1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не ме сака поради сиромаштијата

Дискусија во 'Канта' започната од herbst-girl, 13 декември 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    148
    Добро уште ли ги има овие ваквите машки? Или јас не сум во тек? :^)
    Прво мое мислење за таа дрољата е дека ќе ја откачи откако ќе ја изе*е убаво и откако ќе разбере каква е, дури сигурна сум дека знае па ја има затоа што е лесна 1000% сум сигурна штом и самиот ти објаснил дека сака богати ете ти ја одма логиката. После тоа најубаво ти е да си го смениш бројот и да видиш кој ти се во именик, или пријателки затоа што може да се и тие, полн е светот со љубоморни и искомплексирани. Незнам од кој град си но знам дека никоја од нас не е чиста скопјанка, и јас сум по потекло од Кавадарци но од други причини моите дошле во Скопје, и не ми е глупаво да кажам дека сум од таму, дури сега нареднава недела пред нова година си идеме на неколку дена и едвај чекам да дојде недела за да одиме затоа што знам дека пола ден ќе ми помине во кафиња, ќе се видам со многу луѓе и ќе ми биде убаво како во Скопјето. :inlove: А инаку да има многу од другиве градови што целта им е да се омажат за некој богат и наместо да учат они излагаат се упикуваат и после дома чуваат деца и готват затоа што не се способни за работа и сакајќи пари преку ноќ остануваат затуцани и простички но тоа немора да значи дека го прават само тие. Лично јас имав пример од бивши хмм...ајде ќе ги наречам роднини, типките беа три сестри од Скопје од строго елитна населба со ден непоминато во работа или осет за немање пари.Секогаш јаделе надвор се тоа со кафани со одмори усвет..И што се случи? Си ја надминаа 30ката затоа што времето го користеа да бараат дечко што ќе биде богат 10пати повеќе од нив, што ќе биде убав, ваков таков..И едната заврши со дечко што ја користеше за пари и потоа си најде убаво и паметно девоче и ја откачи оваа, другиве 2 не видоа никој, останаа сами сите три дури и родендени престанаа да прават кога почнаа сите другарки да им доаѓаат со стомачиња, дечковци и мали дечиња. :doh: И така завршија. Затоа сакав да ти посочам дека не е се во парите и градот од каде што живееме затоа што среќата неможе никој да ти ја земе. Колку пати и јас сум си викала дали ќе најдам некој дали сум убава дали сум нешто посебно и си го најдов човекот кој што ми даде одговор на прашањата и што знам дека нема да ме пушти. А за такви сеЉаци (Љ-то е дека не е селанец, туку дека е биинг а сеЉак) не ни сакам да имам! :puke:
    Сега чекај да се свести и да те моли додека ти уживаш со карактерното момче што ќе се појави кога нема да очекуваш. И учи продолжи, аплицирај за стипендии, пробај да најдеш работа, или да правиш нешто да ти помине време, читај по темите на Фемина, научи нешто ново, понекогаш и филм или книга убаво може да дојдат. Уживај во животот и јас многу луѓе изгубив т.е они ме изгубија бидејќи не ми требаат лажни пријатели, си имам дома еден што вреди за 835781375891758135 и повеќе ;)
    Се ќе се среди, ти посакувам да најдеш некој што ќе те сака и ќе го сакаш, што ти само ќе му бидеш важна а не парите и изгледот. И претпоставувам дека не си грда 1000% сум сигурна. Уживај ќе видиш дека се ќе си дојде на своето место :*
     
  2. sungod

    sungod Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    40
    Им се восхитувам на личности како тебе, личности кои докажуваат дека со упорност, труд, истрајност и дисциплина можеш да ја плукнеш "судбината" во лице, и да речеш - не, нема да биде како што ти сакаш, туку како што јас ќе кажам! За девојчето што ја имаше започнато последнава дискусија - еве ти го решението и утехата :) . Учете од оваа личност, големо браво!
     
  3. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Окото избрало, се заљубила момичката и ја боли што дечково не ја ферма така од ништо. Барем да и каже како човек зошто, но не, и метлее партал пред очи да види сама дека не му е галје за неа. Вол!

    Мила, со време ќе ти помине таа болка по него што ја осеќаш сега. Знам звучи клише ама времето стварно лечи се. Верувам дека ради неговото однесување према тебе ти се преиспитуваш и преанализираш самата себе и од таму ти се сите рачки кои си ги наоѓаш. Се знае каква е финансиската состојба кај повеќето. Ретки се тие што можат да се пофалат. А од тие што можат да се пофалат колку се од криминал па друг муабет. Сите села се празнат. Мојата мајка вика, вие деца не знаете какво е пусто и глуво откако сите си идете после летото. Нашето село е пола иселено претежно во Италија, средношколците во најблискиот град, студентите накај Скопје и така е со повеќето села. Толку е богата цела источна Македонија. Не си сама. И твојата иднина нема да е во тоа село од каде си. И твоите родители не го сакале тоа инаку не би те пратиле на факултет туку на нива.

    Во ред е што те боли срцето сега, нормално е, и тоа што се самокритикуваш. Знај само дека ќе помине, а тука искажи се кога ти е тешко, некогаш помага некогаш не, ама зијан нема. За тоа кој ќе биде човекот во твојот живот, ќе те чува како капка вода на дланка, оти таков ќе си го избереш, ако нешто животот не учи кога не мава од земја е да направиме подобар избор нареден пат.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lady2013

    lady2013 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    21
    Навистина убави совети ти дадоа феминките,така што да не се повторувам само би ти рекла да ги послушаш нивните совети.Инаку многу добар пример ти даде Cka,секоја чест :bow: Како и да е, сепак мислам дека односот пари - врска е тема којашто секогаш ќе биде актуелна и интересна. Во денешно време многу луѓе обрнуваат внимание на тоа дали и што работи потенцијалниот партнер, колку заработува и ова важи како за машките,така и за женските.На се се гледа од материјален аспект, се изгубија вистинските вредности, за жал.И не знам кој е крив,дали такво дојде времето или ние луѓето се променивме на полошо.Но,како по некое непишано правило тие што имаат пари, немаат некои други работи и обратно, оние посиромашните пак знаат да ги ценат малите работи и вистинските вредности, има многу такви примери.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.955
    Пол:
    Женски
    Паричките се променлива категорија. Денеска ги имаме , утре не. Резултатот е нашето гледиште кога го мериме она што го имаме. Точка, со големо Т.

    Од такви ситни души - Бегај колку можеш, бегај!

    Кога најмалку очекуваш ке се појави некој што ке ги цени твоите вистински вредности и види всушност колку си богата.

    Те разбирам, јас не сум од село, живеам во центарот на градот, но.. Ете, дојдовме до ситуација да немаат моите пари ни за основните потреби за живот а камоли да испагам по журки навечер. Искрено, многу искрена, не се чуствувам помалку важна од истите кои имале. Сум копала и јас по нивје, земјоделство, знаеме во која ситуација се сите земјоделци кај нас!!!
    По многу години јас се вработив, една работа, друга работа стигнав до добра работа. Сега баш пред неполн месец променив работа, се вработив, добра плата, можности за унапредување. Можно е да одам и во странство на усоврѓување.. Поголема, подобра плата, со тоа и поголеми удобности и луксузи во животот.

    Но.. со тоа не сум Богата во случај да не се радував на малите нешта.
    Имав и јас богат дечко, финансиски но сиромав во душа. Го откачив, и колку во тој момент ми изгледаше дека нема да го преболам сега се смеам. Да, навистина. Ужувам со сегашниот дечко што неможе сепак, да ми купува скапи телефони, накит, облека и слично.
    Но е голем во душата, прави вредности кој ги ценам премногуууу.

    да си кажам пример. кога ми беше роденден, многумина блиски роднини , пријатели ми купиле поскапи парфеми и слични. а тој: ФИЛЃАН ЗА ЧАЈ , да, добро прочитавте, филѓан за чај. на него е испишано моето и неговото име и `зека , среќа е да се има девојка како тебе .... ` од другата страна насликани јас и тој. Поубав поклон не сум добила во животот. :!:
    Иако не може да си приушти луксузи а во поглед на финансии , ги има правите вредности и знае истите да ги цени.
     
  6. Oleeenka

    Oleeenka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    523
    Девојче, патиш за внимание?! :o
    Пред саат време од тебе ми стигна порака дека си полагала матура и проблеми околу тоа, а тука читам дека си студент на Фармација.
    Не, мислам стварно. Што се постигнува со тоа што ќе привлечиш внимание?! :o
     
  7. herbst-girl

    herbst-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    86
    Не ова е проблем на една моја другарка, од комшии студент на фармација, профилот го користеше таа, но не се замара со фемина, а јас немам емајл па ме мрзи да правам нов профил па со нејзино одобрение и знаење слободно си го користам профилчето :) Се надевам никому не му смета
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.