себе, морав едноставно да експолодирам..Низ солзи му кажав дека не го сакам, дека вујко ми и вујна ми ги сакам повеќе од него, дека сите го мразат, и му кажав дека дека никој и ништо нема да ме натера да го засакам како татко, ниту да го сменам моето мислење. Мајка ми се плаши од самиот развод, иако ме сака безвременски.
    Мојата животна цел е цел живот да го јадат и уништуваат овие зборови, но чисто се сомневам во тоа, бидејќи е болно самоуверен и не слуша ништо од никој..а најмалку од едно дете од 14 години.
    Се надевам дека некој има време да го прочита ова и да ми помогне..
     
    На 4rever.unique, LittlePinky, DeRose и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Ketrhine

    Ketrhine Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7
    Не го сакам татко ми.

    Aко е таков тешко дека животната цел ќе ти се исполни , гледај најди си друга цел да се отргниш од него и да имаш смирен живот . незнам и мајка ти зошто се плаши од развод , тоа е мн нормално во таква ситуација . со нејзиното плашење го уништува и твојот живот .
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Reaper666

    Reaper666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    15
    Не го сакам татко ми.

    девојче ..премало си за да ги трпиш овие работи .. ова е страшно .. седни и разговарај со мајка ти ..кажи и дека сакаш да живееш а не да се малтретираш .. мајка е и те сака.. сигурно ке сака да ти помогне и да го остави тој човек (прости што вака го нарекувам "човек" ама мислам дека не вреди да го наречам "татко ти") или во краен случај пријави .. :worried:
    навистина ми е жал .. се надевам дека ќе успеете да го решите овај проблем заедно со твојата мајка ..
     
  4. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Не го сакам татко ми.

    Благодарам за поддршката.
    За разводот, многу пати има мајка ми размислувано, но сепак како секое семејство финансиски зависиме од него, и се плаши да не останиме на стаклени нозе после разводот. Имаат секојдневни кавги, и секоја кавга завршува со заканата " Ќе поднесам барање за развод, неможам да живеам вака ". Но, знам дека мајка ми, колку и лош човек да е, таа го сака. Во фамилијава, сум единствената која му се спротиставила, сите се плашат. И после еден ден повторно ќе се смират, ќе влијае неколку саати добра атмосфера, ќе отиде по кафани, ќе се испијани, или ќе се изнервра на работа, и следува пеколот.
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Heidi

    Heidi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    168
    Не го сакам татко ми.

    Девојче почни да се фокусираш на други работи. Излегувај, дружи се, тренирај нешто, учи, биди зафатена во поголем дел од денот, нека ти бидат мислите на друго место. Не те родиле родителите за да се грижиш ти за нив, туку они за тебе. Добро што ја имаш мајка ти да ти помогне и да ги поминувате тешките работи заедно, да те утеши. Лесно е ние форумкиве сега да ти кажеме да и кажеш на мајка ти да се разведат ама не е така лесно тоа, тешка одлука е, особено што финансиски зависите од татко ти. Но, биди и подршка на мајка ти, во смисла ако помисли на такво нешто да ја подржиш и да и кажеш дека можеби тоа е најправилна одлука.

    И не се секирај, ниедно семејство не е совршено, сите имаат проблеми. Но помисли дека ти ќе имаш еден ден семејство, што ти ќе го создадеш и хармонија која ти ќе ја створиш по дома. Сега си мала и немаш некое влијание, затоа, не се нервирај, избегнувај го татко ти и не се оптеретувај со тоа дали он ќе сфати дека греши или не. Живеј си ги животот, на почеток на младоста си, те очекуваат многу убави моменти!
     
    На iva.89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mama90

    Mama90 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    9
    Не го сакам татко ми.

    Мило девојче тоа е навистина голем и сериозен проблем. Ти си уште многу млада, твојот карактер сеуште се развива, не е нормално да растеш и да се развиваш во такви околности. Мисли малку на себе во иднина ке се омажиш, ке имаш деца, за да ги одгледуваш децата треба да бидеш психички и физички здрава. Очигледно твојата ситуација е сериозна. Обиди се смирено да разговараш со татко ти кога ке е смирен и трезен, кажи му дека многу те плаши неговото однесување... Ако не успее и тоа тогаш размислете со мајка ти можеби ке биде најдобро да пријавите семејно насилство... А и разводот во вакви ситуации понекогаш е неизбежен. Имаш ли брат или сестра?
    Те гушкам и ти посакувам многу среќа ;(
     
  7. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Девојче па ти мораш да го смениш татко ти во друг човек , разговарајте за оваа работа а иначе многу ми е жал за тебе паметно,фино девојче со таков татко :x
     
  8. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    1.822
    И јас можам да кажам дека, не го сакам. Имам преживеано ваков период, но тоа беше пред околу 8 години. Ваквите луѓе барем јас мислам дека не се менуваат. Пред мои очи се случуваа ужасни работи кои нема да ги заборавам. Да имаше барем тронка човечност немаше да дозволи јас и брат ми да имаме такво детство, и сега да растеме без татко. Дури без срам тој беше оној што сакаше да заминеме од куќата. Тоа и се случи, се спакуваа најважните работи и заминавме да живееме кај баба ми и дедо ми. Започнавме нов живот овде, тешко беше на почетокот но полека полека работите си доаѓаат на место. Сега живеам со мајка ми и брат ми мирен живот. Единствен контакт со него беше само да ни честита роденден преку телефон, но сега веќе ни тогаш не се јавува. Мајка ми е душа од жена. Многу пати ми има кажано ако сакам дека можам да го посетам кога сакам. Но јас не сакам.

    Прв пат се отворам на форумов. Не откривав многу работи за себе, но кога го видов проблемов не можев да не се искажам. Всушност овој дел од мојот живот го знаат само моите најблиски.

    Девојче, знам како се чувствуваш, но морате да превземете нешто. Или да се обидете да разговарате со него убаво и да сфати што прави, дури и ако се согласи на стручна помош, или преселете се кај некои блиски роднини кои се спремни да помогнат. Со такво малтретирање не се живее.
     
    На LittlePinky, DeRose, Lolipop23 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Секој почеток е тежок девојче али мора да ставите крај и да го почнете тој почеток кај шо небитна улога ке игра тој “татко ти“ ...

    И искрено во право си што го мрзиш, и ја го мрзам мојов али со таа разлика што он дури сега се свестува шо глупост направил, али тоа е нека пати сега ... Што сеел тоа ке жнее .!.

    Една раб од искуствово мое ке ти кажам, дека се се враќа, ко што мои последни 19години ја не сум била битна за татко ми, сега од нигде никаде му станав битна, АЛИ ОН мене НЕ ми е битен. Така и кај татко ти. Памети ми ги зборовите, ке го акне него кармата и ке му текне на тебе и твои зборови.

    Ја би искрено, да сум на твое место да седнам и да зборнам со мајка ми и да и предложам да си заминеме од таа куќа... За финансии вие не зависите од него,вие чекате на него и негова милост. Мајка ти ке најде работа, ама и ке најде мир и за тебе и за сите околу неа.

    За почеток ете заминете кај баба ви дедо ви, вујковците што ги имаш, или најдите гарсоњера некаде , кај и да е , само колку за почеток додека не најдете решение и не застанете на нозе.
    предложи и го ова. Побитен е мирот и твоите живци.

    Дури и прави муабет со твои блиски роднини. Нека запре овој пекол . Прави муабет со сите што ги рачунаш блиски, изнајдете решение, иако си премногу мала, али мора ова да запре ,зашо последиците ТИ ке ги трпиш никој друг.

    Нека направат муабет и со мајка ти ко возрасни ваши луѓе.
     
  10. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Не знам што да ти кажам а да не се повторам со останатите.
    Но едно е јасно,мора да се стави на таа тортура крај.Во спротивно ќе биде се полошо и полошо.Мајка ти треба да го напушти затоа што таков човек не се менува.Не е должна да го трпи неговото физичко и психичко малтретирање.А ниту пак ти не си должна на 14 години да се самоповредуваш поради него.Во овие години треба да бидеш безгрижна а не да се нервираш.Жално е што постојат многу такви семејни проблеми а децата се оние кои најмногу страдаат.

    Само биди храбра и се надевам дека ќе се среди ситуацијата.
     
  11. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    кога ке прочитам вакви работи се ежам и мн се нервирам :envy:
    родител ,и онда е он родител а?да малтретира сопствено дете,да не има убаво детство детето од
    сопствениот родител :fubar:
    како можат ,каков памет имаат во тоа главите , :puke:
    девојче единствено решение од тоа е само да го напуштите и да го оставите сам
    па онда можеби ке си ја свати својата грешка,ама се сомневам
     
  12. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    слично и кај мене дома...само што мене татко ми не ме тепал...ама неговото однесување значи катастрофа...моите се разведоа, но тој не престана да не прогонува. а колку само сакам да имам нормално и среќно семејство.
     
  13. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    606
    Што е со родителите на мајка ти? Спомна на почетокот му помагале на него...зарем сега не сакаат да и помогнат на сопствената ќерка и внука. Зошто не се преселите кај нив?

    Ваквите луѓе не се менуваат за жал. Не си должна да го трпиш. Твој единствен проблем на таа возраст треба да ти биде школото и симпатиите. А не да живееш во пекол. Немој ни да помислиш на самоубиство. Јака си!
    Мајка ти знае точно што треба да направи. Само првиот чекор е тежок. Помогни и во тоа. Зборувај со баба ти и дедо ти. Тие ако знаат низ каков пекол поминува нивното дете, зошто не превземаат ништо?
    Жал ми е многу низ што поминуваат децата, само поради тоа што некој не е способен да има свое дете...

    Ако само уште еднаш крене рака на тебе, пријави го! Немој да се плашиш од него. Може тоа ќе го доведе до лудост, ама не покажувај страв.

    Некои чекаат цел живот за да имаат дете, а други пак, им го уништуваат животот на сопственото.

    Пиши ни, се надевам дека ќе најдете сила и ќе го направите правилниот чекор со мајка ти.
     
  14. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Како прво, да ви се заблагодарам на вниманието и на советите.
    Ќе седнам, ќе разговарам со мајка ми, бидејќи разговорот со татко ми е невозможна мисија, која секогаш би завршила и почнала со навреди. Мајка ми не би помислила да го напушти станов, дека теоретски и припаѓа нејзе. Имам помалечка сестра, 8 години. Таа сеуште не е зрела да избира страни, и секогаш кога ќе слушне кавга бега кај баба ми.
    Навредите, заканувањата како : " Ако ти ја залепам една. ", " Ако не се убиеш, јас ќе те убијам ", ми станаа секојдневие.
    Баш вчера пробав да му кажам за се што погрешил, но тој како болен човек, ми се развика толку многу и крвнички ме мавна по грбот, а после по главата. Од неговото тепање се имам сносено со модринки на лицето. Едноставно, неможе да се сноси со вистината за себе. А баба и дедо, се плашат да станат против него, да не ја повредат мајка ми. Од пред 3 дена, после секој збор што ќе го кажам, враќа со навреди.
    Тешко е што сите надвор мислат дека мојот живот е совршен, но досега никој ја нема приметено оваа темнина во која што живеам..
     
  15. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Офф мори мајко, уште еден доказ дека секој човек пред да стане родител му треба една детална психо-анализа, специјалист да утврди дали е способен да биде родител, зошто секој човек не треба и не смее да биде родител.
    Навистина ми е жал што многу деца во светов се несреќни заради вакви себични имецили.

    Мој совет е да поразговараш со мајка ти, ама најискрен разговор. Отвори ѝ се, кажи се што ти лежи на душичката, дека си несреќна, и дека ти и сестра ти од нивниот брак немате никакво фајде, освен психичка и физичка тортура.
    Да го избегнуваш и да му се спротиставуваш не би те советувала зошто може тоа да те донесе во многу непријатни ситуации.
    Доколку и по разговорот со мајка ти, ситуацијата не мрдне од нулта точка, поразговарај со баба ти и дедо ти, или некои други поблиски роднини кои би можеле да влијаат на мајка ти, да ве подржат и да ви помогнат.
    Не е срамота да го признаеш својот проблем, и да побараш помош, срамота и греота е да имаш таков живот.
     
    На DeRose и friendy им се допаѓа ова.
  16. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Разговарав со мајка ми, и ги покажав сите ваши пораки и мислења, се расплака..
    И самата рече дека ситуацијава е отидена предалку, и ме праша дали разводот е решение. Јас сеуште се надевам дека може да се смени, само начин, не верувам дека ќе најдам. Не сака да слуша, на сите наши обиди за помош, враќа со агресивност и гнев.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  17. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Па според мене, да, решение е.
    Ако татко ти, нејзиниот сопруг и спрема неа се однесува така агресивно и арогантно, и помеѓу нив нема емотивна блискост, ако е доволно способна (финансиски) да ве издржува тебе и сестра ти, не гледам причина зошто да не се разведе.
    Доколку станот е стекнат додека се во брак, а за тоа помогнале родителите на мајка ти, и ти и сестра ти останете да живеете со неа, големи се шансите станот да и припадне на мајка ти, без разлика што во имотен лист стои името на татко ти.
    Сега ова зборам паушално, значи од минималното познавање на правото, меѓутоа мајка ти доколку се согласува да се разведе може да се консултира со адвокати.

    Види вака девојче, човек неможе да се смени преку ноќ, голема е твојата доблест и покрај се што ти направил, да му даваш шанси да се промени, но реалноста е друга. Многу тешко, значи многу тешко, јас лично не верувам дека би се променил, зошто волкот го менува влакното не и карактерот.
    Можеби и би се сменил, но како? Ако не дозволува со него да се разговара на пристоен начин, како да допреш до него?
    И ете кога би успеал некој некако да влијае на него, да го притисне повеќе физички да не ве малтретира, нема да престане тоа да го прави психички. Ќе ви се заканува, ќе се кара...нема да ви дава мир ни за момент.

    А и ти, и сестра ти и мајка ти, заслужувате да бидете среќни, никој не е обврзан да мора да трпи некој или нешто. За се постои решение, само треба храброст за да се направи првиот чекор кон тоа решение.
     
  18. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    И јас имав сличен проблем каде што јас,сестра ми и мајка ми бевме жртви на татко ми.
    Тој ке отидеше некаде ке се напиеше и ке дојде дома и ке не малтретира.Ке ја тепа мајка ми пред мои очи ке ја навредува со зборовите - КУРВО,ОРОСПИЈО.Мајка ми плачеше дома и ние со сестра ми.За нас знаеја скоро сите комшии.Кога ке почнеа кавгите цела улица знаеше што се случува.
    Еднаш знам се напил и дојде дома и јас легнав со мајка ми и сестра ми во мојата соба на мојот кревет и тој дојде и ни се закануваше.Не не остави на мира,висеше над креветот,а ние плачевме и го викнавме брат му да дојде и тој излезе од собата и по 5 мин пак дојде и пак со истите зборови.
    Камен пијан беше и кога е пијан буквално се повампирува.
    Многу лоши моменти ми останаа во сеќавање.
    А пак кога не беше пијан беше супер татко и друг човек,но во 7 дена тој 5 беше пијан.
    И јас работата ја сфатив озбилно и кога го начекав трезен седнав и разговарав.
    ЈАС,А НЕ МАЈКА МИ !
    Му реков дека е пијаница,дека се срамам од него,дека не го сакам,дека е ѓубре,дека не заслужува да ми е татко,дека ке ја заштитам мајка ми на секој можен начин,дека ке го оставиме како ѓубре да скапува сам во куќата,дека ке живееме среќно без него,дека нема очите да ни ги види на нас,дека ке плаче по нас и дека ке е касно кога ке се опамети.
    Му реков дека ние сме 3 и ке продолжиме без него,но дали тој ке продолжи без нас?!

    Тoj почна да плаче како мало дете,како кукавица и да ме моли да не одам дека ке се смени дека ние сме му се во животот и дека ке престане да пие само да не го оставаме и дека ке стане подобар татко.

    Оттогаш се има сменето многу.Сега е многу голем човек за мене.Многу го сакам и ми служи за пример.
    И кога ке се напие малку оди и си легнува.На нас ни збор не ни кажува.Не смеее да каже ништо.
    Јас бев таа која ја заштитив мајка ми и сестра ми.Јас му се спротивставив.Јас го направив од гомно подоле.Јас му се заканив!
    Беше ѓубре,а сега е мирно јагненце.

    Девојче и јас баш на твоите години го имав тој проблем.Но јас бев таа која застана пред него и направи искрен разговор.
    Доколку ти неможеш да зборуваш со него,зборувај со мајка ти.Нека не си го уништува животот со некој кој е психички болен и не ве заслужува.Барем денеска е лесно да се разведе и да продолжи со животот таму каде што застанала.Нека се погрижи за тебе и сестра ти.Вие заслужувате да имате убаво детство.
    Зарем вреди да живеете со двајца родители кои се однесуваат како деца?
    Мајка ти е таа која треба да превеземе мерки и да го остави да скапува како ѓубре,сам!
    Таа ке успее.Вие три заедно ке успеете.Посилни сте од него.Тој вас ке ве бара и ке плаче.
    Тој не е човек!!!!!
    Со среќа душичке и пиши што си направила :hai:
     
    На Lolipop23, glow, Elennaa и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    според мене разводот е решение ти и мајка ти не сте должни да трпите малтретирање вие заслужувате да сте среќни .
     
  20. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Доколку не ви успее со разговор, нареден пат кога ќе бидеш физички наодната пријави го. Прочитај го ова те молам-

    Постапка за заштита на лица - жртви на семејно насилство

    Со измените и дополнувањето на Законот за семејството (,,Службен весник на РМ,, број 38/04) се воведува третирање на семејното насилство во граѓанско-правен пропис.

    Во смисол на овој закон, како семејно насилство се смета секое однесување на член на семејство кој со примена на сила, закана и заплашување врши телесни повреди, емоционална или сексуална злоупотреба и материјално, сексуално или работно искористување на друг член на семејството.

    Со Законот е утврдено помеѓу кои членови на семејството може да настане семејното насилство, при што како жтрва може да се јави било кој член од семејството, без оглед на пол и возраст. Извршител на семејно насилство може да биде поранешен или сегашен брачен или вонбрачен другар, лицето кое живеело или живее со жртвата во заедница, лице со кое се има заедничко дете , лице кое е поврзано до четврти степен на крвно сродство и втор степен сродство по сватовство со овие лица или се наоѓа во заедница на живеење.

    Центарот за социјална работа секогаш кога има сознанија дека во семејството постои насилство од било каков вид и дека постои сериозна опасност за животот и здравјето на член од семејството, ги презема следниве мерки на заштита:

    обезбедува нужно сместување за лицето-жртва на насилството, кое може да трае најмногу 6 месеци, со можност за продолжување за уште 6 месеци.
    обезбедува соодветна здравствена заштита;
    обезбедува соодветна психо-социјална интервенција и третман;
    ги упатува во соодветно советувалиште;
    доколку во семејството има дете кое е на редовно школување, помага за продолжување на редовното образование;
    го известува органот за прогон;
    дава секаков вид на правна помош и застапување;
    покренува постапка пред надлежниот суд;
    по потреба поднесува барање до судот за изречување на привремена мерка за заштита;
    презема други мерки за кои ќе оцени дека се неопходни за решавање на проблемот.
    Мерките на заштита центарот ги превзема задолжително кога жртва на семејно насилство е малолетно дете или лице со одземена деловна способност.

    Сознанијата дека е сторено семејно насилство, Центарот за социјална работа ги добива од граѓани, службени и правни лица, кои се должни без одлагање да достават известување.

    Судска заштита: Центарот за социјална работа поднесува барање за иницирање на постапка за изречување на привремена мерка за заштита од семејно насилство до надлежниот суд и тоа задолжително за малолетни и деловно неспособни лица, а за полнолетни и деловно способни лица, само со согласност на жртвата на семејното насилство.

    Центарот за социјална работа кон барањето доставува записник и извештај за преземините дејствија, во кој може да даде и предлог за изречување на привремена мерка.

    Судот може на сторителот на семејното насилство да му ги изрече следните привремени мерки:

    забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство;
    забрана да малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин комуницира со член на семејството, директно или индиректно;
    забрана да се приближува до живеалиштето, училиштето, работното место или определено место кое редовно го посетува друг член на семејството;
    да одреди отстранување од домот без оглед на сопственоста, до донесување на конечна одлука од надлежниот суд;
    забрана да поседува огнено или друго оружје или истото да му биде одземено;
    да го задолжи да ги врати предметите кои се потребни за задоволување на секојдневните потреби на семејството;
    да изрече задолжително издржување на семејството;
    да нареди тужениот да посетува соодветно советувалиште;
    да нареди задолжително лекување, доколку е корисник на алкохол и други психотропни супстанци или има некое заболување;
    да го задолжи да ги надомести медицинските и другите трошоци настанати од семејното насилтво и
    да изрече било која друга мерка која судот ќе ја смета за неопходна за да се обезбеди сигурност и добросостојба на другите членови на семејството;

    Предлог за изречување привремена мерка до Центарот за социјална работа може да поднесе брачниот другар, родителите или децата или други лица што живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, поранешен брачен другар или лица кои се наоѓаат во блиски лични односи кон кои се преземени дејствија на семејно насилство, без оглед дали е поднесена тужба во кривична постапка.

    Родител, старател или законски застапник може да поднесе предлог во име на малолетно дете и лице со ограничена или одземена деловна способност, како и за лице над кое е продолжено родителското право.

    Предлогот, лицата го доставуват до надлежниот центар за социјална работа определен според местото на живеење на жртвата на насилството.

    Во поглед на судската одлука за изречените привремени мерки на заштита од семејно насилство центарот за социјална работа ги има следните надлежности:

    го следи извршувањето на изречената мерка и за текот на спроведувањето на мерката го известува судот на негово барање.
    може да поднесе предлог до надлежниот суд за укинување на изречената мерка и пред истекот на рокот за кој е изречена мерката, доколку оцени дека истата ја постигнала целта заради која е изречена.
    може да поднесе предлог за измена на изречената мерка или за нејзино продолжување, доколку оцени дека изречената мерка е несоодветна или дека ќе ги постигне бараните резултати, но дека за тоа е потребно истата да трае подолг временски период.
    Во спроведување на заштитните мерки центарот за социјална работа соработува со граѓани, правни лица и организации.

    Со Законот е уредена и постапката за изрекување на привремените мерки за заштита од семејното насилство, составот на судот, текот на расправата и правните сретства против одлуката на судот.

    Пропишани се и казнени одредби за субјектите за кои со законот е утврдена обврската за задолжително пријавување на семејно насилство до недлежниот центар за социјална работа.

    СОС линија за насилство врз жени
    Мобилен тел: 141-700

    070(071)/141-700 и 075(076)/141-700.
    Мобилните линии се покриени со постојано воспоставени дежурства 24/7 од страна на обучен тим на СОС-операторки/волонтерки и интервентен шелтер-центар, со можност за сместување 24/48, а воспоставена е соработка и со релевантните институции на системот кои работат на проблемот на домашното насилство.


    *******************************************


    Национална СОС линија за жени и деца жртви на семејно насилство
    Фиксен тел: 15 700

    Линијата со својата работа овозможува:
    * 24 часовно информирање и упатување на жртвите на семејно насилство на национално ниво;
    * Обезбедување на сигурен и безбеден привремен престој;
    * Поврзување со релевантни институции и
    * Зајакнување на сервисите за работа со жртвите на семејно насилство.

    Основните принципи на работа на СОС линијата се:
    * АНОНИМНОСТ–жртвата сама одлучува дали ќе се претстави и ќе го открие својот идентитет;
    * ЗАГАРАНТИРАНА ДИСКРЕЦИЈА –ја овозможува неопходната тајност која е основа за градење доверба. На жртвата и се нагласува дека се што ќе каже останува тајна и така се отвора патот да проговори за својот проблем;
    * ДОВЕРЛИВОСТ–им гарантирана на жртвите неповредливост на правото на приватност;
    * ЗАШТИТА НА ИНТЕГРИТЕТОТ–заштита на интегритетот се обезбедува преку понудените форми на заштита, како и индиректно, преку подигнување на свеста за социјализација и настојување жртвата да ги оствари своите права на живот без насилство.
     
    На verica81, srcekrsacka, daddys.princess и 1 друга личност им се допаѓа ова.