една другарка незнаеше дека е бремена(а добиваше редовен циклус) отишла на гинеколог, и испадна дека е 2 месец од бременоста постојат навистина такви случаеви-1 во 1 милион, ама постојат
И јас ја гледав емисијата и навистина е да се наежиш. Верувам дека тие трудници имале многу нередовни менструации и затоа не се сомневале од аспект на менструациите. Немора да значи дека сите имаат болни и редовни менструации. Искрено јас имам многу нередовен циклус, ми се случило дури и неколку месеци да не добијам. Второ мислам односно колку што имам читано постојат бебиња кои што додека се во стомакот се многу, многу пасивни и најверојатно тоа е причината што мајката не осеќа бебе во мешето. Дури и некогаш ако помрдне ако таа воопшто не се сомнева сигурно ке помисли дека е некој грч во стомакот и слично. Е сеа до самото породување да немаш ни идеја дека си бремена и мене ми е малку лудо. Башка овие жени најповеќето се жени со некој сериозен гинеколошки проблем на кои им било кажано од стручно лице дека речиси нема шанси за бременост или пак некои кои зимале средства за контрацепција преку крв и такви ствари и не се сомневаат. Накачуваат некое кило но сепак немаат труднички стомак. Незнам јас искрено верувам дека постојат навистина такви случаеви иако многу ретко сепак. Инаку што се однесува до емисијата мн ми е интересна Ја гледам на ју тјуб има така некои епизодички. поздрав
Едно е да незнаеш во прв или втор месец, ама потоа е јадно да не знаеш дека си трудна. Детето оживува и мрда, понекогаш игра и фудбал во матката а тоа колку што знам јас цревата не го прават.
искрено јас не ја имам гледано емисијата, но имам еден случај од моја блиска роднина. значи таа и сопругот нејзин се обидуваа за бебе речиси 16 години, со се и сешто и на крај кренаа раце... имено таа си дебелка и плус има 37 години, незнам нешто болна, и на крај краева не помисли дека може да е бремена до 6-7 месец, кога отиде да си ја провери крната слика на контрола, и оп бебенце,а таа секогаш велеше абе нешто ми мрдат во стомакот, и дури се зафркаваше на своја сметка, и никогаш не помисли дека може да е бремена, ама ете имало бебенце
малку е чудно сето ова... можно е ваљда.. што знам јас ама ме замисливте и тоа какооооооо... ауууу што се не имало по светот. ц ц ц ц
За емисијата не сум слушнала. Но, познавам една која тврдеше дека до 7 месец врска немала дека е бремена. Редовна менструација да има и да не помисли океј, до 3-4 месец ајде добро...ама после 5 месец некој да ми тврди дека не чувствува никакви промени кои асоцираат на тоа не верувам. Бебе е во прашање...7 месец веќе оформено, тврдината на стомакот, клоцањето...колку и да не се промени телото и килажата...нема смисла. Не сум била бремена никогаш, ама едно знам сигурно, после 5 месец што сака нека се случува ќе си знаеш, не црева, не менструација, дебелина...ништо не можи да те наведи да не помислиш макар во еден момент да си речиш чекај можеби е бебе во прашање.
и јас никогаш не сум била бремена, и мозе не се разбирам многу во овој дел со бременост, но од зенска страна колку и да немаш симптоми, мислам дека ке осетис како несто расте во тебе. во целост се согласувам со тебе и навистина не ми е јасно како е можно да не осетат. е ако е екстремно многу дебела тогас можам да замижам и да речам сварно може не осетила. ама за другите.. хмммм
http://tocka.com.mk/1/67446/velesanka-s ... -e-bremena Еве се случило и кај нас велешанка родило здраво бебче дома без да знае дека е бремена. Не ми е јасно не ли го почуствувала мрдањето на бебчето, не и било прво бебе имала две и плус и внуче, како е можно да не се посомнева, па и никој друг да не ја примети.
Тетка ми се породи без да знае дека е бремена, буквално, отиде на лекар посто мислеше дека влегува у климакс и опа за три недели се породи, буквално на почеток на 9ти месец дозна. Е сега тетка ми беше поприлично дебела па не се познавало, затоа и не осетила, си имала изолација поприлично, не можела братучетка ми буквално да се мрдне сиротка. Инаку, најчесто кај овие бремености бебето расте во внатрешноста на матката, така се вика тој синдром на бременост или пак несто слично беше, не сум сигурна сега. Познавам и други девојки кои во 5-6 месец дознале, една братучетка ја каравме дека се поправила и она диета држеше па случјно отиде на гинеколог и откри....Колко људи толко чуди....
ова се случи на моја познаничка, цимерка на мојот најдобар другар во холандија..... девојката имала многу јаки болки во стомакот и ја однеле на лекар. таму и направиле испитувања некои и ја пратиле дома, како демек ништо не ти е,ќе ти помине. после некој саат и се јавил докторот и пак ја повикал да оди на уште некои тестирања. девојкава се вратила во болницата и после 4 саати се породила. прво било шок и за неа (21 година) и за таткото (19 години), особено зашто во текот на бременоста бебето не ја добивало потребната нега. сеа си живеат заедно и малото има две години девојкава добивала секој месец, и воопшто немаше стомак, се поправила некои 4 килограми. а дека немаше стомак, за тоа и јас сум сведок, зашто заедно вежбавме во теретана, една недела пред да се породи....типката си беше слаба и немаше шанса да приметиш дека е трудна..чудно ама ете и тоа се случува
Sigurno tuka ima mnogu iskusni zeni i devojki, pa zatoa sakam vaka konkretno da prasam kolkavi se sansite da ostanes trudna iako imas normalna tocna menstruacija mesecot posle odnosite ili istiot mesec? I nema li drug nacin da se doznae osven so testovi za bremenost? zatoa sto denes prv alarm za bremenost e da ti kasni.. Fala odnapred.
не можев да верувам кога прв пат ја гледав емисијата,ама после сфатив дека се е можно. Кај секоја жена, бременоста е различна.. На пр, некои имаат огромен стомак како да носат близнаци а на други бебето им легнува во различна положба како навнатре да е, па стомакот не расте. Искрено се надевам дека мене ваков шок нема да ми се случи
Она знаела дека е бремена ама не кажувала на никој бидејќи и била критична бременоста и доколку го загубела сакала да избегне прашања зошто како... ете тоа било фркава
Иако не ми изгледа можно ова, сепак има толку многу факти кои што ме тераат да размислам и сепак да поверувам дека е можно да си бремена а да не знаеш.Сеуште немам родено и не знам какво е чувството да расти нов живот во тебе и се надевам дека ќе го чувствувам тоа и дека нема да откријам дури во 7-миот месец или подоцна дека сум бремена. Имам читано и слушнато дека тоа се случува ретко, но сепак има такви случаи кога жената не знае дека е бремена односно има редовен циклус,не се здебелува и не и се оформува стомакот. Чудно,но вистинито.
Некако не ми е ни најмалку верно жена да не осети дека е бремена и да се породи. Да, можеби е возможно но во она племињата или пак во места каде свеста на луѓето е на сосема ниско ниво. Вака во урбанизирани , а посебно во развиени и напредни градови, држави некоја да не се осети дека е бремена Навистина, можеби и ќе бев на страната на оние кои не сетиле, дека ете можно е, но од кога останав јас бремена, мислам дека е научна фантастика работава. Дај луѓе не зезајте, вие не сте свесни(оние кои не биле бремени), какви промени се случуваат, како физички така и психички.
Можно е да се деси Мојата комшивка пред 2 години роди девојченце . После породувањето малку се здебели. Таа после 2-3 месеци останала повторно бремена, но не приметувала ништо. Се си било во најдобар ред . Еден ден така приметила како нешто да и мрда во стомакот и отишла на лекар .. и тој и кажал дека била бремена 6 месец. После 3 месеци роди уште едно здраво и право девојченце .. сега си ги чува и двете како близначиња да се .. бидејки се разлика само една година
Искрено и мене ме чуди тоа како жениве не се свесни до 5-ти, 6-ти или не знам кој месец дека се бремени. Јас уште од првиот ден знаев дека сум бремена, отидов на гинеколог само да ми ја потврди бременоста.. секако дека бременоста ми е планирана, но не знаев поради тоа (зашто претходно 8-9 месеци се обидував да забременам па дури сега успеа ) туку едноставно постои инстинкт, чувство кое кажува дека се случува нешто ново во организмот.. и има промени и тоа како физички така и психички, зголемен/намален апетит, посебно чувство кон одреден вид храна, поспаност, болки во стомак и ред други симптоми.. како и да е, мислам дека тоа секоја жена го чувствува кога е бремена..
Да си бремена, а да незнаеш! -_- Ме интересира дали сте слушнале за вакво нешто: ДА СИ ТРУДНА 7-МИ МЕСЕЦ А ДА НЕЗНАЕШ!!! Не,не,не,не,не не сум јас трудна, една моја комшика е трудна и НЕЗНАЕЛА! -_- Ја колку што знам за таков вид на бременост треба да си постара жена, да си имала некогаш абортус, или спонтан абортус, да имаш некои хормонални пореметувања... Ја мислам дека неможе да и се случи на некоја девојка што до сега имала односи САМО СО КОНДОМ,никогаш без и што нема никакви пореметувања или пак преживеано такво нешто. Е сега ова му го кажав на мојот "разбран и информиран" дечко и он падна у несвест! ( не во буквлна смисла). Ве замолувам сега ако имате нешто прочитано или пак сте лично информирани за такво нешто, слободно пишете ми што и да е! МИ ТРЕБААТ ДОКАЗИ, да му докажам на смотаниов дека е прост! Ви благодарам п.с нека биде што побрзо, исфрустрирана сум ќе го убијам, ме убедува у нешто што не го знае!