навистина ми е жал за сите што имате лош татко. не дека се фалам ама мојот татко не би го менвала за ништо на светот. фала му на Господ имам премногу добри родители и сум горда со нив. имам 15 години и до сега ништо ми немаат згрешено. добро,ме имаат карано, но сепак тоа било за мое добро. се надевам дека сите вие ќе ги решите проблемите на најдобар и најлесен начин.
^ Нема лош татко. Туку има бесчуствителен татко. Мојот не е лош. Мојот е без чувства. И има некои работи за кои никогаш не се простува, решува што викаш ти, а најмалце заборава. Јас со ,,мојот'' престанав да зборувам. Помирна ми е душата, најискрено.
Хепи нема зошто да се нервираш и да се полниш со нервози и негативна енергија. Полека фати сопствен пат, тешко ке ти биде, ама тоа е. И јас цел живот сум немала никаква поткрепа од татко ми, ниту финансиска, ниту емотивна, се паѓаше на грбот на мајка ми, ми делеше по 60 посто од платата за да јас се школувам. И замисли после 10 гидини лежачење дома, татко ми најде работа! Не можам да кажам дека е џабе, сега и дава пари на састра ми, ама кога ми беше најпотребен нигде го немаше. Знам како е да ти седи татко ти дома по цело денови, пропадна троседот од него, само јадеше и се расправаше со сите по ред, колку пати и дошло до тепање. Тоа се лузни кои ништо не може да ги излечи. Ама затоа пак се се враќа во животот и се ќе си дојде на свое место. П.С.Ако не можеш да се снајдеш со пари и ако не е многу касно пробај да земеш студентски кредит или така нешто. Во денешно време ретко кој ке ти позајми 500 евра. Не за друго- се нема.
Читам, читам, па и јас се пронаоѓам тука.Воопшто не го сакам татко ми.Знам дека неговиот пра дедо ја има утепано својата жена, дека дедо ми беше многу лош човек, но и татко ми си наследил нешто од нив.Ќе бидам втора година, за еден месец правам 16 години и имам дечко. Кога првиот пат му кажав дека имам дечко, ми извади куфер и ми рече: Собери си ги алиштата и оди си кај него! Ако не раскинеш, секако. Од пусти страв, им кажав дека имам раскинато, но еве има веќе 6 месеци како тие знаат дека јас сум раскинала, а јас се уште одам. Настана хаос токму вчера. Дојде една блиска пријателка на мајка ми и и ја праша: Дали ќерка ти беше со другарки на одмор? Па нели таа беше со цел куп машки? Имаше слика на фб, јас видов, знаеш кое е детето? Мајка ми, не сакајќи повеќе да слуша го прекина муабетот, но кога татко ми дозна..... Ааааааах, е ова следеше: Застани пред мене! Е така. Имаш дечко? Немаш, а ако имаш знаеш дека тој тебе нема да те сака? Само ќе се фали и ќе вика е еве најдов јас една лесна, ја имам. И јас сум го поминал тоа. И ќе те фрли е после ќе те мажиме по селава, по можност некои албански, смрдени, никакви не средени, прости (се извинувам ако тука има некои од таа вера) оти никој наш нема да те сака. Ќе вика аааааааааааааааааааа онаааа, па таа јас ја поминав. И за почеток еве ти еден шамар гратис. Најважно беше што и ќотег пробав. На 16 години. Што да правам?
И мојот порано беше без чувства, ама сега полека полека се оправи. Свикна веќе на ситуацијата, сепак не сме мали. Многу е подобар отколку што беше порано, ама тоа јас го оправдувам поради причината што долго време беше без работа, како што кажа некоја феминка погоре, цело време дома и само караници и нервози. Туку зборот ми беше - имам една другарка, 22 години има. Ама што има еден татко луѓе не ја пушта никаде кога е дома тој, мора да лаже нешто за да излезе. До пред две години немаше мобилен, компјутер уште нема, а не се некои сиромашни луѓе, Работат и двајцата родители. Е за разлика од неа, на нејзиниот помал брат кој сега се запиша на факултет му е дозволено се, апсолутно се. Не ми е јасно како така може да си ги дели децата. Она оти е женско и ќе мора да трпи. Стварно ми паѓа жал за неа понекогаш. Не и дава да работи, а од друга страна и префрла зошто седи дома. Ама тоа е. Секакви има на светов.
Татко ми во Мај беше за Шведцка да поработи малце. Таму беше еден месец тоа за мене беше рај. Татко ми многу се смени и тоа наеднаш ама тоа траеше многу кратко. Почна многу да чита книги за исламот(решил да стане муслиман, валда ) Од кога почна да чита за исламот стана многу смирен. Си дојде од Шведцка и пак почна да се нервира. Секој ден го молам господ мајка ми и татко ми да се разведат(тоа ми е единствена желба). Со него не ни зборувам многу. А кога е расположен(ретко се дешава тоа) знае и шега и се да ти каже а ако е нерасположен да ти е страв да му одговориш. Си ги сакам родителите ама поубав би ми бил животот ако се разведени. Мајка ми и татко ми не се караат ама сепак сакам да си живеам само со мама, поубаво би ми било. Колку и да прави така сепак татко ми е неможам да го мразам. Го сакам многу ама боли кога прави така . п.с Се изнаплакав пишувајки го ова.
^ Прво не се пишува Швецка, туку Шведска. Не знам како сакаш така да се разведат мајка ти и татко ти. Знаеш ли колку многу ќе ти недостига ? Сите викаме една е мајката, а татко не треба ? Пробај смирено да разговараш со татко ти, да ја дознаеш причината зошто секој ден е нерасположен и не го имате тој татко-ќерка однос, зошто е постојано намуртен и не се смее, а ако се смее тоа е ретко, така? Само разговор е потребен. За роденден изненади го со некој убав подарок, напиши убав состав и прочитај го, така ќе се разнежни, ќе омекне како сапунче, сигурна сум. Гушни го, зборувајте, некогаш помогни му во некоја работа, а со разводот ништо нема да се реши, впрочем ќе стане уште полошо, а вака ќе го фатиш со убаво и сигурна сум по некое време ќе се смени и постојано ќе биде со насмевка и психички ќе се смири, нема да се нервира.
ах темава како за мене створена не дека не го сакам татко ми но понекогаш имам чуство како да сакам да го немам се започна кога почна полека да ми ги уништува сите соништа ај тоа што него сака дечко ми во ред ама лажно ветување дека ќе полагам за возачка , не ме пушти сама на одмор а последново сосема ме уништи од како се отвори приватниот вакултет за туризам и менаџмент бев решена да одам на тој и ај он ми вика оди за два дена се појавува не која госпоѓа од министерство за образование и му ја полни главата дека тој факултет пропаѓа итн после му викам ај во охрид на истиот ама државен и он сама 5 год во охрид нема шанси ќе идеш на тој во автокоманда за туризам и бизнис логистика кутрата јас а толку сонував да учам за маркетинг и манаџмент со човечки ресурси е токму поради вакви глупости за кој он одлучува место мене сакам да го нема
Девојче, ти свесна ли си за тоа што го зборуваш? Ги читаше ли предходните мислења, врати се назад и прочитај какви луѓе постојат и какви проблеми си имаат !!! Не ми се верува, сакаш да го нема татко ти, зошто не те пуштил да одиш на одмор, и зошто не си се запишала на тој факултет што го сакаш Алоооо бреее
Еден ден кога ќе бидеш родител ќе сфатиш некои работи.Дотогаш труј си ја душата со вакви глупости.А се што пружаш тоа и добиваш.ТОА Е ЗАКОНОТ НА ПРИРОДАТА.
ТЕМАВА КАКО ЗА МЕНЕ!! ГО МРАЗААААМ ОД ДНОТО НА ДУШАТА. ТОА ТОЈ ШО МИ ГО НАПРАВИЛ НИКОЈ НЕ МИ ГО НАПРАВИЛ. И ДА ТИ КАЖАМ НЕКОГАШ И РАЗВОДОТ НЕ Е ДОБАР КАКО ВО МОЈОТ СЛУ4АЈ НЕЌАМ ДА НАВЛЕГУВАМ СЕУШТЕ Е НОВАРАНАТА ИАКО ПОМИНАА 10 ГОДИНИ СИ ВЕЛАМ ПОАРНО ДА НЕ СЕ РОДЕВ НЕКОГАШ БАРЕМ НЕКОЈ ДРУГ БИ БИЛ ЖИВ СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ЌЕ ПРЕСТАНИ ДА ТЕ МАЛТРЕТИРА
Девојки навистина ми е жал што имаме вакви татковци и што мора да ги трпиме, кога ги читам коментарите на другите по малку се тешам дека не сум единствена што го преживува истото но истовремено и ми е уште по лошо што знам дека и некој друг живее како мене. Најголемата причина поради која што го мразам татко ми е тоа што е себичен алкохоличар.. Почнал да пие уште од мал но подоцна му прерасна во алкохолизам. Едино добрата работа е тоа што не крши и не прави проблеми дома, напротив многу е смирен ама кога прави муабет е многу досаден Како една во семејството јас би требало да му бидам зеницата во окото, но не.. тој никогаш не се грижел за мене, дали ми треба нешто.. дали имам пари, кога се зборува за пари одма го пецка... толку е скржав што а слушни дека парите од неговата плата се потрошени за нешто друго освен за дома за храна и сметки веднаш се лути, а за ракија мора да има пари макар и за леб да нема. Има период кога нема да пие со денови но некогаш цели месеци е пијан, понекогаш пие на работа а некогаш си купува и дома.. кај се видело човек да пие од сабајле до вечер без никаков повод порано кога имаше здравствени проблеми поради алкохолот мајка ми нон стоп му викаше да прекини исто и другите роднини но никако не прекина. Пред една година пак имаше сериозни проблеми и пак не му дојде умот.. понекогаш помислувам подобро ќе е да го нема, си викам дека така ке живееме спокојно јас и мајка ми за среќа таја е светска личност, секогаш е тука за мене за што и да ми треба.. но кога во мисли ке ми дојди сликата како тој е мртов се плашам и почнувам да плачам... не можам да се сносам со таквата помисла иако длабоко во себе чувствувам олеснување. Досега јас никогаш не сум зборувала за неговиот проблем ни со мајка ми ни со никој, се срамам .. се срамам да му речам и него. Никгоаш не сум викнала другарки кога е тој дома со цел да не го видат таков, се срамам и да му кажам да оди на школо на родителска и затоа секогаш ја пуштам мајка ми.. јас се плашам дека во иднина ке се влоши и како што старее ке почне да се однесува поинаку кога е пијан. Во семејството немаме пијаници освен татко ми така да не знам од каде наследил, за него никогаш нема доста.. пие колку што има па макар и патос да биде после тоа. Затоа и ретко одиме на гости а кога идат гости тој секогаш е пијан. За жал нема никаков лек кој ке го натера да прекини освен ако не се одлучи самиот. Го пишав ова само за да ми олесни пошто се чувствувам како да се распаѓам од внатре, понекогаш си викам дека родителите треба да се грижат за децата а не обратно но што да правам кога ми е татко.. се грижам. Тоа е. Се надевам дека во иднина ке има само убави денови а овие ке останат далеку во минатото.
Девојко, прочитав некаде дека се срамиш од него... Ако треба некој да се срами тоа сигурно не си ти. Тој е, и верувај дека ќе дојде тој ден кога од срам нема да може ни во очи да те погледне. Си го имам дома и можам да ти кажам дека среќа во цела несреќа кај вас дома, е што кога ќе се опие татко ти не прави проблеми и не ве малтретира. Се ужаснувам кога слушнам за такви луѓе кои не направиле само колку да се рече дека имаат деца, а понатаму со прст не мрдаат за нив, од причина што веднаш се поистоветувам со таквите судбини. И татко ми е пијаница. Иако дома фрижидерот е празен, битно за ракија има. Ајде до пред некоја година ќе го фатиш на трезно ќе даде некој денар, ама сега дојде такво време кога целата плата си ја троши за него, освен сметките што ги плаќа. И тоа е - нема што да се направи, а верувај такви хронични алкохоличари како нив, немаат ниту време ни простор да се променат, затоа нам ни останува само да се помириме со тоа, а ним да се пијанчат, се додека еден ден и самите не се испијат...
Татко ми.... Човекот кој кога е трезен е во состојба и душата да ја даде, но кога е пијан во состојба е истата да ти ја земе. Татко ми живее надвор од Македонија, долга приказна... се случувало со месеци ја не се јави, да праша како сме, ни треба ли нешто, или ако се јави, вика по телефон. Кога доаѓа во Мк на рво место се неговите пријатели, Ако пет дена е овде тој три е пијан, од кафана на кафана, ги части своите пријатели, скари, вина, пива.... додека ние дома сме јаделе паштета и леб. Никогаш како татко не седнал да разговара со нас, тој се решава со викање, порано ја малтертираше мајка ми, но сега веќе не, сега знае да малтертира психички. Многупати сум размислувала како DreamAngel Но набрзо сум се каела, затоа што каков таков тој ми е татко, Мајка ми често знае да рече: Ти го оправдуваш. Не јас не го оправдувам, јас сум свесна за се што тој прави, но немоќна сум да му го забранам тоа, пробав еднаш, и рече ако не сакаш да пијам напушти ја куќава Многу пати сум морала да седам до него цели ноќи за тој да ми зборува како не вредам, како сум себична, како немам храброст...
Завршив факултет и работев кај ќе стигнам. Сега работам во фирмата на татко ми. Помала фирма е, работи добро, чесно, добро соработува со клиентите, со вработените има убав однос, сите го сакаат. Но, со мене е друга приказна. Отсекогаш, од кога бев дете кон мене беше многу лош и имаше многу груб и вулгарен речник и однос. (И кон мене и кон сестра ми) Сега на работа, земам иста плата како другите (значи немам некои бенефиции дека сум му ќерка), ми забранува интернет, додека сите колеги седат на интернет, имам забрана да користам мобилен телефон, а сите други слободно си разговараат на мобилен, сите одат на пауза каде сакаат, само јас морам да ја користам паузата во фирмава, почесто останувам подолго од работното време, со мене е многу дрзок, безобразен, повеќепати ме навредува пред колегите. Не знам зошто со сите се однесува толку убаво, а само со мене која сум му ќерка се однесува како да сум најголемиот непријател? Додека сите татковци гледаат да имаат слога и љубов со децата, да им помогнат, мојот татко прави се за да ме изнервира, повреди и уништи. Им се жалам на домашните зад негов грб и тие цело време ми велат го знаеш каков е, нема да го смениш, молчи и работи зошто кај ќе бараш работа. Од дома го знаат каков е, и тие не можат да излезат на крај со него. Се имам обидено неколкупати со убаво да му укажам на односот, ама тогаш тој почнува уште со полошо да се однесува на работа и трпам уште повеќе, па сега молчам и ништо не му контрирам назад. И уште една случка има. Имав дечко подолго време и го донесов дома да се запознаат. Татко ми многу се зближи со него и на неколку пати му рекол дај да ти платам, ожени ја ќерка ми побрзо, да не ја гледам дома. Дечко ми се исплаши дека нешто не е во ред и на крај раскинавме само заради татко ми а од дома не можеа да ја прежалат ситуацијата, но и не можеа со ништо да делуваат на татко ми. А, имам 29 години., не сум мала. Со дечко ми многу се сакавме, го убедував дека татко ми е тежок човек, да не го гледа и слуша него, но ништо не помогна. Не можам така лесно да најдам нова работа, а и имам страв од татко ми да заминам од фирмава. Но, откако сум овде секој ден под стрес од него, јас скроз пропаднав психички. Не сум среќна, не сум насмеана, не гледам убава иднина.
Немам никакви чувства спрема него..Не постои во мојот живот... Никогаш во животот да не дознаете какво е чувството да бидете под страв,заклучени во иста соба со мајка ви и двајцата браќа во темница,бидејќи на некој му текнало да ви ја исклучи струјата. Никогаш во животот да не дознаете какво е чувството кога сте излезени со друагарки и мајка ви,ви се јавува и плаче по телефон бидејќи некој ја малтертира. Никогаш во животот да не бидете сведок кога мајка ви ја тепаат. Стресови,солзи,беспомошност..Во таква ситуација бев јас до пред неколку години. Плачев,стоев пред него кога сакаше да ја тепа мајка ми.Му ги држев рацете.Ме тргаше и мене и пак ја удараше.Полиција имавме на врата секој втор ден.Ама џабе,тоа никогаш не престана. Престана оној момент кога со брат ми седнавме да правиме муабет со неа.Да и кажеме дека знаеме дека го преживува тоа поради нас и да ја охрабриме.Да ги спакуваме куферите и да заминеме. Вечерта кога го чекавме утрото за да си заминеме ми беше нај пеколната вечер во животот.Мислев дека ќе се појави од некоја страна за да ја убие мајка ми.И знаев верувајте,ако и тој пат се обидеше да направи нешто ќе трчав во кујна по ножот.Но за цела среќа,таа вечер помина добро,штом се раздени си отидовме и никогаш не се вративме назад.Животот ни се пормени целосно но од тој ден па се до ден денес спиеме мирно. Многу ми беше тешко да се вратам назад во живот.Многу големи лузни ми остави целата ситуација.Се затворив во себе и пропаднав.Немав никакви чувства и после некој период започнав посети кај психолог.Фала му на господ што денес сето тоа е минато. Денес незнам каде е тој човек и што прави.Око не би ми трепнало ако слушнам дека починал.Верувајте,искрена сум.Од тој ден кога заминавме освен постапките за развод тој немаше никаква допирна точка со нас. Ниту еднаш не крена телефон за да ги побара сопствените деца.Што да пишувам повеќе? Искрено се надевам дека еден ден јас ќе имам нормално семејство.Се живее и во една соба ако се има мир и разбирање.Се оди и пеш до крајот на светот ако во семејството има хармонија.
го читам постот и неможам да поверувам,жал ми е но ништо нема да постигнеме со жалење.Ако таткоми на ваков начин ми го уништеше животот и ми го одзеmеше на некој начин саканиот јас немаше да му зборнам повеќе ни да му простам не пак да работам во неговата фирмаи да ме третира како куче таму плус,јас на твое место ќе си барам на др.место работа да се осамостојам имаш 29 години и тотално би го игнорирала иако ми е татко имаш завршено факултет имаш работно искуство зошто не пробаш на др.место да најдеш работа?знам дека не е лесно но на ваков начин ти не си свесна но уште зависиш од таткоти тој ти дава плата тој те има вработено кај него живееш те отргна од саканиот и уште го толерираш?NE не го оправдувам дома ти велат седи трпи ама дали може да се истрпи тоа не знаат тие лесно е само да се речи кога некој не е човек не е таткоти живее за народот да остави лице и впечаток а дома душата ви ја вади и си ги лечи комплексите на вас друго објаснување јас овде не гледам воздрсна жена си размисли јас мислам дека ако си најдеш др.работа и се отргнеш од него ќе си запознаше човек кој ќе те цени ќе бидеш во др.средина без негово присуство се разбира таму и животот ќе ти тргне на подобро и среќата ќе ти се смени без таа негова негативна енергија не го трпи повеќе ова превземи нешто не си тинејџер не му се плаши бе покажи гордост и дека можеш без него и без неговата работа да одиш напред во животот и да си создадеш семејство се разбира....
micoska жал ми е што ситуацијата е таква, ама ако татко ти не те сакал до сега а имал 29 години време за тоа, нема енос да се разбуди татковото во него. Како што ти кажа миме87, единствен излез од неговата тортура ти е да се осамостоиш. Тешко е, ама не е и невозможно. Барај работа меѓувремено, не се откажувај колку пати и да добиеш не. Имаш цел да го тоа сториш и прави се во твоја можност да си ја оствариш. Во исто време штеди си ја платата кај татко ти во фирмата и придонесувај дома со минималност што можеш. Ако ти бараат повеќе мисли изговори, за нови фармерки, кондуриве ми се распаднаа, за ова ми треба за она ми треба, никој не ти води сметка во плакар што имаш на пример, криј си ги парите, тргај настрана, стискај се и не троши. За и помалку платена работа ако треба да прифатиш да си имаш нешто настрана да те потпре, може ќе си ги искористиш за депозит и ќирија кога дојде време. За дечкото и не вреди да тагуваш, ако ради зборовите од татко ти сте се разделиле сега, што од вашата врска утре? Си го сакала и те боли, и татко ти не помогнал тука, ама ако и тој те сакаше така тебе, ем ќе му ги земеше парите на татко ти што ги нуди(да направи шега нели не дека пари ќе зема), ем ќе те оженеше ако ви се женеше на двајцата, или во најмала рака ќе го игнорираше него, а тебе ќе те слушаше. Ако можеме ние да те разбереме како он не можел? Претечено млеко. Ќе си запознаеш човек со време што ќе има очи и уши само за тебе, а моментално се сконцентрирај на тоа и само тоа, да излезеш од домот на татко ти.
Како што ти кажаа Миме и Имелда и јас би ти кажала ако е таква ситуацијата,а ти имаш 29 години време е да застанеш на свои нозе и да се осамостоиш.Ти продолжи да работиш кај татко ти,но во меѓувреме барај нова работа и стан каде шо би можела да живееш сама и да заработуваш без некој да те малтретира психички.Ако не си се обидела да зборуваш со него и да му кажеш како се чувствуваш направи го и тоа па ако не се смени ништо тогаш кога ќе те прашаат зошто си замина ќе имаш конкретен одговор.Не дозволувај никој да ти се меша во животот макар и сопствениот татко.Верувам дека ако се тргниш на страна од него ќе бидеш посреќна и задоволна од својот живот,па и ќе најдеш ново момче кое што се надевам ќе знае да те сака и почитува тебе и поради тебе ќе биде со тебе,а не да те остави поради татко ти.