Имаше еден така во Америките пред некој месец,нон стоп кукаше како жените не го сакаат ,а он е уствари прекрасен,и се чудеше што к.. наоѓаат кај другите а кај него не.А батката молим ти се и мерцедес или шо и да е возел,татко му некој асистент на режија познат ,и пари имал и се ,и пак не го сакале..јао,куку..Типчето по американски проблемот си го реши така што закла и упуца 7 луге мислам дека беа.На некој колеџ.Не се сеќавам дали сам се реши после тоа.После муабетот де Аспергер,де шизофренија .. Some people really give me creeps sometimes..
Мене не ми треба помош од психолог или психотерапевт дали разбираш ти или не? На такви работи се оди, на други потешки и побитни работи. Болест во семејство, бременост, психоза, проблеми во семејствотом работа со деца, проблеми во школо, со другарчињата и такви работи. Такви луѓе и идат на сестра ми, не некој, абе неможам да си фатам женска, ќе оди на псиголог. Да јас се зачленив тука онака да видам мислења, а не некој да ме праќа на писхолог и да ми соли тука памет.
Си се зачленил за да се распаваш. Кој кажа дека постот е наменет за тебе, се изнаоѓаш во сите постови. Ова е последно што ќе го напишам во однос со тебе, немам јас време да се замарам со недозреани. И што има сестра ти да расправа со тебе за нејзините пациенти? Нели лекарот треба да ги штити податоците за своите пациенти.
Во ред Bokchee, еве кога би познавал некој кој е мошне сличен на тебе со истиот проблем: би сакал да има девојка но никако да си фати... што би му предложил или каков совет би му дал ти искрено?
Следен пат ако ме праша некој, а знам превише како мене. Ќе ги пратам на психолог, пошто очигледно со нив како и со мене нешто не има проблем. Да знаев што совет да дадам, ќе дадев, не ме прашуваат, колку знаат они толку и јас. Или, ќе ги земам под рака и на Закинтос следно лето. Но до тогаш што? Или па пакувај куферите и во некоја нормална држава.
Неможе бе сите македонки да не чинат, не може државата да не ја бива, сите луди само ти нормален И ништо лошо не ти кажаа ни Валерон ни Дејлајт, штом на толку напор ни една девојка не сака да излезе со тебе, ти нешто многу грешиш. И да побараш совет од другар, ретко кој е толку храбар денес да биде брутално искрен и да ти каже `Не чиниш, брат!` а судејки како реагираш тука на форумот, одма на критика враќаш со навреди, ништо чудно и никој и да не сака да ти каже нешто. Тоа што дома имаш психилози не значи ама баш ништо- тие тебе те гледаат низ призма на љубов и за нив ти си најубав, најпаметен, најзгоден. И токму поради тоа што живееш со луѓе кои се бават со таа професија, не би требало така наивно да дискриминираш. Убаво ти пишаа, отиди на еден разговор, може ќе ти помогне, ќе ти укаже на нешто за кое ти не си свесен, секако дека нема да те легнат таму на кауч и да те тераат да збориш за мајка ти, туку ако има некој проблем, ќе ти се дадат насоки како да си помогнеш сам на себе.
Daleronke,ако инспирацијата така лесно иде,ондак работата е превише забегана.Значи ни тв треба да уклучува ни на комјутер да се логира,оти стално негде има инспирација,и типците со женски се инспирација. Кој сфати,сфати..некогаш некои работи колку брутално и да ги кажеш--џабе е. За малиот-аха,особено проблеми со другарчињата и бременост бараат психотерапевт. Среќа па има опција некои постови да не ги читам
Јас мислам дека стратегијата на бокче му е да го тупи на форумов дека нема жени и дека се сите тапа се додека не се појави некоја форумџика која ќе рече еве јас ќе му докажам дека е спротивно... и така да си фати женска .... чича мича готова прича.
Го читам цело време и да ти кажам и мене ми го остави истиот впечаток. И јас така мислам. Очекува дека ќе дојде некоја тука и ќе му се лижи.
Леле, ме откривте. Сеа што да правам? И не пишувам на секоја втора. Inbox-от ми е фул од луѓе што бараат совет од мене кои несакат да пишат во јавност. И што да правам сега, да не им вратам? Забрането е да праќаат лп? Пишува некаде на форумот, ако пишува сум пропуштил.
Bokchee братче јас мислам дека твојата најголема грешка е што ти си опседнат со ова дека неможеш да си најдеш девојка. И многу ме интересира каде тоа ја бараше, освен на фемина и фб? Значи сфати девојката не е предмет за ти да ја бараш наоколу. Опушти се малку, испадни, прошетај ваму таму и види што се се случува надвор. И ако една или две девојки те одбиле незначи дека сите се такви. Ти ги читав наназад постовите и жално е тоа што на сите македонки им лепиш етикети на лесни девојки и дека трчеле по да не кажам какви момци. Искрено ти кажувам дека во тебе е проблемот. Ајде една девојка, две, три не ти чинеле ама неможе тебе цела држава не ти чини. Со вакво однесување и во Америка, и во Пакистан да отидеш ти пак нема да имаш девојка. Девојките секаде се исти помалку или повеќе. И секое девојче што ќе го запознаеш неможе во неа да гледаш како твоја идна девојка. Друга грешка е тоа што си премногу фин и културен. На некој начин сите сме ама твоето е претерано и од страна изгледа како лигавење и принамагање. И постојано се жалиш нешто. Епа јас на пример како девојче би сакала некој кој ќе знае да сврзи две асални реченици а не да ми се жали како немал среќа во љубовта, неможел девојка да фати, поплавите во Србија, ланскиот снег и во Америка било подобро, епа тогаш оди во Америка. Нема потреба толку да се правиш фин и културен однесувај си се најнормално. И престани да се пронаоѓаш во секој пост и да се расправаш овде со сите, посебно не со Далерон жената мајка може да ти биде и не за друго срамота е.
Бокче срце не се нервирај глеам сите те нападнале . нема да те стави во френд зона затоа реков со мерка, ама така и двајцата ќе се опуштите со нормален муабет прво, ама сепак ќе си пробуваш и со малку флерт нели и ќе видиш реакција , разговорот значи треба да ви биде мешавина од доза на флерт и нормален муабет и најбитно не глуми нешто што не си! многу го мразам тоа биди си ти! и ајде самодоверба малце што е ова?
Аман со таа френд зона, се почна од оној филмот со Камерон Дијаз. Една работа да се разбереме таа не постои. Се знае што е другар, другар од детство, школски другари. А не може кога ќе запознаеш возрасна девојка и ако си пријателски расположен спрема неа да те смета за другар. Ако и се допаѓаш никогаш не си во френд зона, само има глуматање додека не го направи потегот момчето. А доколку ти рече дека те гледа како другар а сте се запознале пред некој месец верувај дека никогаш не си имал ни шанси кај неа, само е фина и културна за да не те повреди и као демек другар си и. Ако и се свиѓаш на девојка не постои такво нешто како френд зона. А друго се долгодишните пријателства од детство, па и жив сведок сум како многу завршиле со брак, ама да тогаш може да ти рече стварно дека те гледа како другар оти ти се поверувала за дечковци и заедно сте играле топка. Така да момци не плашете се да се поставите другарски спрема девојка што ви се допаѓа така имате повеќе шанси, ако ве одбие верувајте не е ради тоа што ве гледа као другар туку едноставно оти не и се допаѓате.
Барајте на интернет! Само таму ќе најдете! Ви препорачувам исклучиво индиски дејтинг сајтови. Може на крај да испадне дека има туле невестата,ама што има везе,битно сте си нашле нешто,па девојка,дечко или вонземјанин,што има везе
По нешто до негде си во право ама ова не е воопшто добар совет за машко... Ако типот остварил контакт со девојка и таа од самиот старт му се допаѓа, толку е. Нема више тука другарка ова она, па и да му биде... секој момент у глава ке му се врти филмот како имаат нешто повеке од тоа. Ако се поставува од старт другаски со секоја што ке ја сретне, на крај ке остане со еден куп другарки и ***от во раце... been there, done that Исто тој баланс помеѓу флерт и другарско понашање е доста зезнат да се одржи... на крај ке испадне она, "абе ја од увек те свиѓав али ти нешто чуден ми беше, не бев сигурна" (а девојкава се омажила у меѓувреме) been there, done that too. Френд зоната постои и тоа како е реална... и колку си по фин толку повеќе тонеш во калта а ако не и се допаѓате, немора ни воопшто ни да се "дружи" со вас
Јас зборам од женска перспектива, нели онаа што вие мажите ја немате. Прво ако одма и се пушти многу е веројатно дека ќе биде перцепиран како нападен и ќе добие корпа, оти не оди тоа така бодни прачка пиј вино. Уствари оди ама зависи од девојката и што бараш, ако сакаш секс за една вечер тогаш да така оди. Ако и пријдеш на девојка као другарски не делуваш толку инванзивен и девојката е поопуштена да те запознае и да не се брани по дифолт туку да ја спушти стражата. Оти на една девојка може и 10 нападни мажјаци да и се пуштат а она не може да селектира кој сака да ја легне само , кој е добар дечко кој не, не им пишува на челото де. Така да ако почнеш со муабет и се дружите некое време имаш многу поголеми шанси. И баш таа тензија ме сака не ме сака ја прави девојката позаинтересирана. Е сеа да ќе се сложам да не заспиеш чекајки да направиш потег па да ја грабне друг. И да точно не мора да се дружи со тебе ако не и се допаѓаш , ама жените се дружат од различни причини дали е незгодно да те откачи, може онака си тепа време со празни муабети или едноставно си го билда егото што има другарчиња што ја сакаат.