Епа сега зависи кој каква позадина има. Ако вториов вози точак и е сликан со другари во дворот на дедо му, седнат на тие старите пластични столови од Југославија и на масата има само зелка салата и ракија, тогаш не се согласувам со сликата.
Потврдувам како женско од А до Ш. Некогаш си мислам тоолку е лесно а толку малку машки го прават. Се што девојка сака е машко вистински да покаже интерес за неа и да сака да ја запознае. Од хобиња, до што и се допаѓа што не, значи било што. А многу малку машки прават таков суштински муабет и не ми е јасно зошто. Верувајте со самото тоа добивате и на шарм и на привлечност дури и да не сте физички премногу привлечни. И повеќе храброст, не се плашете, и трудете се повеќе.
Здраво, јас сум 23 години, девојка од Скопје. Сега само што ја бранев дипломската, а што се однесува до љубовта – сум сингл. Малку сум бисексуална и забележав дека повеќе ме привлекуваат девојки, но сепак не сум сигурна како би реагирале моите родители ако дознаат. За сега се фокусирам на себе и на нови искуства. Би сакала да имам девојка, но не знам како да се пуштам на нив, не сум сигурна како да започнам разговор или да направам првиот чекор.
Да бе да, си искочил надвор да се забавуваш и ти доаѓа некој те прашува: а ти каде работиш, каде живееш, што ти е хоби. Јааххаха тоа само психопат, а ниту една девојка не би сакала да одговори на такви прашања во дискотека или сл.
Јас само за име прашувам и целам кон тоа да видам дали е интелегентна, има смисла за хумор, забавна. Тоа е тоа. Сум искочил да се забавувам а не да правам и интервју. И јас сум прашувал такви работи, но разбрав дека нема никаква смисла и не ми се случило девојка да ми одговори на тие прашања, иако на форумов пишувате дека тоа сакате некој да ви каже.
Значи прашваш име и прајш суштински муабет. Инаку како би дознал нешто комплексно како интелигенција (шо ако е забава и има алкохол - никој не е во најдобро светло во тој поглед ама ај), или смисла за хумор?