Со поглед, со смешкање, играат пред тебе залепени 10 минути пример, поради огромна гужва и наеднаш им смета шо си доближен и the rest is history
Се зависи од човек, нема потреба сите во ист кош да ги ставаме. Ми приоѓале и мене. Еве ситуација, седиме со другарка на шанк, она отиде да збори на телефон, до мене седна еден и зема пијачка, бла бла муабет и видов кај води, му реков дека имам дечко, го допи вискито се извини ако сметал рече мило ми е што се запознавме и си отиде. И што е он? Клошар? Секакви има. И мажи, и жени. Се зависи од човек.
Нема нема да не се лажиме сега Абе можи го бараат провајдерот ама дали провајдерот ќе сака да ги понуди своите услуги е прашањето, некогаш ги нуди истовремено на повеќе корисници одеднаш, но некогаш поради икс причини одбива Крајно нека си чуваат мачките
А зошто мислиш дека тоа е повик? Ние жените од култура им се смееме и сме љубезни со сите а не оти сакаме да се опнеме со нив. А вие си го сфаќате љубезното како повик за секс. И после накурчени сме биле оти сме ве одбиле. Ах бе мажи, мажи...
Јас одма откачувам ако е повик за секс. Мажите треба да научат како да и пријдат на женска. А не да трескаат глупости. Оти ќе си останат нее*ани.
Брат, да не се лажеме, и најгрдата и најдебелата женска ќе најде бар еден или двајца во животот со кои ќе се опне. Ама најгрдиот и најдебелиот маж тешко дека ќе најде нешто. Едино проститутка да плати.
Си слушнал за внимание? Тоа го прави поради тоа што сака да привлече внимание, не дека сака да ја легнеш.
Поработете на самодоверба кога ќе ви речат не... се случува јбг. И не секоја што е излезена е со истата намера како тебе да успее да привлече и улови девојка за врска и обратно. Некогаш тоа е замарање.
Не знам не им светам за до толку да знам кој со кој се опнува во животот, ама од страна сум гледал кој не е во врска, брак... па така да стојам на првичното што го кажав
Леле мислењава на членот од пред 10 дена колку се недозреани... ако си тинејџер океј е да мислиш на ваков начин. Прво, супер крипи е некој да почне разговор за додворување ако другата страна за прв пат го гледа. Во смисла, не се сретнале претходно во разминување, погледи или било што друго. Мене ми е нападно кога некој кој никогаш не сум го приметила, буквално странец, ми влезе во лично пространство и почне со лични прашања за запознавање. Ноу ноу. Друго, ептен да не се знае што да се каже, и да не се набљудува другата страна... боди ленгуиџ, на што пројавува интерес при конверзација... немам зборови. Пример од пред 2 дена буквално, некој ми прати понуда за пријателство, и јас иако по принцип не прифаќам непознати, реков ајде, можеби има причина човеков. Ииии, поминуваат 2 минути пишува "Здраво". Враќам "Здраво", пак за да разберам дали има причина да ми пишува, се може да се дешава, и тој ми враќа "Како е?". Дури не оставив сиин. Као, не те знам и познавам, не знам зошто мислиш дека ако ми пишаш како сум, ќе имам желба да реплицирам, не па да продолжувам комуникација. Супер без идејно пристапување...
Како другар и брат ти кажувам со денови те читам и ти кажувам причава ти е тотално срање и прекини да цмиздриш и плачеш смени си однос и мислење не секоја шо ке и кажеш доближиш треба да ти врати или незнам шо плус шо сакаш да добиеш од ваков однос и пишување не ми си јасен дс ти пишат девојки лошш пристап однос извини морав
Што ако си пропуштила добра прилика во овој случај? Значи не сакате додворување online, не сакате додворување на забава. Прашањето е на крај дали вие воопшто сакате машки.
Воопшто не се замислувам "што би било, кога би било". Без некој да даде некаков контекст каде ме видел/дознал за мене или од каде ме знае, не би продолжила смислена комуникација. Конкретно, на профилот пишуваше дека сме учеле во ист универзитет. Затоа и ја прифатив поканата. На коментар од тип "вие не знаете што сакате" нема смисла што да се одговори. Затоа што да, знам што сакам. Но многу малку машки, а и генерално луѓе веќе, знаат како да комуницираат правилно. Ми пишуваш на мрежа каде споделувам лични работи, каде намената првична не е запознавање. Очекувам секој кој не го познавам да сподели прво зошто ми пишува и кој е/како стигнал до мене. Ако сум на платформа за запознавање, тогаш комуникацијата би била поразлична, и не би ги имала истите очекувања.
Јас би рекол, да бидам искрен сурфав по фејскбук предлог пријатели ми остави позитивен впечаток, пример твоите очи, насмевка било што и те аднав и пишав. Страшно е? Ако не ти се бендиса, манијак е. Ако ти се бендиса, вау колку директен и искрен тип. Лесна математика.
Дечки дај пораснете и созрејте. Глава давам дека ниту една девојка нема лошо да ви се испонаша, одбие или навреди доколку пристапот ви е океј. Секако има што не се сингл, што не се заинтересирани и тоа е океј да ви кажи уште на старт, ама да ве навреди.....? А вие светци? Не верувам. Се додека генерализирате дека жените се глупи, дигнати, спонзоруши итн вака ќе цмиздрите по форуми. Исполнет маж не се плаши да биде одбиен. Исполнет маж не навредува. Размислите и на тема самодоверба.
Пред некој ден додека бев излезена на забава едно момче со кое се претходно знаевме и ми беше само познаник и бевме само на здраво, културно се поздравивме и секој си отиде на својата маса, се до еден момент додека тој не дојде на мојата маса и буквално не сакаше да се тргне и ситуацијата веќе беше непристојна затоа што виде дека не може да флертува со мене па продолжи со моите другарки. Кога разбра дека едноставно никоја не е заинтересирана си отиде и после одредено време пак дојде со што почна да ме фаќа за половината и да ми кажува како ме посакува???? И вие сега сакате да ми кажете дека ние женските сме пола од популацијата геј и дека НИЕ не знаеме што сакаме? Па не ние одлично знаеме дека не сакаме вакви манијаци и замарачи што ќе те пратат во корак. Има многу добри примери на пристапување на девојче само кој да ги слуша. Да не почнеме да збориме за тоа како жените стануваат поголеми мажи од мажите, за тоа не сакам ни да давам примери.
Дефинирај што е океј пристап. Еве јас врска немам, не ми е океј пристапот (немам самодоверба?). Кажи ми кој е тој океј пристап. Еве прашање и до тебе. Каква е таа правилна комуникација со жена? Зимам тетратка и запишувам... Инаку социјалните мрежи како ФБ и Инста се за запознавање, сакале да признаете или не, а не само за одржување контакти со познати. Може не се од типот на Тиндер, фокусирано за дејтови, но истите се одлична платформа да стапиш во контакт со некоја што ти се допаѓа, а реално не можеш да ја начекаш во живо. А и затоа што нели, ако некој ви пријде во кафич било кринџ. Вака барем побезбедно
@decko_91 јас немам што да ти дефинирам, чим ти до оваа возраст си стасал без да го дефинираш овој прост поим, нема спас... Без навреда, на денешно време, при толку широк домен на информации од твоите фамозни Фејзбук и Инстаграм, па се до овде каде што членовите страници и страници изнапишаа, ама изгледа нема ефект, бадијала.