1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не можам да си најдам девојка

Дискусија во 'Сингл' започната од xvxv, 18 јануари 2014.

  1. xvxv

    xvxv Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Како што кажав не ми е целта со изгледот да освојувам, ако ми било тоа целта ке сум вртел девоји и ке сум вртел не мора да значи дека ке биле квалитетни но ке сум го правел тоа. Јас сум го одбрал начинот да бидам културен, не префриган према нив, да не бидам тип што ке се прошета со тебе некоја недела и после ке те фрли на друго скопско куче, туку тип што одлучил да посвети внимание на вас и да не ви се занесува.. тоа ме прави различен, додека тоа што голем дел од машките само во глава им е сексот, зборенјето и фаленјето на другари кој колку поминал, како ги поминал и слично, јас гледам да си најдам нормално пријатно девојче со кое ке поминам време и ке ми биде убаво и помаце да ги приметувам тие мизерни муабети која каква била и што правела, пошо не ме интересира, што ме интересира е тоа да си најдам нормална девојка.
     
  2. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    И да е така, сепак остануваш на исто-се правиш совршен ;)

    Јас не прочитав никаде оти си пробал со девојка, било која, не кажа да си бакнал некоја, ај така ќе почнев да те сфаќам по малце, ете, не се случило огномет, не си се заљубил досега, реално и тоа не е темпирано па досега требало да доживееш исконска љубов, не кажа за ниту една за која знаеш да те симпатизирала барем...дури ни тоа дека девојките те повредиле не ти држи вода, зашто веќе ти реков, еве мене лично, ми делуваш ладно и недостапно, со самиот настап тука, па не на тие на кои си им во близина :x

    Толку никоја да не ти фати окце :^) шознам, мене ко на жена ми се фаќаат убави девојки на ќош поглед :?: :D
     
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Епа барај бе што не бараш, сакаш некој на тацна да ти ја сервира?
    Еве сабота е излези, не мора фризурата да ти е средена, излези со фармерки и патики, без крема на лицето.
    Ама можеби женските сакаат скопски кучиња а не скопски кучки или мачиња, ако разбираш што сакам да ти кажам. Женските не сакаат другарка за секс, сакаат машки кои ќе им ја пружат таа страст а не цела вечер да им прават муабет за Кејт Мос, Бекам и сл...
     
  4. xvxv

    xvxv Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Извини но тотално погрешно гледаш на работите. Ако дечко се занимава со моделство не значи дека изгледа ко девојче, дека се пудраат и дека женствено се однесуваат, а најмалце дека праат муабет за Бекам или Кејт Мосс. Ама ко што можам да приметам толку површно гледање имаш кон машките модели, тоа е чудо. Едноставно не требаше воопшто на твојов пост да се објаснувам, но ти требаше некој да ти каже како стојат некои работи. Не е до тебе, не си сретнала тип што работи со тоа и што да речеме не е геј или феминизиран, но ги има и такви.
     
  5. Sweet-Mila

    Sweet-Mila Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Па вака со оглед на тоа што до сега го прочитав (видов) ти имаш голем проблем со самодовербата...А и не се брзај многу имаш време можеби ке треба да причекаш малку....А бе луѓе не го напаѓајте толку нашиов модел..П.С. Можеби човекот е озбилен... ;) :D
     
  6. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.302
    Пол:
    Женски
    Mанекену,јас белким те разбрав.Aма,има и многу убави преубави девојки кои не се фалат со убавина и не бараат од некој да ги спонзорира или да лутаат со кој и да е,а бараат љубов.Tака да не нагласувај го ова ,и не се споредувај со другите машки,за твое добро. ;) Cепак тоа што се занимаваш со таква професија за убавина,можеби ги дистанцира девојките,а не би требало.Pазлично сите гледаме на убавината,така да тоа не е пресудно.
    Aма,мораш да бидеш свесен не само за твоите квалитети туку и за другите луѓе.
    Tреба да се потрудиш да бидеш поопуштен со девојките,докажи им дека не си како другите дигнат исфолиран ,дека има чувства во тебе и секогаш биди она што си.Oд каде имаш комплекси со висината незнам,но знај дека ти е погрешно :) .Tоа што го кажа за финансиите, исто така не треба да ти е комплекс како прво млад си и секако не ти треба некоја девојка која е материјалистка.
    Cпонтано доаѓа љубовта,опушти се и кога најмалку очекуваш ќе се појави девојката која ќе ти се допадне и на карактер.Tогаш претстави се во вистинско светло и онаа која која ќе те сака и ти неа ќе препознае дека твоите намери се вистински.
     
    На tessie, xvxv, Purrinn и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Ти тотално погрешно си разбрал што сакав да кажам, ама не ти замерувам. Со таков муабет и со такво лигавење јас ниту за другарка не би те посакала. Ќе се навратам на мојот прв одговор за тебе, ти треба да поработиш на себе и на својот карактер, доста си само-ТИ во прашање и доста цмиздриш и оди излези забавувај се, најди девојка и биди и маж а не самобендисан кој мисли само на тоа колку е он полн со квалитети, згоден, неопходен и кој ма да не се фали со својот изглед, бидејќи е цврсто уверен колку вреди и е нај нај во се, ама не се фали зашто не сака да помислат погрешно за него, иако си ги знае квалитетите и бара некоја што не мора да биде совршена ама ете не мора ни да биде убава (за да не го засени).
    Кога ќе си го избиеш тоа од глава, дека си најубав, најзгоден и дека такви како тебе се ретки во Мк(тебе те цитирам, ти така кажа) а дека сите други се скопски кучиња, никој не е така добар и префинет како тебе, тогаш можеби ќе почнеш да се градиш себеси. Но со ваков став нема да отидеш подалеку од тоа што си сега.
    Ме интересира на кој факултет си, онака информативно, можеби и тој игра улога во твојот карактер.
    Немој само да кажеш Академија Леонтиќ или нешто слично :tmi:
     
  8. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.353
    Допаѓања:
    83.761
    Пол:
    Женски
    Само едно ќе кажам дека многу девојки т.е повеќето мразаат машки полни со самодоверба и самобендисани а ти изгледа си еден од таквите затоа ти иде тешко на оваа тема :D
     
  9. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.031
    Пол:
    Машки
    Ќе ти кажам сеа нешто како машко, машките се заљубуваат со очи, а женските со УШИ. Престани да се комплексираш и слично, и биди доволно добар со зборовите, не со висината и немај гајле, тогаш ќе ја заслужиш. Тоа е тоа !
     
    На eloves, xvxv, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.
  10. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Престани да генерализираш,машките вака,јас онака.И престани да се споредуваш со останатите.
    Искрено,иако не признаваш дека си нарцис,верувај таков впечаток оставаш.И тоа на форум.
    Замисли како е во реалност.Девојките најверојатно се плашат да ти пријдат токму поради тој факт,дека си полн со самодоверба(иако мислеш дека не си,верувај зарачеш со неа),и се плашат да бидат одбиени.
    И не знам како очекуваш на 20 години да доживееш длабока љубов.
    Ти сега треба да спознаеш каков карактер си,кои ти се преференции,вкусови.
    А ти со однапред осмислени критериуми,верувај дека нема да ја најдеш таа,вистинската.
    Опушти се малце,и не се форсирај.
    Најубавите нешта доаѓаат спонтано и природно.
    Фокусирај си го вниманието во други приоритети.И тогаш кога најмалку ќе очекуваш,ќе се појави таа што ќе те заинтригира ;)
     
    На Sweet-Mila и hermosa им се допаѓа ова.
  11. xvxv

    xvxv Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Впечатокот и реалноста се различни работи. Можеби делувам арогантно, нарцисоидно, полн со себе и слично, но сето тоа е можеби поради некој несвесен заштитен механизам што сум си го створил во главата од страв. Страв од одбивање повредување и слично, многу мислам знам треба помалце да мислам а повеќе да делувам но ке го средам тоа се надевам со тек на време. Благодарам за советите и критиките ми ги отворија очите и се надевам дека во брзо време ке успеам тоа да го променам кај мене.
     
    На Purrinn, hermosa и Sweet-Mila им се допаѓа ова.
  12. cinderella.red

    cinderella.red Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    А зошто толку многу се оптоваруваш со тоа сите работи да ти бидат „под конец“, опушти се, биди повеќе со позитивно мислење, насмеан, расположен. Другото само ке си дојде по свое.
    И не му ја мисли многу кога требало да се заљубиш, убаво ти кажаа феминките не се бира во која и кога сакаш ти да се заљубиш, едноставно се случува. :)
     
    На Purrinn и xvxv им се допаѓа ова.
  13. anonymous16

    anonymous16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    921
    Дечко ма супер си, најдобар си, нема по ... од тебе.-Сеа по лесно ти е?
    Се иде по ред бе брат немој да се плашиш коа ќе ти се насмее среќата тогаш. Сме те нападнале.... ние ти кажуваме се како до нас допре твојот текст, така да како твојот текст те претстави тебе така ти се претставуваш пред другите девојки и како ние ти дадовме мислења и критики, така и другите девојки ќе мислат за тебе :)
     
  14. xvxv

    xvxv Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Во ред сфатив, во право сте, моја е грешката, ке гедам да го променам тоа кај мене во најбрз можен рок, како што кажав полека ми се отвараат очите. Не од причина што вие или другите од околина погрешно ме протолкувале, туку јас на погрешен начин комуницирам и правам лугјето да имаат такво мисленје за мене иако внатрешно не сум таков. Ладно делувам, тоа ке морам да го променам. Ке пробам да се ослободам и по позитивно да мсилам, се надевам дека ке ми помогне :) Фала ви многу
     
    На Viktorijaaa5, cinderella.red, Sweet-Mila и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Sweet-Mila

    Sweet-Mila Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Ма дајте бе луѓе човекот е реален и сака да го каже тоа што му лежи на душата па затоа и се обиде тука..Мој совет е да не брзаш многу бидејќи како што веке кажаа љубовта си доаѓа сама по себе не оди тоа кога ние ке посакаме..Па се надевам ке извлечеш нешто од сиве овие совети за во иднина ;) :D
     
    На Purrinn и xvxv им се допаѓа ова.
  16. Purrinn

    Purrinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    77
    Јас мислам дека се е до твојата уметничка природа, или душа како што кажа ти. Природно ти доаѓа да идеализираш, но каде се брзаш?

    Прво, комплексот со висината не ти држи вода, ние не сме некој висок народ, па 173 см за машко и не е нешто абнормално. Доволно е 10 см да биде девојката пониска од тебе и ќе изгледате како бонбони заедно. Па и би рекла дека имаш да бираш, не дека ти се стеснува изборот.

    Второ, комплексот со материјалната поткрепа, твоите имаат колку што имаат, ти гледај да направиш повеќе. Ете и самиот рече дека си амбициозен, тоа треба да ти помогне да ја оствариш таа солидна иднина, тогаш зошто се фрустрираш? Второ/подБ, девојките не очекуваат од тебе да ги частиш, или да им плаќаш што и да е, стрпи се, ќе завршиш факултет, ќе се вработиш, се со ред.

    Трето, тој страв дека не си доволно добар, не треба да дозволиш да ти влијае со атрактивните девојки ниту било каде, тоа е прашање на вкус, не значи дека тебе ако ти се атрактивни, на секого му се, или им пишува во извод на родени - оваа девојка е атрактивна и XVXV не може да биде со неа бидејќи атрактивните девојки не излегуваат со било кој. Бла бла. Тоа е некој твој внатрешен проблем, кој ти треба да си го решиш. Следно, нормалните симпатични девојки на кои им изгледаш арогантен, гледај да не оставаш таков впечаток, но јас секогаш велам, првиот впечаток знае да лаже, па дур не направиш муабет со некоја, онака искрено, опуштено, од срце, нема да знаеш на што си, и упорно ќе се фрустрираш и ќе се тешиш со комплексите кои не знам зошто си ги напикал во глава а се толку банални. А дека судиме пред да запознаеме некој е еднакво пропорционално со стравот ти што го имаш од атрактивните девојки. Ја сфаќаш поентата?

    Мој совет, биди на чисто со себе, и не очекувај премногу. Спонтаноста е убава работа, уживај целосно додека комуницираш со девојките, без разлика дали се оние "атрактивните" или оние "нормалните", не знаеш каде ќе си ја најдеш среќата.

    И мене воопшто не ми делуваше арогантно или нарцисоидно, напротив многу искрено.
     
    На Sanimk1, glosipgirl, Sweet-Mila и 4 други им се допаѓа ова.
  17. xvxv

    xvxv Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Извинете да не бидам и погрешно сфатен со муабетот за нормални и атрактивни девојки. Сите си имаат квалитети, за нормални сакав да кажам девојки кои можеби на прв поглед ми се симпатични но мозокот секундарно не ми се фокусира одма да пробам нешто со нив, но со градбата на муабетот ми стануваат мили и привлечни, а од друга страна тие што ги кажав како атрактивни, за нив мислев девојки кои одеднаш со самата нивна појава ми привлекле око. Тоа е лично за мене, кај секој е различо. Не ги генерализирам јас така, само за полесно да бидам сфатен така ги кажав.
     
  18. Bibii18

    Bibii18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    19
    Дечко...се ќе си дојде на место со време, само треба да бидеш стрплив а не да брзаш...
    Како што кажа kim.k , дека како и ти што се плашиш да не бидеш повреден, исто така и другите девојки мислат дека ќе бидат повредени од твоја страна. Затоа не се брзај, имаш време...само едноставно биди таков каков што си..на свој начин!!!
    Поздрав!!
     
  19. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Машки
    Ауу ама му се пуштивте :o


    Морам да прокоментирам како машко неколку години постаро од тебе...

    Прочитав неколку совети дека ти е лоша големата самодоверба, па тоа е дефинитивно најлошиот совет за машко што сум го чул до сега :D

    Јас ке ти кажам... што и да правиш со себе, што и да менуваш... немој само да си ја уништиш самодовербата, тоа е тоа што машкото го прави маж ;)

    Е сега, јас лично заклучив дека твојата самодоверба е сепак многу мала :wasntme: ти не си доволно сигурен во себе.
    Џабе ти е кога сите овие "одлични" факти за себе ќе ги наброиш на хартија... кога ни самиот не веруваш во нив :D

    И девојки, немојте да мешате самодоверба со нарцисоидност... не дека немаат допирни точки, ама не е тоа една иста работа :!:
     
    На horsebox, endlesslove, Ella.313 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    195
    Епа вака сеа.. Иако сум женско и јас го имав овој проблем. Значи девојки, тој не се фали дека е потенцијален мистер на светот, туку сака да каже дека надворешниот изглед, што кај многумина навистина претставува проблем, тоа кај него не е проблемот. И јас еднач на форумот дадов сличен опис, па сите ме нападнаа. Незнам зошто тоа прво ви паѓа во очи. Но како и да е, да се надоврзам на муабетот погоре. Дечко, па ти скромна девојка не ни можеш да најдеш. Знаеш, како што од убавите девојки добрите момчиња како да се плашат да им пријдат, така е и кај тебе. Но ти не треба да чекаш некоја тебе да те побара, туку едноставно фокусирај се на личностите од женскиот пол што би се нашле во твојот потесен избор. Но, немој да мислиш дека ако и пријдеш на некоја таа веднаш ќе летне по тебе. И да те одбие, ние женските сме малку чудна нација, пробај уште еднаш и уште еднаш. Биди упорен, но не да се моташ една година и некоја постојано да те одбива. Или пак пробај да се спријателиш, да те почувствува близок, после тоа е полесно. Тешко е на денешно време да најдеш човек на кој ќе му веруваш, уште потешко тоа да биде жена.
     
    На Sweet-Mila му/ѝ се допаѓа ова.