Често ја гледам емисијата 'I didnt know i was pregnant' на Travel&Living И ме интересира дали и колку е можно тоа да се деси,и дали на некој му се има десено до сега..
I didnt know i was pregnant.. Може да се десе. Имав братучетка имаше цветна бременост.Дури кога влезе во шести месец и кажаа дека е бремена.Кога веќе почна бебето да мрда
I didnt know i was pregnant.. Мене искрено ме плашат овие работи. Не сум ја гледала емицијата ама сум слушала многу за неа. И мене не ми е јасно како може да не дознаат дека се бремени. Може да добиваат и кога се бремени нели, ама да немаат ниту еден симптом? И нели им се познава стомакот? Само едно ќе кажам-се има по светов. И после како да не се плашиме и да не креваме паника и тогаш кога потсвесно знаеме дека нема шанси за бременост...
I didnt know i was pregnant.. па затоа и најмногу ја отворив темава..Стварно не е логично ич..али па не би праеле ваљда емисија наводно со вистински случувања...
Ја имам гледано еднаш мислам и сите жени беа дебели, па веројатно и затоа не знаеја дека се бремени се до породувањето.
Па можно, е една моја комшивка и тоа со 2 дете не знаеше дека е бремена, незнам како што, ама кога отишла на доктор и кажале дека е бремена 5-6 месец а имала редовна менструација а незнам како не забележала 2 дете и беше и си го роди здраво, право. Ајде позз
Би споменала само еден случај. Ова го слушнав уште како помалечка. Жената била некаде 40-50 години и сите мислат дека влегува во климактериум. Навистина чувствува извесни симптоми ама лекарите и викаат дека се работи за сплет на цревата. Стомакот и расти (а женава не оди на гинеколог зашто не се сомева во тоа) ја убедуваат дека и е тоа од лекарствата и болеста. На крај излегува дека е бремена и тоа во 7 месец ( не ме држете за збор, не сум многу сигурна), ама знам дека во поодминати месеци. Карактеристично е тоа што жената е со поголема тежина (да не речам подебелка ) и затоа никој и не се сомнева во тоа. Исто важно е тоа што случајот се случува кај нас тука во Македонија и плус ја дадоа на телевизија. На крај се раѓа здраво и право бебче кое издржало се, и зрачења и лекарства .... Кратко кажано, вистински постојат вакви случаеви.
Тетка ми беше бремена и тоа го дозна дури во 4 месец од бременоста бидејќи немаше никакви симтоми на бременост ни повраќање,вртоглавици,имаше редовна менстуација дури кога дозна мислеше дека не е вистина бидејќи и тежината и остана иста, не се здебели. И сега има здраво, машко дете
Познавам и јас една на 4-5 месец ја открија. Таа и така слабичка беше па и слабокрвна отишла крв да и испитаат и на мокрачата се покажало. А девојката имала 3 менструации откако останала бремена и 4 и доцнела, ама оти често нередовна менструација има не се ни посомневала. Друга исто девојка две менструации и дошле на третата ја забележаа. Не знам дали во Прилепско беше или Велешко пред некоја година, една лекарите од тумор ја лечеле а таа бремена да биде и пред породување веќе.
Кога веќе почнавте, еве да си кажам и јас за еден случај од неодамна... Пријателка (или подобро речено познаничка) на мајка ми, откри дека е бремена во 4ти месец. Жената не е многу млада, има над 40 години. Имаше редовна менструација, сите четири месеци, како што и кажувала на мајка ми. Имала некои симптоми, како главоболки, вртоглавица, лошење ама не им обрнувала многу внимание. Случајно открила дека е бремена при рутински гинеколошки преглед. И мене не ми се веруваше, се додека мајка ми не ми кажа за ова. И после како да не се плашиме.
А може ли да ми кажете за каква менструација станува збор како крварење или баш нормална менструација со тие како парталчиња што ни паѓаат.оти мене последниве два месеци ми трае мн кратко менс.прекусила тридена а инаку по петшест.ама сеуште ми пагаат и тие шознам шосе од фоликулите ли што ни пукаат парталчиња си ги викам а баш сакам да сум.со мм долго се обидуваме.а инаку и јас имам разбрано за случај кога девојкава до пети ѓесец не знаела дека е пошто и идело ама јас се сомневав декае вистина.
Еј мене ова не ми се верува, мислам ајде 3 месеци да не приметиш, да добиваш редовно иако тоа е еден случај на 1000 според мене, ама дека цела бременост ќе останеш рамна, ако имаш нормална тежина, мало морген. Кај ќе расте бебето, у г*з? Глупости.
Има на кабелска еден серијал документарни филмови, се вика "I didn't know I was pregnant" и има едно чудо случаи раскажани од жени кои дознале дека се бремени кога почнале да се породуваат . Колку и да е чудно, очигледно е дека е можно. Моја другарка прво имаше „тумор“ (во наводници е затоа што лекарот прво на тоа се посомневал), а после неколку месеци се породи едит Сега го прочитав првиот пост, дека темава и тргнала од таа емисија
Секогаш за секоја ситуација постои исклучок. И за бременоста е исто. И јас не верував, се додека не ми кажа девојка на која и се случило тоа. Валда нема потреба да лаже за тоа. Јас верувам дека секогаш има она 1 на 1000 случаи, дека секогаш постои исклучок од она "нормалното". А денес се повеќе вакви абнормални бремености мислам дека се случуваат поради нашево стресно и никакво време или ќе речам невреме во кое живееме.
Имам слушнато за вакви ситуации т.е за цветна бременост ,не знам како е можно е да се случи , велат дека немале никакви симптоми на бременост дури и имале месечен циклус и баш поради тоа не се ни посомневале во тоа дека се бремени ,мене не ми е јасно како може да не го препознаат изгледот на своето стомаче како расте ? Минатото лето запознав едно девојче ми рече дека таа во 7 ми месец дознала дека е бремена ,нејзината свадба се направила за еден месец и кога гледав слики убаво се познаваше дека е бремена и да не речам на свадбата стомачето и изгледаше како тапанче ,не изгледаше дека нејзиното стомаче е од маснотиии и плус тоа веќе во петтиот или седми месец не знам кога точно мислам дека бебенцето се поместува со тоа што си наоќа своја положба што значи ќе почувствува како нешто живее во неа , зарем е можно да не знаат да разликуваат дебело стомаче од бремено стомаче