Не можам да поднесам згодни девојки

Discussion in 'Тело' started by one_girl, May 17, 2015.

  1. Rosonerka

    Rosonerka Популарен член

    Joined:
    Aug 18, 2012
    Messages:
    253
    Likes Received:
    5,141
    Јас па баш кога ќе видам некоја стегната знам да речаам иии јака и се десило и со дечко ми да прокоментираме.
    Пробај да си ја зголемиш самодовербата и не се замарај (fingers)
     
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Joined:
    Dec 29, 2013
    Messages:
    9,703
    Likes Received:
    134,981
    Лесно е да видиш некоја згодна и убава на помин со дечкото, да прокоментираш и да си заминеш. А да му е пријателка со која редовно се гледа, колешка? :D Ќе се најде некоја која барем малку ќе разгори љубомора во тебе, дали заради убавина, тело, шармантност, памет, или скраја да е се ова заедно :(:D Штом љубомориш значи дека сакаш да бидеш во нешто како неа, признала или не, па нека послужи како инспирација, омраза е страшен збор. На млади години несигурноста и комплексите се чести, ама да си во години и скоро секоја втора да ја гледаш како закана е малку ко за третман.
     
    ku4ence, Jenniffer, Marossa and 4 others like this.
  3. priceless

    priceless Истакнат член

    Joined:
    May 5, 2012
    Messages:
    74
    Likes Received:
    379
    Gender:
    Female
    Секоја девојка ако се труди околу своето тело може да биде згодна.. само се работи за луѓе кои што се трудат околу себе и оние кои што едноставно си се помириле со тоа како изгледаат и на некои згодни девојки малку им завидуваат.. Јас искрено кога видам згодна девојка, знам да речам „еј ама е згодна“ па дури и пред дечко ми, бидејки дечко ми пак си сака побуцкасти девојки, тој па, јас повеќе се вртам отколку он.. хахаха а можеби и он си подгледнува кога не е со мене, ама вака кога сме заедно очи само за мене има.. Туку мене што ме нервира да ви кажам.. :) Вчера идам на тренинг, и една цура значи девојката беше стварно јака, ама стои пред огледало и едни двајца “ другари “ околу неа ја облеваат со комплименти незнам тука јаки стомачни и викаат нешто бла бла и типкава демек да ги “покаже“ стомачните зимање си ги спушти хеланките до п****.. значи алооооооооо!!! И најмногу што ме нервира кога ќе видам девојки во теретана, кои ете можеби се свесни дека се згодни, ама не сфаќам зошто ми доаѓаат на “вежбање“ кога не вежба.. си се шета цурата онака од огледало на огледало и се трти буквално.. а ова машкиве па глупави видоа женска и ј****** им отекоа ццц... Ако вежбам идам да вежбам и не ми е гајле дали ќе се запотам, тоа е поентата на вежбањето :)
     
  4. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Joined:
    Feb 14, 2013
    Messages:
    2,226
    Likes Received:
    5,278
    Ги читав одговориве и се чудам како сите се толку самоуверени...зошто во реалност (од блиски и далечни другарки) сите си патат од ниска самодоверба.

    Јас кога се дотерам ептен, или нешто ми стои преубаво, женските ме зјапаат накриво (одвај од 1-2 другарки да добијам комплимент), а машките знаат позитивно да ме искоментираат.
    Имам приметено и на улица, на кафе, ако помине некоја згодна, никоја жена не ја гледа рамнодушно.
    За мене тоа е нормално (не во вид на љубомора), туку жени како жени, никоја не сака покрај себе да има некоја поубава, а посебно ако осеќа дека територијата и е загрозена (како на мачка), па за ова има и цела психологија напишано, како природен феномен.

    Друга работа е што порано, кога растев јас, одевме многу скромно облечени, се радувавме на едни фармерки ако ги имавме и едни патики, а и облеката беше примерна, немаше изразен сексапил.
    Сегашната облека вришти од секс, панталоните се се потесни, пикнати в газ, градите на мегдан, штикли на бел ден...и секоја девојка со малку труд може да се направи секси женска (ама затоа на плажа не можат да си ги досокријат маните).
    Порано кога шетавме сите беа пообични, а сега веќе каде да се свртиш се сексуална гардероба.

    Потоа, се нема пари, а сите сакаат да се дотерани, па и тука се јавува проблем.
    Со малку пари можеш да се средиш, но да сме реални, за да си секогаш топ средена, со убави сакоа, штикли, ташни, кои изгледаат луксузно и модерно, треба пари.
    Мене лично и хеланки од 200ден. ми стојат убаво, но кога облечам нешто поквалитетно и убаво, одма привлекува внимание. И ташна од 200ден. и 2000ден не изгледа исто.

    ~~

    Девојчето си е искрено, не знам што го нападнавте толку. Јас девојче потполно те разбирам. Имам другарки кои имаат факултет, високи плати, убав живот, но кога видат по пат некоја многу згодна, не им е сеедно. Но, треба да се трудиш на нив да гледаш како на мотивација. А, на крај краева не ни мораш да бидеш како сите останати. Биди си ти-ти.

    Руво краси-руво гнаси. Не се рекло за џабе вака.

    И многу навидум згодни девојки, на плажа се цели со целулити и сала, без шминка се катастрофа, па не вреди за една маскирана девојка да се нервираш.
     
  5. Едно Чупе

    Едно Чупе Истакнат член

    Joined:
    Apr 7, 2015
    Messages:
    453
    Likes Received:
    1,068
    Gender:
    Female
    Пред некое време шетавме со мм и заприметив една таква и му викам прати го мачето :rofl: и тој се пресмеа и вика аман од вас жените не можиме на ред да стигниме ние мажите. А инаку не ми пречат воопшто стално живеам со мотото дека од секој човек постои и погрд и поубав човек па дури и од мене
     
    veren likes this.
  6. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Joined:
    Feb 14, 2013
    Messages:
    2,226
    Likes Received:
    5,278
    Еве, ми текна да постирам две слики за навидум убави комбинации, на кои `секој би се завртел` да претпоставиме.

    На првава - јас имам кафеаво крзнено елече (некогаш ќе вложиш во нешто повеќе), ваква маица иста имам од Певекс за 199ден. и најобични тесни фармерки. Имам интересна ташна, а на нозе носев кратки чизми.
    Значи ништо спектакуларно, а вака изгледа како многу да си се потрудил.

    [​IMG]

    На втората слика: Имам слична кошула од Певекс за 299ден., ставена во тесните фармерки и подебел каиш (камел боја) со кој визулено се добива поубав впечаток. Имам интересна кафеава ташна, на нозе имам крем балетанки (кои лесно се комбинираат, затоа сум купила такви).
    [​IMG]

    За телото се грижам, со вежбање и здрава храна. Но, со тој начин јас се чувствувам поздраво, поубаво, посамоуверено и НЕ ми е тешко или мачно да имам таков начин на живот.
    За оние сакаат само да јадат и лежат-ова е напорен живот.

    Ете, колку малку треба за човек да изгледа убаво. И тоа со малку и едноставни парчиња на себе, ништо спектакуларно, џиџесто и сл.

    ~~
    За машките мислам дека дојде потешко време. Ако порано беше хит да имаш Југо, сега и кај нив владее невидлив натпревар, да имаш појака кола, мотор, да частиш околу себе, билдање в теретана, ако нема фаца не може да се дотера како женскиве (со пудра, фризура)...итн.
    За женско е многу полесно и поефтино.
    Барем така мислам...е, сега има исклучоци и детали...ама во глобала вака мислам.
     
  7. ViktorijaG

    ViktorijaG Истакнат член

    Joined:
    Dec 29, 2014
    Messages:
    217
    Likes Received:
    243
    Gender:
    Female
    Не знам дали да се смеам или да плачам. :worried:
    Самодовербата не прави привлечни и убави. Ти имаш сериозен проблем со љубомората. Убави девојки и згодни има насекаде и јас се радувам кога гледам дека некој се грижи за својот изглед. Ако на дечко ти му е убаво со тебе, нема да оди со ниту една од тие по кои се свртува. Значи биди си кул, не се оптеретувај со другите, туку грижи се за себе, својот изглед и како се чувствуваат луѓето околу тебе.
    Инаку и да си слаба, да немаш облини, треба да најдеш облека која ти стои најдобро, а тоа можеш да го направиш на нет. И носи ја косата локни почесто. 8)
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    13,387
    Likes Received:
    169,441
    Поработи на самодовербата.
    На крајот, ако мислиш дека поседуваш потенцијал, поработи на тоа да станеш таква каква што мислиш дека можеш да бидеш, а не да се помируваш и да се храниш со негативни емоции.
    Почни да вежбаш и да се храниш пообилно, брзо ќе направиш мускулна маса и облини. Големи гради се убава ствар, но не мора да ги имаш, но секогаш можеш лесно со вежбање да направиш добар задник.
    На крајот од денот, поважна е енергијата која ја шириме отколку изгледот.

    Презгодните девојки ме фасцинираат, оние намонтираните и исцртаните карикатури ме смејат за несвесноста дека човекот е многу повеќе од исцртани усни.

    Мораш да работиш на себе, друго нема. И на ментално и на емотивно и на физичко, па и на духовно поле.

    P.S. Не е во ред да осудувате. Полесно е да си свесен за своите недостатоци, а тука не станува збор за физичкиот недостаток, туку самодовербата за да можеш да работиш на тоа, отколку да се убедуваш дека си во право и дека сосема е во ред да се чувствуваш некако, а се труеш со глупости. Девојчево барем покажува одредено ниво на свест кое за жал многу атрактивни девојки го немаат, па и воопшто луѓето. Што значи и тоа е некоја предност.
    Девојче, ако тргнам од себе не можам самата да си издвојам ништо специфично совршено, освен можеби очите и веѓите, ако ти помага, луѓето секогаш ме прифаќале и сакале заради искреноста и интересно им е како правам работи и какви навики имам, кои не ми се со сила туку стекнати во текот на животот. Една другарка ми вика - во твое друштво неудобно може да се чувствуваат само неискрените и луѓето што немаат љубов во себе (а не била ни само тоа што ова ми го рекла). Што значи... се е до ставот и однесувањето, а не до изгледот. За некого можеби и сум убава, самата за себе мислам дека сум просечна (а ако се споредам па со некои кои мислат дека се лепотици, а по ниеден универзален критерум не се, па понекогаш ќе си речам - па можеби и сум лепотица бе, кога оваа мисли дека е прелепотица...) ама јас лично се сакам себе си повеќе од било што и некого со сите свои несовршености и секој ден си го гушкам и сакам телото и се што поседувам, она за кое сметам дека е недостаток работам на него, како карактерно, така и физички, а ако ме мрзи, самата сум си одговорна. Сепак, се е до тоа што ти е важно и вредно, не е ништо на светов лежи лебу да те јадам.
     
    Last edited: May 21, 2015
    ku4ence, sparklie, Jenniffer and 11 others like this.
  9. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Joined:
    Sep 9, 2010
    Messages:
    724
    Likes Received:
    933
    Со сето кажано, цени се повеќе. Ти самата. И сакај се повеќе. Ако самата си се сакаш себеси и начинот на кој изгледаш, а на тоа и поработиш на тоа што ти смета кај тебе, ќе се смениш.

    Најпрвин внатрешно и тоа ќе се одрази на перцепцијата на луѓето кон тебе. Вака делуваш малку очајно, а така ќе делуваш самоуверено.

    П.С Поентата на целиот мој претходен пост беше дека сите во животот сме се чувствувале несигурно, за било што,а ако на тоа додадеш само негативни критики кај тебе ќе се јави уште поголема фрустрација, а не желба за промена. ;)

    Малку позитиван став и се ќе се среди.:*
     
    one_girl likes this.
  10. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Joined:
    Mar 6, 2012
    Messages:
    2,543
    Likes Received:
    49,853
    Gender:
    Female
    А зошто мислиш дека ако некоја девојка го одржува своето тело на завидно ниво е непристојна ? За биде пристојна треба да има 10 кила одвишок,мрсна коса и изгрицкани нокти ? Еве не знам ако е тоа репер за пристојност тогаш можеме сите со малце повеке осет за тоа како излегуваме од дома и обрнуваме малце повеке внимание на изгледот надворешен да се фрлиме у бездна некоја .

    Не се сметам за згодна .Имам стрии од нагло слабеење по задникот и околината секојдневно ми труби за тоа дека сум преслаба особено последниве година дена кога нагло изгубив голема бројка на килограми заради тага во душата. Ама без оглед на тоа кој што ми збори ЈАС се осекам убаво во сопствена кожа.Секој пат кога се гледам во огледано ги гледам убавите работи на себе а останатите се трудам или да ги поправам или да ги прикријам . Да, се восхитувам на девојки и МОМЦИ со убава градба на телото бидејки сватив дека многу многу време енергија и финансии вложуваат во истото.Тргам од себе бидејки се занимавам со неколку спортови кои и тек како ми го олеснуваат џебот а пред се слободното време кое место да го насочам кон идење по кафиња јас го трошам на базен на пливање или во сала на кик бокс. Зошто? Затоа што сфатив дека од седење 8 саати во канцелариското столче освен хемороиди на гзот и мускули како пифтија нема да добијам ништо друго.

    За нашата мрза да се мрднеме од пред компјутер и да поработиме на сопственото тело не ни се криви другите сами сме криви.За нашиот недостаток на самодоверба и лошо мислење за себе и својот изглед никој не ни е крив а особено не оние кои се труделе повеке од нас да направат нешто со себе. Крај краева СЕКОЈ Е УБАВ (ЗГОДЕН) НА СВОЈ НАЧИН,само нажалост не секој знае тоа да го истакне на правилен начин .
     
    ku4ence, Rose96, Edie.S and 3 others like this.
  11. WildOnes55

    WildOnes55 Активен член

    Joined:
    May 21, 2015
    Messages:
    52
    Likes Received:
    96
    Gender:
    Female
    Секако кој не би бил љубоморен. Но сепак не ги осудувам луѓето според изгледот!!:)
     
  12. danichap

    danichap Moderator Staff Member

    Joined:
    Jun 26, 2011
    Messages:
    16,615
    Likes Received:
    290,530
    Секој треба да си ги препознае своите атрибути и да се потруди да ги негува и усовршува, без да дозволи своите недостатоци да прераснат во некаков комплекс.

    Ако си низок нема да пораснеш една глава, ако немаш гради освен со хируршка интервенција нема магично да пораснат...човек прво треба да си се прифати таков каков што е и да не си се комплексира непотребно.

    Но можеш да влијаеш на исхраната и да се потрудиш на имаш добра линија.
    Можеш да влијаеш на затегнатоста и виталноста на телото па подобро да истакнеш некој дел од телото.
    Да се информираш за најразлични продукти и нивна правилна употреба, вистинска исхрана, доволно течности да се влијае на кожата/косата/ноктите.
    Стилот на облекување, држење на телото, одржување на косата и те како го подобруваат општиот впечаток и придонесуваат за да се смета некој повеќе и помалку атрактивен.

    Се на се човек треба сам себе да си се проучи и да се изанализира а помалку да се занимава со другите, a и кога ќе го стори тоа да го свати на позитивен начин и мотивација.
    Не си ни прва ни последна која размислува на ваков начин или пак некогаш се почуствувала така. Верувај во себе, верувај во својата врска и верувај во темелите врз кои е поставена врската со твојот дечко.

    Најчесто се фази во процесот на созревање... ќе ти мине, но самодовербата е неопходна .
    Ти уствари можеби и изгледаш многу подобро од некоја девојка која ја сметаш за згодна.
     
    LaraSolare, Rose96, Kimora and 5 others like this.
  13. Зошто?

    Зошто? Активен член

    Joined:
    Jun 23, 2015
    Messages:
    10
    Likes Received:
    32
    Gender:
    Female
    Нема причина да не ги поднесуваш позгодните девојки од тебе, мене тоа ми кажува дека сакаш да си како нив па дури и повеќе од тоа што се тие,тогаш потруди се и работи на себе, со трето не пробувај:)
    Љубомората може уште повеќе да ти ја намали самодовербата и да ти наметне мислење дека секоја девојка има поубаво тело од твоето, не се замарај толку со телото, како што си ти поразлична од девојките со тело какво што посакуваш така и секој човек е различен и не кај сите проаѓа само надворешната убавина, ти биди тоа што си, секој има нешто посебно и свое, и сигурно и ти го имаш само што не му дозволуваш да излезе на површина со тоа што убедуваш дека сите се вртат само по презгодни женски.
     
  14. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Joined:
    Jun 23, 2010
    Messages:
    2,150
    Likes Received:
    16,148
    Згодни се затоа што вежбаат, внимаваат на својот изглед со сите нишани до шминка, средена коса, испеглана, убаво навиткана, убава облека и блескаат од самодоверба. Нема зошто да ти пречи поработи на себе, вежбај , храни се здраво, нашминкај се , облечи нешто убаво, штикли, добар парфем и ти ќе нидеш како нив. Баш некна со еден другар прокоментиравме за девојка која има да речеме 5 кг вишок но сепак е згодна и убава и имаа далеку повеќе самодоверба отколку некои други девојки што беа послаби од неа во клубот и подеднакво дотерани, битно е ти како се чувствуваш во своја кожа, што и да облечеш на себе дасе чувствуваш убаво.
     
    Captain-Omni, Kimora and mirandaa like this.
  15. Kimora

    Kimora Популарен член

    Joined:
    Oct 31, 2014
    Messages:
    267
    Likes Received:
    1,036
    Gender:
    Female
    Ако некому сметаат згодни девојки,тогаш тоа значи дека не се задоволни од сопствениот изглед.Ако не се задоволни од сопствениот нека работи на тоа да го промени,како што напишале многу членки погоре.
    И тогаш ем поубаво ќе се чувствува,ем нема да има потреба од ширење негативна енергија.
    Е,толку е просто.
    Ако не ти се допаѓа,ќе промениш нешто,а нема да ти биде крива таа што се мачи,вежба и внимава што јаде. (facepalm)
     
  16. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Joined:
    May 21, 2011
    Messages:
    758
    Likes Received:
    1,098
    јади амерички батаци полни се со хормони па ке ти пораснат градите или побрза и посигурна варијанта, стај силикони : ) па нека ти завидуваат на тебе
     
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Joined:
    May 31, 2010
    Messages:
    14,470
    Likes Received:
    85,190
    Gender:
    Female
    Совет за сите девојки кои го имаат овој проблем: Прво, треба да се сакате себеси и да мислите на своите квалитети а не на квалитетите на другите девојки. Второ, никогаш не треба да се споредувате со другите. Трето, поработете на себе, ако не сте задоволни со својот изглед променете нешто. Комплекси лесно се ствараат тешко се пребродуваат. Знам по себе.
     
    WildOnes55 likes this.
  18. one_girl

    one_girl Истакнат член

    Joined:
    May 13, 2015
    Messages:
    114
    Likes Received:
    161
    Gender:
    Female
    Секој ден правам вежби за задник и доста често излегувам да трчам, но не постои нешто со што можам да ги зголемам градите или колковите.. а тој се пали на жени како Ким Кардашијан, мене тоа ме нервира. Колку и да вежбам не можам да го постигнам тоа и љубоморна сум кога тој гледа во такви жени и полека полека почнувам се' повеќе да ја губам самодовербата, се уништив од оваа љубомора :worried:
     
  19. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Joined:
    Sep 2, 2014
    Messages:
    570
    Likes Received:
    2,200
    Gender:
    Female
    Честитки за тоа што вежбаш, јас би те охрабрила да продолжиш. Но мислам дека проблемот е во тебе, се повеќе и повеќе ќе се уништуваш со љубомората. Плус, дечко ти колку и да се пали по такви како Ким сигурно те сака поради карактерот и сите такви вредности, а не поради задникот. :)
     
    ku4ence likes this.
  20. Водолија

    Водолија Истакнат член

    Joined:
    May 5, 2015
    Messages:
    85
    Likes Received:
    106
    Gender:
    Female
    Лубомората е болест а и голем проблем кој треба да си го решаш сама најди начин како да си го подигнеш нивото на самодоверба без неа е тешко во животот
     
    mirandaa likes this.