Драги лепотици кои сигурно се спремате да одите за Солун, демек да потрошите малку пари, а да купите многу облека, топло ве советувам - немојте! Во средата на 19ти, јас како и многу други будали се накрцав со уште четири другарки во кола и му ја дувнавме за Солун, ентузијастички настроени за шопинг. Арно ама ко за старт се убивме чекајќи на границата. Ми се чинеше дека цела Македонија реши во Егејско да рипа по крстот. Во Солун не само што не се поефтини туку и се недостижни за нас обичните смртници. Отидовме во еден МЕGA OUTLET зад Cosmo да видиме што и како има. Попусти едвај од 75 на 50 евра намалено, а на врата ставиле огромни бројки 50-70% ПОПУСТ, страшна работа. Од тука отидовме во Cosmo. Таму истите цени како кај нас, па дури и поскапи. Си купивме по некое парталче да не е без ич, лапнавме по едно гиренце, се напивме кафе, ги утепавме нозете и тргнавме накај дома. Влеговме во Freeshop демек ај од тука да купиме нешто за да не биде за џабе работава и јас морам да ви се пофалам си купив Bvlgari Omnia Crystaline за само 45 евра и денес видов дека ИСТИОТ во нашето Cosmo е 1800 денари. Браво за мене!
Ne odete na shopping vo solun Исто ко и ти и јас се летнав у Солун , и стварно не вредеше за ништо освен за едно кафенце и за едно убаво гиро. Нозете ми се тупан од шетање а и ич не сум задоволна од цените ,у Македонија истите работи се со поефтина цена ,а и тоа напорно барање по парталчиња како и тепање со останатите девојки за број и модел за било кое парче е стварно многу заморно ,како и чекање во соблекувална и на каса е ептен заморувачко и не вреди за никои пари. Затоа девојки не губете време и седете си дома
Ne odete na shopping vo solun Поарно од мојата мила Македонија ќе си купам облека отколку во скапаната Грција да си ги трошам парите!
Ne odete na shopping vo solun Јас бев во средата на шопинг, и попусти има. Кажи ми каде кај нас ќе најдеш иста роба и избор како во Солун? Кај ќе купиш нешто од Zara, berska, Sfera итн... а да не е до Евроазија, со напумпани цени за ланска колекција? Каде кај нас ќе најдеш пролетни асални панталони за 12 евра? Или маичка за 3 евра? Или пак обетки , од оние убавите што кај нас ги продаваат за 900 денари, за 4 евра? Или јакна и капут под 30 евра? Ај кажи ми?! Не знам во кои продавници сте влегувале...
Ne odete na shopping vo solun Хммм сигурно не сте ги погодиле термините зз најголемите попусти. Братучетка ми летово од Солун си имаше изнакупено милион парчиња за смешни цени. Пантолончиња и фармерки од по 5-6 евра, маички 2-3 евра, преубави сандали 10 евра и уште многу такви ствари.
Ne odete na shopping vo solun Одам често во Солун и има едно правило, а тоа е да не одиш во сабота или на наш празник. Грците знаат дека тогаш ке има навала од Македонци и во некои продавници ги пумпаат цените, а во други тргаат добри парчиња. Најдобро е да се оди во работен, обичен ден, и ке видите дека има ептен попусти.
Ne odete na shopping vo solun Зошто скапана Грција?? Бидејки живеам во Гр , многу пати сум поминала низ Солун и само во Тејливејл еднаш најдов 1 блуза купуваш а друга си бираш гратис преубави беа за 19 евра а во градот кој живеам чекам да има ептен некој попуст и купувам од Страдивариус , или кога си доагам во Мк купувам алишта за навистина многу поевтина цена. Има попусти ама треба да начекаш да знаеш кога се
Ne odete na shopping vo solun Бре, жени!! Па бев јас во Средата, еве ви кажувам, со полни ќеси дојдов дома! Значи патики си купив за 7 евра, и јакна за 17 евра. Не ме зезајте, си имаше убав попуст. Можда касно сте отишле. Јас бев во Космос коа се отвори, и со мерак, бев гужви , се си купив. ПОсле дојдоа нашите и хаос настана.
Ne odete na shopping vo solun Зошто скапана Грција? Да не одам офф топик ама мене како Mакедонка Грција не ме признава за човек со свој идетитет,инаку јас како Македонка за Грција не постојам.Македонија за Грција не постои,а исто и таа земја за мене е избришана и непостоечка.
Ne odete na shopping vo solun Ако е така и Италија , Шпанија и други не не признаваат па колку одат и таму шетаат на шопинзи , работат итн Али мислам да ја оставиме политиката на политичарите , секаде има и добри и лоши луѓе Заборавив да кажам дека оваа продавница Страдиваиус ја има и во рамстор , во таа продавница кај што продаваат парчиња и од Бершка , ако некоја ја интересира
Епа ние од сабајле до кај 1 шетавме низ солун...можда тоа не утепа а можда и има врска тоа со гужвите.У космо беше БУЧКУРУУУШ тепачки имаше и се живо и диво беше превртено и неможеше човек да се снајде у таа гунгула.а за тоа шо си нашла за тие пари такви работи Секоја чест! или си била упорна или си имала срека
Ne odete na shopping vo solun А во милата ни Македонија од каде носат роба?? Ми набутале цена ДО НЕБО!!! тали вејл ми го прават овдека АРМАНИ, во Грција влагаш купуваш и се смееш на цените Како не бе, баш од мојот народ очекувам да не поштува, и да сфати дека сме сиромашен народ, а не преку мој грб да си го полни џебот 5 пати повеќе одколку што потрошил за таа роба Се дур е вака, ќе идам таму каде што му одговара на џепчево
Ne odete na shopping vo solun Епа кога не сте се информирале доволно на време, нормално дека нема ништо да си купите. Ако веќе прв пат идете, распрашајте се во кои продавници да идете... Почнав редовно да си пазарам во Солун, од проста причина што има многу избор, и е многу поефтино од тука. Таму купувам фармерки и штикли за 10 евра, и тоа навистина прекрасни. Тука за тие пари можеш да купиш фармерка само на бит пазар. Инаку за сите кои се недоволно информирани, Еко, Елит и сличните, робата ја носат од кинескиот пазар во Грција, а во Евроазија се продаваат аутлет, односно она што останало непродадено во Страдивариус и Бершка. И тоа тука ем што е заостаната роба, ем е со дупла цена... Кој што сака нека каже, нашиве продавници неможат со тие во Солун, инаку не би иделе илјадници луѓе од Македонија баш таму да купуваат,никој не е луд да тепа толкав пат доколку истиот квалитет и истата цена можат да се најдат тука!
Ne odete na shopping vo solun феминки не ми кршете филм,јас планирам на 29 да одам наредната сабота....
Ne odete na shopping vo solun Kако прво кога се отвора нова тема, јас како што можам да забележам треба да биде со кирилична подршка. Друга работа - самото име на темава некако боде очи..Јас кога го прочитав насловот на темава веднаш помислив на следново - па која си ти да ми кажуваш каде да одам на шопинг...??? Каква врска има политика со одење на шопинг не ми е јасно? Прочитав во неколку мислења дека не би оставиле денар кај Грците? Тоа е ваше право секако и ваш избор, меѓутоа што ќе докажете со тоа? Можеби дека сте големи патриоти...? Ако на мене Солун и општо цела Грција може да ми понудат поволни услови за шопинг или како турист, ако на мене тоа ми одговара како физичко лице и обичен граѓанин - тогаш не гледам причина зашто не би отишла? Или ќе ми даде владава наша орден за почесен граѓанин и патриот?
Ne odete na shopping vo solun Да ви кажам право јас стварно незнам каде сте гледале вие ама јас во средата си изнакупив за 100 евра 3 маички,фармерки,сако,штикли,џемперче,пижамчиња,венчиња за коса...епа тука ем нема избор ем за овие пари немаше да го купам се ова
Ne odete na shopping vo solun tinkerbell кази ми пизамките од каде си ги купи?воопсто долен вез препорацај ми од каде да си купам?
Ne odete na shopping vo solun Багуфче жити бога не мешај политики сега тука,знаеме како си настроена ама немора во секоја тема да се искажуваш во врска со твоите политички и патриотски погледи
Ne odete na shopping vo solun Темава?!?! - Нема благе везе! Мислам глупи ставови не одете на шопинг во Солун! Сега толкава тема има ЗА шопинг во Солун, многу девојки имаат пишано дека се можеш да си најдеш и едвај ги чекаат овие попусти, сеа тука не одете Нема врска ова... (Вас не ви бил денот, или можда прв пат ви било... ај да не нагаѓам не е ни битно)... Многу пати имам отидено и исто ќе потврдам како и други девојки дека се имам вратено со полни кеси.. Има попусти во вистинска смисла на зборот - ПОПУСТ! Не ко кај нас! Околку гужвата - ако сакаш да ја избегнеш, нема друг начин освен рано рано сабајле да си таму, на отварање... наше 7, нивно 8 и нема гајле Јас би требало да одам следнава недела и ич не се замарам околу гужви и други глупости! Спојлер * И! Ај без глупостите не одам на шопинг ради тоа што не не признаваат!