1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не го сакам татко ми

Дискусија во 'Дете' започната од The.Complicated, 14 јануари 2012.

  1. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Ќе ме осудите, ќе ми се фрлите знам, ама јас да ви кажам од моја гледна точка-тој нема да се смени!
    Таквите луѓе, кои сопствената фамилија ја носат во пропаст, оние кои се кадри да кренат рака на своето чедо, во сите барајќи ја причината за неговата агресивност и незадоволство од животот, не се сменуваат никогаш. Или можда се преретки и со не толку клета природа. Ти веќе си му кажала, плачеш, молиш, мајка ти го трпи злоставувањето сите години уназад а тој, што прави? Прифаќа ли муабет? Издржува ли барем еден ден а да не се однесува како кон најголеми непријатели?!
    Познавам таков човек, всушност, живеам со девојката, и знаете ли што доби кога почна да му се спротивставува малце поостро и похрабро? Ја нарече копиле и курвиче, и почна да ја мрази затоа што тој бил татко, ако требало да ја тепа ќе ја тепал! И ги одведе сопствеите деца во пропаст, и не би да навлагам во подробности, но трпењето на мајка им ги доведе до лудило што меѓусебно се повредуваат.
    Обично ваквите случаеви се супер за сите останати, ама за дома, за жал, најголеми злоставувачи.
    Д Компликејтед, извини ако постов уште повеќе те разочара, не ми е тоа целта, напротив сакам да ти помогнам кога би имала начин, но според мене најубавиот совет ти го даде Љубам :) И да, разводот е решение, решение на сите проблеми кои татко ти ги насамарил на ваш грб. Млада си премногу, сега е твојот период да се изградиш и созрееш и знам дека тешко ти паѓа што оној кој е твој родител ви ја растурала идилата наречена семејство, но верувај, мајка ти го има последниот збор и може да пресече. Ако сеуште ја има подршката од родителите, сеуште има сила да се избори со сите последици од разводот, нека го стори тоа. Подобро да е самохрана мајка која со својата душа ќе ги нахрани своите деца, него ли напатена жена што дури и не смее да ги утеши. Секој совет кој ќе го добиеш од нас е налик минативе, а жално е што ние дури и не можеме да ти пружиме помош освен убав збор. Силан личност си штом веќе со отворени карти влезе тука, но мораш да бидеш уште посилна и да ја охрабриш мајка ти да го направи барем сега најдобриот чекор.
    Јас само ќе ти посакам се најубаво, и дај Боже во скоро време да ја имаш и таа среќа тој да сфати дека тебе ти треба татковата топлина, или на било кој начин да се врати насмевката на твоето лице и да живееш без психичка тортура :)
     
    На ljubam и HeelsLover им се допаѓа ова.
  2. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Јас останав без зборови од темава.

    Кажете ми бе адреси на тие луѓе да одам да ги пукам, мој грев нека биде.
    Мислам дека постот на Најубава2010 и Љубам многу убаво ти кажува што треба да се направи. Само треба да бидеш силна, бидејки нашите институции не се така сјајни како што се кажуваат. Сама мислам дека не можеш ништо да направиш, ти треба поддршка од мајка ти и останатиот дел од семејството.

    И да, сконцентрирај се на дружење, учење и активности надвор од дома.Не дозволувај заради некој деген да ти помине животот во нервози. И кога ке пораснеш, плукни го од мене еднаш.
     
    На Lolipop23, friendy, Angel.girl и 2 други им се допаѓа ова.
  3. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Аууууу верувај има пострашно, не се сеќавам ама мислам дека и јас имам пишувано..
    Мој совет е да не се нервираш, гледаш да си застанеш на свои нозе, и да гледаш своја иднина .. ;)
     
  4. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Нешто што на светот најмногу мразам е насилство. А посебно врз сопственото дете. Никој од нас тука неможе да знае точно како ти е, но секако сакаме да ти помогнеме. Знам дека е лесно да се каже- а тешко да се направи, но разводот мислам дека е најдобро решение! Зарем вака ќе продолжите, до кога? За самоубиство немој повеќе ни да размислуваш, туку седни и сериозно разговарај со мајка ти. Ако мислите дека сами неможете ништо да направите, тогаш побарајте помош од некои роднини кои ви се најблиски. Раскажете им што ви се случува, не е срамота, татко ти треба да се засрами а не вие! Заедно побарајте некое решение, одите да живеете кај некои роднини додека се среди се. Мајка ти колку и да го сака татко ти мора да прифати дека тој не е добар човек и очигледно нема да се смени. Каква е таа љубов што те уништува и ги уништува и децата?! Башка можете да пријавите и семејно насилство, мада незнам колку полза ќе има од тоа, немој само полошо да си направите... :x Во секој случај мислам дека треба да го напуштите, па кога ќе остане сам нека види што загубил и нека се сети на твоите зборови. Нека лупа со главата во ѕид што сопственото семејство не го сака! Тажно е да се каже, ама во право си што не го сакаш татко ти! Ако му е! Треба што побрзо да го спречите тоа, сестра ти е малечка а и ти не си кој знае колку голема за да го гледате ова, детството во караници и тепање ќе ви помине, подоцна и трауми ќе имате. Последици ќе имате кога ќе створите сопствени семејства. На почетокот можеби ќе ви е тешко, додека се опоравите финансиски, ама со тек на време ќе се навикнете. Сигурна сум дека можете и без него да живеете. Па како и да е, секако ќе е подобро од овој што поради татко ти може да се каже- кучешки живот!!! Ти посакувам среќа... :*
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Искрено кажи и на мајка ти дека доколку не се разведе тоа е веќе себичност, верувам дека барем гладни нема да останете за тоа ќе се снајдете, а луксуз во животот покрај вакво секојдневие е најмалце потребен. Не ме сфаќај погрешно, јас изразнав во нехармонија. Цел живот ќе имам трауми од тоа. Во моето семејство немало никогаш физичко, туку психичко насилство. Мојот татко е болен, и баш поради таа немоќност станува се посебичен и поодвратен кон околината. Но искрено понекогаш си мислам дека и двајцата мои родители едноставно направиле грешка што се земале, а многу поголема направила мајка ми кога видела дека татко ми се менува и не е јагнето што би, а останала со него од некои банални причини. Подобро би живеела во гарсоњера, само да е тишина, отколку во ќука во која никогаш не било пријатно. Твојата ситуација е навистина потешка од мојата, но те сфаќам и сега се осеќам едноставно лошо. Јас буквално цел живот ќе се штитам од тоа да не налетам на карактер како татко ми, никогаш нема да дозволам некој да допре до мојата внатрешност, кон сите ќе бидам ладна само со цел да се заштитам. А тоа не е во ред ни најмалце. Но, едноставно за некои работи е премногу касно. Во твојот случај сеуште не е и нема што да разговараш со татко ти. Одете било каде и конечно уживајте во мир и тишина.
     
  6. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Жал ми е за твојава ситуација, никој апсолутно никој не треба да се најде во неа. Но светот не е совршен а луѓето уште помалку.

    Мое лично мислење е дека тој нема да се смени. Тој тебе ти е татко, а на мајка ти сопруг и никогаш не смее да крене рака на вас. Според мене разводот е единствено решение, колку и да е тешко, сигурно може да излезе 100 пати подобро отколку вие постојано да живеете во страв што може да ви се случи. Следен пат кога ќе се обиде да се повреди, пријави го. Разговарај со мајка ти, разговарај со роднините. Ни ти ни мајка ти не сте должни да ги трпите него, кој ако има проблеми наместо да се обиде да ги реши, се истура врз вас.

    Не велам дека ќе биде лесно, ама после откако ќе се ослободите од него ќе можете многу поубаво да си го средите животот. Немој да живееш во постојана заблуда ќе се смени, ќе се опамети. Тој имал цел живот за да го направи тоа и ништо не направил. Ако си го упропастил својот живот немој да дозволиш да ти го направи тоа и на тебе.
     
  7. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    ооооох комплицирана,навистина животот ти е комплициран

    само едно да ти кажам,ваквите случувања со татко ти знам дека многу те повредуваат,од лично искуство нема никогаш д аго заборавиш.но те мооооолам да бидеш силна и да не подлегнуваш психички
    утре и во твојот живот оваа траума ке те прати

    немој да расудуваш сама,татко ти е каков и да е
    сиромашен,психички нездрав,алкохоличар,наркоман-не заборавај никогаш дека то ј ти е татко

    не те осудувам ни тебе со твоите навреди,ама вреди ли да си го уништуваш твојот живот за овие тешкотии-НЕ
    најискрено те советувам да се стабилизираш,ова може сериозни последици да донесе кај тебе

    ИГНОРИРАЈ го колку што можеш повеќ е проблемот со татко ти,неможес ни да го браниш,ама неможеш ни да го осудуваш

    тоа е посилно од тебе,тој ти е татко еден и единств ен,замисли како му е на него
    тој е изгубен,веќе направените грешки никогаш нема да ги поправи,и да сака нема да може да се смене
    таков е,само пробај да го советуваш,или некоја институција да го советува

    никој не е роден за да биде тортуриран

    не дозволувај да те повреди,избегај ако неможеш да ги решиш проблем ите (сепак си мала да му се спротистави)
    побарај помош за да му помогнеш
    се надевам не те разочарав и најмалку сакаше да го слушнеш моето коледување,но јас размислив и од другата страна,неговата
    и жално е да за него што ја губи ќерка си,но недозволувај ти д аго изгубиш татко ти :!:
     
  8. Shortie

    Shortie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Може ја да ти кажам нешто..Значии дефинитивно текстот како јас да сум го пишувала,,!!!Дефинитивно.Ммм верувај ми дека татко ти длабоко во него не сака да биде таков,истото се случуваше и кај мене истото значи,и секогаш викав зашто мора ова мене да ми се случува мислев дека сум единствената со тој проблем,и имаше моменти кога ги земав ножиците во раце и сакав да се исечам затоа што неможев да поднесам,постојано пиеше ја малтретираше по дома не два птии незнам колку пати ја имаше тепано мајка ми,а и сите поготово мене,со мене се однесуваше како да е во борба со некоја машка особа,еднашка се случи да претрпам и потрес на мозокот,многу пати ја имав фатено слушалката од телефонот да свртам во полиција..Безброј пати му имав кажано дека го мразам и дека бог ќе му врати за се што претрпевме..Но и покрај тоа длабоко во мене јас го сакав и го почитував татко ми,затоа што знаев дека и тоај ме сакаше мене,и се беше последица на проклетиот алкохол!Сите ''клетви''што му ги имав кажано в'лице си ги повлеков дента кога останав без него..Кога умре ме викна мене да бидам до него..Некогаш помислувам дека поради се тоа што му го кажав се деси сето тоа..Ама станав посилна и многу ми недостига...Ова ти го кажувам да знаеш дека има некој што го преживеал тоа и дека се ќе помине..Гледај да не бидеш во негова близина кога ќе приметиш дека планира караница...Се најувбаво...://
     
  9. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    браво :clap: :clap: :clap: :clap: што да те частам за преубавиот одговор,ретки се тие кои размислуваат како тебе

    лошото те направило посилна,но сега него го нема,не вределе клетвите,ама сега е касно :?:
     
  10. Shortie

    Shortie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Е да касно е ама не можеш против судбината..Верувај ми дека тоа беше претежок период од мојот живот кој траеше 8 години можебии..Сакав да и дадам до знаење дека има некој како неа што и е сеа што претрпел зошто верувам дека си го поставила тоа прашање милион пати..
     
    На anastasija85 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Ни јас не го сакам. Го мразам.
    Заради него јас почнав психички проблеми да имам. Дома доаѓаше секоја вечер мртов пијан, не работеше а трошеше на велико пари ;) ..... Даваше пари по курви и на други деца.... И уште сум во недоумица дали навистина имам некој полубрат/полусеста некаде, или сепак не......
    Не малтретираше психички со мајка ми.. Многу се имам нервирано и се' ова се случуваше за време на пубертетот. И многу лошо се одрази тоа врз мене... Тек сега почнаа да дејствуваат последицити од тоа..

    Да не одолговлекувам многу и да не го тупам, девојче ти биди храбра, ќе помине и ова.
    Ако мајка ти е подготвена да се разведе, а има мнооогу причини да го направи овој чекор, мислам дека ова би било правилна одлука. А тоа што викаат дека ќе се смени, верувај НЕМА да се смени.. Го имам искусено на моја кожа ова, ти кажувам од искуство.
     
    На La.Reina.Del.Sur, DeRose, ViktorijaMari и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Како јас да сум го пишувала текстот :| .Во буквално иста ситуација бев пред 5 години.
    Го мразам тој човек, не заслужува да се нарече татко.Секој ден тортури,кавги,малтретирања..сето тоа поради него.Ке дојдев дома и само чекав да започне со неговото,ептен беше непредвидлив.
    Колку пати само му имам кажано што мислам за него,дека ни ги уништува животите и дека сакам да си замине засекогаш,ама не дека допрев до него туку чисто ми олесни на душата колку толку.
    Ај со нас децата што се однесуваше така, ама најмногу ме болеше тоа што и го правеше на мајка ми.
    Кутрата работеше 2 работи, за да не нарани,а говедото ќе ги испиеше сите пари и ќе части пропалици по кафани и ја малтретираше демек давала пари на страна..Скоро секој ден беше ваков,веќе не се издржуваше..После подолго време мајка ми се освести и побара развод.На судот кога не прашаа дали сакаме ние децата да го гледаме,и јас и брат ми рековме не,дотичниот почна да плаче,да изигрува жртва..
    Мајка ми во ниеден момент ни нема кажано нема да го гледате,тоа и тоа ни има правено,туку ни остави на нас да одлучиме.После тоа доаѓаше кај нас,правеше циркуси на улицата,повикавме полиција и откако здраво го претепаа неколку пати,исчезна од нашите животи..поради што ми е многу мило.
    Барем сега кога одам дома,одам со мирна глава,знам дека ме очекува пријатна атмосфера,не мислам дали ќе затекнам пијаница која имаше навика да ни го упропастува секој ден.

    Решение постои,а тоа е разводот.Волкот длаката ја менува но паметот не, така да не верувам дека таквите луѓе се менуваат.На почетокот може ќе ви биде тешко,но после одреден период ќе се навикнете и ќе продолжите да живеете нормално,во нормални услови.
    Биди силна, ти посакувам се најдобро :hug:
     
    На Lolipop23 и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Ве разбирам сите и само разводот е спас како што кажаа претходните.
    Нема потешка казна или болка кога ќе те осуди свое сопствено дете. Тогаш можеби следува покајание ама за жал е веќе доцна. Подобро живеј со еден родител отколку во нездраво семејство.
    Никој не размислува за последиците - недај боже да ги има ама сепак тоа е психичка траума за еден млад човек која не се заборава и тешко надминува.
    Пијанството, коцкањето...се болести кои се лечат ама тешко кој си ги признава.
    Ви посакувам на сите сила и трпение да го надминете сето тоа и да бидете свој човек во животот.
     
  14. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Жити све?
    Само зошто ја спермосал мајка ти тој е татко?

    И не.
    Јас сум да не се толерира и игнорира зошто се прави многу полошо.
    Треба да се реагира што е можно поскоро.
    Детето не е родител.
    Родителот не е дете.
    Што има да се мисли за него, кога тој не помислил на своите деца?
    Кога место да живеат во најубавите години тие секојдневно гледаат драми и глумат родители?

    Траума не се добива ако спречиш вакво нешто.
    Траума се добива ако трпиш секојдневно.
    И се одразува кад-тад.
     
    На DeRose, Lolipop23, La.Reina.Del.Sur и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    И јас имав проблеми со татко ми и ако се секавам добро некои ме осудија дека јас сум си виновна дека сум разгалена девојка и се тоа но гледам дека не сум била и јас само со тој проблем.
    Не само што ме испрати таму кај што не сакам на факс(се работи за моја иднина а некои ми велат дека некои сакаат да учат ама не можат е не е тоа така)...зошто е најлошо да го правиш нештото против своја волја ама другите не знаат како е додека не искусат на своја кожа...не само што ми го стори тоа туку ме малтретираше психички
    (со што се одрази на моето здравје:Да почнам да заборавам и ситници и големи работи а тоа никогаш не се случило на мене а да ме прашат некој што јадев пред пола час нема да знам да кажам зошто имам озбилни проблеми)
    плус се случуваше некогаш да ме удара и мене и мајка ми,а заради него и брат ми заврши на лекови и да има проблеми со срцето исто како и јас.
    Се е тоа заради нервози и колку толку се трудам да не навлегувам во расправии.Се случувало да му вратам на ударот и не сум се каела,затоа те разбирам за се.Знам како е...Најлошо е кога во домот немаш хармонија,љубов и се се сведува на плачење и кавги но како што ти кажаа другите обиди се да го игнорираш твојот родител,да избегуваш расправија зошто подоцна ке се одрази на тебе...Зборувам од лично искуство бидејки заради тие малтретирања јас од смирена и насмеана девојка се преобратив во избувлива и нерасположена личност и тоа го трпам добри 4-5 години.
     
    На DeRose му/ѝ се допаѓа ова.
  16. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Колку и да мислиме дека сме биле единствени, сега читам дека не сме...
    Еве вака...
    Значи во мојата фамилија т.е. моето семејство, за „татко ми“ ние женските сме колатерална штета.
    Он не е човек што се пијанчи секоја вечер, што оди по к*рви, што троши пари на коцка и сл. Тој е „човек“ што сите го мислат дека е најправичен, најфамилијарен и не дозволи осудување. Тој е „човек“ што бери пари за тие пари после да ги истроши на материјали за работа и скапа облека ама исклучиво само за себе. И на крај за да се жали дека нема пари и дека ние сме криви за тоа, бидејќи ги троши само на нас дека никој ништо не помага во куќата ни за финансии ни за ништо. А не ја прифаќа вистината дека мајка ми не издржува/ше нас и ги плаќа/ше сите сметки за куќата...
    Значи од дете ме тепал ме претепувал... И ден денес имам лузни, јадев ќотек дури и за проклетите 4-ки по математика кои ги добивав на тестови. Немам детство за кое ќе им раскажувам на децата и на внуците... Ако го прашав дали да излезам кај некоја другарка, тој ќе ми речеше излези ама само на пола сат, без да му е гајле дека ми требаат 20мин да отидам до кај неа, и ако задоцнев јадев ќотек и целмесец исклучива релација ми беше школо-дома...Имаше денови кога ми забрануваше да одам на балет, од што „многу сум шетала“. Знае/ше да ми се развика поради што на неговата јакна имало раска, поради што перницата во мојата соба била криво наместена, поради што сум ја собрала косата со шнолка, поради што сум облекла чизми (и такви банални работи на кои им нема број).
    И така почнав се да кријам од него, психички многу ми влијае/ше... Знам дека тоа што јас се понашам како машко е ради него, пошо како дете сакав да му удоволам и еве остана и до ден денес да сакам да сум машко, има ноќи кога сум дотерана и се осеќам туѓа од причина што тој никогаш не ми дозволи да се „дотерам“ (а колку се дотерувавме во мое време...). Упорно тврди дека ние женските сме дел од семејството додека сме под тој покрив, после тоа кој не тркала си заминуваме. Вели дека е благословен што има син, поради што не мора да го дели наследството со мене.
    И на мајками и се дере/ше за најмала ситница...Само онака колку да се изнадере и крај, тоа се случуваше апсолутно кај сите, но најмногу кај мене и после пола саат ќе се осмелеше да ми викне „ќерко“...
    Се криев, плачев, го молев Бога за помош, трпевме со мајками од таа причина што и јас и братми бевме малолетни па се плашеше дека ќе не земе ако се разведат...
    Во основно ме задеваше многу за отценки...Сакаше да сум одлична со сите 5-ки а не му беше гајле што ми прави „атмосфера“ за учење...Во средно истата приказна... И си викам дека сепак сум била јака, поради што да беше некој/а на мое место би се срушила тотално.
    И пред неколку години, кога сериозно се разболев и бев на работ на смртта тогаш тој прв потрча по мене, но што ми беше? немав татко кога бев најдобро, тогаш му текна дека има ќерка?!? Кога излегов од болница му го реков тоа, промрморе нешто и ја крена раката да ме мавне, но не ме мавна туку замина. Мислев ќе се смени но ништо. Така поминаја многу ноќи во плачење, многу журки на кои требало да одам па спремна ме вратил од на врата, еднаш не сакаше да ме пушти на настап со балетот и ме пушти за после тоа откако се вратив дома да ме натепа... И криев се од него, не смеев да зуцнам за ништо, се плашев како ѓавол од крст...
    Сеуште се дешава да плачам како дете од што ми е криво и од што се прашувам без умор каде сум згрешила, но ми е јасно дека тој е таков и дека нема да се смени. Тешко ми е, но што повеќе минуваат годините тоа сум посвесна дека таква ни била судбината.
    И така за него јас сеуште сум неспособна, глупава, што главава ја носам само за чешлање итн...
    Ама нема проблем, ќе завршам медицина, ќе завршам психологија... И уште година до две најмногу да се стабилизирам си ја земам мајка ми со мене, па тој очи нека копа! што сака нека прави, не ме интересира... Пак јас, неспособната, ќе излезе на крај!
    Иако знам дека цел живот ќе ми се тресат рацете, ќе продолжам да заборавам, цел живот ќе сум осудена на некои лузни, и цел живот ќе плачам за тоа што тој што заслужи јас да ми етатко (а ми беше дедо) го изгубив премногу рано...
    Ама ќе дојде денот кога ќе ми тропне на врата, и тогаш јас ќе речам јас немам татко!
    И денденес ми се креваат черевава кога морам да го наречам татко. :puke: Го мразам од дново на душава

    се распишав многу, ама 50 постови нема да стигнат за да напишам се.
     
    На Derby, Golden, Rose96 и 19 други им се допаѓа ова.
  17. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ова се случува на секоја втора девојка, само што ретко која има храброст да се отвори. Јас вечно ке го носам тој страв од татко ми, без разлика колку време да помине. Ние сме три сестри, живеевме заедно со мајка ми и баба ми. Секој ден имаше урлање и тепање. Ми беше срам да излезам од дома. Татко ми не беше ниту пијаница ниту коцкар-тој беше природно луд. И ден денеска носам лузна на образот од еден од неговите ќотеци. И тоа за најмали најбанални причини не се ни сеќавам. Заради се запишав во друг град средно, само за да не го трпам. Меѓутоа најлошото дојде кога остана без работа. Додека мајка ми беше на работа, тој не претепуваше. Многу ми е тешко да пишувам и ден денеска ми се кине срцето кога ќе помислам на се, помина многу време, тој не се смени, само што сега не смее да удира зашто му се свртуваме трите пораснавме. Ние не ги бираме нашите татковци, мајките ги бираат, така да единствено што може некое дете да направи во таа ситуација е да чека решение од поразумниот, во овој случај- мајката.
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Девојки, очите ми се наполнија со солзи од вашите сурови искуства. :(
    Јас само имам да кажам да останете силни колку што е тоа можно, да не губите надеж и дека ви се восхитувам просто.
    Сакам да упатам уште едно мислење - имате право да ги мразите од дното на душата, да не ги почитувате и кога некој ден ќе тропнат за помош на вашата врата (а тој ден доаѓа, порано или подоцна) со чиста совест да им ја треснете пред нос.
    Кога се работи за вакви ситуации, јас не прифаќам - ама тој е татко и тој е еден, ако ти го тресне едниот образ, сврти го другиот! :@

    Мене лично ми се имаат случено 2-3 испади со татко ми, тргнал и ме удрил и јас сум возвратила (не знам само со кој памет, дупло е поголем од мене, плус нели - на родител рака не се крева).
    Но така реагирам инстинктивно.
    Не велам дека треба да враќате со насилство, затоа што не е убаво, но имате право да ги мразите и да им посакувате се' најлошо на ваквите луѓе.
    Родител или неродител... кога тој нема милост за своето, немајте ја и вие.
     
    На LittlePinky, Rose96, DeRose и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Mimche.B

    Mimche.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    13
    леле и мене..се изнаплакавв многу. ;(
    жал ми е што слушам-читам вакви приказни.
    се надевам дека се ќе се среди со девојкава..па нека пише што биднало после.
    исто така потполно се согласувам..дека таков човек не заслужува да има ниту жена ниту деца, кои ќе го почитуваат и сакаат. толку од мене.. :)
     
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.465
    Tатко ми.. хм, со него сум била поблиска одколку со мајка ми. да бидам искрена, сето тоа дерење од страна на татко ми, било поради мајка ми, што не велам HE, сум си заслужила
    JA разочарав тотално!
    пред се, во средно школо бегав од часови, не ми се знаеа неоправданите, диво дете бев бре!
    Hе и помагав во домашните работи, светска мрза!
    Hе се бунам со право што ми се дереле
    за тепање ме има истепано еднаш, ама асално тепање, дури и мајка ми почна него да го тепа :rofl:
    имав 16 години, и дома се прибрав во 04 и 30 сабајле, а јас излез најкасно до 02!
    поголеми проблеми не сум имала, како помали кога бевме, беше и тој по коцката алкохолот со еден коцкар никаков, ама кога го стегна мајка ми, силна жена беше, веќе не се виде со тој човек
    Oд кога падна мајка ми болна,во болница, првите неколку недели беше пекол, карање, ама потоа се се смени!
    воопшто не сме се закарале, а сега кога нејзе ја нема- уште поблиски сме
    фала му на бога!
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.