Форумџика на годината 2020

Не можам да си најдам девојка

Дискусија во 'Сингл' започната од xvxv, 18 јануари 2014.

  1. Princess.A

    Princess.A Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2014
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Мој совет - прво почнете со другарски однос(нели со мерка :D ) за да ја запознаете девојката. кој ве брза? малку муабет на никој нема да му штети. не морате одма да почнете да и се пуштате, така таман ке си процените дали си одговарате или не, бидејќи карактерот е побитен.
     
    На Bokchee му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    820
    Пол:
    Машки
    I koga kje ne stavi nekoja vo friend zonata?. Shto togas?
     
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.393
    Пол:
    Женски
    Тогаш обеси се.
     
    На glosipgirl, sajonaramucaca, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  4. omg92

    omg92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Машки
    Самоубиството е голем грев немој така :D
     
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.393
    Пол:
    Женски
    У бре аман не е грев ако навистина посакуваш нешто, било што.
     
    На sajonaramucaca му/ѝ се допаѓа ова.
  6. omg92

    omg92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Машки
    Абе ти посакуваш, тој не :D :P
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  7. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.322
    Море сеирџии едни!
     
    На omg92 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Alyson

    Alyson Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2014
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    110
    Friend зоната е само изговор ако на женско навистина не и се допаѓате. Па као демек пријател си ми, неможам да бидам со тебе, ќе го расипеме пријателството бла бла... (Може да се исклучок оние пријателства што се уште од детството, од многу мали нозе). Иако мислам дека ако навистина и се допаѓаш ќе видиш како ќе батали и friendzone и пријателства и се' :D
    Јас дечко ми 3-4 месеци се обидував да го ставам во friend зоната, се убедував самата дека неможеме да бидеме заедно, ама кога не оди сам да се лажеш, не оди :wasntme: :D
     
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.459
    Допаѓања:
    3.107
    Ако не можеш да си најдеш девојка, дозволи таа да те најде тебе! :)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    5.219
    Тоа, апсолутно не е вистина. Тенка е границата меѓу френд за секс и френд зона.
    Само помисли колку момци во животот те имаат изненадено позитивно откако на прв поглед биле непривлечни, а потоа после два реда муабет ти биле толку секси и привлечни што не си знаела од каде попрво да почнеш да ги грицкаш. :P

    А тоа, да бидеш секси и привлечен после два реда муабет, се вика шарм, се вика искуство, испраксираност за фаќање девојки и има повеќе „алатки“ и финти за да се изгледа така.

    Поентата е, никој не е во френдзоун од сам почеток и момците самите со своето однесување се ставаат таму. Дечкото на Алисон никогаш не бил во френд зоната зашто успешно ја избегнал.

    И Бокче, ако влезеш во френд зоната, толку ти е, нема назад. Единствен пат назад е да фатиш друга девојка, подобра од претходната, ама па после зошто воопшто би сакал назад? :)
     
  11. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    820
    Пол:
    Машки
    Jas izgleda sum zastaren ili nz ama porano ich nemav sreka so zenski. Bev povlecen, sramezliv i baska celo lice mi bese so bubulici sho nekako nemav samodoverba. Se se smeni koga napuniv 19god i ne otidov so drustvo vo zakintos Se pustav, mi se pustaa zenski(ne pijani) ko da bev dr coek tamu, seuste imam kontakt so niv, sekoas me prasuvaat koa kje idam pak. Me gleaa poinaku. Vo sk....... Druga prica e, ne go razbiram mentalitetov na nasive zenski ili dr vid na curi imame
     
  12. omg92

    omg92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Машки
    Секогаш е истото, дури и глупо станува човек да те цитира цело време како велиш дека сите женски се исти. Изгледаш како некој што има 15, а не 25 години.

    Менталитетот во сите земји е различен. Западните земји се по лабави во поглед на сето ова. Кај нас се по конзервативни. Односно во земјите кои се поразвиени а воедно и поглеми од нашата, луѓето се осеќаат по слободно. То ти е исто како да споредуваш како е во СК и Прилеп.
    Еве во Прилеп излегуваш 4-5 пати и сите те знаат веќе. Некои и знаат повеќе за тебе од колку ти самиот, овде не оди секој со секого оти одма се дознава па можно е на некој да му се уништи репутација и што ти знам таму. Овде речиси никој не прави глупости или нема некоја што излегла со 20 души, а таквите, тие што се, сите ги знаат кои се.

    Во СК е послободно одколку во Прилеп, таму не ги интересира многу многу кој што направил и некоја или некој од Аеродром може слободно да си ја бара среќата со некоја или некој од Ѓорче пошто мала е веројатноста да се познаваат или да имаат слушнато еден за друг пошто градот е поголем. Мислам дека разбираш шо сакам да ти кажам.

    Ако толку си имал среќа таму и тамошните девојки ти се послободни и полесно ти е, барај си ја среќата таму, најди работа или нешто преку агенција готово.
     
  13. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.393
    Пол:
    Женски
    Дете опрај се.
    Почнуваш да ме нервираш со твојот негативистички став.
    Те молам посети психолог (ако сеуште го немаш) си имаш ти проблем во тоа тиквата .
    Не е важно кој од каде е!
    Ти имаш комплекс на помала вредност. Ти има спас ама само од стручни лица, на форумов не барај помош.
    Ту бре сум видела негативни лица во животов ама како тебе НЕ посебно на твои години.
    За било која ругоба има капак ама ти изгледа си ептен (извини).
     
    На glosipgirl, tessie, eloves и 4 други им се допаѓа ова.
  14. omg92

    omg92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Машки
    Само остро :rofl:
     
  15. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    820
    Пол:
    Машки
    Пред гомната да ги сереш види дали има тоалетна. Не збори кога не ме знаеш,Имам два психолози дома, и сосема сум ок. Не па некоја како тебе ќе ми каже дали ми треба или не ми треба помош. Мене тиквата ми е сосема во ред и ми функционира 100%
     
  16. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.393
    Пол:
    Женски
    Ту бре млади деца наместо да уживате во животот вие само кукате.
    ПУ ПУ ПУ скраја да е, ако имате и плус црни мисли.
     
  17. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.393
    Пол:
    Женски
    Јас само си го кажав моето мислење не сакав никого да навредам, а ти ако се изнајде во моето мислење тогаш извини.
    Со тоалетна не се расправам оти си го мијам газот.
     
  18. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    820
    Пол:
    Машки
    Твоето мислење е понижувачки. Ако несакас да ме читаш блокорај, ем ќе бидеш задоволна ем нема да се замараш
     
  19. omg92

    omg92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Машки
    Абе мојот пост за него беше наменет ако не ме сфати убаво... му кажував пример :D
     
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.459
    Допаѓања:
    3.107
    Полека Bokchee не се нервирај, знам не ти е сеедно, ама нема фајде од грубости.

    Човека го издава меѓу другото начинот на пишување и ставовите кои ги искажува писмено. Daleron можеби незнае кој бр. на патики носиш или дали ти е омилена музика турбофолк или класика, но конкретно во врска со оваа тема таа и другите форумџијки имале прилика веќе релативно добро да те запознаат за овие 10 месеци.

    Можеби Daleron била премногу директна, но самиот факт што толку те изреволтира нејзиниот коментар, укажува дека во него има барем понешто вистина. Можеби несоодветно искажана, но сепак вистина.

    Ќе ја раздвојам во повеќе пасуси твојата реплика до феминката со цел да ти укажам на неколку моменти преку кои можеби несвесно преминуваш а се доста важни:
    Е штом ти се дома, тогаш исто како да ги немаш! Блиските за нас честопати имаат изградено некаква слика која нужно не соодветствува целосно на реалноста. Поради тоа психолог не може да ти биде некој од дома или близок пријател, независно каква диплома и лиценца имаат. Тоа мора да биде некое лице (машко или женско, небитно) кое е неутрално!!! Значи лице кое ќе те запознае дури преку сеансите на психотерапија. Тогаш и помошта може да биде непристрасна и вистинска.
    А кој очекуваш да ти каже? Девојката што ја немаш? Прости ми ако звучам грубо, но ти си тој кој дорбоволно си се зачленил на форумов и си побарал мислење од разните членови - ете тие тоа го прават. Не се замарај со тоа што кажале, туку обиди се да ја согледаш главната поента, она позитивното во критиката! Мислам дека суштината на советот од Daleron - дека од форумов нема многу фајде, и дека е поарно да се појде кај психолог, уште подобро психотерапевт - е и те како добар.

    Вистинскиот психотерапевт нема вака да ти „сере„ и соли памет, туку постепено низ специјални разговори и прашања, ќе те наведе сам да дојдеш до решението. Тоа може да биде вистинско препородување и започнување на нов и далеку поубав и посреќен живот.
    Внимавај, никому не му функционира тиквата 100% во ред. Кога би било така, тоа би значело дека сме совршени, тогаш не би сме имале потешкотии и проблеми. Тогаш светот би бил исто така совршен, бидејќи би го твореле совршени поединци.

    Глава горе, учи од досегашните грешки, менувај се кон позитивно, само напред и ќе успееш!

    п.с. Една згодна познаничка си се омажи за постар дечко (типот имаше 40 на свадбата, сега 44 - немал пред тоа други бракови), двајцата си беа богати, така да не беше заради парите, ама сакам да ти кажам ако си 25, тогаш имаш уште време.
     
    На glosipgirl, Daleron и Dentina им се допаѓа ова.