Дали сте го гледале ова шоу кое се емитува во секоја недела на провладината телевизија Сител? Колку што јас можев да сфатам концептот на шоуто е Весна да ја исмева опозицијата и останатите критички медиуми. И тоа поминува и е ок, ако Петрушевска во своето шоу покажеше барем трошка духовитост и со тоа барем малку да ја прикрие пропагандата која ја прави. Па што мислите за ова шоу?
Тргнувајќи од личноста што го води за која веќе се имам изјаснето дека (пази коинциденција) не ми е јасно кој ја бутка низ медиумиве кога нема ништо саглам да понуди. Па така јас неа би ја прашала во нејзината емисија следново "Не ми е јасно кој ли тебе те бутка " Кога би имало јавување во живо, ќе и се јавам и топло ќе и препорачам да тргне од себеси, па да коментира за другите. Секиролика!
Не знам за какво шоу се работи, ама ова со СЕКИРОЛИКА ме изнасмеа....Го памтам филмот и мислам дека споредбата е ОДЛИЧНА....
Не ми е јасна Весна Бејби Петрушевска. Го фатив еднаш ова шоу. Без разлика на тоа кого исмева - воопшто не гледам политички, не ми е смешна. Целта е ова да е смешно? Мене не ми е. Ич.
ах пак и тој Јофе како ми иде на живци уфффф, али бејби си е бејби-она си мисли дека е кој знае колку интересно, па не сфаќа женичето дека некому му досаѓа и му помага при празнење на стомакот...
1. Не ми е јасно зошто уметниците се мешаат во политика? 2. Не ми е јасно зошто Весна упорно прави такви невкусни шеги? 3. Не ми е јасно зошто МОРА на таа Латасовска телевизија веќе секое шоу да биде во знакот на ВМРО? 4. Не ми е јасно зошто не се обидат бар маааалку да прикријат дека апсолутно се насочени само кон ругање на опозиција и ништо друго? 5. Не ми е јасно зошто Весна не си истетовира на чело ВМРО - Ај лав ју форевр!!! Не ми е јасно
Никогаш ја немам гледано емисијава, сега прв пат слушам дека постои ваква емисија Не ни сакам да ја гледам, со оглед на тоа која е водителката
Не ја јас не можам да ја гледам, не јас не можам да ја слушам, стомакот од неа ми скока до гуша Ја имам гледано два-три пати и ептен ми е одвратна. Добро, одамна знаев дека е за ВМРО ама против сум за толку јавно покажување. Патем луѓе бе нели за глумци бараат привлечни луѓе, барем со некоја харизма, што има оваа? Ах, може само јас не го забележувам тоа.
Некој линк нешто да видиме како изгледа тоа...како се вика емисијата да најдеме на јутуб можеби. Не дека многу сакам да ја видам, ама ајде, ме интересира
Антипатично створење. Јас би ја прашала не ми е јасно зашто она се наоѓа во жирито на М2 кога не е компетентна да дава такви критика!
Eмисијава нема концепт прво без врска кој стаса кај нас е политичар, експерт и слично Весна и онака не ми била меѓу омилените, ама сега ми е меѓу омразените, баш поради глупоста која ја тресе во последно време. А бе ооооди глуми си тамууууууууу
Ептен глупо шоу. Не ми е јасно кој и даде на Весна да го води. Ај што го копира оној Јофе, ама и ептен се познава дека шоуто е направено само да ја напаѓа опозицијата. Ме нервираат такви суштества како Весна кои не знаат каде им е местото.
Според мене ова е најглупавата и најмизерната емисија на сите времиња,а за водителката па немам зборови нема појма од водење емисија.Срамота е такво нешто за се прикажува на ТВ.
Мене не ми е јасно што се случува со телевизииве, се партиски определени на сител кога ќе пуштам од Латас, па онаа со бумбарите, а сега и Весна па и од авион се приметува дека се вмровци, ми се лоши кога ќе ги видам
Пред шоуво, ако може да се нарече шоу, а не политичка пропаганда и реклама, ќе кажам дека имав изградено некое, па баш солидно и добро мислење за Бејби. Случајно ми падна во очи нејзиното шоу Не ми е јасно и морам да кажам дека ми се згади Како 1. беше со толку глуп концепт (владин) 2. дали таа е свесна и се слуша што збори (ако сака да го стигне игор или тони се заебала) 3. изгледа како стара баба без вкус за се што прави Добро ќе се освестат ли некои личности на естрадава дека претерале и дека не се интересни во она што го прават........... И нешто да сакаш да кажеш или да навредиш некој треба да го знаеш начинот на кој тоа да го направиш, а не само отвори уста и кажи си што те мачи