Aman be? Ima li nesto vo Makedonijava so se praj bez vrski!?? Ne mi kazvajte pokje. Ne znam so se zamesav vo temava
Де бе луѓе вие сакате преку леб погача, забен техничар без ден искуство колку да биде кај нас платен? 1000е? Тие работи со плата се разговараат на интервју, сосема е во ред 22 или 24.000 со можност за покачување, убава струка е, на негово место би се насочила по струка него ли келнер
Не те тепам, само кажувам. Јас сум лаборант по струка, ама никогаш не сум се заинтересирал тоа да го работам од истите причини. Нема многу место за напредување, освен ако не си пре пре амбициозен и си ја сакаш работата, па да вложиш ептен и за некои 20-30 години да направиш нешто на кариерно поле.
Брат ми е исто лаборант работеше една година и си избега у друга професија Сега си има плата 30+ што со лаборант тешко дека би било возможно. ...
Сериозно стоматолозите земаат по 25000? Јас па мислев имаат повисоки плати барем во Скопје, зашто и услугите им се поскапи за разлика од другите градови, а во Битола не можат да престигнат пак од пациенти од Грција и Австралија шо стрикно и овде доаѓаат да ги прават забите.
Исто му се фаќа и келнер и забен технучар. Мислам и дека келнерите земаат толку. Али според мене по струка е подобро.
Многу се потценети здравствените струки. Пример медицинските сестри треба да зимаат минимум 1000 евра плата. Без нив ништо.
Може и забен техничар да биде сам свој газда, само ако е почетник треба доста да трча за да најде клиентела, односно стоматолошки ординации за соработка, да се докажува. Иначе многу забни техничари работат во своја фирма. 25000 да земаме арно ќе е. Мојата основна плата е помала, а со бонусите некој месец можам да стигнам до кај 700 евра вкупно со се' платата. Ама тоа ретко е, не е секој месец ист профитот. Во Скопје иначе. Јас сериозно размислувам за преквалификација. Не сакам веќе да работам со луѓе, вечно неблагодарни суштества, чест на исклучоци.
Платите на стоматолозите се мали. Ќе се изненадите. Во помал град кога минималецот беше 12.000 денари, стоматолози работеа за 16.000 денари. Струката бара посета на семинари, учење на новитети( ова сам да си платиш), а не е платена. Е сега, за членот кој ја отворил темата, работи си по струка, а келнер секогаш можеш да бидеш. Минатиот пат баш зборувавме со лице кое работи во агенција за посредување при вработување, и тој смета дека е нездраво, несериозно, човек на возраст над 35 години уште да биде келнер и да не напредува или да смени професија. По тоа што го говореше очигледно смета дека човек треба да има професија, која подразбира знаење и вештини многу повеќе од носење на чаши и служење пијалоци.
Човекот така ми рече, не знам зошто. Дека по 35 години е несериозно да се оставиш да бидеш келнер. И за келнери има некои правила на бон тон, кои во маалски кафич на пример не ги ни знаат. Ти носи пијачка на маса, ни „повели“ не ти кажува.
Ако сакате добро да заработите, ќе ви кажам шо точно да работите. Треба само англиски да знаете. Пишете ми. Oh wait...
Не сакам ни јас веќе да работам со луѓе. Ама па со што би работеле? Сандачето ми е отворено за предлози Ова ли е тоа шо го викаат средовечна криза, или до времето во кое живееме е?
Јас би те советувала да си работиш по струка, не за џабе си потрошил години студирање. А ако работата не те исполнува, секогаш можеш да се запишеш на некаков курс/академија за промена на струката.