Дали некој поминува или поминал низ нешто слично? Барав по интернет и најдов неколку слични случаеви. Порано мојата гардероба беше 80-90 посто фустани и суќњи, најлесни ми беа за облекување, инстантно се чуствував женствено и дотерано и едноставно ми беа практични, особено за лето, па и за есен и пролет. Не можев да поднесам фармерки или панталони, мразев нешо да ме стега околу нозете, стомакот, прилепено да ми стои итн итн. Сега не можам да се поднесам во фустан или суќња. После 10 години активно носење фустани, суќни сега не можам да се замислам во нив. Дали е нешто психолошко? Сега сум во фармерки (лабави и удобни) панталони цело време. Не ми е баш најлесно да се средам во нив, како што можев во фустан и не делувам најелегантно ама еве се трудам периодов да постигнам некое ниво на исполиран изглед. Каде е проблемот? Сега ни за свечености не сакам да носам фустан, едноставно ми смета, добивам прекраани подароци, преубави здолништа и ми дремат во плакарот. Подарив мнг старти фустани и здолништа а тие што ми се особено драги си ги задржав ама дремат..... Се облекувам во нив после минута се соблекувам...Дури минатата година купив едно преубаво здолниште го носев еднаш...и сега дреме...не дека не ми се допаѓаат фустани, суќни...ама не можам да ги носам Зошто се чуствувам толку ранливо и не практично во фустан/суќња, кога порано воопшто немав никаков проблем
Ова е 'нон проблем - проблем".. Или " if it 'aint broken , don't fix it".. Jас обожавам фустани,ама носам и пантолони. Ако не ти се носат повеќе, едноставно ти се здосадила таа слика " ти во фустан" , не знам зошто сакаш пак да се вратиш на тоа. Едноставно ко модата, веројатно ќе има период кога пак ќе ги сакаш, можеби в година, можеби по 5 или 10 години. Зашто би се облекувала на сила онака како што не се осеќаш? Кој што сака нека мисли. А дека можеш да носиш фустан, можеш и сега. Едноставно јас би купила најубав, најскап и ќе се натерам 1 ден да го облечам. Као "exposure therapy" и ќе видиш дека ништо страшно нема да се деси, нема да добиеш алергија, никој нема да се онесвести, светот и понатаму ќе си биде со истите проблеми и радости. Ако ти се допадне, терај чекор 2. Ако не,врати се на панталоните и keep smilin', секако си убава...
Има некоја причина? На пример, јас како дете, нормално, носев фустанчиња, сукњички ама имав многу непријатен спомен кој ми се врежал, па после како тинејџерка, па и подоцна, не можев да ги носам. Имав лошо искуство, некои од момчињата од клас постојано ми ги креваа фустанчињата (не се сеќавам дали и на другите девојчиња го правеа тоа). Во панталони се чувствував посигурно. Ако облечев фустан, имав чувство дека ми е кренат, некаде закачен и дека ми се гледа нешто што не треба да се гледа. Ми стана траума. Денес, за среќа, го немам тој проблем. Сукњи не носам оти не ми се допаѓаат, фустани да. Кај мене беше психолошки, кај тебе, ако нема посебна причина зошто не носиш, тогаш е период кога нешто ти се допаѓа а нешто друго не.
И јас како тинејџерка носев фустанчиња (и тоа многу)...После 24год. се фатив за физичкиот изглед, слаби нозе, ниска, стомаче итн... Тесни, не сум толку згодна, широки, ме прават постара. Почнав да носам само долги широки од струк па надолу (по малкуте свадби што ѓи имам). И последно што носев е до плажа. Ама еве работам на изглед, за да имам повеќе избор
Види дали имаш некоја психолошка причина скриена во позадина. Спојлер: Пример Пример јас не носам бидејќи имам многу големи листови на носете а сум слаба до нозе на билдер. И не сакам да ми ги гледаат нозете и затоа немам здолништа, фустани.Од друга страна многу ми се допаѓа како изгледаат пантолони и дури за најсвечено тоа носам Можеби да си преминала во фаза во која ти се менува стилот. Ако едноставно не ти се допаѓа некој начин на облекување без да е поврзано со изглед, социјални норми... - Нормално е, сите поминале низ фаза "како можев да го носам ова"
Викаш ранливо се чувствуваш. Зошто ранливо? Значи сепак постои некоја психолошка позадина зад тоа. Мене ми личи дека нешто не си задоволна од моменталниот изглед па оттаму и ти се изгубила желбата да ги носиш, си створила една негативна слика за тебе кога се гледаш во огледало и изгледот не ти ги задоволува критериумите за естетика па затоа и ти се намалила самодовербата. Да ти е само период кога сакаш да го промениш стилот нема вака чудно да се осеќаш напротив, ќе кренеш глава и гордо ќе си се носиш во новата поинаква облека, нема да се прашуваш зошто ова го праам, туку едноставно ќе си уживаш. Размисли зошто ти е вака, поради што и сама ќе си го дадеш одговорот. А инаку, нема никаков проблем доколку девојка не носи сукњи и фустани, ако и си има свој стил во кој нема место за нив или поради друга причина не сака да ги носи, апсолутно си има право да не ги поседува и ништо не чудно ниту за паѓање у несвест. Дали помалку женствено и елегантно ќе изгледа без нив? Не. И во панталони или комбинезон можеш сто пати поелегантно да изгледаш. И никој ама никој нема право и не смее да се меша кога се работи за личен избор и вкус.
Бидејќи толку долго време си носела фустани, како што напомена скоро 10 години, мислам дека некако ти поминал меракот за нив, си се презаситила од фустаните и здолништата.
Да, откако размислив поубаво психолошка работа е. Последната година кога носев фустани ми се случија претерано страшни работи, здраствени и психолошки и очигледно си оставиле последици. Можеби е добра работа што не можам пак да ги носам тие работи, а и сум се презаситила можда
Мене како дете ме облекуваа во алишта што може и машко да ги носи (сигурно удел во тоа имаше што многу време во раното детство поминував со татко ми) и така сега до ден денес претпочитам да не носам фустани/здолништа. Не дека не носам ич, ама покомотно и повеќе своја се осеќам во пантолони. Не се навикнав од мала.
Мислам дека за сè се менува вкусот како што поминуваат годините. А и траума може да влијае врз промената.
Вкусот за модата периодично се менува. Не гледам тука проблем. Сега си во фаза кога повеќе си се допаѓаш себеси во панталони. Некои панталони се многу удобни. Многу убаво и женствено стојат оние целосните со горен дел. Фустаните и сукните од друга страна знаат да бидат и незгодни. Треба да бидеш внимателна да не ти се крене некаде, да не ти ја дувне ветер и секако нозете мора да ти се идеално средени.
Лично желбата за алишта и "стилот" толку често ми се менва шо не видов проблем во пишаното се до последното параграфче. Јас би видела зошто се осеќам ранливо во фустан/суќна. Ама не би форсирала по секоја цена да носам оти како се во животот едно иди, друго поминва. Не мора да носиш нешто ако во моментот не ти е пријатно. Промената е дел од растот и животот.
И мене ми е исто. Немам во фустан влезено од кога ми се смени телото, не дека можам да носам сега ама сепак знам кај се блокирам. Сигурно знајш и ти
Се сеќавам еднаш кога ми беше непријатно да носам едни необични очила. Ама многу ми се допаѓаа, ги ставив и излегов со нив. Првите неколку пати ми беше многу непријатно ама постепено почнав да се навикнувам на нив. Сега ги носам без проблем. Истото од време на време ќе ми се случи и со фустан, ама затоа си носам нешто како кратки панталони или хеланки под фустанот и така веќе не ми е неудобно. Обиди се и ти вака. Ако веќе не успееш да се навикнеш, тоа е тоа, можеби си во фаза на панталони како што порано си била во фаза на фустани
@KittyAgnes можеш и место сукња, skort да носиш. Ем личат на сукњи ем поприбрано и поудобно се осеќаш, како во шорцеви.