*Нека птице никад не полете.*Некои грешки не се поправаат. Но можеби он само мислел - имал мислење. Сигурно да имало нешто повеќе , ако ништо друго , девојката сама би му дала контакт или побарала.
А каква причина бе другар. Што кола возиш и како стоиш со финансии кажи и се е јасно. Сами се нудат за број ако имаш во џебот верувај. Не велам дека сите се такви, има исклучоци ама ретки се, тага да не се преоптеретувај, прави нешто што те прави среќен а тоа ако треба да се деси ќе се деси.
Ахххххххх Инцелски муабети и MRA филозофии, а @Vitaly? Колку е убаво да си машко. Не те сакаат женските зошто не си богат, толку. Друга причина нема. Женските се само тоа, тешки материјалистки и спонзоруши. Чест на исклучоци. Не е дека можеби не си интересен, или физички не си баш најпривлечен, или можеби не знаеш нормален муабет да направиш (праска гради, anyone ) Не, ти си супер, женските се тие не чинат. А како контраст на ова мислење, ете ме мене и сите мои другарки, од детство па до сега. Ако општо не сме имале успех кај момците, или некоја определена симпатија не не рецкал, следеле плачки од типот на: „Дебела сум, затоа не ме сака!!!!“ „Слаба сум, затоа не ме сака!!!!“ и плус „Не сум убава/Не сум забавна/ Не правам паметни муабети/ Не се облекувам убаво/ Немам долга коса/ Немам дебели усни/ Не се бакнувам убаво/ Немам стегнато тело/ Немам секси задник/ Немам смисла за хумор“ Како бе едно женско не слушнав да каже дека мажите се криви што она не може дечко да фати, туку сите секогаш сме си ги барале причините во себе. А најлесно е да се каже дека другиот е крив. Место да размисли зошто девојките не се заинтересирани за него, да се запраша дали можеби треба нешто да смени во пристапот, па и во физичкиот изглед, најлесно е за егото девојката да се прогласи за спонзоруша. Не е дека момакот не чини, проблемот е во тоа што нема јака кола и кеш. Јеа рајт
Реков дека има исклучоци. А и знам како е кога никој не те гледа кога немаш во џебот па затоа зборам овде или шлапам по твое како сакаш. Проблемот може да е и во него ама ме чуди зошто проблемите ги снемува за миг ако си финансиски појак. Не го зборам ова од ведро небо, ми се има случено многу пати, поготово последнава година одкако почнав да шетам почесто. И не реков дека сите девојки се такви. Еве ако ти е за утеха имам сестра па и таа од како ја знам само богатство ја интересира.
@Vitaly, секогаш постојат материјалисти. Постоеле и ќе постојат. Полот нема врска со тој „критериум“ за врска. Е сега, нема шанси јас и другаркиве да сме исклучоци од правилото. Сите други спонзоруши, само ние сме поштени и фини. Не, не сме. И да бидеме реални, материјалистките од километар се гледаат, не можеш да ги утнеш. Ако тебе ти се привлечни баш тој тип на девојки, епа јбг. Не е до нив, до тебе е. Ќе си бараш девојка спроти себе.
Партнерското поврзување и зближување е условено од компатибилност. Финансиската состојба (појак, послаб) не е репер за успешна врска. Немаат сите нихилистички потреби. Проблемите не исчезнуваат за миг како што и не се случуваат. Нештата имаат причинско-последична основа и можат да бидат од различна природа, освен материјална. Секој треба да биде пообјективно настроен и реален за своите капацитети без да се впушти во потрага по нешто што не може да пружи, а да бара за возврат. Бегството од себесоочување и согледување на личните недоследности насочено кон туѓите аномалии и каприци резултира со разочарување. Никој не е толку "недопирлив" колку што секој може да биде сам по себе причина за "недопирливоста".
Немам ништо против и она да побараше контакт , сепак е тоа работа која јас требаше да ја направам. Ако поставува лични прашања, значи дека постои првичен интерес и можев да и барам телефон. Не стигнавме да дискутираме околу финансии и каква кола возам , а и не беше сама него со другарка и. Што не значи дека работава ќе беше готова, но ќе ја поканев на кафе и може ништо немаше да биде. Немам проблем со тоа, само шанса беше подобро да ја запознаам (и таа мене), едно видување не мора ништо да значи, сум излегол и со девојки кои и не ми се свиѓаат, не гледам дека е тоа одма мора да значи нешто. Во случајов вината е само моја, за жал спор сум, а во некои ситуации нема време за размислување, ако не реагирш одма, отиде возот.
А дали има момци исклучоци од ова вашево „сите се материјалистки“? И после „Зошто немам девојка?“ и „Зошто не можам да задржам девојка?“. Затоа што егото и нарцисоидноста го преземаат кормилото само што ти се спомне зборот девојка.
Досадни сте веќе со ваквите коментари дека девојќите трчаат по пари и дека се ретки тие другите.Не е така.Тоа е само ваш коментар затоа што сите жени ве одбиваат и не сакаат контакт со вас па ќе се тешите со глупости.
Во потполност се согласувам со репликата на @Nausicaa само ќе се надополнам. Нема ништо лошо во тоа да се биде материјалист. Обусловени сме од земските хедонистички задоволства. Еве, на пример јас сум тежок материјалист по природа. Многу сакам земски добра во неограничени количини, со таа разлика што истите ги барам и очекувам од себе! Не од момак, не од мајка, не од татко. Да се пошегувам малку, ова моето испаѓа сам свој спонзор. Материјалните побарувања од другата страна (партнерот) не мора секогаш да бидат во парична форма. Мажите кои ги објектифицираат жените и сексуално го посакуваат нивното тело се во иста мера спонзоруши колку и една жена која бара секој каприц да ѝ биде платен и удоволен без притоа да има желба и иницијација за финансиска рамноправност. Така да пред да поентирате кон жените во однос на спонзорството погледнете ги своите критериуми за жена. ,,Да е женствена, има цврст задник, полни усни, плава коса".
Како што има девојки така има и машки матријалисти,некако во подем се машки спонзоруши,секој треба да си се бара таму каде што припаѓа,сите сакаме да сме богати и убави ама тогаш не би бил интересен животот. Направи си анализа колку ти самиот вредиш?Што сакаш?Што бараш?Љубовта е реципроцитет колку даваш толку ке добиеш.
Добро лошо сум се изразила,треба да биде обострана љубовта во таа смисла,инаку ништо неможеш на вага да ставиш,све е релативно,нормално е некој повеќе да сака,а некој помалку. Тоа сакањето е релативно,поважно е почитувањето.
Здраво дечки јас сум нов тука сакам да си е споделам маката моја Имав врска од 3 години и раскинавме пред една година. После таа врска јас неможам да најдам девојка. Поточно неможам да воспоставам контакт со девојче.. Корисник сум на социјални мрежи како и повеќето од нас. Пробував со тиндер миндер уште по бетер. Не сум некој што додавам по 100 женски па да пробам дали ќе упали некаде. Едноставно не ми иде сум пробал да воспоставам контакт и во живо и преку социјалниве мрежи нече и нече. И друго не сум некој грд воопшто солидна висина, нормална тежина, вежбам, ситуиран со добра работа све што треба да сака едно женско го имам ама стварно незнам што е проблемот.
Јеби га, баце.Не функционира више тоа со девојки да фаќаш со лепота и фини манири.Сега бараат кола, пари, материјално нешто...за жал така е, сурова вистина.Ако и се лигавиш, цвеќиња, подароци на онакво ќе те стави и нема да и е гајле.
Епа фати си го членот.Покажи му дека не е точно. Реалноста е таа, кога ќе видат дека човекот може си има психички проблеми, финансиски проблеми итн , одма бегате.
Па кој не ни бегал од некој кој има психички проблеми!?!? Лично за мене ќе си кажам, не бегам од некој кој има финасиски проблеми/потешкотии. Ама и те како бегам од некој кој не знае / не сака да заработи, да сработи, обезбеди... Има разлика од тоа моментално да си во шворц и да неќиш со гз да мрдниш да работиш нешто, пошо не ти се работи за минималец, и полесно е од мама 100 да бараш.