Иста приказна и кај мене. Колку пати не сум сакала да доведам домадругарки од страв да не е пијан и да не се посрамотам. Колку пати кога бил пијан не сум излегла со другарки за да не излезе по емен и да те искубе на улица без прчини. Цел живот тргаме страмови заради него. Колку пати сум сакала попрво да е мртов бидејќи од него фајде нема. Тие трауми направија да се дистанцирам од многу луѓе, да имам високи критериуми за дечкобви. Штом ќе видам дека пие една, па си сипшува уште една чаша, го откачувам бидејќи не сакам живот како мајка ми. Се надевам дека еден ден ќе анјдам некој нормален, прибран, некој што е паметен , грижлив , само да не личи на татко ми. Во спротивно не би формираал семејство.
После скоро година дена, еве ме пак назад во темава... Таман помислив дека има надеж и за нас како семејство, дека полека работите се средуваат, бум! Повторно се се врати. Ги преживувам истите денови од ланската зима. Се е исто, пак мајка ми и татко ми се расправаат цело време, пак јас и брат ми се нервираме, пак снемува пари, пак татко ми нема работа.. и се така, се врти во круг. За периодов додека беше во Италија, можам да кажам дека беа најубавите 9 месеци во животите на мене, мајка ми и брат ми. Ама, ете го си дојде дома, демек за празниците. И пак не знае кога и дали воопшто ќе оди на работа, пак чека од мајка ми се на готово. Нема оправање за овој човек. Не знам дали е до годините што ги поминал настрана од нас, ама луѓе, толку многу отупавел да не ви се верува. Не знае еден нормален муабет да направи. Не можам да го трпам веќе. Не сакам повторно да минуваме низ оние пеколни месеци од лани! Едноставно не можам повеќе да поднесам, иако сум само 22 години. Ја жалам мајка ми, криво ми е што си го уништила животот со него. А таа цело време му вели да се разведат, да стават крај на ова мачење за сите, ама тој не сака! Не знам што да правам, сакам само да си заминам од тука, и очите да не му ги видам. Кога и да е дома, ствара нервоза, тензија, кавги. Уф... овој пат не барам совет, сакав само да се искажам некаде, барем на душата да ми е полесно.
Мене ми беше чудно зошто рече само 22 години Ти си доволно возрасна за да се спротиставиш. Зошто не се преселите некаде на друго место? И онака татко ти чека од мајка ти,значи тоа не е маж. Премногу мразам такви мажи и затоа сум среќна што моето семејство е повеќе од среќно. Но не можете вака да трпите до крајот на животот. Ти ќе се омажиш, брат ти ќе се ожени, ќе се одделат пошто жена му нема да може да го трпи татко ти и што? Цел терет пак доаѓа на мајка ти. Затоа подобро е да мислите порано. Јас сум таа што има само 18 години и сум далеку од темава но многу ми е криво кога гледам вакви случаи,па затоа решив да дадам мислење или совет иако не сакаше ти
се согласувам со ariela09 ..жалам што има вакви семејства... мајка ти ќе загази на крај освен ако не ја земе брат ти да ја чува... доколку не сака развод татко ти...се разбира откако ќе се ожените/омажите...
Пааа не го сакам, ама и не го мразам. Тотално сум индиферентна. Го почитувам заради трудот и силата кои ги има и поседува во моментот, го презирам заради некои глупави одлуки и потези што ги сторил во минатото. Бевме блиски, еднаш, на времето, а сега слабо муабет. Кога ми требал најмногу на цел свет за да ми даде совет да ме упати во животот, не бил до мене и имам направено мноооогу грешки, додека тој работел/шетал во стрнаство. И тогаш на времето сум се гордеела, демек еј татко ми е во странство видејте ме. А ја тинејџер со зелен ум недозреан, дечко ќе сум имала. Па и преку телефон да е, кажи НЕ, мала си. Тогаш се бидува строг, не сега. Толку многу сме дистанцирани што не можам да му кажам што сакам, што не сакам. А кога и да почнам да кажувам што мислам, тој црка јас плачам. И цело време така. Дома сме најдисфункционалното семејство во историјата дисфункционалните семејства, а пред народот, семејство за пример!
Ете не го сакам.. Едноставно неспособен е. Се чека на мајка ми. Незнае две реченици како што треба да сврзи. Искрено есента едвај чекав да си дојде, а потоа кога си дојде се надевав дека пак ќе оди во странство. Но не отиде. Овде остана. Не ни и го честита празникот на мајка ми, замислете.. .. И не го чувствувам како татко.. Премногуу е себичен, тоа чудо невидено . Незнае како да се однесува со мене, лелее.. Фала му на бога што не сум се метнала на него..
оф леле, засто господ ги остава на свет ваквите таковци да живеат, а ги зима оние татковци кој душа би дале за својте деца, го имав најдобриот татко на светот душата за него ке меболи додека јас сум жива, но за жал господ го зема прерано, но моето дете има татко каков што никој не би посакал, бидејки не се трпеше јас еве на 24 години сум разведена, а таа моја мала 6 годишна керкичка уште сега не го сака својот татко затоа што неколку пати физички ме повреди пред нејзе, жал ми е што на моето дете не му додов татко каков што заслужува моето дете. Извинете ако коментаров не ми беше за тука, но едноставно посакав да го кажам некаде ова.
Ни јас не сум задоволна.. ама ич Посебично створење нема... Ни совет,ни љубов,муабет ...ништо...само фигура Фигура не задоволна од себе ,животот и околината Трагедија... Само да се кенкало цел живот...дете да беше ќе пораснеше ќе се сменеше...налет!!!! Никогаш не бил присутно(ментално) кога ми требал..никогаш И секогаш кога имав маки,проблеми ,со ноќи не спиев,треба да се потпреш на некој..(.уф колку тешко ми било...)таман да почнеш да збориш ти поставува блокада и си го голташ...тоа е... Се трудиш работиш,ствараш-те гази ,тонеш Психопат кој се храни со туѓ неуспех,солзи,болка.. Среќа што моите деца го имаат најдобриот татко на светот-како што јас посакував да имам Само 1/4 од овој човек да беше ќе бев пресреќна Но како и да е...секој со својот живот,нека си живее како му одговара... Имало Бог да се омажам за мм ,го сакам бескрајно,секој ден се повеќе!!!
Со татко ми не разговарав до пред една година. Немав никаква комуникација. Направив се‘ за да се разведат со мајка ми, затоа што се разболе жената од него. Сега комуницираме, ама службено. Не заслужува ни да го погледнам, не па муабет да му правам, ама сфатив дека вака имам повеќе корист. Барем не се нервирам (инаку кога тој со некого не комуницира, прави страшен психички притисок и сака да те изманипулира). Затоа решив дека пред него ќе глумам, а сите околу му се смеат кога се фали дека ќерките биле со него. НИе сме двете мажени и со мајка ми сме преблиски. А тој помини-замини се е кај мене или кај сестра ми. Посебно откако ни се родија децата ( да напоменам дека син ми му е слабост, зошто човекот цел живот сакал син ). Јас кога ќе дојде со прст не мрдам, ако влезе во соба ќе го види син ми, ако не не го вадам. Колку навреди, бркања од дома, живеење во страв од него сме претрпеле трите. А тој живот си живееше. Кога треба да е сингл, ќе се искара со нас, кога треба да е фамилијарен, ќе се смири. До пред некое време лажеше дека не се развел од мајка ми ( тие до тогаш една година не живееја заедно ). Сирота, луѓево мислеа дека кампува на работа, ја изжалија Мој совет е да не се расправате со нив. Глумете им дека играте по нивно, а терајте си по свое. Ќе дојде ден кога ќе дојдат внуци, па ќе видите како ќе се сврти тркалото
Јас сум 15 годишно девојче кое секој ден му е пекол.Мајка ми е слепо лице, со оштетен вид 100%, татко ми е невидена мрза и лошотија.Мајка ми иако не гледе работи околу куќата а татко ми во ништо не и помага ниту нејзе ниту мене и брат ми.Постојано ме тера да работам се во куќата од А до Ш.Како да заборава дека сум дете и дека ме чекаат училишните обврски.Постојано не е задоволоен од тоа што го работам, и ми вели дека многу сум зборела ке ми ја скапал устата.А нема врска.Мајка ми кога и да му рече нешто веднаш и вели да не се меша.Сакам да го напуштам домот.Неможам јас тоа тормозење да го поднесам.Иако сум одлична ученичка во средно училиште не сум среќна.Сакам мир и слобода.Јасно ми е дека обвските си се обвски но јас да правам најчесто ручек дома тоаа навистина мислам е премногу.Па драги мои кажете ми ако знаете како да се спасам од таа грозна ситуација.21 век сме и мора да постои начин, а поради тоа и го замразив човекот.
И последната ронка надеж што тлееше во мене, за подобро утро, за подобар татко, за подобар човек да бидеш, ја уби. Ја уби без малку срам. Не можам да се начудам на твојата плиткост. Побогу, каков човек си ти? Бура од емоции има во мене. Се чувствувам ко вулкан, а ерупции очекувам во секој момент. Ме растажи знаеш. Ми ги насолзи очите. Ми ја украде насмевката. Ме разочара... Имав, проклето имав надеж за тебе, дека ќе бидеш татко во вистинска смисла на зборот. Дека ќе бидеш моја гордост, моја надеж, мој спас. Дека ќе бидеш тоа што никогаш не беше. А знаеш што? Никогаш нема да бидеш добар човек. Секогаш ќе бидеш таму долу, на дното, каде што заслужуваш!!!! Ти пружив уште една шанса. По секоја претходна, ти давав уште една. Ништо, ништо не знаеше да искористеш. Од твојата себичност, не забележуваше колку сме несреќни поради тебе. Од мене толку, од Бог повеќе. Биди жив, здрав и прав. Тоа е доволно да го знам. За друго, не ме тангира. Како што ТИ не постоиш за мене, така и јас веќе не постојам за тебе. Од овој момент, не сме ништо. Само странци.
И јас не го саκам татκо ми! Не заслужува да го саκам! Κога сите деца κажуваа тато јас само Мама, за мене постоеше само збоρот мама. Таа ја пρеземаше улгата и на татκо и на мајκа.
Со татко ми не зборувам веќе една година. Ни мајками не зборува со него. Ова повеќе не личи на семејство, смачено ми е од него. Се понаша како дивјак, со никој не комуницира, кога ќе дојдат другарки едвај здраво да направи и веднаш бега. Колку ми стана одвратен со други роднини зборува а со нас не. Па и кога зборуваше со нас не потценуваше како да не е тој ние ќе сме проселе на улица демек сме биле неспособни. А тој да беше способен па директор ќе беше сега ама очигледно не е способен за ништо, Ниту е добар татко ниту добар сопрук, а ни добар дечко не бил според зборувањето на мајка ми.
Јас би сакала да се ставам на ваше место, но кај мене е обратно. Јас спрема мајка ми не чувствувам ништо. А и таа ми дава причина за тоа. Јас неможам да се сетам кога таа последен пат ме гушнала или ми рекла добра ноќ, убаво да си поминам или сл. Татко ми цело време тоа ми го вика, тој е секогаш тука за мене. Со мајка ми нема ден, а да не се скараме, а со татко ми е друга прича.
За “татко ми“ незнам веќе 10 години, нит знам дали постои уопште, ни како е, ни каде е (ни па ме интересира), нит па он се заинтересирал за мене еј незнам кај ќе ти иде душата бе морону ниеден ! Проклет да бидеш кај и да си, за мене не постоиш, исто како да си починат ! НИКОГАШ НЕМА ДА ЗАБОРАВАМ ШТО НИ НАПРАВИ ГАДУ ЕДЕН ! ТЕ МРАЗАМ, МОИ ОЧИ НИКАД ДА НЕ ТЕ ВИДАТ !!!