^ срамота било да излегуваш ? Што има срамота да излегуваш ако татко ти не е тука? Не мора да излегуваш до зори, ама не сфаќам што е проблемот ако излезеш до 12 или денски барем.
денски излегувам ама навечер не зошто татко ми го познаваат ситее буквално и ке речеле ете мачката не е тука глувците оро играат вака ке си почекам уште малку
Како може толку да се замарате со тоа што ќе кажат другите не ми е јасно.И тоа за најнормална работа, излегување, баш е глупаво некому да му смета тоа. Ако не затвори се дома и готово, комшиите нека ти влијаат на твоите одлуки.
во право си и ти но неможам тука ништо тоа е размислувањето на мајка ми и татко ми и замисли најтрагично е што тие се млади мајка ми е 35 а татко ми 39 и имаат такво размислување ама тоа е
Изгледа заборавиле кога биле на твои години или пак не! Ако макја ти има 35 значи те родила на твои години. Можеби се плаши и со тебе да не се случи истото. Ама за тоа не треба ноќ! Ако ти си решила да направиш нешто, нема да чекаш ноќе да се случи, така да тоа што не те пуштаат навечер од нивна страна ми е баш тапа.
И јас го имав тој проблем .. се до денот кога требаше да појдам средно .. И мене не ме пуштаа да излегувам..ретко дење , а не пак ноќе Ама откако имам дечко ..полека тоа кај мене се изгуби.. попуштија..
Е да ви кажам јас сум пуштена до колку јас сакам мислам родителите никогаш не ми го ограничувале тоа до волку, до толку, до онолку ама никогаш не сум го злоупотребила тоа. Додуша и ептен ретко излегувам лани на пастрамалијадата се случи да се вратиме со другарките во 01:35 и немаше проблем со тоа. Друг пат не се сеќавам кога сум се вратила доцна. Обично до 11 или пред 11 дома сум си, си седам на пц и потоа легнувам. Не ја гледам причината за да се мавам до 12/1/2 низ град за џабе. Да има некој повод ајде де ама за џабе стварно незнам. А и да, се треба да заслужите. И јас ако сакам да направам нешто поголемиот дел од денот сум сама дома, сигурно нема да чекам моите да дојдат дома за јас да излезам и да одам таму каде што сум наумила па макар и навечер да било.
Види сеа јас имам 13 години и до лани кога сите остануваа до полноќ мене ме прибираа во 10, и јас се бунтовав имам мислења и во други теми колку ми било тешко но ова лето што измина имав излез до полноќ, а бидејќи 2 месеци бев во друг град таму во 11:45 тргнував накај дома и во десет за дванаест бев прибрана.Никогаш не разговарав со моите на оваа тема зошто знам дека со тек на време попуштаат со тоа што повеќе го запознаваат моето друштво. Јас би те советувала да ги оставиш повеќе да ти го запознаат друштвото за да знаат дека си со нив и дека тие неможат ништо да ти направат. ТРПЕНИЕ СПАСЕНИЕ не е за џабе вака речено
И јас не сум за излегување до 1. Прво,мала си. Второ,и мене ми беше исто како тебе. Моментално сум четврта и сеуште сум до 1 саат пуштена. Џабе толку карања кога мораш да ги слушаш. Колку и да се жалиш,мислам дека има некои полоши ситуации од твојата.
да во право си за тоа дека се плаши да не ми се случи истото т.е да се омажам но тоа не е возможно и немам ништо направено со што би ја изгубила довербата кај неа
Леле, кога не ме пуштаа да излегувам, мислам дека тоа ми беше најголем проблем тој период, колку само размислував и се замарав како да ги убедам да ме пуштат, па се молев за 15 или 30 мин. подолго да останам излезена. Времиња...