1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не ме сака поради сиромаштијата

Дискусија во 'Канта' започната од herbst-girl, 13 декември 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. herbst-girl

    herbst-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    86
    Здраво девојки деновиве се наоѓам во ептен напната состојба, немам волја за живот ниту за било што, нема кај на друго место да го симнам теретот од гради и да се олеснам па затоа ршив овде, ме разбирате нели?, секој совет од ваша страна ми е добредојден, фала ви однапред.
    Да кажам збор-два за мене, имам 21 години, студент на фармација во скопје, веќе 3 година со прилично висок просек иако во средно бев првенец на генерација. Потекнувам од едно запуштено село во источна македонија населено со едвај 30 луѓе, чија возрасна граница варира од 45-70 години. Селото е одалечено 40 км од општината. Провинцијата прилично е сиромашна луѓето обично се занимаваат со земјоделство, полјоделство и сточарство. Отфрлени сме од цивилизацијата да кажам подетално, најтрагично е што нема дете на моја возраст со која би го минала слободното време, што нема каде вечер да излезам и со кого се подразбира, а уште полошо е што немам ниту братче ниту сестриче, зарем ситуацијата некогаш била поочајна? Уште полошо е што не сум позната по некоја убавина. Постојано слушав замерки од соучениците во средно па и сега од колегите во врска со мојот изглед, не знам што е со луѓево. Никогаш не сум се срамела од сиромаштијата како сега, до сега за мене важеше правилото не е порок сиромаштијата, порок е бедата, но повеќе не е така, за жал.
    Постојано на телефон ми звонат со непознат број, со зборови, грдотијо, ,,модна иконо,, грозна хххххх и што уште не. На мене гледаат како кој знае на што, тоа што немам пари да отидам да се напијам едно кафе во центарот на градот ме прави помалку почитувана од средината? До каде стасавме? Што сакаат од мене? Кому нешто му должам па зад грб слушам исмевање кога успеам да си најдам некое денарче за да си купам ново парче облека... па замислете што се случува, каде просеше, оваа облека е од црвен крст и така натака, која е причината за таквото нивно однесување? дали во овој случај е во мене проблемот. Се трудам колку што е можно да изгледам подобро, но убавината си е убавина, дар од бога нели, зошто да плукаме по она што бог го створил? Зошто??
    Заљубена сум во личност од градот каде што е сместена мојата провинција, богат, газда, на почетокот ми обраќаше внимание, се гледаше дека е заинтересиран, но набрзо , со тек на времето по само 2 недли воопшто не сум му важна и тоа без било каква причина, како да не постојам.
    Не оној истиот од порано, не ме поздраува, не ми зборува, значи како што напоменав ко да не постојам, ние не бевме кој знае колку блиски на самиот почеток, но не сме биле и толку далечни за набрзо да се однесуваме како странци.
    Причината за таквото однесување да е немаштијата не верувам, ја знаеше мојата финансиска состојба уште тогаш, но денес срцето ми распука на милион парчиња кога го видов во град и тоа замислете со која? Ни повеќе ни помалку туку прегрнати со најголема дролја што ја имам сретнато во живот, ми беше школска во средно и пооткачена особа од неа до денес немам запознаето. Беше ученичка со над 20 неоправдани изостаноци, со над 5 единици, со чести пијанства по градовите, со излегувања со женети и што уште не... Како го завела? со што успеала? Да е убава не е убава, со иста финансиска состојба како мојава е, но како успела,како???? :@
    Прашав една другарка која е поблиска со него да поразговара на таа тема, а тој рекол ја имав оваа на заебанција, не ја сакав ни малку, сиромаштија е оваа.и толку. Болно нели? Како би ја поднеле ситуацијата да сте на мое место?
    Ме боли душата, не можам повеќе, немам волја за живот и волја за ништо.. ;(
     
  2. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    НЕ МЕ САКА ПОРАДИ СИРОМАШТИЈАТА

    Немој толку да се оптеретуваш со тоа што си сиромашна,има многу луѓе што кога биле студенти како ти немале ни за парче леб,немале со што да си платат превоз до факултет,ама тркалото се врти и сега се ценети и угледни професори,или пак доктори.Ке си дојде твоето не бери гајле.А за тој господинот што го кажа дека бил со некоја најголема ку*ва,и ти самата знаеш зошто е со нејзе а не со тебе.Можеби пробал кај тебе нешто повеке, си го одбила видел дека не си лесна и се откажал.А таа сигурно и самата му се вовлекла во креветот без никакво мачење од негова страна.Ти гледај си го факултетот,учи си биди со висок просек,а тоа што е твое ке си дојде позз ;)
     
    На OdbojkarkaG и Orthophill им се допаѓа ова.
  3. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    НЕ МЕ САКА ПОРАДИ СИРОМАШТИЈАТА

    Сиромаштијата од матерјален аспект е менлива состојба, додека сиромашниот карактер останува засекогаш. Проблемот не е во тебе и не вреди да се оптеретуваш ниту пак да ти биде криво за некој што очигледно со парите може да си купи само евтина забава и парче женско тело.
    Вреднувај се повеќе и погледни што носиш во себе, а не на себе.
     
    На Anne.B и EMoonlight им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    НЕ МЕ САКА ПОРАДИ СИРОМАШТИЈАТА

    Девојче ова не треба да те ослабне треба да те зајакне. Можеш и ти подобро. Учиш факултет пак си на повисоко ниво од неа,таа никогаш нема да биде на твое ниво.Луѓето се љубоморни,дволични секој за себе си гледа и никој не те жали. Такво време дојде.

    Треба и ти да направиш така, гледај си за себе и не си го оптеретувај мозочето со вакви работи.
    А за момчето ќе дојде друго,тој кога ќе сфати колку вредиш ќе трча по тебе.

    И да ти кажам една вистина тие што се од провинција најмногу успеваат во животот.
     
  5. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.076
    Допаѓања:
    81.888
    Пол:
    Женски
    НЕ МЕ САКА ПОРАДИ СИРОМАШТИЈАТА

    Немој така да се разочаруваш со тоа дека не си убава не можеме сите да бидеме убави и не ти треба онаа физичка убавина најбитна е онаа убавина што доаѓа од внатре, а јас би ти рекла што е твое само ќе си дојди ќе си најдеш некој што ќе те сака и почитува таква каква што си ти и ти посакувам многу среќа на секое поле во животот и ќе видиш дека не е се така црно како што ти изгледа сега поздрав
     
  6. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    83.593
    Пол:
    Женски
    НЕ МЕ САКА ПОРАДИ СИРОМАШТИЈАТА

    Продолжи си со факултетот како што знаеш и умееш надградувај се колку што можеш повеќе и да станеш некоја која во иднина ќе чекори сигурно без да се плаши и без да биде навредувана од 3ти лица.Сиромаштијата е минлива работа верувај никој незнае утре што не чека.Не биди тажна за тоа што си го видела и не си ја мачи душичката за него.Верувај дека најубаво е да најдеш некој да те политува таква како што си а ти си сеуште млада а и убава како што велиш така да тоа не ти успорува ништо за во иднина :) Кога најмалку очекуваш ќе ти се отвори патот кон среќата верувај :)
    Ти посакувам многу успеси и наскоро да ја доживееш вистинската љубов со вистински човек :*
     
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    НЕ МЕ САКА ПОРАДИ СИРОМАШТИЈАТА

    Што да правиш?
    Женска глава горе, не вреди такви особи ни да ги спомнуваш а уште помалку цели теми да им посветуваш, не тука било каде.
    Ќе дојдат и твоите 5 минути, кога тогаш, не се секирај. Искористи ги паметно.
    На факултет си веројатно на почетокот, прва, втора година, ќе запознаеш некои вистински пријатели и дечко кој ќе те сака заради тебе, не заради тоа од каде потекнуваш, што носиш или каква ти е финансиската ситуација.
    Посвети се на факултетот, фармација е захтевен факултет кој бара учење, гледај да направиш човек од себе, а на таквите плитки личности да не обрнуваш внимание, зашто не го заслужуваат истото.
    Не е само тој во машко во целиот град, верувам има и други. Кога ќе видиш дека некој те прифаќа и те сака таква како што си тогаш ќе
    Знам дека сега ти е тешко, те разбирам, ќе помине, со време ќе сфатиш дека не ти треба таква личност покрај тебе, кога ќе се водиш со разумот а не со срцето.
    Не се потценувај себе во никоја смила, ни за убавина ни за ништо, вредиш онолку колку што самата се цениш повеќе и повеќе.
    Во однос на финансиите, ако можеш преку лето, работи некаде привремено, колку да можеш од време на време да имаш некој денар плус за да си ги преживеш убаво студентските денови, за кафе, за пијачка во градот од време на време, а за вакви мочковци немој да се преоптертуваш, ниту како го фатила ниту зошто-ништо. Не вреди толку енергија и размислување да се троши на небитни особи. Не вреди.
     
    На tessie, ilipili и EMoonlight им се допаѓа ова.
  8. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.948
    Допаѓања:
    20.770
    НЕ МЕ САКА ПОРАДИ СИРОМАШТИЈАТА

    Тој фраер од град знам дека воопшто не ти треба.За парите иако сега ти изгледа тешко и невозможно,ама никогаш не се знае во животов.На оние кои те омаловажуваат дали за изгледот или за парите,игнорирај ги,прави се како воопшто да не те засегаат нивните коментари.Прави се како ич риба да не ти чуе и на секој таков коментар само им се насмевни,таквите насмевката многу ги боли.Со тој просек ваљда зимаш стипендија,а ако не аплицирај си.Верувам дека тие пари убаво ке ти дојдат.Како што кажаа на лето почни нешто да работиш,доволно е да имаш памет со тоа ке стекнеш пари а се разбира со пари ке успееш и се друго.А таквите како тој фраер воопшто не треба да ги погледнуваш.Оние татини богати синови сакаат само да најдат нешто за забава и се разбира тоа нешто да има парички многу.Сигурно ке си најдеш некој пристоен дечко на факултет или кога ке почнеш да работиш
     
  9. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    НЕ МЕ САКА ПОРАДИ СИРОМАШТИЈАТА

    Не се замарај кој што збори за тебе. На факултет си студираш, надградувај се. Ич да не ти е гајле за други. Се се менува и сиромаштијата нее вечна, биди работлива и се што е твое ќе си дојде. Најважно е да не се откажуваш. Најди некоја работа преку лето работи нешто, или можеш и сега да најдеш нешто па и факс и работа... Не се занимавај со други, тие не ти се најважни во животот нели? А за тој дечко ич да не ти е гајле тој си избрал дроља а штом има таков вкус не е твое ниво за да се замараш со него. ;)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    НЕ МЕ САКА ПОРАДИ СИРОМАШТИЈАТА

    Не дозволувај да ја изгубиш самодовербата, си одбрала тежок и ценет факултет, треба да се гордееш со твојата професија, паметна си и имаш на што да се надеваш, нека ова ти биде на еден начин провокација за повеќе да се трудиш да успееш во животот. И никогаш не дозволувај да дојдеш до тој степен да се срамиш од своето потекло и место на живеење. Тоа си ти и кога најмалку очекуваш ќе се појави некое момче кое ќе знае да те цени, а оној батали го, се знае зошто е со таа и каква корист има, но кога и да е ќе ја отфрли.
     
  11. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    НЕ МЕ САКА ПОРАДИ СИРОМАШТИЈАТА

    Девојче..немој во никој случај да се разочаруваш поради пари,не поради пари.
    Искуството говори..и јас минував низ ова(само што имав вистински луѓе до мене,кои не ме потсетуваат дека немам пари),и те разбирам потполно..Се е сменето од тогаш,би било неблагодарно сега да кажам дека немам ;)
    Но сиромаштијата/богатството е релативна работа.Некогаш си горе,некогаш долу,го допреш дното.
    Најбитно е да не се откажеш.
    Знам дека ситуацијата ти е лоша,и дека се чувствуваш отфрлено,гордоста ти е погазена..
    Знаеш,имаш чувство под секое човечко достоинство.
    Ама студираш,жива здрав,права си..не е доволно тоа за почеток?
    А за дечкото..сеуште зарем постојат такви паразити?Се обложувам дека парите се на татко му :!:
    Зарем би сакала таков некој до тебе,безрбетник кој со прст не мрднува,и троше пари зарботени со потта на неговите?
    Уште од почеток се знаело шо сакал,верувај услуга ти направил шо те напуштил!
    А сега,малку направи анализа за тоа како себе си се гледаш во иднина,тоа нека биде амбициозен план!
    Прво максимално посветување на факултет,другото слободно време-работа само работа,барем по Ск може да се најде некоја раб. за дневница..а парите само ги вложувај со себе.
    Штеди,штеди не мора секој викенд да доаѓаш дома.Наместо за превоз,вложи ги во себе.
    Проработи на себе.Смени фризура,почни онака да се шминкаш,заштеди пари за барем едно парче добра облека..и излези во град,онака да те види дека си силна и потценета,но горда.
    А внимание никако веќе да му посветуваш,кога некому му се важни парите... :?:
    Околу факсо,одржувај просек,аплицирај за стипендија,истакакнувај се на предавања/вежби,сфаќаш биди им трн во око на колегите.Сите се сурови,наидат на некој кој молчи и трпи,и на глава му се качуваат :)
    И за крај,стави оклоп на главата-неутрализирај го мозокот.Не дозволувај ниеден коментар да допре до тебе.Секогаш мисли на тоа дека знаеш ти која си и низ што имаш поминато-тоа нека ти биде мотив да бидеш подобра и поуспешна!

    А не ми е јасен делот со скриен број..Зарем постојат уште такви..пропалитети(немам соодветен збор за такви луѓе.
    Немаш претстава кој би можел да биде?
     
    На ilipili и s.T.e.F.i им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.214
    НЕ МЕ САКА ПОРАДИ СИРОМАШТИЈАТА

    Ако те вознемируваат по телефон не се јавувај на скриен број. Како што ти пишаа погоре, смени фризура, ишишај се, почни да се шминкаш, да ставиш некое парче бижутерија на себе и ќе изгледаш поинаку. За дечкото после некое време ќе сфатиш дека бил пропалитет. Тие што трчаат по курви, ооо како би ги шутирала таквите. ко си заинтересирана за некаква хонорарна работа во СК, пиши ми во инбокс ќе ти пишам некои броеви и луѓе кои можат да те повикаат барем за дневница да поработиш.
     
  13. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337
    Ах бе сонце...
    Одговорот барај го во тоа што го напиша.. сама кажа која е таа и што е. Со неа е само за секс бидејќи е лесна. Нема врска дека си ти грда или дека немаш пари. Не е се во парите верувај ми од искуство ти кажувам и не е се во убавината. Се се врти во животот... ќе најдеш некој кој ќе те цени и сака поради тоа што го поседуваш и тоа што го имаш. Бог има план за сите нас. Не му се секирај... и не се замарај со него.. биди среќна што ти покажал самиот каков е.
    :*
     
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.284
    Допаѓања:
    101.268
    Пол:
    Женски
    Сите ти дадоа прекрасни совети. Тој гад бриши го од памет и не се замрај со толку ниско створење. Претпоставувам дека студираш во Скопје. Ако сакаш за изгледот да смениш нешто (за себе не за некој друг) имаш салони каде за 150 денари можеш да се истрижиш. Но пак ќе речам за себе не за некој друг. Во мојата околина имам една девојка која господ навистина не и дал некоја физичка убавина. НО, девојката има таква харизма, самодверба ли што ли не знам абе да ти е мерак да си во нејизна близина. Работи си на себе, изгради си се себе си како личност. Не го носи со себе секаде тој терет дека си од провинција, дека си сиромашна. Не си единствена. Главата горе. Тие што те вознемируваат на телефон , пријави ги во полиција за матретирање, тие што ти дофрлаат игнорирај ги, ако преминат граница повторно пријави ги. Млада си само 22 години, сега можеш да направиш нешто од себе.
     
    На tessie и rainlover им се допаѓа ова.
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Дете мое,ме разнежни...
    За почеток би ти кажала да го смениш телефонскиот број.И не го давај на секого.Со тоа ќе се спасиш од непотребните јавувања кои само те повредуваат.Второ гледај си го факултетот,посвети му се.Најди задоволство во секоја добра оцена.Селектирај ги луѓето со кои се дружиш.Отфрли ги зајадливите,злобните и други видови на пакосници зашто само те нервираат.А тој богатитот е една плитка личност,кој едноставно како таков не би требало да има место во твојот живот.Гледај на тоа како едно искуство кое ти го покажало него во вистинско светло.И подобро да е така.Замисли да сте заедно а позади грб ти се смее или што и да е.Научи се да се сакаш себе си,угодувај си на себе.Воздигни се културно,читај книги,посетувај претстави,барем тоа во Скопје го има во изобилство.Пробај да најдеш некоја работа за да можеш да си го дозволиш тоа.Одењето во твоето село не го сметај како напор,туку како задоволство.Уживај во природата.
    Ти посакувам да си го завршиш фалкултетот а се друго ќе си дојде на место.Верувај ниеден човек не останал сам зашто е сиромашен,грд или од провинција.Останува сам зашто не знае да сака и зашто е ограничен.
    Многу среќа ,мила!
     
  16. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Машки
    Смени си го телефонскиот број и воопшто да не се скираш.
    Материјалните работи се минливи и менливи. Не е важно колку имаш туку со кого го делиш. Бркај си го факултетот и ќе видиш дека се ќе биде во ред. Знам дека студирање фармација и работење во исто време е невозможно, но пробај преку лето да отидеш некаде да работиш преку work and travel.
    Што се однесува до убавината, таа доаѓа одвнатре. Нафрли ти насмевка на лицето и однесувај се како сонце да те грее и ќе видиш што ќе се случи ;)
     
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.223
    Допаѓања:
    124.264
    Сакам две работи да ти посочам.
    Прво, не се опседнувај со тоа дека си сиромашна, бидејќи ти само немаш пари, не си сиромашна во душата. Кога ке имаш пари, ке знаеш да ги цениш повеќе од оние што имаат цел живот. И јас сум „провинцијалка“ која живееше далеку од СК и ми требаа саати за да си отидам дома. Имав сиромашно семејство кое ми даваше пари само за стасав до студентскиот дом и за еден оброк дневно. Книги позајмував, се шверцав во автобус до дома, низ СК одев пешки по саат и пол до факс. Учев ко будала и земав стипенија, по 3000 месечно, за да имам за книги. Не излегував по журки, немав за таму, одев пешки околу домот за да ме фати воздух. Денеска земам плата со која можам да купам скоро се што сакам, не размислувам дали да купам или не. Штедам од платата. Затоа, кога ќе ти текне колку многу немаш сеа, нека ти текне на мене. Бев како тебе, по 5 години, се се смени. А оние фуфиците, што секогаш имаа пари од татичко и мамичка, имаат и денес, ама не ги ценат. Не се задоволни со малку, мислат дека платата им е мизерна оти не можат да одат на скијање во странство, па морале на Маврово. Паѓаат у депресии за тоа. Морале од СОлун на шопинг, оти тука немало од таа марка. Се потресуваа оти не донеле некоја марка у Сити мол, па тоа со солзи беше кажувано. А јас сум задоволна со тоа што го имам, не одам на слијање, оти никогаш не сум била, ама па затоа како може да ме израдуваат нови ракавици, или хулахопки, чудо. И среќна сум за тоа. Они не. Нека ти текне кога ти е тешко, дека Господ гледа одозгора и дека знае кај треба да награди. Имам тетки, три сестри кои исто така одвај преживеале во СК поради сиромаштијата како студентки, сите родени една по друга. Денеска се ужасно богати госпоѓи од кои две се во Белград(за таму богати, не за тука) а третата живее тука, во пензија, и е бивша директорка. Помисли и на нив кога ти е тешко.
    А за дечкото...не очекувај ништо посебно :) АКо не било тоа, ке била друга причината. Само сакал да плесне некоја. Не се потресувај ич. И машките не гледаат у дневник за да размислат за дали да си фатат девојка. тука си грешка многу :) АКо имала кецови, може е добра на други места. Оцените се за во дневник, а за дечко треба нешто друго. Првенствено, да бидеш фина и позитивна и насмеана. Пари за дечко не требаат.
    Не си ја мачи главата со глупости, ти пишале и другите. Еден ден луѓето ке почнат да мерат богатство според душата, не според парите, а тогаш ке бидеш богата и по нивните стандарди.
     
    На glosipgirl, LaraSolare, ilipili и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Душо, ти од него посиромашна ниту си, ниту ќе бидиш, а и од сите тие останати што те малтретираат по телефон со скриен број. Застани цврсто, на следниот повик од скриен број, кажи им некои работи што заслужуваат да ги слушнат, нека знаат дека не те допира, дека не се вредни! И не треба да бидат...Потруди се да не им обрнуваш внимание. Ти на сцена ќе бидиш по некоја година кога ќе го завршиш факултетот и кога ќе се вработиш и тоа со твој труд, а не со врските на мама и тато, во меѓувреме дај се од себе. :*
     
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.486
    Допаѓања:
    8.280
    Пол:
    Женски
    Hасловот не си требала да го пишеш така,оти таков гад -маж не би можел да сака искрено никоја,не грижи се не е заради сиромаштија,ќе научиш многу карактери,многу луѓе ќе среќаваш допрва,ќе се најде и вистинското момче наскоро :) .Tи имаш богатство во душата,а тоа е она коешто го немаат оние кои те исмеваат и кои те ословуваат со погрдни зборови.A сиромаштијата не е довека,денес си богат а утре на дното и обратно ;) .Tи убаво фокусирај се на младоста,на твојот живот комплетно оти си на вистински пат да створиш убава кариера,а да не спомнувам што си веќе изградена комплетно во прекрасна личност,девојка со морални вредности,девојка која вредно и успешно чекори кон успехот.A за самотијата те сваќам но сите сме имале тешки периоди ,без разлика дали сме од село или град,сите еднакво сме вредни и еднакво животот ни поднесува шанси.Hе дозволувај никој да ти ја вреѓа интелигенцијата,оти тие со тоа што те потсмеваат си ги лечат комплексите што не се како тебе-најверојатно ти завидуваат за успехот на факултет ,а можеби и општо бидејќи си постигнала повеќе од нив.A физичката убавина е важна да,но не и пресудна.Cекако дека сите ние обичните девојки не може да изгледаме како убавици од насловна-доволно е да си го негуваме изгледот,да одржуваме редовно хигиена,и најважно од се да бидеме позитивни,насмеани и ведри.Jас лично ти се восхитувам ,оти не си некое мамино и татино галениче кое не знае два збора да гукне или да чека од мама и тато на тацна.Oтворено и искрено ние феминките даваме совети,сега ти биди горда на себеси ,и биди среќна оти тоа го заслужуваш :hug:
     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    herbst-girl, според напишаново јас тука воопшто не гледам грда личност, туку личност која се гледа во скршено огледало.

    Таков човек како тој дечкото ти е репер за вистинските вредности? Луѓе на кои паметот им останал левел high-school bully, замараат и измачуваат други луѓе со скриен број наместо да си ја гледаат нивната работа и напредок ти се репер за тоа каква личност си ти?

    Не размислувај за твојата сиромаштија, туку величи ги твоите родители, кои на таква состојба успеале да одвојат од нивната уста за да ти пружат прилика за подобар живот. На правиот пат си, верувај. А за бројот, смени го и не го давај никому освен на твоите блиски (родители, роднини...) такви личности не заслужуваат да те имаат во нивниот именик. А не заслужуваат ни да ги погледнеш на улица. Со твоето внимание кон нив им придаваш на важност затоа си дозволуваат такви излети. Едноставно крени глава и гледај си го патот пред себе.
     
    На glosipgirl, ilipili, imelda и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.