ко пиша шо си пропуштила ми текна ко пишуваше за рекламата и детето ко ти рекло оти глеаш по други мажи се засркнав чај пиев. Аватарот ти е врв а никот ти е превара Типов пишува од 27 октомври до денес е 10 дена, сите убаво сте му кажале тој пак исто си тера, а бе не ве нервира да се борите вака со некој?
Грешен ви е пристапот. Не треба да барате девојка, туку да запознавате. Да бидам по специфичен: Барање девојка - од старт вие пишувате како да сакате да сте со неа, а не ја ни знаете. Делува очајнички, плитко и незаинтересирано. Барате да се запознаете - имате желба да ја запознаете другата страна карактерно повеќе затоа што ви е интересна на било кој начин. Исходот никој не го знае, ако кликнете, добро, ако не, пак добро. Во двата случаи никој не ви должи ништо, но во вториот случај ако и другата страна има желба да ве запознае, ќе почнете со разговорање и запознавање.
Не, не. Ако не кликнете, чао пријатно. За иницијален контакт зборев. Е ако кликнете, тогаш понатаму од вас зависи што и како ќе си ја редите.
Ох воопшто нема врска со его. Едноставниот одговор е дека многу мажи не знаете како да пристапите и да освоите девојка. И како што се спомна погоре, тоа "здраво како си" е најглупавото клише што постои. Не се интересирате да ја запознаете девојката, нејзини допаѓања, интереси, активности. Порано со еден со кој пишував прво ѕвезди симнуваше, а потоа само за себе си зборуваше, ако јас кажев нешто за мене само ќе речеше "ok nice" па си продолжуваше за него да зборува. Друг цели реферати и филозофии ми пишуваше на чат а во живо две реченици муабет не знаеше да кажи. Трет иако ми се чинеше ок, или се плашеше или не знаеше како да постапи со мене за нешто повеќе (не постапи) и јас оладив скроз и освен како другар не можам да го гледам подруго. Девојка сака да се интересираш за неа, да имаш желба да ја запознаеш, да се заинтересираш за нејзините интереси. Прашувај ја и остави ја да зборува. Сам пробај да се интересираш и да го правиш истото доколку се има можност. Тоа ни е знак дека не ни го сакате само телото и сте сериозни, кога знаете да обрнувате внимание. А тогаш автоматски и нас ни станувате поинтересни и ќе се интересираме за вас повеќе. Не треба ни физички да сте прелепотани, туку да имате шарм, а тоа секој го можи со малку труд.
@theowndemon Демонка супер долови поента низ послените 2 страни, нема да се повторувам. Инаку, ако пасусот на крајот не е пишан во иронија, математиката не ти е воопшто лесна. Ниту интересна.
Абе има некои девојки идат на дејт и планираат да те из*бат јако да те омалаксаат,па те лжат дека ќе те земат за муж...
Заебанцијата настрана. Конкретно за на интернет еве да речеме инстаграм или фб негде ако со некоја сакаш да отпочниш муабет било каков, според мене доколку имате некои слични хоби зборни нешто околу тоа или пак дај некој комплимент ама не многу нападен околу изглед или шо и да има откај знам.. [Пошто овие фрази Здр, Како си, Шо има ново, ПАЛЕА САМО НА МИРЦ].
Ни мене не ми се интересни тие таквите многу, ако се посакувани од мнооогу, не е за мене и онака сељак сум.
Јаки ви се овие као машкиве као демек ве бранат. Него кога ќе прочиташ дека било cringe на некоја да и пријдеш у кафиќ да почнеш муабет, (значи не праиме муабет за нешто повеќе) нема што да се дискутира повеќе. Страшна работа.. Сè подив народ стануваме, тешко нас...
Пријателски и форумски можам само да ви препорачам ама реално да излезите да се смешате со луѓе. баталете тиндери фејсбуци инстаграми, место да додавате и да праќате friend request на се што е женско на слика Сум имал прилика да видам пораки кај женско и 90% од пораките беа од тип на: - zdr - zdr ubavice - zdravo lepotice - mazena si? - zasto me ostavi na seen - и останати клошарски муабети Па како бе сакате да успеете вака?
@DACIA исто ни здраво ни ништо туку сакаш да се запознаеме? Не се знае на денешно време ни муабет да се почне нормален
Па, не треба да бидете нападни. Кога сте нападни, сте ни одбивни. Почнете полека разговор со „здраво“. Потоа полека со тема на разговор.
Знам дека не ме праша мене ама ќе си кажам, прво срциња на стори се ставаат барем две недели, и ги срцкаш објавите, ако почне и она да ти враќа на твојте објави со срциња, значи покажува интерес, и тогаш преминуваш на наредна фаза.. Ќе видиш од каде ставила слика на последно патување што била, или нешто си купила, или некој настан и се случил, пример роденден, дипломирање, или свадба на брат и, ќе и пишеш да ја прашаш некое прашање не премногу нападно, чисто да почнете муабет, да видиш дали ќе ти врати, пример ако била на Божиќен базар во Виена, ќе и пишеш Здраво, видов дека беше на Божиќен базар, и јас планирам да одам наредната недела, па ако имаш време би ти поставил неколку прашања, или ако ставила слика од концерт, ќе и пишеш некое прашање поврзано со концертот.. Најважно е да не си нападен, и да не и пишуваш доколку приметиш дека не покажува интерес..
нема врска што не сум те прашал тебе, секое мислење/искуство е добредојдено Фала ти на одговорот, ете можеби некој ќе му помогне