1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не можам да си најдам девојка

Дискусија во 'Сингл' започната од xvxv, 18 јануари 2014.

  1. masko-sk

    masko-sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    до сега бев презафатен и не обрнував внимание многу на девојчињата. сега имам помалку обврски но неможам да најдам девојка.не барам многу, меѓутоа некако сите се прават недостижни. како да постапам и дали има тука некоја за дружење ?
     
  2. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    6.673
    Пол:
    Женски
  3. MoonshineAnne

    MoonshineAnne Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    83
    И се се сведува на тоа дека манИкенот сака да си најде девојка за " дружење " од форумов


    Најс џоб манИкену, се изнафали изнафали ко демек сакаш совет, ма нееемој опасни сте вие манИкени опасни :!:
    И со среќа, можеби че ти се посречи мада чисто сумњам :^)
     
  4. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.480
    XVXV

    Не сакам да те искритикувам, ама сепак ми изгледа како и покрај тоа што си самокритичен, на некој начин се фалиш. Не може цел човечки карактер да се оцени од пола страна муабет, ама мислам дека сепак во глобала те сфативме. Еве на пример, во тебе се вљубува девојка која е образована, се дотерува убаво, отворена, со одлична смисла за хумор, финансиски стабилна (има добра работа), но има да речеме 15 килограми вишок. Ќе ја отфрлиш, нели? Тогаш нема да мислиш на своите 173 цм кои ги сметаш за недостаток. Тогаш нејзините + 15 кг ќе бидат проблем. Извини ако те проценив грешно. Но ако се пронајдеш во мојов коментар, размисли малку, можеби треба да промениш нешто во твојот карактер... Среќно!
     
    На sj *O*, sofijanoka и AnaMKD им се допаѓа ова.
  5. sladok-bitola

    sladok-bitola Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    46
    ех овај проблем мислам дека го имаат 80 % од машките :rofl:
     
  6. Badboy7

    Badboy7 Активен член

    Се зачлени на:
    12 април 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    И јас.. тоа е кога факултетот ти станува опесија и те лишува од љубовниот живот.. god damn..
     
  7. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    Машки извинете ама девојка не се бара на форум. Девојка се бара надвор, на кафе, во диско, или на некој рандом настан. И јас немам девојка ама барем не барам (така си кажувам сам себе де :P )

    Мислам ако се најде некоја така супер... полесно за сите ама мислам дека има подобри начини од пишување на форум
     
  8. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Не е лесно да се најде денес женска. Ако не си некој и нешто во градот, не си фраер, не си мангуп, или незнам пошто само ваквиве можат да привлечат внимание кај женскиве.
     
  9. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    Ова важи само за тинејџери. Не ми се верува дека возрасна девојка која знае што сака ќе бара некое "фраериште" или пијаница.
     
    На eloves, Sanimk1 и Elissa им се допаѓа ова.
  10. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Bokchee а зошто генерализираш така?
    Ако некои девојки кои си ги запознал биле такви, спонзоруши, не мора да значи дека сите останати во градот, државава, светот се исти. :)
    Покрај исклучоците (спонзорушите), верувам дека секоја останата девојка би сакала да има пристоен дечко, културен, со манири, внимателен, романтичен.
    Имаш некои од овие карактеристики?
    Гледам на профилот имаш 25 години.
    И претпоставувам не се удвараш на тинејџерки? :wasntme:
    Дека баш таа категорија, е уфилмана обично со машки- бед бојс, кожни јакни, тетоважи, пирсови, алкохолизирани итн, демек јаки фраери.
    Секоја созреана девојка, која ја поминала адолесцентната фаза, сака дечко каков што претходно опишав.
    А ти се имаш запрашано зошто немаш девојка, дали е до тебе?
    Може имаш превисоки критериуми?
    Или имаш едно лошо искуство, па сите ги етикетираш и ги ставаш во ист кош?
     
  11. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Срцка да имам 25, и не се удварам на тинејџерки, не сакам да отидам во затвор. Мада, ме привлекуваат помали од мене. Еве нека биде 20-23 :$

    Па да речеме дека ги имам тие карактеристики. Мислиш до сега не ќе имав женска. И дефинитивно. немам некој ептен голем или незнам каков критериум за женско. Но. и тие што мислев дека се "созреани" тие испаѓале бетер од овие што се видливи спонзоруши, без никаков никакво понашање, демек јаките пичкици се прават. Па да знам да не трчам по нив. Понекогаш не ни знам дали воопшто да се пуштам. Кој знае каков звер ќе ме пречека.

    И не генерализарам,но што е тоа тука е. Мал е процетентот дури невидлив каде има останато асални женски кај нас. Не ми е гајле надвор како е, Ако идам у друга држава тогаш ќе се замарам. Како може, некој што е добар, има манири, културен да е помалку вреден од некој што однесува дивјачки и глуми bad boy?
     
  12. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Тогаш немаш среќа во љубовта :D
    Шала на страна, мене искрено ми е чудно што не може да налеташ на такви девојки, кои не сакаат т.н. bad boys. Па мора во градот една да е асална. :D

    Јас проблемот искрено го лоцирам во тебе. Не дека сум феминистички настроена, ама се сомневам дека девојките не сакаат таков како тебе, баш како се опиша-фин, културен, со бон тон.
    Можеби тебе лош ти е пристапот?
    Можеби не си приметил, но кога се удвараш си премногу нападен?
    Мора да има причина што те одбиваат, а се сомневам дека истата е тоа што си културно дете. :)

    Ако премногу се форсираш околу тоа да најдеш девојка, или за сите имаш негативно мислење дека се вообразени и глумаат 'јаки пи*кици', како што спомена, тогаш тешко дека ќе најдеш девојка соодветна за тебе.
    Проработи на себе малку.
    Прво кога ќе бидеш во женско друштво, пробај да стекнуваш првенствено пријателство, а не да ја гледаш девојката со намера за 'мување'. Не се девојките толку лесни, како што мислиш.
    И за обично мување, преферираат малку од малку да го познаваат партнерот.
    Има и такви кои акцент ставаат на физички изглед. Ти како изгледаш? Може има нешто во твојот физички изглед што ги одбива. Размисли околу тоа. Што би можел да промениш, но ако си задоволен со себе,што е најбитно, тогаш во ред е.
    Каква ти е самодовербата?
    Тоа е битен сегмент за нас девојките. Не да бидеш вообрзен и препотентен, но фино би било по изгледот да се познава дека си човек со став, знаеш што сакаш и преферираш.
    И по првиот обид се разочаруваш?
    Ние девојките знаеме да глумеме малку недостижни. :D Причината е таа што сакаме на тест да го ставиме потенцијалниот дечко , да видеме дали малку повеќе му значеме. Ако одговорот е да, т.е не се откажува при првиот обид, тогаш би имало шанса за нешто повеќе.
    Сакаме и хумористични момци, кои секогаш знаат да кажат добра шега, и да се шалаат на своја сметка.
    Тоа е тоа во глобала. Не дека имаме некои претерано високи критериуми, туку само основните, што во претходниот пост ги споменав.
    И не знам зашо вие машките имате предрасуди кон девојките, ако гледаме американси филмчиња со лоши момци, не значи и дека во реалноста ги преферираме :wasntme:
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  13. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    Извини друже вака можеби немам право да ти кажувам дека постар од мене си 4 години ама сепак... По муабетов ми личи како ти да се лигавиш пред женски. Не сакаат тие бе така, сакаат човек кој има самодоверба, кој има смисла за хумор. Мислам дека и најбитно е тоа ... па ти ако цело време правиш некои депресивни муабети како животов на денешницава не чини или како во Америка било поарно одколку во Африка никогаш нема ни да те приметат. Значи да не се лажеме... Сите гледаат прво физички изглед за да има шанса и нешто да почне... И после следува муабет...тогаш се гледа каков карактер имаш, дали имаш самодоверба или се сожалуваш сам себе. Сакаат кога ќе седнат со некој да се смеат а не да слушаат како се жала. Не да правиш будала од себе нормално и да изигруваш идиот ама убаво би било да се шегуваш на своја сметка некогаш, а не на туѓа. Ако нејзе и е убав муабетот со тебе значи дека кога ќе ја викнеш пак да излезете ќе прифати, пошто нели си поминала убаво и интересно. Ако и вртиш како што кажав досадни муабети, тешко. И не се оди одма после 2 состанок ајде на мување или на "кафе" во стан. Не оди тоа така лесно... Барем не за сериозна врска. И не се сите исти женски исти. Сум сретнал и такви и такви. И мислам дека не трчаат сите по т.н бед бојс или незнам шо таму... Туку тие сакаат маж а не лигуш. Внимавај на однесување
     
    На eloves, SparkyAngel, poenta и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Некогаш се изнедувам од некој коментари. Зошто мора да значи дека проблемот е до мене? Пристапот ми е далеку од нападен. Барем не таков како што се тие што мислат дека се фраери. И да нормално женскиве паѓаат на такви.

    И знам дека женскиве сакаат да се прават недостижни, Сум го искусил тоа и забавно е да кажам. Но зашто кога доаѓа некој багабонт за 3мин ги ќарува? Може тука е до вкусот, или едноставно дотичната си има некој критериуми.Кажувам шеги, се зезам, што уште не. Али пак типкиве идат по некој шутраци,

    И искрено, далеку сум од лигавење. Да се лигавев на мама и тато кога бев 12год да ми купат авион за летање. Сто пати има по лигави типци, што ги вртат женскиве како што ги сакаат. времето се смени. Сега се гледа нешто друго. Мислев дека со тек на време женскиве ќе се свртат кон момци што стварно ќе ги ценат, али пак си останува се на другото....

    Изгледа Физичкиот изглед игра голема улога тука.Што е тука тоа е, неможам да се променам, да си го сменам изгледот. Ги тргнав тие недостатоци што ме мачеа со години. Како на пример, бубулици, наочари(напраив операција на очи) симнав тежина колку можам, ( не бев апла дебел)
     
  15. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    Не ти го кажав она за да те навредам. Не реков дека си таков...само посочив кои би можеле да бидат причини. Физичкиот изглед има и тоа како важна улога... ако се прават сите дека не е битен...секој си има критериум. Ама не ми се верува дека и сите бараат да изгледаш како Бред Пит. Еве јас не сум ни највисокиот на светов ниту па најубавиот... едноставно просечно... али нема никаков проблем со самодоверба и слични работи. И носам и наочари... нема врска тоа... Али сепак, пред да речиш дека сите женски се исти... види се и сам... Пак ќе ти кажам несакам да те навредам ама сепак неможи СИТЕ да не сакаат ништо со тебе...ако е една, 2, 3, 5 тогаш можи да е до нив...ама неможи сите... или пак си ги погодил погрешните женски...
     
  16. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Бокче другар, јас мислам во другата тема заклучивме дека на погрешни „типки“ се пушташ. И ти глумат јаки пи*кици, е ќе ти глумат ко сакаш таква како нив. Кога ќе се префрлиш на друг тип на девојка, пиши тогаш, а не само тоа, па тоа истото го повторуваш. Не стави сите жени во ист кош и не направи сите спонзоруши, вакви-такви, никакви.... Абе Бог да чува. :!:
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Ќе бидам малку остра и искрена .

    Ако не можеш да си најдеш девојка значи проблемот е до тебе . Жалам ама така е .
    Да немаше некое време девојка ќе ти речев дека едноставно не наишла вистинска или не си имал прилика, сплет на околности да сретнеш некоја што би ти одговарала .
    Ама бидејки си 25 години и досега си немал девојка значи проблемот морам да го лоцирам во тебе . Колку побрзо си признаеш толку побрзо ќе можеш да ја смениш ситуацијата .
    Те гледам по коментарите дека имаш тенденција да ја префрлиш топката и вината на целиот женски род . Не се девојките криви затоа што немаш девојка . Според твоево сите мажи кои се женети или во врска се лоши момци ? Нема културни, фини ,паметни ?
    Како тие успеале ?

    Значи мора да го бараш коренот на проблемот кај тебе а не кај женската популација .Оти со кукање како жените се глупави спонзоруши или дека трчаат по лоши момци ништо нема да направиш ...

    Јас како женско нема да те лажам дека физичкиот изглед нема улога , има и тоа како ..
    За да започнам нешто со дечко мора прво физички да ми се допаѓа не да е модел де туку да ме привлекува ...Кој ти кажува поинаку те лаже . :D И немој да ми кажеш дека кога се додворуваш на некоја девојка која не ја познаваш си се заљубил во нејзиниот карактер . И на мажите и на жените им е битен физичкиот изглед .

    Но тоа не значи дека луѓето кои не се толку убави според некои општоприфатени стандари дека нема да си најдат партнер .. Секој различно ја перцепира физичката убавина и има различни вкусови .
    Па јас гледам во моја околина многу заљубени луѓе некои убави ,некои просечни некои не толку убави .. И другарки кои еве да речеме имаат прекумерна тежина па се среќни и заљубени , едноставно за секое тенџере си има капаче . Јас мислам дека ти одиш на девојки кои се out of your league или пак на девојки кои се палат на лоши момци . Има и такви да не речам празноглави девојки не можеш ти да ги промениш и нема што да бараш кај таква , едноставно таа бара нешто кое не го нудиш ти .

    Да не должам пред мене ти дадоа совети што да подобриш кај тебе .. А тој муабет дека сите жени се исти немој да го правиш на жена која сакаш да ја освоиш , кога ќе слушнам таков муабет од машко веднаш го ставам во категорија очаен и фрустриран и човек на кој сите му се криви само тој не ..

    Запознавај девојки , дружи се , смени го пристапот и работи на самодовербата . Само не очајувај некогаш мора да упали . ;)
     
    На sofijanoka и omg92 им се допаѓа ова.
  18. zgodendecko

    zgodendecko Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    7
    и јас неможам.. ете со која и да се фатам не бива... немам срека излеа .. :(
     
  19. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Не дека немаш среќа, туку до тебе е.
    Мора една да се погоде.
    Се додека не го прифаќате фактот дека можеби вие сте тие кои имаат проблем со девојките, толку подолг временски период следува стагнација на љубовен план. :D
     
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Не се сложувам.
    Точка.