Бракот на мајка ми и татко ми бил склопен исклучиво поради мене, бидејќи мајка ми останала трудна .. Со години се расправаа, се додека мајка ми не си замина. Истите муабети што тој и ги зборуваше нејзе, сега ни следуваат и на мене и на сестра ми : Што правите по цел ден ? Што деца сте вие ? Какви луѓе сте, цел ден преспивате ( а врска нема - во 9 на сабајле станувам ). Психичко насилство ! А не можам да му се налутам, зошто сепак тој не ни го сврти грбот кога мајка ми си отиде..
Прво, не превземај вина дека бракот е склопен заради тебе! Мајка ти и татко ти кога влегле в постела, си превзеле одговорност дека таа може и да остане трудна. Ако не се сакале, што воопшто и правеле тогаш заедно? Одлуката да се земат ја донесле тие и тие си ги носат последиците. Ти немаш никаква вина поради нивното однесување. Имаш сестра. Не била толку страшна ситуацијата, штом се одлучиле на второ дете. Мајка ти што си заминала, е навистина неоправдано во никој случај заради вас двете! Но, тоа ќе ти даде сила утре ако имаш свои деца да им бидеш попосветена и погрижлива мајка. Татко ти, најверојатно си е таков тип на карактер кој тешко дека ќе се смени. Разберете го и него, исфрустриран е од својот живот, од жената, од љубовта, од својата судбина.... Вие не заслужувате да се однесува така, но се додека сте под негов покрив и трошок, не му замерувајте многу на зборовите. Терајте си по свое, без нервози, се` додека се осамостоите. Потоа ќе ви биде полесно.
Не го сакам воопшто. Го мразам од дното на душата и само го чекам денот кога ќе можам да се одмаздам. Секоја една солза моја сега, да ја наплатам тродупло! Што да правам, посилно е од мене, некои работи не се забораваат. А, тој се погрижи за тоа совршено добро.. да ме отпечати за цел живот.
^ Господ враќа за лошите постапки на луѓето...како што сега му враќа на татко ми...неможе да дигне глава од долгови...единствено што сега ме мачи е тоа што детето со кое излегувам живее во СОВРШЕНА средина, во совршено семејство, а навистина многу ми значи и не сакам да го изгубам, ми е страв да не слушне некакви приказни за мојот татко кој никогаш во животот не се поставил како вистински татко и си има повеќе лоши навики и заради тоа да ме напушти или да има погрешно мислење за мене...
Читам, читам и гледам дека имало многу татковци како мојот ... Мојот татко не е пијаница, не е коцкар, не не тепа , од таа страна е се ок, но, премногу вреѓа , и тоа ко почне не бира зборови од се понадолу не праве, а посебно мама. Е тоа неможам никако да го издржам. Значи мене може да ми каже се , ама нејзе, ми доага да го убијам. И што ме најмногу нервира, врега што вреѓа и после 5 мин ко ништо да небило, ај стајте кафе да пиеме и почне смечки да кажува. Значи тоа се случува скоро секој ден и трае најмногу по 15 мин но мене ме болат солзите на мама кој траат цела вечер. А ко не е нервозен искрено е најдобриот татко на цел свет. Во милион кавги го имам колнато и сега после прочитаните постови ми е криво Инаку сме 3 деца, две сестри и еден брат, јас сум во средина и со мене има најмногу недоразбирања, со мене се најмногу кара, и од сите тројца само мене „ за ништо не ме бидува“ а јас за негов инат и магистрирав на социјална педагогија и психологија, но и тоа не ми се признава. ЈАС СУМ НЕСПОСОБНА .....
Еве ме пак назад во темава. Можеби прочитавте кога пишав пред 3 недели дека оној кој се нарекува мој татко отиде пак во странство, демек да работи. Тогаш газдата го викна, итно било да замине имало многу работа. И еве го, дреми таму ко некоја млада невеста цело време. Не е почнат со работа, затоа што на газдата му откажале. Знам дека не е негов вина што моментално нема работа на тоа место, ама мајка му стара, толку ли не може да се распраша на друго место, па ако треба и друга држава? Сака се на готово да му е. Ограничен е ко коњ. Верувајте секој ден се повеќе го презирам, Да, го мразам, затоа што едно добро не сум видела од него. Цел живот да се штеди, за ништо не не наградил ни мене ни брат ми. Уф, се нервирам додека го пишувам ова. Господе, дај му работа конечно да почне и отј нешто во животот на 50 години!
Ти најубаво знаеш за каков човек зборуваш. Јас го пишувам коментаров само врз основа на ова твое мислење, а би се однесувало на сите татковци, мајки кои се наоѓаат во иста или слична ситуација. Замислете само како се чувствува човек на свои 50 години без пари во џеб. Да зависи од некој газда кој си поигрува мајтап. Да е неспособен во очите на своето дете. Да е приморан она што го има наместо да им го даде на своите деца (да ги почасти), да мора да го чува за она неопходното (сметки,храна, школување) .... зошто не знае кога ќе му свирне на газдата да го отпушти. Да менува работа, да подголтнува неправди. Не дај Боже некогаш да почуствувате како е болно на дете да му кажеш немам.
Sanjaeva Неможеш така да кажеш, сепак родител е нели ? паралелно на тоа значи е повозрасен така ?Шо значи проблемите не се решаваат со такви испади, ами со муабет , и тоа зрел муабет ко пто наликува на возрасен човек. И да нема пари, нема што да биде губитник у очи на негова фамилија, ке ги седне и ке им објасни каква е ситуацијата. А не само да се легачело низ дома и секој втор збор Нема Работа .... Сепак, родител ко родител треба д абиде пример за свое дете, а не да прави дистанци помеѓу него и детето.
Имав многу големи проблеми со мајка ми, но сега кога ми е најтешко само таа е крај мене, таа плаче за мене и со мене, само таа не спие со денови. Секој греши, посебно денес кога е секој ден стресен, кога крај со крај не можеш да врзеш. Сите сме нервозни, не само родителите и ние децата сме страшно нервозни и се ни пречи, па нормално е да има караници. Не оправдувам насилство, но не ни обвинувам целосно. Самата се фаќам кога сум под стрес дека едвај се контролирам и тоа немам нели обврски деца да нахранам, да облечам, да обезбедам пари. Хепигрл јас сфаќам дека те повредува што татко ти гледа сајтови со таква содржина, што не работи, но мислам дека не е корекно од твоја страна да чепкаш во неговата приватност. Зарем би сакала ти тој да чепка што ти гледаш? За останатите ако вашите мајки сакаат да останат во брак со нив џабе е што и да направите. Постарите се воспитувани дека по секоја цена се останува во брак, нели поради децата. Подршете ги ако сакаат развод, ако е страшна ситуацијата и навалувајте, но сепак не се мешајте целосно. Сепак тоа се возрасни луже кои одлучуваат за себе, но и имаат и товар/децата за кој треба да се свесни дека им го уништуваат или им го олеснуваат животот. Ви посакувам решавање на ситуациите дома.
Како што кажав, мислењето не се однесува директно на ситуацијата и односот меѓу хепи и татко и (не ги ни земам во предвид претходните нејзини кажувања). Само коментирав на тема - кога родителот нема работа. Мислите дека тој / таа би сакала да е така? Треба да е морон и саможивник родителот за да не сака да му овозможи на детето се. За среќа, јас такви не познавам. И знаеш како, добиваш едно, друго ти фали. Секогаш има нешто што фали. Мојата ќерка има се што може да се купи со пари, но има и родители кои кога ќе дојдат од работа се смачкани. Е она си сака да не одиме на работа и наместо само за викенд да има шеткање, гости итн, тоа да биде секој ден. Ама мала е за да знае дека ако седиме дома, нема што на ум то на друм. И Ај во еден ден кој има само 24 часа постигни се. Не бива. Да, секогаш нешто фали.
Знам како е ситуација дома ти и бев и сведок на една ваква случка и искрено мислам дека мајка ти требит да се разведит. Викаш дека се плашит дека ќе останите за стаклени нозе? Ради шо? Финансии? Дедо ти е еден од најбогатите луѓе во Македонија! Вујко ти е тука.. Мислам дека то требит да и е најмал страв на мајка ти... Само ми е жал шо го фаќет толку често будалите зато шо сум го видела трезен и знам колку мојт да е добар... [Radar21]
И јас израснав во семејство како твоето. Твојата приказна е потполно иста со мојата, Додека растев главен мотив во животот ми беше да успеам, да станам некој и нешто, затоа што знаев дека само тоа може да го заболи и ништо друго. Како што поминуваше времето така наидував на многу препреки во животот и бев сама, немав татко кој ке ме заштити, кој ке ми го чува грбот, а мајка ми веке беше доволно немоќна за било што покрај таков човек... Успеав, се соочив со се и сешто и сега сум мажена, мајка на две деца, имам прекрасна професија од која доволно заработувам. Ама иако татко ми веке не е до мене, сеуште неможам да се ослободам од сиот тој товар кој го носам поради него. Имам проблеми со воспитувањето на своите деца, имам проблеми со сопругот, затоа што кога ке сака да ми наметне авторитет, дури и кога тоа е оправдано и добронамерно, јас се чувствувам револтирано и гневно. Од друга страна сега татко ми е фин со мене. Мајка ми се разведе од него откако се омажив и одкако тој остана сам почна да ми се јавува, да ми се жали, да ми кажува колку му недостигам и нормално да ми побара помош-односно пари. Понекогаш во тие моменти ми паѓа жал за него и ме боли тоа што сега е сам, а и со здравјето не е баш добар, иако го заслужува сето тоа. Среќа што тука ми е сопругот за да ме потсетува често кој е всушност татко ми. Мој совет - Ако мајка ти несака да се разведе не ја присилувај, туку појди на психолог и разговарај за се што те мачи. Исфрли го гневот сега, затоа што подоцна потешко ке ти биде, а лошото однесување на татко ти спрема тебе допрва ке се манифестира во твоите односи со лугето. Дур си млада гледај да се испразниш и не му давај големо значење, не се труди да му се докажуваш и онака знаеш дека не те разбира. Гледај си го својот интерес и труди се да се развиеш во прекрасна личност, во што не се сомневам. Голем поздрав до тебе и ако ти е утеха, не си сама, во секој момент можеш да ми се обратиш и да раговараме.
Дури сега прочитав колку вакви случаи има, во предхосниот пост се обратив кон девјчето што ја започна темата. Изгледа дека денешниве мажи се горе-доле исти.
И јас го мразев на твои години а и уште не го сакам велам дека не го сакам затоа што повеке не осекам ништо за него . За споредба помил ми комшијата. Истите работи освен оваа со алхохолот важат и за него . Мене ме тепаше брутално а на мајками крена рака два пати. На моја срека или несрека ама мислам повек серека брзо се разведоа. За срека отиде на печалба во странство и го гледав само еднаш годишно по максимум три недели. Последиците кои ги трпев а делумно и сега ги трпама ама некако се справувам ради годините беа изгубена самодоверба ствав од речи си омраза кон машкиот род не генрално ама сепак мала омраза, недоверба во никој и многу други. Како совет од ваква перспектива што би сменала ( од типот од после ) можда би го пријавила за насилство и да сум немала подршка од дома ( ама ова вака на 30 тогаш мала бев ) или би му вратила кога ме тепал значи зборам за мене шти би направила не велам ти да го направиш тоа . Гледај да не му се плашиш колку можеш и да избегнуваш да комуницираш со него . Ако сакаш нешто да прашаш прашај слободно од паталец не од гаталец. Друго не ги разбирам овие гаталциве кои зборат дека сите родители сакале да им обезбедат све што може да се купи со пари на своите деца и тука се фустрирале или имале лоши шефови . Па се слушате ли или се читате ли овед не станува збор за викање или едно дневана нервоза , овде се работи за тортура и комплек кој го има родителот и му го наметнува на ЦЕЛО семејство . Нема ама баш никакво оправдување без навреда ама тие мајки кои дозволуват долго време нивните деца да бидат под тортура и да трпат насилство се НЕОДГОВОРНИ. Немора да се разведат добро ама нека нправат нешто да се го заштитат детето , А ВАКВИТЕ ИСКОМПЛЕКСИРАНИ ТАТКОВЦИ НЕ МИСЛАТ НИШТО И НА НИКОЈ ОСВЕН СЕБЕ. Знам по мојот , отишол во странство за да ја имам се што сакам како не за него трош 99 посто мене ми даваше еден посто , и тоа така ко на просјака затоа што мораше ради судот , сеуште е фрустриран иако е успеѓен и никој не му стои на глава. Тоа е комплекс кој никогаш неама да му исчезне.
Сега пак ја отварам оваа болна за мене тема. Гледам Марама што ми пишала, за тоа дека му чепкав во приватноста на татко ми. Тој седеше на мојот компјутер, едвај чекаше јас и брат ми да станеме од него и да излеземе сите од дома, за што? За да седи на порно сајтовите. Јас случајно видов што гледа на нет, не дека го проверувам. Ама откако еднаш видов, потоа се смени целата слика за него што и тогаш беше никаква. Не можам да го смислам. Знам дека е тешко да се најде работа во денешно време било каде, ама човек да не се снајде 12 години во странство, а отиде меѓу првите со бугарски пасош, е тоа не можам да го сварам. Толку е неснаодлив, чека се некој друг да му ги среди работите. Аман веѓе! Добро е сега што не живее со нас, настрана е. Не знам како ќе го гледам секој ден кога ќе дојде на одмор овде, или недај Боже да остане пак без работа и да се врати во Мк. И денес, по милионити пат ја префрли повторно целата одговорност на мајка ми. Здравје Боже, во сабота треба да одам во Германија, а јас имам пари колку да платам на агенцијата и да си извадам карта до таму. Ништо повеќе. И тоа, тие пари ми се од ланската и овогодинешната стипендија. Од него побарав 500 евра да имам за смештај таму, месечна карта и трошоци, ми вели немам да ти дадам. А луѓе верувајте, цела година зборев за таа Германија, за тоа колку пари ќе требаат, да се обезбедат на време. Ама не, знаев дека не можам да се потпрам на него. Сега и вели на мајка ми како знае и умее таа да се снајде. Господи, за 3 дена од каде да најде таа толку пари? А тој само се брани и бега од одговорноста на родител. Се испраќам со сите, ми викаат среќен пат, а јас уште не знам ни дали ќе одам. Битно картата ми е купена. Која глупост еј! По којзнае кој пат тој повторно ме зафркна во животот. И не да не го сакам, го мразам! И како после ова да сакам да го видам?
Оф леле Хепи,те читам и ми е жал,навистина жал Сигурна сум дека во него има љубов за вас,ама тоа е карактер и нема да се смени Јас те разбирам какви чувства имаш во тебе,и сигурно и јас така би се чувствувала да ми се случува тоа што тебе ти се случува. Се надевам ќе се снајдете за пари,иако денес тешко за позајмица,барем 200-300 евра нека извади мајка ти од сметка,сестра ми толку понесе кога беше Америка.Па ти кога ќе заработиш ќе и го вратиш. Кога гледаш дека на ништо не можеш да се потпреш на него,поубаво не пробувај да побараш нешто од него,потпри се само на мајка ти,зошто разочарувањето ќе биде поголемо. Се надевам дека ќе имаш убав помин ,опушти се и уживај максимално,заслужено ти е
Читам како раскажувате за проблемите и ве жалам. Познавам случаеви кај што таткото е ваков и многу ми паѓа жал. Тие луѓе се без осет, без самоконтрола и чувство за вина. Имам среќа татко ми да е тотална спротивност и не знам како е во ваша кожа, знам само да имав ваков татко ќе бев многу несреќна и ќе си го проколнував животов. Но, мора да научите дека животот продолжува понатаму и се да направите за да еден ден да бидете многу подобар родител од вашиот татко.
Татко ми.. Јас мислам до сега никој немал ваков татко. Не сум израснала со него, затоа пто моите се разделиле кога сум имала само 1 годинка. Пред мајка ми тој имал брак со друга жена и со неа има 2 деца, значи мои полубрат и полусестра. Алкохоличар е, стално ќе го најдеш во некоја кафана,после работа дома никако, туку во кафана со колеги. Сега живее со 4 по ред жена, нема деца,не се земени. А образован човек, со многу висока плата,сите го знаат го поштуваат,дај му да работи ќе работи,али за татко-не го бива! Не знае како да се снајде, не го ни интересира. Порано не ми го ни честитал родеденот, еден период му се обраќав со ВИЕ, кога и да ми дадеше пари, сум ги одбивала, а другите деца НИКАКО одма грабаат. Научив со него како треба да се комуницира, ако ти треба нешто од него треба најмалку една недела пред тоа да му вртиш цело време да му досаѓаш за да не заборави.. Не го сакам, воопшто не осеќам близина, се слушам со него само за празници (кога треба да се дадат пари) звучи сурово, али он си го одбрал овој пат, вака сите деца да го гледаат, како пара. Некогаш и пијан ќе ми се јави во 12саат навечер ќе почне да збори да вреѓа,али тоа од едно уво влегува во друго искача.Не знам како нема грижа на совест и може мирно да спие а да не се замара за никој..