Форумџика на годината 2020

Не можам да си најдам девојка

Дискусија во 'Сингл' започната од xvxv, 18 јануари 2014.

  1. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Машки
    Ok, we found some common ground on the subject :)

    "одма пуштањето" работи, ама за по созреани девојки според мене, девојки што стварно знаат што сакаат... би рекол од прилика над 24.

    И да у право си, билдање его со другари што ја сакаат... страшна работа :D
     
  2. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    10.970
    Пол:
    Женски
    И пак ќе треба да се сложиме дека не се сложуваме. :D Што ги гледам моите другарки кои се по 24-25 години се многу попретпазливи отколку што биле кога биле помлади. Знаеш кога ќе се изгориш од врело млеко дуваш и на кисело.
     
    На acezmija, Hipica и Daydream им се допаѓа ова.
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.393
    Пол:
    Женски
    Ајде бе и во прва прилика оп СОПКА.
     
  4. Nausicaa

    Nausicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.323
    Допаѓања:
    18.302
    Да ви се убацам малку во муабет, ако ме примате :$
    Од мое искуство, и двата пола се виновни за потцртаното - имам другарки кои го прават тоа и имам другарки на кои им го прават ама реално- сами си се криви! Без разлика колку некој е френдли по телефон или на фб, еднаш некој да ме откачи бидејќи имал работа, не му било добро, умрел дедо му, во ред е, ќе му `опростам` ама три пати по ред да качува температура или шефот баш тој ден да му дава овертајм задачи, јасно ќе ми биде колку е саат. И не можам да ги жалам оние кои со недели добиваат корпи од една иста личност, зошто ако самиот не сакаш да се соочиш со фактот дека џабе се трудиш а место тоа се тешиш со тоа што другата личност секогаш е фин/а кога ќе и пишеш и ти крева на телефон кога ќе и свртиш, тогаш живеј си во лажна надеж уште некоја недела(или неколку месеци)

    И се согласувам со напишаното од Мими - нормален, опуштен, пријателски муабет е најдобриот пристап! Приоѓање и веднаш апла пуштање, освен ако не си Бред Пит и она да падне на колена од твојата лепота, ретко кога поминува.
     
    На Elena69221, Hipica и mimiiiii им се допаѓа ова.
  5. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    5.219
    Како и сè во животот, така и оваа работа си бара совршен баланс меѓу флерт и бидување другар. Најумешни во освојување девојки се оние момци кои успеваат да создадат слика за себе дека ништо не сакаат од девојката со која комуницираат, ама истовремено протнуваат флертувачки реченици секои 5 минути. Хемијата која таа игра ја создава е нескротлива, па дури и дечкото да личи на модар патлиџан, девојката пак ќе сака да има нешто за него, зашто не може да го разбере, а девојките секогаш сакаат момци кои не можат да ги сфатат.

    Плус, ги чувствуваат блиски зашто се поставени како другари и се осеќаат сигурно, од друга страна имаат и флертувач.

    Значи не криј дека сакаш да ја легнеш, ама истовремено покажи и` дека ако останете само другари уопште нема да ти биде проблем.

    И да, ако се бара секс за една вечер, нема другарски однос, напротив, баш реченица од типот „до крајот на вечерта ќе те отворам како поклон за роденден“ највеќе пали. :!: Ама мислам дека тука не праиме муабет за тоа.
     
    На Spidy и omg92 им се допаѓа ова.
  6. seasopraime

    seasopraime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
  7. 1slavjanka

    1slavjanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2014
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Обично една од особините која е многу одбивна за девојките е препознатливиот очај. Значи дечки што кукаат дека неможат да најдат девојка, дека женските се вакви/такви и се вечно песимистички и депресивно расположени нека си го сменат однесувањето па може и ќе им се промени животот. :)
     
    На buba4e89, eloves, Aleksandar1212 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. berrybush

    berrybush Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2015
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Машки
    Сите страдаме од некое си ниво на само-критика. Во ред да увидиш дека секогаш можеш подобро, така растеш. Проблемот е што само-критика лесно станува само-осудување. И кога зрачиш со таква енергија, така и другите те гледаат, дали на свесно или подсвесно ниво.

    Само твојот менталитет игра улога. Твоите физички карактеристики се донекаде небитни се додека ти си тоа што го збориш и се сакаш себеси за тоа што си. Рефлекција во огледало, ако сакаш другите да те гледаат некако, почни од сам себе - гледај се така ти. Тоа е филозофијата.

    Тоа настрана, кога некој е премногу само критичен, обично делува дека нешто мота, лаже или дека се фура. Тоа немора да е случајот со тебе, но твојот несвесен став и свесна одлика се во конфликт. Во други зборови, тоа што го збориш не е еднакво на тоа што го чуствуваш. И многу луѓе, особено женски ги приметуваат тие работи од километар.

    Како што увидов, напиша огромен текст со твоите карактеристики за сите ние "да ти сватиме подобро". Имаш страв луѓето да те сватат за тоа што реално си, а не за тоа што мислиш дека треба да бидеш. Луѓе кои имаат реален или замислен дефицит во врска со сами себе користат рационализација и тешење за од други луѓе да го добијат тоа што они самите неможат да си го дадат. Во твојот случај, само-љубов и оправдување дека се доволни добри какви што се. Бидејќи ти не сакаш да се одобриш сам себе каков што си, константно се осудуваш и си бараш мани кадешто има или нема, ти треба партнер да го негира тој дел од тебе.

    Реално тебе не ти треба женска, туку само доверба дека си доволно добар каков што си.

    Има многу совети за перфекционисти и за критичари што можам да ти дадам. Најлесен начин што бара одредено ниво дисциплина е да си направиш "diary". Некоја мала тетратка со пенкалце или memo во мобилен што ќе ти биде само за тоа. Кога било ќе видиш дека се тепаш себеси за некоја работа, извади го мобилниот или тетратката и напиши го негативното што го гледаш + позитивното. Најди нешто позитивно во тоа што твојот ум ти вика дека е "непростливо" во врска со тебе. Поентата е да влезеш во навика да се оправдуваш себеси за таков каков што си, не за таков каков што мислиш дека треба да бидеш. Со доволно пракса, ќе влезеш во навика сам да се браниш и нема да имаш потреба да се правдаш пред други дека ти си повеќе од тоа што они го гледаат. И со тој менталитет, лесно ќе си најдеш партнер каков што сакаш.

    Со среќа.
     
    Последна измена: 25 март 2015
  9. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.739
    Пол:
    Машки
    Си најде женска бе? Ти помогнаа советиве?
    За да си најдеш женска прво треба да заклучиш каква женска сакаш.
    Пред да го направиш тоа треба прво да погледнеш длабоко во себе, каков си и што сакаш.
    Многу е битно сознаеш што сакаш.....
    На пример: Сакаш девојка која што е атрактивна, се облака убаво, перфекција во ход..
    Дали ти си исто така перфекција, си атрактивен и ги поседуваш сите тие квалитети како таа личност што сакаш да ти биде девојка? Тоа е многу битно да се запази.
     
  10. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.393
    Пол:
    Женски
    Бе ти си најде?
    Секој не е скроен да се ослободи и распушта насекаде. Профилот на тип на девојка може му е створен, ама ете не ја бива нешто. Најлесно е од овде на пишан збор да судиме, ама ајде сите да ве видаам на дело!
     
    На buba4e89, Askopje и Prijatelot им се допаѓа ова.
  11. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.739
    Пол:
    Машки
    Далеронче, не барам девојка јас.
    Секогаш ќе има некоја негативна карактеристика ама тоа е всадено во сите нас, нема перфекција.
    Не судам јас никаде само сакав да ми помогнам на дечкото и на останатите.
    Јас си функцинирам според таа шематика и функционира.
    Нека ја фати малата после лесно е за корегирање. :))
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.393
    Пол:
    Женски
    Ххахаахах ќе ја прекроиме после еве се нафаќам во шнајдаралак.
     
    На Prijatelot му/ѝ се допаѓа ова.
  13. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.418
    Допаѓања:
    48.871
    Пол:
    Женски
    Ако и се допаѓаш на девојка, сигурно нема да ти рече дека не сака да си го расипе пријателството заради нешто повеќе. Баш зборував со другарка за ова вчера, и како што таа рече: ruining a friendship with sex is like ruining ice-cream with chocolate sprinkles.

    Тоа е само изговор. Јас го имам искористено кога не сакам да повредам некој што ми е близок. Помалку е болно и помалку непријатно и за двете страни.

    А за дечкото со 173цм, ние сме ниска нација. Јас сум 178 и верувај, гледам наоколу. Скоро сите мои другари се пониски од мене, имам другарки и по 20цм пониски. Мислам дека си премногу несигурен и го бараш во себе проблемот затоа што немаш девојка. Опушти се, најверојатно само не си ја запознал вистинската, а тоа не е толку лесно колку што мислиш.
     
  14. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    1.838
    Пол:
    Женски
    Decko, ajde i od mene malku pamet... Na tvoi godini, imav samo edna vrska. Tocka. Ni muvanje, ni nisto....Relaks. Edna rabota si mi sprotiven. Kako mozi, em si ubav, zgoden i se, em si so kompleksi....Moj sovet, makar so nekoja ``pogresna``, poraboti na pristapot. Sto da recis, kako da go recis, kako da ja smekas, kako da bidis vo vrska....Ne si 40 godini, pa sega da se sekiras lele lele nemam devojka. A mnogu pati imam zaprimeteno - duri i za nekoja kako mene, debela i prosecna na izgled - SAMODOVERBATA E KLUCOT. Ne e visinata, ne e nisto od toa sto te sprecuva napred. Samo pristapot. Oti ako odime po druga logika - mazite koi se grdi zavrsuvaat sami? Makar sto sum zensko i ne pristapuvam sama do nekoj, kolku sum bila posamouverena - poveke mi se priblizuvale makar i za edno zdravo. Pristapi do nekoja so samodoverba ekstra, so lezeren muabet, kako cel svet da e tvoj - i ke ja vidis razlikata. I, nemoj da smetas samo na izgledot, za vistinska vrska - ti treba vistinski karakter. Oti ovde samo citam za tvoite fizicki kvaliteti. A nisto za licnosta. Sto sakas, hobi, sport, dali imas nekoi interesi, planinarenje, avtomobili....Fizickite kvaliteti se samo za muvanje super, vo realniot svet i zenite ne sakaat kukla do niv sto ne znae muabet da napravi, ne daj boze nikakov muabet ne pravi. Ti baras od nekoja da bide dobra, fina, prijatna....a samiot se rasfrlas deka si bil maneken i sl...Ako nemas vnatresno sto kvlaitetno da ponudis, ili ako nemas dopirna tocka vo karakterot so taa sto ti se dopaga, se propaga vo voda.
     
    На Dust, Aleksandar1212 и crimson им се допаѓа ова.
  15. Triumf

    Triumf Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Машки
    Ги прочитав сите коментари и мислења и сега сакам и јас од моја гледна точка да дадам мислење за ваквите проблеми.
    Јас мислам дека најбитно за едно машко е да има цврст карактер со свој став,мислење и цел во животот.На некои девојки тоа ќе им се допаѓа на некои не ,некоја ќе те мрази некоја ќе те обожава,некоја ке ги одобрува твоите потези некоја не.
    Твоја работа е да ја препознаеш онаа која има позитивно мислење за тебе и малку да се потрудиш да бидиш со неа.
    Физичкиот изглед е битен но не секогаш е пресуден, јас мислам карактерот дека е најмногу пресуден за една врска.
    Сите сакаме покрај себе да имаме некој кој ќе ни одговара само овдека гледам дека некои личности бараат нешто а не знаат што.
    За вкусови и за години не се разговара бидејќи сите имаме различен став.Тоа што е убаво за мене е грдо за друг,тоа што е убаво за некого не знаци дека е убаво и за мене.
    Имало сутуации каде што ми велеле дека сум грд , а и ситуации дека сум убав и што треба да земам јас како репер за мене првото или второто?
    Во многу ситуации побитно е како ќе те одцени девојката , а не како ќе се одцениш самиот.
    Овде повеќе сами себе си даваат одценки одколку што ги прифаќаат одценките од другите.
    Како што кажав погоре треба да се пребознае која двоја има позитивно мислење за тебе и ако таа девојка има позитивна одценка од твоја страна тогаш тоа е добитна комбинација све останато е само заблуда и желба со лош крај.
    Заклучок:
    Дозволи да те одценуваат девојките и ти одценувај ги девојките.
    Одценката е мерило на квалитет и никого не навредувај и омаловажувај секој има свои квалитети.
     
    На macencef, SAMIRA, eloves и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. smigool

    smigool Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    352
    Пол:
    Машки
    иди бре расти! стареел он на 20 години!
    ќе си најдеш на 40 ќе ти биде прва и ти нејзе
    и така среќно си живееа ќе биде!
    или правац албанија за 500 еуриќи купи си една..
     
  17. acezmija

    acezmija Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2016
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Машки
    ako ima nekoja van mk neka mi pise od alban do hrvatska,,,samo od mk ne ,,oo
     
  18. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    1.838
    Пол:
    Женски
    Толку зрело мислење од машко прв пат читам. Бравос за тебе. Ти ке си најдиш некоја што ќе ти одговара - ако веќе немаш.
     
  19. love_fighter92

    love_fighter92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2017
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите,
    јас сум нов на форумов и ми треба помош!

    За некој месец ќе наполнам 25 години.Досега сум имал само една врска која траеше речиси 2 години и врската ни заврши пред да наполнам 19 години.
    Точно 6 години немам девојка и не можам никако да влезам во врска!
    Се чувствувам очајно...Шест години не сум имал секс...
    Копнеам по девојка..
    Сум направил милиони обиди за да фатам девојка но ниту еден не ми успева
    Имав неколку шанси кои изгледаа толку блиску до реализација но пропаднаа! :/
    На ФБ имам цел список од девојки од цела Македонија кои не ме прифатиле..
    Тие пак што ме прифатиле не ми одговараат на Chat..
    На факултет сите колешки што ги познавам имаат долги љубовни врски..
    Никој досега не ми рекол дека не изгледам убав,напротив ми велат дека дека сум убав,ова не го кажувам со доза на фалење,туку само објективно кажувам што ми е кажано..
    Според карактерот сум многу искрен и се трудам секогаш да ја кажам вистината,бидејќи сметам дека доколку човек не ја каже вистината тогаш причинува големи проблеми,првенствено самиот себе си!
    Сум се обидел да пронајдам девојка и преку агенција за запознавање преку интернет,па потоа комуникацијата се одвиваше со СМС пораки,но набрзо открив дека е лажно..
    На ФБ открив кои девојки ме следат (иако не знам дали е толку сигурно!) и им испратив пријателства,ме прифатија но мртва тишина на Chat !
    Има тука и девојки од Србија,БиХ,Хрватска но ништо!
    Инаку за себе би сакал уште да кажам дека не излегувам,но тоа сега за сега не можам да го променам!
    А девојка ми е повеќе од потребна и емотивно а и сексот ми недостасува многу!Претпоставувам дека ме разбирате како ми е!
    Многу сум разочаран!

    Молам за совет како да пронајдам девојка!

    Ве молам помогнете ми!

    Однапред Ви благодарам на сите!
    Со почит!
     
    На Evaa_19 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8.808
    Допаѓања:
    139.715
    @love_fighter92 како мислиш да најдеш девојка ако не излегуваш? Да не сакаш да ти слета на прозор како некоја ластовица:?:
    И како мислиш да задржиш некоја ако ја фатиш, доколку не излегуваш:?:

    Аман оди помешај се со луѓе, не јадеме...
     
    На LittlePinky, SuperGirl24, crimson и 2 други им се допаѓа ова.