Ако не разбира со убаво, фокусирај се на тоа да се отселиш од таму. Подобро да живееш скромно отколку некој вака да те контролира.
Пак јас повторно почнаа да ме испрашуваат. Јас откако не им одговоив се почнаа да ми викаат. Мајка ми ме истепа. Сега не ни разговараат со мене ми рекоа сигурно кријаш затоа си таква каква што си.
Види, не си тинејџер. Реално можеш што сакаш да правиш. Ако немаш финансии да се отселиш, биди построга. Пријави ја мајка ти за насилство ако ништо друго. Може е малку too much пријавувањето, ама па не е решение ни да трпиш глупости, веќе си возрасен човек
И тие на 29 годишна жена и' командаат и и' забрануваат да прави што сака? Зар не работиш, немаш средства да се иселиш? Поарно под кирија отколку тоа што го живееш со нив. Не ми е верно некако ова дека навистина се случува, подобро да е тролање. Ај на 19 годишна девојка, ќе сфатам, ама на 29...
Не е трол. Ми рекоа чим не ни кажуваш се сигурно нешто криеш. Пробав да се иселам ама без успешно. Им се развикав им реков вака ако ме контролирате ќе ме полудите некој ден. Тие ми рекоа дека сум била нервозна затоа што нешто сум криела.
Како без успешно? Јас заради домашни кавги се иселив од дома на 24 години со 10 илјади денари плата. Ако стварно ти е толку лошо, пакувај се и искачај од таму. Не си дете, до сега си можела и три деца да имаш родено, нема смисла на речиси 30 години родителите да ти водат ред. Битно е да имаш работа, било каква, да можеш сама да се издржуваш. Ако немаш доволно за сама, ќе си најдеш цимерка.
@Tea95 срамно е вака да бараш совет, доволно возрасна за да презедеш одговорност. Место да кукаш тука, ако вистина ти гори под нозе ќе работиш било што и ќе стиснеш заби.
Не знам зошто би ставиле вина на некој кој уствари е жртва на насилство и не секогаш можи да избега. На крај на ден скоро 30 години е со тие родители под ист кров. Мислам секој ден читаме за различни семејни насилства. Неважно, до членката, дали работиш? Ако не ти нека ти е прв чекор. И втор чекор иселување. Некој горе рече дека пријавување во полиција е предалеку. Не сфаќам зошто. Само зошто родител е тој кој удира? Иако не би пријавила ако немаш кај да одиш претходно зошто можи пак да те удрат. Така да приоритет нека ти е преселба. @Tea95
Има многу фактори зашто некој не може да се тргне не е само еден. Жал ми е @Теа95 но очигледно твоите родители се нарцисоидни ѓубриња и нема со нив разбирање колку и да се трудиш. Пробај чекор по чекор да правиш планови како да се тргнеш од нив.
@Tea95 зошто не си заминеш, ако не работиш најди работа и тргни се од таа средина, не е во ред вака да живееш, сепак си доволно возрасна за да си носиш одлуки во животот. Доколку те малтретираат пријави ги, без разлика што ти се родители. За твое добро направи чекор напред
Трол е. Полот се менува низ постари пораки. Не е само оваа.. Или сепак има проблеми, а лаже за полот.