1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не го сакам татко ми

Дискусија во 'Дете' започната од The.Complicated, 14 јануари 2012.

  1. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Фала ви многу што ги споделивте вашите искуства..Барем знам дека не сум сама на светов.. :*
     
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Хепигрл, јас да ти кажам, некако се движам со девизата дека ако некој сака да работи, ќе најде работа. Плус ако има бугарски пасош.... Сепак не е мал период, гледам дека и ти го сфаќаш истото. Тетин ми патуваше 2 години од Велес до Куманово, секој ден, за да оди на работа. Има патувано и во Тетово, и во Штип, и секаде каде што си наоѓал посоодветна работа од претходната. И тој го вели истото, кој сака да работи, има работа, ќе најде и ќе работи.

    Но, има некои луѓе кои едноставно се пасивни, таков им е карактерот. Еве, најпрост пример, кај баба ми еден комшија, откога знам за нив, немаат пари за огрев, за јадење, а мажов не работи. Човекот е душа, ама е мрзелив, тоа е тоа. Повеќе од 15 години живеат најбедно. Да, можеби една, две години нема да најдеш работа, ама 12 години... :?: Сигурна сум дека татко ти не мисли намерно да ви го прави тоа, но тој е таков. Ти гледај сега факултетот заврши си го, човек не можеш да смениш на тие години.

    Можете барем да му речете да помага низ дома, нека готви, белки едно јадење може да го свари, мајка ти нека му ја нареди и тој нека пушти машина, па да ги спружи алиштата. Или нека исчисти со правосмукалка. Тоа не е никаква срамота, дома кај нас сите се работиме. Ако не сака да работи, не е во ред ни дома да не помага. :!: Тука мислам дека ти и брат ти можете да му речете, дека се срамите и се разочарувате во него гледајќи го вака. Веројатно ќе реагира, мене ако сопственото дете ми рече дека се разочарало во мене, драстични мерки ќе преземам врз самата себе. :)
     
  3. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    22.504
    Пол:
    Женски
    Дузи, фала на одвоеното време првин.
    Сме му кажале и јас и брат ми дека сме разочарани од него, дека не се однесува како вистински татко, тој само ќе каже Мајка ви ли ве научи така да зборувате? И толку. А нема врска, ние не сме мали за да не гледаме што (не) прави тој. Ги поминува сите граници. Не знам како може цело зимо го преседе дома ко некоја мечка, само јаде, спие и ете, порничи гледал додека е сам дома. За ова последново многу се нервирам. Преска остана сам, бевме сите излезени, и ми ѕвони да ме праша што е тоа на пц (пасвордот), зошто не можел да го вклучи. Не знаев што да му кажам, му реков дека нешто не е во ред со пцто. Ама не можам да го лажам цело време. Како да му кажам дека знам што прави кога е на интернет? Да кажам ли на мајка ми и брат ми за ова?
     
  4. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Мајка ти ли те така научи? Аргументот од татко фатен на тесно.

    Јас вака ќе ти речам, па ако те праша он мајка ти ли те научи, кажи му дека тетка имелда беше. ;)

    Точно, не можеш за компјутерот да го лажеш цело време, оти ако веќе се снашол на него да наоѓа што му треба ќе знае и пасвордот што работа е. Нема што ти да лажеш и тебе да ти е незгодно пред него, на него нека му е незгодното. Не би ти рекла да кажеш уште сега на мајка ти и на брат ти што си видела. Гледал веќе, лошто го направил, зошто мајка ти да се нервира и тоа ти да си таа што ќе и кажеш а не тој сам да и каже или таа сама да дознае. Па и она пред вас ќе се срами заради него.

    Стисни заби и на него фино и лепо ќе му речеш дека си ставила пасворд, онака нончалантно ќе му речеш нели без викање, оти не знаеш кој се ти фаќа по компјутер додека те нема, а не некому да му служи за играчка и да ти го расипува, кога тебе ти е важен за учењето, дека два саата си се мачила од вирус да се оттарасиш оти некој си играл по кој ти знае какви веб страни, он ќе си знае дека се однесува за него, и ќе си мисли дали си ги видела тие страни што се, па он нека црвенее и нека се срамува од тоа што ти можеби знаеш што е работил и нека се плаши дека ќе го кажеш дома. Ако уште инсистира на пасворд без срам или се прави наудрен, мечка страв и во очи му кажи што знаеш. Не верувам дека на било кој човек ќе му е сеедно да му детето знае дека е он гледал тоа на нет.
     
    На Hipica, happygirl и Doozy им се допаѓа ова.
  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.323
    Хепи,навистина ме натажи твојата приказна....се гледа дека многу си го сакаш семејството и жал ми е што ти се сменила сликата за татко ти...Но тоа е што е.Живот,со падни стани,промени убави,неубави,наше е да прифатиме,сакале-несакале,колку можеме да измениме,колку не-да се научиме да живееме со тоа најдобро што можеме.
    Точно е дека некои луѓе се такви мрзи,само кукаат а ништо не прават за да го сменат тоа за што кукаат иако реално има шанса нели.Имам близок во моето опкружување,делумно те сфаќам.Сепак си среќна што имаш прекрасен брат и уште попрекрасна мајка,браво за неа,можам да замислам како и е тешко,но љубовта кон вас прави сите пречки да ги совлада и да ви овозможи се што ви треба.
    Кажа дека на татко ти сте му спомнале,но немало ефект.Остави го и не се нервирај.Гледај да успееш ти,да не станеш како него.Почитувај го како родител,како што и до сега си правела.Биди храбра,зошто малку можеш да промениш.А гледам дека си многу храбра,само продолжи да бидеш.За ова со порничите јас би ти кажала да не и кажуваш на мајка ти и брат ти.Мајка ти ќе ја повреди :worried: а брат ти може да се изнервира,па да настане кавга или нешто друго.Така да знам дека те мачи тоа,но нема ништо да смени ако им кажеш,ќе бидат повредени и тие.Незнам колку се разбира од компјутери,па ако не се разбира многу,можеш да продолжиш д а го лажеш,само незнам дали тоа е решение,ако сака да гледа,ќе си најде друг начин.Можеш некогаш да спомнеш пред него дека си гледала некои чудни страни во комјутерот и дека незнаеш од каде се,спомни и дека компјутерот отвара се што се барало на нет,па нека се подразмисли малку од малку,не за друго,да не се нервираш ти знаејќи дека гледал порничи :envy:
    Хепи,ти посакувам многу среќа.Навистина незнам што конкретно да те советувам,знам дека ти е тешко,мене ми е тешко што го немам до мене,тебе ти е тешко од него :worried: Живот.Тоа е.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185

    :tmi: ПА ВИЕ КАКО ВО ПРИКАЗНАТА БАРАЈТЕ ПАРИ ЗА КНИГИ ЗА ШКОЛО НА ГЛАС ОД МАЈКАВИ А ТАА НЕКА ВИКАТ ,,ШТО МИ БАРАТЕ МЕНЕ СИ ИМАТЕ татко ТОЈ НЕКА ВИ ДАДЕ ,, НИЕ ЛЕБ НЕМАМЕ ДА ЈАДЕМЕ ВИЕ ПАРИ БАРАТЕ ,,
    И ИЧ НЕ Е СМЕШНО ТОГАШ ВИЕ ,,ТАТО ДАЈ ПАРИ ЗА ОВА ,ОНА ,,! А ТОЈ НЕМЕА АМ АКО НЕМАШ НАЈДИ СИ РАБОТИ НЕШТО НИЕ ОДИМЕ НАШКОЛА ! АКО ИМАТ ЗА ТЕБЕ ДА ТЕ РАНИТ МАМА НЕКА СКРАТИТ ОД ТВОЕТО ЈАДЕЊЕ ПА НАС ДА НИ ДАЈТ ! И ТАКА СЕКОЈ ДЕН БЕЛКИМ КЕ МУ ТЕКНИТ ! ПОСЛЕ РЕЧИМУ ДЕКА ТРЕБАТ ДА ПЛАТИШ ЗА ИНТЕРНЕТ ПОВЕКЕ БИДЕЈКИ ,,НЕКОЈ БЕЗОБРАЗЕН СПУШТАЛ ПОРНО И ТАКА ПОВЕКЕ СЕ ТРОШЕЛ ИНТЕРНЕТОТ,, тој од кај знае толку за интернет ако си ти 21 тој имат 45/50 год ! пулиси школото и ко ке бираш маж гледај некој да бидит ,, гол да го пуштиш облечен да се вратит,, а не како овој таткоти !
    П.С. подршка за мајкати ,,јака и душа,,!
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.323
    ^ Soco,навистина не е смешно и не е толку едноставно како што велиш ти.Да бидеме барем малку солидарни со проблемите на другите
     
  8. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    Ни на крај памет не ми падна да се ,,ПОТСМЕВАМ,, иако е напишано во иронична смисла ! само саКАВ ДА ГО ДОЛОВАМ ЕФЕКТОТ НА КОЕ НИВО ПАДНАЛ ЕДЕН РОДИТЕЛ СОПСТВЕНИТЕ ДЕЦА ДА СЕ ЖАЛАТ ОД НЕГОВОТО ПОНАШАЊЕ И НЕГОВИТЕ ПОСТАПКИ ! јас го имам видено ова имав еден вујко ,,господ да го прости,, вака се понашаше со моите братучеди но за среќа децата излегоја попаметни и извлекоја поука од неговото понашање дека не треба така во животот како што правеше нивниот татко ! Со малку повеке упорност ке се пробијат и тие деца ама за жал тој што губи ке биде само ,,тој недоличен татко,, бидејки ја губи довербата од децата и фамилијата !
     
    На happygirl и eli25 им се допаѓа ова.
  9. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    624
    Јас не се согласувам дека она треба да преќути за порничите.

    Да, машко е знаеме дека гледаат, ама не знам баш како би се осеќала да дознаам дека татко ми гледа. Ете да го фатам како гледа обичен порнич, може дури и на зафрканција да ја свртам работата. Нема да ми биде гаден фактот дека он гледал порничи, ама како што спомна хепи он пуштал и порничи со животни, геј и стари жени. Е тука е извртопереноста. Да видам такво нешто, ќе ми се згади од него и нема да сакам да го погледнам. Да имаш до себе татко, кој како мала ти бил некој идол, а подоцна да ја дознаеш и таа луда страна...не би ми било сеедно.

    Советот на имелда е добар. (јас лично, сигурна сум дека директно ке му кажам, (можеби не пред мајка ми), а во случај да изреагира како што не треба, сигурно би дознале сите). Директна сум, а сметам дека ако нема искреност во семејството, тогаш каде би имало??? Прикривање на проблемите не води кон ништо.
    Можеш од околу како што рече имелда да спомнеш, а он ќе сфати. Ако не сфати тогаш директно. Да се засрами малце.
    Ако сака да најде работа ќе најде. Не е 1 година или 2. Нема оправдување. Ова го зборам од лично искуство. Живеам сама во странство подолго време и знам каков е патот до успехот, ама ако сакаш дури и нелегално ќе чистиш по куќи и ке заработиш!
    Претпоставувам дека ти е тешко, но сфати го ова како животна лекција преку која ќе ти се зацврсти твојата личност и карактер!
     
    На happygirl, soco и eli25 им се допаѓа ова.
  10. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    22.504
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам девојки, навистина ми значат советите и поддршката :)
    Да не се повторувам, но навистина ми е тешко кога татко ми е во моја близина, ми се гади од помислата зошто го користи компјутерот. И тоа не се случило ден-два, туку цел месец наназад како што проверив во историјата. Секогаш кога имал прилика за тоа, си гледал :puke:
    Не знам дали ќе имам храброст со смирен тон да му кажам во лице дека знам што прави, не сум сигурна дали нервите ќе ме додржат. А сигурна сум дека пак ќе ме праша зошто не се вклучува пцто. До толку може да сфати дека има пасворд.
    Ќе се обидам првин од околу да му дадам до знаење дека знам што прави, како што ми рековте. Па ако не бива, ќе му кажам се во лице, ако треба и нека си замине. Шири толку многу негативна енергија дома, на сите 3ца тоа ни е јасно.
    Овие денови ми се испитите, не се ни радувам за убавите оценки, а камоли да седнам да учам за новите. Ни го зема еланот за се со неговото однесување. Ова трае со години :worried:
     
  11. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    И пак, после еден добар, мирен период - БУМ !
    Се испијани вчера, ја уништи свадбата на најдобриот другар и ја удри мајка ми силно.
    На работ сум да го пријавам за семејно насилство. Мајка ми и сестра ми веднаш заминаа кај баба ми, сестра ми доби напад на паника..Јас останав и цела ноќ го слушав како пцуе и ме навредува.
    Сите ја убедуваат мајка ми да се разведи, ама таа нонстоп му простува, ќе помине некое време, ќе се смират. Жал ми е, најмногу за неа. Се прекршува од работа, и на крај тој ја малтретира.
    Совет? :(

    ЕДИТ - Сега разлистував Историја на Јутуб..Татко ми го имаше земено лаптопот мој завчера да отвори меил, и гледам таму порно, лезбејки гледал 2-3 видеа. :worried:hock:
     
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    слична ситуација имавме во соседството само што таткото и чичкото на соседот што живееше до нас беа такви(хронични алкохоличари и психопати) и ги малтретираа бабата и мајката, а највеке страдаше детето, ама на крајот почина човекот, и се преселија мајката и детето

    јас дома го имам истиот случај како тебе девојче (само што беа татко ми и дедо ми-неговиот татко сега веке починат) почина и баба ми-мајка му на татко ми, ама мајка ми не сака да се разведе-не е финансиски зависна од татко ми(таа заработува тој не) ама се плаши од осаменост, а тука сме јас и брат ми секогаш до неа-имам помал брат 3 години од мене, и еднаш за малку фалеше да го убие татко ми(крупен каков што е )
    разликата е што татко ми НИКОГАШ нема кренато рака на мајка ми, и мене скоро ми кажа дека се уште ја сака( а јас секако дека не верувам, го мразам, се срамам од него, и на моменти помислувам подобро ке било да не ме признае како негова керка-барем светот да не знае дека имам татко отколку вака)

    собери храброст и ПРИЈАВИГО човекот што ви го прави животот пекол-би требало да реагираат надлежните -секое второ семејство го има истиот проблем-сите знаеме во какви финансиски потешкотии живееме и затоа е вака
     
  13. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Оф душичко, немој да секираш не ставај ништо на срце, мајка ти е крива исто колку и татко ти. Ти си имаш свој живот, гледај да се осамостојуваш постепено, стави си слушалки на уши и не се замарај (колку што може). Јас тоа го викам - нека кршат глава. И моите какви не циркуси ми немаат приредено, ама јас веке не се замарам со нив, се осамостоив, сега и студирам и работам, тешко ми е физички, ама психички имам мир. Инаку тоа татковците ко да ги фака некој втор пубертет, не знам што се мрднува таа генерација татковци. Сиромаштијата и ова нагло доаѓање на "современост" ги поремети луѓето. Се е ненормално.
     
  14. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    22.504
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене пак во темава..
    Како што кажав, веднаш откако татко ми забележа дека имам ставено пасс на пц, ми се јави, и ми вели кога ќе си дојдеш дома веднаш да го тргнеш од компјутерот, дури и ми се развика. Му реков дека не за џабе е ставен, дека многу вируси имало на пц, и секакви страни биле отварани, и што треба и што не треба. И ми заклопи.
    После неколку дена го тргнав намерно пасвордот за да видам дали пак ќе се однесува исто, и сега отварам историјата, и погодете што? Повторно истите порно страни се отварани, во време кога брат ми е на училиште а мајка ми на работа. Јас не бев тука викендот. Како може така да прави? Сега пак ставив пасс, ама знам дека тоа не е решение. А срам ми е директно да му кажам дека знам што прави, ама изгледа ќе морам. :@
     
  15. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Извини ама морав да вратам на ова. Не мислам дека треба да се изолираш а посебно не од мајка ти. Убедена сум дека сите маки таа ги поминува за тебе и сестра ти, затоа што смета дека вака може да се реши се. Со сите сили потруди се да ја убедиш да се разведе. И во краен случај пријави за семејно насилство. Ни ти ни мајка ти, ни никој не е должен да го трпи тоа што на дотичните господа им текнало дека да се однесуваат себично и безобразно. Направи се што можеш за да се откачиш од тој човек, кој нема право да се нарекува татко и сопруг. Но никако не ја оставај мајка ти.
     
    На BeLLaDona23 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    tigerlady кај виде ти дека јас викам да се изолира од мајка и???

    Побогу не сум кучка па така да го советувам девојчето.

    Инаку не знам дали имаш приметено, ама според кажувањата на компликејтед мајка и има добра плата (биле во банско на зимување со нејзини пари), така разбрав.

    Е сега кажи ми ти на мене дали мајката воопшто не е виновна заради тоа што децата и страдаат од таткото? Значи ти ако имаш убава плата, обезбедени (барем со минимални средства) родители, и гледаш како децата ти страдаат, плачат и немаат кај да се пожалат, и пишуваат на форуми, ти ке седиш со скрстени раце и ке чекаш керка ти да ти каже дека е најдобро да се разведеш? Ма ајде молим те.

    Јас сакав да и кажам на комликејтед да не се замара колку што може, очигледно не сакаат да се разведат, а децата ги трпат последиците.

    Да, сите правиме грешки, не викам ниту јас дек утре може ке имам некој таков маж, ама јас да рмбам да носам пари во кука, да го ранам и да го шетам по одмори, а тој да ме тепа и да ми ги малтретира децата? Жими се со свои раце ке му ги ископам очите :envy:
     
    На verica81 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. cutebunny

    cutebunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    27
    Пријавување во СОС детска служба за насилство во семејството не е решение. Јас имам сличен проблем како the.complicated и станува уште полошо, тие од службата ме малтретираа да доаѓам таму да им раскажувам случки, и него го викнаа на разговор, АМА некои луѓе сватив дека не се разбираат со укажување туку само со физичка пресметка така како што напаѓаат КУКАВИЧКИ ( на послаби од нив). Според мене полицијата е померодавна за овие ситуации бидејќи сега обичен удар се казнува 400 евра, значи луѓе не трпете тепање пријавете во полиција...Мора секој насилник да си добие што си заслужил...
     
  18. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Малце ми е глупо да пишувам тука. Т.е. многу ми е глупо.
    Јас не, меѓутоа, мајка ми била во слична ситуација порано. Од страна на дедо ми. Јас како што знам, он не пиеше, не се коцкаше, меѓутоа беше зезнат како човек. Порано кај баба ми, и дедо ми, секоја вечер, доаѓаа гости, само за да не останат сами, и нешто да не и направи. Одкако умре баба ми, мајка ми, секој ден, му носеше ручек. А она одкако ќе си отиде, он го фрлаше. Зошто? Затоа што не бил топол. А мајка ми, низ најголемите снегови, низ најголемите вруќини, му носеше ручек. А ако не му го однесе она ручекот, он пак го фрлаше. Сум слушала некогаш како прават муабет, како некогаш ја малтретирал баба ми. Како он бил главен, не смеело да му се порекне зборот. На баба ми, несмеел да и се слушне гласот. Слушнав како баба ми, рекла дека, сака барем една минута, да живее после него. Да се почувствува слободна, но тоа не се случи. Всушност, она некако и била наговорена да се омажи за него. Она пред да умре, имаше една на која ги трошеше сите пари. Таа една, која што можеше да му биде млада ќерка, упола помлада од мајка ми. Одкако умре баба ми, они веќе како и да не се криеа. Ја носеше на патувања, и го реновираше станот. На неговиот мобилен, на позадина ја имаше неа. И еден ден, пред се да продаде. Вујко ми, застана пред него, и он почна да пука во него. Среќа што не се уклучи пиштолот. А после неколку дена, одкако го „исцица“ он се обеси од надвор, за сите да видат. Всушност, и цела населба скоро го знаеше каков човек беше.
    Он, на мене, и на другите внуци, ништо не ни направил. Беше добар дедо, меѓутоа, од тоа што го слушав за него.. :puke:
    И пак ќе речам, глупо ми е многу што ова го пишувам. Многу глупаво, многу.. Само сакав едноставно да се испразнам. Не е убаво лошо да се збори за мртвите, но ете.. По неговата смрт, не ми се веруваше што се не слушнав..

    А за совети, што и да речам.. Кажано е.. И јас мислам дека можеби и најдобро решение е развод.
     
    На eli25 и MacenceEna им се допаѓа ова.
  19. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    На Lolipop23 и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
  20. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Any fool can be a Father, but it takes a real man to be a Daddy!!
     
    На Golden, julie77, happygirl и 12 други им се допаѓа ова.