1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не го сакам татко ми

Дискусија во 'Дете' започната од The.Complicated, 14 јануари 2012.

  1. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666

    Хах, покрај се немаш толку лош татко, барем не трпиш за леб. ;)
     
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.332
    Допаѓања:
    249.302
    A тоа што ја малтертира, и нејзе и мајка и?
    Подобро за леб да трпиш отколку ваков татко да имаш.
    Еве јас неможам да одам за Банско или било каде на скиење, ама имам златен татко кој не ме малтертира, туку се грижи за мене.
    Тоа е бесценето, а не дали ќе ти овозможи зимување.
    Џабе и е Банско, кога пак ќе се врати дома и пак татко и ќе ја малтертира.
     
    На DeRose, rossonerka, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Незнам што да кажам...Те жалам ама верувај еден ден сето ова ќе си го сноси на своја глава..Ама до тогаш :|...A незнам зошто мајка ти не превземи некои е мерки,не бива тоа така!Па најпосле и без него подобро ќе ви биди!Родител е да,но не заслужува ваков човек да биди родител!
     
  4. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    ашлинг епа ајде да го убиеме татко и сега,таков е па што
    ТАТКО И Е, не заради спермосувањето туку заради постоењето,има тука една голема разлика :$
    јас не реков да не го мразе,нека го мразе ама длабоко во неа таа не го мразе,како и би можела,како и ти или јас би можела
    невозможно е-татко и е |-)
     
  5. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Не е до парите..Сета заслуга околу нив е од мајка ми, се прекршува да ни овозможи се најдобро, а татко ми само се жали.. Можам да имам милиони, и пак да не се чувствувам сигурно и сакано во фамилијата..
    Сепак, неможам да кажам дека цело време го сакам, ќе се погодат 2-3 добри моменти на 5 месеци, а останатото е кошмар. Неможам да ги разведам мајка ми и татко ми, никој не може да ги разведе сопствените родители. Мајка ми се плаши, незнам зошто ама се плаши од животот после разводот, иако знае дека никогаш нема да се смени.
    Баш сега во моментов ми се развика, а барем еден ден беше смирен. Ми се развика и ме мавна по главата, а мислев дека се ќе биде во ред. Незнам како има способност да ја уништи секоја надеж.
     
  6. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Како што реков, татко не претставува само некои особини што ги имаш наследено или истата крвна група.
    Татко е многу повеќе од тоа.

    Не викам да се убие, но не сум за да се толерира.
    Затоа што тоа се одразува на самата личност. Кога е мала не забележува, но како што расте ќе ги согледува и ќе се соочува се повеќе и повеќе со тие последици или рани..
    Е,тогаш не се враќа времето.

    Ако еден возрасен човек е способен психички, па некогаш и физички да малтретира дете негово .. објасни ми како е можно да го сакаш и да викаш.. "ајде ќе трпам, татко ми е"?
    Не треба да малтретираш некој за кој знаеш дека е послаб од тебе и тоа е тоа.

    Биди среќна. :)
     
  7. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Целосно истата ситуација јас ја имав и имам со човекот со кој живееме под ист покрив, како Компликејтед. Само што, кај мене тој е природно болен, луд или каков и да е. И пие не дека не пие, ама и кога не е пијан е тако. Од кога знам за себе јас немам ниту еден убав спомен од тој човек, што не ни правеше, со мајка ми не тепаше, не навредуваше психички не малтретираше, кога бев мала, секој пат кога го повишеше гласот, буквално мокрев в гаќи, само од повишувањето на гласот, ме имаше надвор затворано на минус не знам колку степени, на 15 години му го зедов телефонот на пратам порака и му ги начекав пораките од швалерката, при што животот ми се згади, а се кулминираше пред 5 години кога го суспендираја од работа. Се задолжи кај многу луѓе, се закануваа дека ќе не убијат сите, ако не ги врати парите итн...Таа швалерката што сега ја има и ѕвони на мјака ми нон-стоп, на неа ги троши парите нас денар не ни дава. Проблемот е што уште живееме со него само поради фактот, што ми рече дека ако си заминеме ќе најде начин да ја убие мајка ми. Пред некој ден ги слушнав каде што се расправаат, влегов во собата и му изнареков СЕ, буквално се, и реков дека за мене тој е мртов, т.е за сите нас. Се скрена ја седе пушката сите ќе не тепаше, па баба ми и дедо ми ќе ги тепаше, ама напразно се закануваше.

    Важно е дека јас се кренав против него и Бог знае од каде ми се најде таа сила се да му речам, а и ако не му одговара и ако се скрева може слободно да си замина зошто ние не го сакаме во куќата наша. И сега се смири и се обидува да ми зборни, а некни се и сешто ми изнарече. Јас кажав, тој е мртов за мене и нема да присуствува на никаков настан, што ќе биде важен во мојот живот, кога јас излезам од оваа куќа тој внуци нема да види и ќе си остане таков сам, да си се грижи за себе како и до сега , со својата себичност. Километри долги постови не ми се доволни да опишам какви последици имам, сепак се испостави дека дури сега кога немам никаква врска со него, јас конечно можам мирно да спијам. Уште живеам на истото место но и тоа ќе се смени, само на нозе да застанам.

    Работата е дека тој е таков, таков бил и таков ќе остане, ама јас повеќе немам страв од него, имам 21 година и физички и психички можам да му се спротиставам. Од вчепа па натаму тој ќе биде само газен од мене и јас никогаш нема да му простам и да го наречам татко, зошто не е доволно само неговото име на некој документ за тој да биде татко. Знам дека јас и брат ми ќе се средиме, знам дека и кога ќе заминам ќе си ја земам мајка ми и знам дека ќе умре сам и на никого нема да му биде гајле. Поголема казна од тоа нема.
     
  8. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.450
    КАков и да е татко е. ЈАс сега се би дала да го видам уште еднаш татко ми, да го прегарнам, дури и еднаш да ме удри. Толку многу ми недостига.
    А сигурна сум дека и Вие го сакате таткото, како и да е. Немате почувстувано празнина во срцето, затоа вака зборите. Каков и да е татко е.
     
    На Nine25 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666
    Татко е, ама крвна сродност не гарантира емотивна блискост.
     
    На DeRose, La.Reina.Del.Sur, verica81 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Психолошката болка повеќе боли од физичка болка. Тука не е проблемот за еден шамар туку за буквално психичко насилство/малтретирање. Тука веќе љубовта се заменува со омраза а празнината во срцето е веќе одамна настаната. Една прегратка не кошта ништо и многу значи..
    Татко само на хартија
     
    На cutebunny му/ѝ се допаѓа ова.
  11. song

    song Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    46
    :o
    Секоја чест како издржуваш.Имаш право да не го сакаш!Јас стварно незнам што повеќе да кажам да не сум ти во кожа.. :x :x
     
  12. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    ......Секогаш кога се нервира ни се истура на мајка ми и мене! Многу ја жалам мајка ми секој ден плачам за неа таа оди на работа за да ни донесе леб дома а тој по цел ден дома со скрстени нозе ништо не прави и пак ние криви што немало пари и што тој немал убав живот..и јас немам убав живот..ни мајка ми но што ние да кажеме!Пред некој ден татко ми многу ме повреди толку зборови ми изнакажа што тој ден и ќе се убиев но тоа нне го правам само заради мама не сакам да ја оставам сама, да ја повредам,да тагува по мене ..дури и за прв пат таа заплаче пред мене и реков најдобро е да се разведат ДАЈ БОЖЕ тоа да се деси тоа кје ми биде најсреќниот ден у мојот живот! Татко ми знае на моменти да не насмее но кога е нервозен како што реков се на нас ни се наврла :sweat:
    Со денови размислув да си ги спакувам работите и да одам кај баба..но мама неможам да ја оставам без неа неможам ;( :l:
     
  13. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Па заминете заедно со мајка ви бе девојче ... побарајте мислење од некој нешто било што .
     
    На SarahTayMomsen му/ѝ се допаѓа ова.
  14. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Најдобро е да разговарате со него и да му кажете да почне и тој да бара работа ,вината за таквата состојба не е само до вас ,ако веќе ни со разговор не бива подобро е да заминете некаде на страна и да живеете сами
     
    На SarahTayMomsen му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Јас стварно..незнам зошто таквите мажи земаат жена на душа...па после и децата да страдаат...Разговарај со твојот татко (остај шо знам дека нема да помогне ич разговорот)ако не па замини заедно со мајка ти кај баба ти...нема зошто да трпите таков "маж" и "татко" затоа е најдобро развод да остане сам..па да видиме шо ќе јади кога не работи и на кого ќе му вика...среќно женска...и многу нерви не затоашто ќе ти требаат кога ќе имаш свое дете
     
    На SarahTayMomsen му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Татко ми планира оваа година да одиме во странство со надеж дека се ќе се подобри..Проблемот е татко ми неможе да си најде работа(единствена желба му е да работи,но не ми е јасно зошто кога се нервира се истура на мајка ми и мене)пред една година се си беше ок си бевме среќни се беше најубаво но откога престане да работи бидејки платата беше мала а работата што ја работеше беше многу изморувачка почна многу да се нервира!..Има брат во странство вози и бараат работа и коа ќе најде ќе одиме некаде во странство.Не го мразам татко ми...сакам да го мразам но душава не ми дава! :| Многу ви благодарам за подршката..многу! Што би правела без вас :lol: :inlove: :*
     
  17. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    22.504
    Пол:
    Женски
    Се мислев дали да пишам во темава.
    Од поодамна ми се смени мислењето за татко кое го имав цел живот, дека тој е најпаметен, дека е мојот херој и сл. Го гледав како што повеќето девојчиња ги гледаат своите татковци, како вистински заштитници на домот и семејството. Но поради неговите постапки, се тоа се смени рпед неколку години.
    Имено, немам никакви проблеми со него од типот дека не малтретира мене, мајка ми или брат ми, не пие, не се коцка. Тој е најпасивниот човек и најнеснаодливиот кој го имам сретнато. 12 години оди сезонски на работа во Италија со прекини, никогаш не може да најде стална и сигурна работа па да ја одведе и мајка ми со него. Всушност, јас и брат ми израснавме со мајка ми, таа не воспита, ни даде се што сакавме и сме и благодарни за тоа бескрајно. Времето и раздлебите си го направија своето, и сега немам никаква блискост со татко ми, дури ми е антипатичен, и едвај чекам пак да замине во Италија. Еве сега, наместо 15 дена, веќе 2 месеци седи дома и не презема ништо за да отиде пак таму. Или барем тука да бара работа. Само седи дома, гледа тв, и ништо не помага. За се во животот тој ја чека мајка ми, никогаш не преземал иницијатива за ништо. Ми прекисна од таквото негово однесување, и иако сите 3ца му го имаме кажано тоа, тој само ќе одговори, е што да правам, таква ми била судбината да не се снајдам. Не ми се верува како може да се помири толку лесно со работите и за се да чека од небото да му падне. Ме нервира премногу, заради него дома има огромна тензија и нема никаква атмосфера. Гледам што почесто да сум надвор и да не разговарам со него, ме иритира.
    Пред 2 години, додека не можеше да отиде во Итл, работеше во Скопска пивара за мизерна плата. Цело време преживувавме буквално, а тој иако има бугарски пасош, никако не замина некаде на страна. Животот ни беше катастрофа, на моменти немавме ниту за леб. Ама ајде помина некако тоа. Ете го сега, пак исто се однесува. Не сакам да дојде до таа приказна како полани, ама што да правам? Дајте ми некој совет како да го натераме со мајка ми и брат ми да оди да работи некаде. Не е мрзлив, но треба некој да му ја најде работата, а потоа тој ќе рмба цело време. Што да правам? Не го поднесувам веќе во моја близина :@
     
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Happygirl жал ми е што имаш такви чувства кон татко ти. Ама ете како што велиш времето си го направило своето, додека си растела не бил до тебе блиску довлоно, а далечината си го прави своето. Но сепак, од тоа што го кажуваш, извини што ќе ти речам вака, ама малку луто го напаѓаш. Велиш имал и бугарски пасош а не заминал настрана, па еве заминувал, работил, 12 години на сезонска работа во Италија. Вам ви било тешко кога не бил со вас, ама и нему како родител сигурно не му било сеедно. Јас почнав со ништо во странство, и ќе ти кажам дека верувај ми многу, многу е тешко настрана ако не си стабилизиран во средината, и тоа јас девојче бев, а не пак да се ставам на негово место, да оставам деца и млада жена со месеци секој нареден пат.

    Ако годините на профил ти се точни, не си маленка да ме сфатиш. Можби човекот е и малку депресиран, па затоа сеедно му е. Кога излегол толку пати од земјата, можеби и видел некој кој се снајдел, но не е лесно за секој да се снајде. Ти требаат пријатели, контакти, снаодливот, знаење и малку среќа. Ако се чуствува како губитник, дека не е од оние што се снајдел, а имал шанса еве, не мора да е он крив затоа, некогаш и најамбициозните се разочаруваат.
    Дека ти е антипатичен и „бегаш„ од него, па дури и ако сте му кажале сите тројца колку сте разочарани од него, што мотивација има овој човек да стане и да рмба ко што велиш? Не знам колкав е брат ти, ама ако двајцата сте полнолетни, законски и не мора да ве издржува повеќе(што не значи дека така мисли ама ако му се завртело во глава во право е). Штом не е мрзлив значи не е мрзлив, од друго не му е до работа.

    Ова ти давам малку идеја за друга песпектива, пробај погледни го неговиот живот од негова страна со сите факти што ги имаш, и можеби подобро ќе дознаеш зошто се однесува како што се однесува, и можеби и ќе можеш со тоа свежо разбирање да помогнеш да се ситуацијата подобри за сите дома.
     
  19. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    22.504
    Пол:
    Женски
    Милион пати сум пробала да се ставам на негово место. Дали ти се верува дека тој нема никакви контакти што се вели ни овде, а камоли пак таму. Има работено по 2-3 месеци во лозјето, и знаеме дека не се заработува којзнае што од таму. Ама не се труди за нешто повеќе, па макар да бара работа по хотелите, друго е таму.
    Ако е тој во депресија нека се лечи, а не сите покрај него да паѓаме полека во истата. Брат ми има 17 години, во најбурниот период за него, тој воопшто не се чувствува заштитено и сигурно, дека има татко кој ќе стори се за да не останеме гладни и без кров над глава (што се има случено неколку пати). Јас имам 21 година, многу работи поминав без татко ми, ама не сакам брат ми да појде по лош пат. А ние цело време го мотивиравме, ама верувај нон стоп на некој да му збориш дека треба повеќе да се труди, да излегува, да запознава луѓе, и тебе ќе ти скисне. А за издржување, мајка ми работи сега фала му на Господ, зема и добра плата, јас кај и да е ќе завршам за една година со факсот.
    Не знам како да му помогнам, премногу сум разочарана од него. Имало моменти кога му кажувавме дека ги даваме последните 20 ден. за леб и тој велеше Епа што да правам, толку можам да ви дадам јас. Ако не ви е доволно барајте на друго место.
    А всушност ништо во животот не ни има дадено. Да не беше мајка ми, многу работи немаше да имаме јас и брат ми.

    п.с. Пред неколку дена случајно отворив Хистори на Хромот, и има што да видам. Додека јас сум во Штип на факс, а брат ми втора смена на школо, тој си гледал порничи цело време. Со баби, лезбејки, педери, па дури и со животни. Не сакам ни да замислам што прави после тоа. Ми се гади од него. Никому не сум кажала за ова последново, ама ме убива од внатре. Ставив сега пасворд на компјутерот, да не може своите фрустрации и болести да ги лечи овде, во собата на брат ми и мене. Ќе полудам. Не сака да најде работа, а сака да гледа глупости пред пц. :@ :@ :@
     
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Јас имам еден вујко, што е трчи-лажи и лежи лебу. Е тој така цел живот од ден за ден, чека цел живот друг да му ги среди работите, да го викне да поработи за да си ги нахрани децата, од атер за нив. Ама он е мрзлив со потпис. И кога го викнат да работи негде, толку работи, само прашува што има за јадење, кога ќе јадеме, забушава, удара вицови, се за него е една голема шала. Неговите деца, мои братучеди, откако почнав да ја разбирам ситуацијата како постара од нив, за нив сум си викала, каде и овие деца со таков неодговорен татко.
    Ама вујна, жена и половина. :bow: Тотална спротивност од него. Немаше кој знае колку платена работа, ама одеше работеше и за децата секогаш имаше од неа. Едниот братучед дипломира пред две години и сега и тој работи, другиот уште студира, си тераат работа, си градат живот и од деца станаа добри луѓе, а вујко, он е уште таков каков што си беше, флегма, нема енос да се смени.

    И твојата мајка е таква силна жена по тоа што кажуваш, штом успеала досега да ве израсне и воспита на своја рака, при маж како него, нема да дозволи таа сега брат ти да тргне по лош пат, сигурно. А и ти си тука за неа и за брат ти. И се со што тој тебе досега те разочарал, на некој начин те направил посилна, ти немаше да се бориш вака да бараш начин да се ситуацијата дома подобри ако не е така. Само не можеш да му помогеш на човек ако и тој не сака да си помогне. Ако веќе и покрај сите разговори и поддршка тој не прифаќа ништо од тоа и си гледа само за себе и своите потреби, па уште и те срами и згрозува со неговите интернет активности, тогаш и јас би дигнала раце од него додека не се освести сам и согледа што прави. Чувај си ги нервите, не си троши енергија на него и биди тука за мајка ти, а он ако има трошка совест еден ден тој ќе е оној што ќе се покае.
     
    На soco и happygirl им се допаѓа ова.