Eдно е цветна бременост а најчесто други се бременостите во оваа емисија или шоу како да го наречам. Цветната бременост е да добиваш менструација а да си бремена, ама тоа не е сите 9 месеци се дознава потоа ти расне мешето нормално нели. Најчесто е првите 3, но може и до 5-6 месец да имаш мензис. А овие американкиве добиваат болки ги пораѓаат во када, во тоалет, во спална, одвај ја носат во болница мисли дека ќе умре а она се пораѓа. И да најчесто се дебели. Имаше случај и кај нас го имаше во весник пред неколку години, дебела жена си отишла на прегледи мислела болна е и се дува стомакот, а таа се породила на крај без да знае. Имаше ситуации една девојка немала здравствено осигурување мислела имала рак и страв и било да оди на лекар и се породи во 8ми месец дома. Мислеше дека умира и не сакаше ни во болница да отиде. Друга што ја гледав 3то дете роди без да знае. Епа немала симптоми а дебела се дувала ама мислела од стрес и е и на крај на лекар оп се породи. А имам една пријателка дебелка, јас навистина не знаев дека е бремена, мислев дека се здебелила, беше 8ми месец така нешто, дури тогаш убав топчест стомак приметив Ама да не го приметиш организмот а посебно ќе потврдат мамичките, дека си бремена кога се ти се менува се дебелееш јадеш, клоца значи КЛОЦА бебето, киселини, ова она и така 9 месеци ... чудно. Штом има многу емисии со примери значи не е ова ретко Кај американциве све је могуче.
Јас сум мајка на едно и сега сум бремена со второ дете ,значи ова ми е втора бременост и од моево искуство јас неможам да верувам дека некоја девојка или жена може да не знае или да не примети дека е бремена.Со првата бременост не ,но со вторава добив циклус два пати ,но тоа добивање е далеку поразлично од она нормално добивање(јас знаев дека сум бремена кога добивав).Искрено за сите оние кои наводно не знаат дека се бремени мислам дека имаат некоја друга позадина од просто што не можам да верувам во тоа дека некоја девојка/жена па колку и да е дебела не забележува дека нешто и мрда во стомакот или дека не ја забележува разликата во тврдоста на стомакот (кога сте бремени после 5 месец не можете нормално да се свиткате за да земете нешто од земја,затоа што стомакот ви е камен тврд и ако се напрегате ќе ве боли). Друго нешто кое ми го мати паметот е тоа дека не можам да верувам некоја да не појде на гинеколог доколку не добива 4,5 месеци.Во нормална бременост во просек се зголемува килажата за 7-10 килограми што не е малку и мислам дека никоја девојка не би останала рамнодушна на оваа промена.Мислам дека барем сите овие кои ги има на емисијава си имаат проблем во врските па затоа вака ги изненадуваат партнерите или немаат здравствено кое покрива бременост или пак се крајно неодговорни кон самите себе.
Кај мене во комшии имаше таков случај, жената стварно беше во период на климакс, но се жалеше и од болки во стомакот, беше на лекар и и рекоа дека има преплет црева, кажуваа дека е тешко болна, значи мајка е на две деца и не беше свесна дека е бремена, тогаш ко дозна беше 5/6 месец..се породи и сега детето и има околу7/8 години , здраво право!!! Има мн такви случаеви, и докторите се повеќе криви отколку пациентите, затоа што ни една бременост неможат да утврдат како што треба и да си ќе ти речат дека не си, или обратно...
Да не ме разберете погрешно, но не би се согласила со тоа што некои викаат дека некои жени лажат дека незнаат дека се бремени, кога има толку многу симптоми кои се очигледни. Конкретно денес е голем бројот на жени (девојки) кои имаат полицистични јаници. Добиваат циклус на 2,3 месеци (па може и на 6 месеци), патат од некоја болест пример дијабет (што е карактеристично за полицистичните јајници и најважен проблем за добивање на пол. јајници), така им се зголемува телесната тежина, имаат пудуеност на стомакот, сушење на устата и голема жед, вртоглавици и гадење, болки во стомакот адекватни на движења (како движење на бебе) односно симптоми карактеристични и за болест и за бременост. И плус ако се работи за прва бременост, некоја вистински нема да почувствува. И не одам подалеку туку тргнувам од себеси. Ги имам потполно истите симптоми што ги наведов, плус зголемена тежина од 15 килограми и подуен стомак што сите околу мене мислат дека сум бремена и тоа во 3-4 месец. Значи може да дознаам дека сум бремена и пред породување, со оглед на фактот дека заборавам кога добивам, поточно добивав. Сега му благодарам на Бога сум подобра и добивам поредовно. Но, вистински постојат жени кои не посетуваат често гинеколог, а и ги имаат овие симптоми. Сепак се работи за случај кој се случува еден на илјади, милиони бремености.
мислев дека е многу глупаво да не знаеш дека си трудна не ми беше баш сватливо како може така да биде,ама ете според примерите можело..сестра и на една што ја знам беше 43г.и со години одеа со сопругот по сите болници за да добијат бебенце и неможеа.кренаа раце од се и демек така е судено без деца..по некое време се осетила како и мрдка нешто во мешето и отишла кај гинекологот а тој скоро ја избркал од ординација му се здосадила жената со нон стоп одење.и се развикал оди ослаби прво па дојди ке те видам...и таа секој ден на пешачење демек ке ослаби а тежината и се зголемувала...и женава несвесна дека е трудна си влегла 9 ти месец почнала да се порага.дома и бил деверот и ја однесол на болница..и си роди син.деверов од болница на работа кај брат му и му честита син и овај трас паднал во несвес....... сеа малку и докторот си допринесол за да не знае..значи се може да се деси.... забегано времето дојде а со него и лугето сега дали стварно не знаела незнам ама велела дека не знаела...
Во ова не може никој да ме убеди. И да имаш менстуација, да немаш никакви симптоми, лекарите да ти вадат памет со преплет црева и сл. а да не знаеш дека тој свршил внатре е тоа неможам да го разберам. Уште да е и второротка Да не се лажеме за тоа дека до 3-4 па и 5-ти месец не се поправила ниту кг, па каде е плодовата вода и тежината на фетусот - бебе. Прво и основно проработи интиуцијата а да не зборам за мајчински инстикт. Ја имам гледано таа емисија онака попат и ја сваќам како тоа дека веќе немаат што да измислат па мислат дека измислиле топла вода за зголемување на гледаност на ТВ
Знам неколку случаи каде што прво типкава у 3 месец бременост а незнаела дека е бремена ... И си пиела и си пушела во тој период и после случајно онака заминала на гинеколог за преглед и и кажале дека е бремена и сега кога се роди детето здраво и право ... Сличен случај на една моја роднина 3/4 месец беременост и тоа голема бременост а таа еда не ти била свесна , тек после 3/4 месеци осетила вртоглавица повраќање и слично ... А еден друг случај што не ми дава ни да спијам после односи е тоа што , една познаничка станала бремена случајно и тоа заштитен однос имале , значи нит тој ни таа нит виделе нит осетиле дека кондомот бил пукнат ко да немало ништо ...
Ах сите така викаат пазевме ова она ама останав трудна не верувај многу на тоа Иначе во врска со темава ниту мене не ми е за верување, како може една жена да не осети дека има нешто во неа, дека расне нешто во неа
и јас не го разбирам тоа, како не осекаат, јас требасе да добијам на 15 август, а осетв дека нема да добијам и пред 15 направив тест и оп позитивен
Ми се верува зошто да не? До трети месец или четврти многумина не качуваат повеќе од 2-3 кг. немаат гадење од некој вид на храна или повраќање, ниту пак бебето мрда внатре па да го осетиш, и на сето тоа ако немаш редовни менструации-можеш да утнеш...
Ја гледав редовно серијава и можам да кажам дека ме зачуди ептен. Ама после секој случај доктор кажува како е тоа можно. Па сега верувам зашто да не. Се има по луѓето.
Nena, здравје Боже кога ќе забремениш (и дај Боже што поскоро да се израдуваш) самата ќе сфатиш дека не е можно да не знае жената да не е бремена. Треба ептен да не водиш грижа за своето тело и за она што се случува со него. Навистина, можно да не се знае првите три месеци, посебно ако изостанат симптомите, ама после кога бебето ќе почне да мрда, не е можно да не се почувствува. Ептен треба да си некој изрод за да не осетиш дека нешто ти се случува во стомакот. А што се однесува до емисијата "I didn't know I was pregnant", само ќе речам дека во Америка се' е можно кога се сака да се постигне гледаност
Можно е и те како, јас никогаш нема редовна менструација, ми доаѓаше од 3-6 месеци, зошто имав проблеми. Мојата бременост до 3 месец беше не приметлива, ниту еден знак, плус не додадов кила туку слабеев. До 6 месец немав ни стомак на мене. Така да сево ова не ме чуди воопшто.
Мене ми е многу глупаво ова , да не знаеш дека си бремена Некако ми е невозможно ајде првите 2 месеца да не знаеш , ама потоа ке ти касни и мензис , или ке се јавуваат симптоми , па стомакот ке расте,бебето мрда. И како може ако си имала незаштитен однос да се чудиш зашто така оддеднаш расте стомакот? Зарем не се сомневаат во бременост. Безвеза.
од емисијава што горе ја споменувате-да ви расчистам некои недоумици. 100 % е вистинити,нити е монтирано,ниту пак се сите жени дебели.тоа е некоја си болест,при која што иако се бремени имаат редовна менструација и стомакот не им расте воопшто! многу од нив мислат дека се грчеви,болки,предменструални болки-но тоа е крајот на нивната им бременост и се случува пред моменталното породување. според мене(а и според секого-се разбира) ова е Премногу лошо,животот во 1 момент ти се менува,стануваш ненадејна мајка...и ниедна од тие девојки што тоа им се случило не може да претпостави,зашто мал процент од нив имаат гадења и повраќаат,па веднаш да одат на доктор за тоа да го открие.никој од чист разум без никакви сомневања ке стане сега и ке отиде на гинеколог за да провери дали е бремена. многу стресно за сите такви девојки,навистина жално
штознам,мене не м ни каснеше знаев дека сум трудна,а со второто забременување да не ни зборам,одма викам трудна сум,чуствуваш промена,а не па пети,шести месец.па и да имаат мензиз тоа бебе бре мрда внатре,осекаш клоца,или биле дебили или неписмени незнам што да кажам,бог да чува,,,,,,,,,,,,,,,,,
Е кај им расте бебево ако не им расте стомакот а во таа емисија рагаат деца со нормална тежина и големина имам нешто од емисијава гледано и баш за тоа се чудев немаа стомак не беа ни дебели а нормални деца рагаа
Во ова веруваат оние што не родиле. Сите што родиле барем едно дете, знаат дека не е можно да не осетиш или да не знаеш дека си бремена. Не може сите симптоми и знаци да изостанат, 9 месеци да носиш дете во утробата, и да не го почувствуваш дека мрда, стварно треба да си неосетлив (во буквална смисла).