1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не одете на шопинг во Солун

Дискусија во 'Мода и стил' започната од milenchica, 21 јануари 2011.

  1. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Ne odete na shopping vo solun :(

    Чика да те поправам само, во 9 отвараат продавниците во Солун.. Нивно 9, или по наше 8 :)
     
    На la-chicka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.080
    Допаѓања:
    6.747
    Пол:
    Женски
    Ne odete na shopping vo solun :(

    За мене не се глупости ако за вас се.И да...патриот сум и никој ништо не ми може ниту пак очекувам орден од државата за тоа што сум,тоа е внатрешно чувство што не се опишува.
    Да си патриот не значи дека мешаш политика.
    Јас и овде си наоѓам се што ми треба по ефтини цени,не ми треба глупавана Грција за да трошам пари кај нив.
    Толку од мене.
     
    На vesevska и Gordana10 им се допаѓа ова.
  3. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Ne odete na shopping vo solun :(

    Абе ајде какво чувство што не се опишува, ти се молам,хахаахах од толку патриоти гледам државава ќе се оправи. Иначе да се вратам на темава секако дека би купила од Солун повторно, и сум купувала. Зошто во Македонија да ја плаќам дуплата цена на тоа, а е двапати по неквалитетно, кога во Солун има голем избор, и за ефтини пари ќе се вратиш со полни ќеси задоволен. :)
     
    На milky-candy и koritsaki им се допаѓа ова.
  4. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Ne odete na shopping vo solun :(

    Багуфче не си свесна колку само ќе го смениш мислењето доколку само еднаш отидеш на шопинг во Солун... :)
     
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Добро ова што го кажаа некои форумџики дека нејќат да ги пунат Грците или било кои други државички со пари што би требало да значи? И на одмор да не идам ако не да скапувам у Охрид секое лето? :^)
    Глупости, ќе одам онаму каде што ми одговараат цените и изборот на облека, луѓе кога е попуст во Солун и од шутка е поефтино!
     
    На nice-girl, sweetheart10, sesilija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Знам дека ова нема врска со оваа тема што ќе го напишам, ама подобро на Грците ќе им давам пари кога одам на одмор, него на Охриѓањи..Во Грција ќе се бањам во море на прекрасни песочни плажи, ќе јадам вкусно гиро и грчки колачи и ќе спијам во раскошен апартман и ПАК ќе ме чини дупло поевтино него во Охрида-града да се шљапам во ладното езеро со огромни камења на дното покриени со зелен мов, да ги гледам истите фаци што преку цела година ги гледам и да плаќам изгор скапи пијачки, сендвичи и смештај испод завидно ниво, бидејќи јасно е нели во солиден охридски хотел колку чини една ноќ да се преспие, а камоли цел одмор... Исто и за шопингот важи во Солун - ако ми се допаѓа таму и ми одговара на МЕНЕ - ама БАШ ЗА НИШТО не ми е гајле..На крај краева убаво ни прават Грците со името...За тоа во категоријата политика ќе се расплинам повеќе :)
     
    На Offspring, nice-girl, Dushica-sk и 4 други им се допаѓа ова.
  7. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Да имаше попусти и имаше ефтини работи (ко за џабе) ама работата е што сите тие парчиња ќе ги гледам утре на секоја девојка на искачање - Ск. е премало за тоа. Е сега некој ќе каже па ќе си искомбинираш различно, ама ај ти се молам како различно кога тие се фустанчињата, а за маички и фармерки може, не викам не. И плус јас бев во Солун за капут но ни еден убав и онака капут кој што се издвојува не видов. Се како кај нас. А и горе доле за исти цени. Тие капути што беа поефтини беа тотална утка. За сакоа имаше ефтини и кошулки. Кожни јакни се изненадив зашто не најдов за по 20 евра, летоска имало и преубави биле.
    Значи Солун да ама зависи што сакаш да си имаш во гардеробата, дали нешто обично или уникатно, има и такви и такви во зависност колку пари сакаш да оставиш!
     
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.184
    Допаѓања:
    23.864
    off: Министерката за култура е секој втор викенд во Солун (или секој можда). Секое одење во Солун ја гледам ;)
     
  9. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Јас сум била досега само еднаш на шопинг во Солун и морам да кажам дека цените беа сосема ок.
    Купив 2 мајчки од Зара за по 6-7 евра ,ем евтини ем убави ем се Зара :) .Ке купував уште но имаше премногу гужва па си се вратиме назад ..Без сомнение би отишла пак :talk:
     
  10. Latinna

    Latinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    108
    Шопинг во Солун :up: !
    Ем поефтино,ем поубаво.
    И еден совет од мене - одете обичен ден,со автомобил.Најдобро е така. :)
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Не сум била на шопинг во Солун, не сум била воопшто во Грција досега. :lol:
    Моментално немам ни пасош, но и да имам - пак не би отишла.
    Зошто?

    Факторот бренд и звучното име лично мене не ми значи апсолутно ништо.
    И Бершка и Сфера и компанија can kiss my ass.
    Кога бев во Барселона купив неколку џемперчиња од Сфера и една чанта од Бершка.
    Таквите парчиња никогаш не ме воодушевувале, заедно со Теранова и Калиопе под мишка, поголемиот дел ми личат на испрани по 100 пати во машина, без душа и без боја.
    Истите тие парчиња да беа на обична тезга без етикетата Бершка, јас сум сигурна дека никој нема да ги допре.

    Второ - и кај нас има сега попусти.
    Јас живеам во Ново Лисиче и кој е таму знае колку маалски бутици имаме, каде носат роба од Грција, а цените се сосем пристојни.
    Малку ли имаме продавници со облека од македонско производство? Ако ништо друго, кошулите се од 600-800 ден. а се убави и квалитетни, башка е наш производ. Панталоните и сукњите, исто.
    Сега во февруари капутите на Тетекс и на МакПримат ќе бидат исто на попуст, за 2000-3000 ден. има да купиш таков капут, во несвест да паднеш.

    За бижутеријата... добро, кој ви е виновен што се буткате сите ко луди во Бисер и ГТЦ по обетки и гердани, обична бижутерија, кога 90% од нив ги има на Бит Пазар по смешна цена?
    Само немојте да ме убедувате дека - ги има, ама не се истите :^) или не е ист квалитет, кога ги земаат од истото место, на големо.
    Само едните ви ги нудат за 50 ден. зашто се на сељачка тезга демек, а другите - за 500, зашто во ГТЦ мора да си ја покријат киријата и давачките.
    Друга работа - имате и модни додатоци и чанти од Дуки Дасо - исто македонски производ, а за квалитетот не морам ни да зборувам, нека посведочат девојките од Неготино, од таму се. ;)

    Зборот ми е - со истите пари за во Солун, ќе си купите убава и квалитетна облека и од тука, ако не и повеќе.
    Појдете до Штип, Кочани и локалните конфекции таму, кои шијат и извезуваат за Грција и Италија и погледнете какви панталони и сакоа имаат и која им е цената, па пресудете.
    Ама вие не го сакате тоа, вам ви е битно да кажете - бев во Солууууууун, ова ми е Бершка, ова Тели Вејл... а не - ова ми е од Бит пазар, а ова - од бутикот во мојата зграда.

    Тоа е моето мислење и не би отишла никогаш на шопинг во Солун.
    Што од причините кои ги наброја Багувче - и во право е, што од практични причини - ќе се з'гнам од тука, ќе преминувам граница, ќе се малтретирам, пари за бензин или за пат, сеедно, за што?
    За парче облека, на кое максимум носење му е две сезони преку сила?
    Нека не се лутат некои, ама претерано се занесуваат кога станува збор за поимот мода.
    Како целиот свет да се врти околу тоа |(
     
    На JuLleE, SexiLy, HeidiDiWalt и 31 други им се допаѓа ова.
  12. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Трендафилче, на Битпазар нема баш такви менѓушки како во Ботини итн :( :( Сум ги превртела и Шутка и Битпазар ;( Има некои убави ќе најдеш, ама како тие во Ботони не! :devil: извинете на офф*не се истите! пак ќе ти кажам... во Шутка и На Бит најчесто шопингујем у МК :D :lol:
     
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Реков - 90% од работите се исти.
    Нормално дека нема се'.
    А и работа на вкус е - мене на пр. Ботони ми е одат во крајност со кич.
    Пола од тие работи кај нив не би сакала ни да ги допрам, па убиј ме ако сакаш.
    А да не се лажеме - никој од кај нас и не си дозволува обетки обична бижутерија за 1000 ден. колку што им пумпаат цени.
    Оди во Солун и купува маичка од 3 евра, а тука демек дава 1000 за обетки?
    Абе ајде...
     
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Има има и такви бре, некои даваат по 1000, ама тоа е друга тема..,Ај јас пак ќе одам На Бит да проверам :D
     
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Трендафилке, тоа доаѓа така само по себе со зрелоста на човекот :)

    И јас кога бев помлада, а пак кога бев во средно во она нашено прочуено школо, ти текнува нели ;) леле колку само си го замарав мозочето со тоа па каква марка ќе облечам, па леле не можам јас од битпазар да купувам работи, што ли ќе одговорам кога ќе ме прашаат од каде ми е ова или она?! Која е*ена глупост и незрело размислување?!

    Сега прашај ме дали се замарам што марка ми е. Па и Бершка - Бершка е една ефтина марка која никако не е некој репер за луксуз ниту претеран квалитет. Имаат интересни работи и уникатни парчиња ама тие се начекуваат еднаш во годината останатото не вреди ни за бришење паркети. За Тали Вил да не правам муабет. Една маица имам од таму и доволно ми е. Теранова и Калиопе се дабетер! Понеквалитетни работи во живот немам видено.
    Растена сум со родител кој и те како се разбира во мода - поточно во квалитет, и конечно постепено, со тек на време а и секако со оглед на тоа дека јас самата живеам за свои пари, знам да проценам што вреди а што не! Прво пипам материјалот и гледам како е шиено, потоа ја гледам цената и дури потоа купувам. Епа колку што ми е чергичето - толку.

    Не одам на шопинг во Солун од причини едноставни кои не се ни битни тука да ги кажувам. Порано сум одела но единствено заради тоа да прошетам низ градот, а шопингот ми беше изговор ете.
    Сепак имам можност во време на најголемите попусти да купувам во познатите H&M, Stradivarius или Pull n Bear. Зошто? Квалитет, ниски цени и пред се кога ќе ги исперам и тргнам да ги пеглам не се нервирам што се испревртени од југ на северо - запад и обратно. Се случува да најдам сосема случајно парчиња за 2 евра а претходно чинеле по 50. Која иронија! И реално толку и вредат! Сакам да одам по пазарите да најдам некое ефтино парче бижутерија, особено дрвени обетки и алки затоа што дрвен накит обожавам, и поарно на чичето од Зелено ќе му дадам 250 денари и ќе си отидам со ќесенце полно со накит отколку за истите пари едвај една обетка (истата која ќе се најде во ќесенцето!) да си ја купам во Беверли Хилс.
    Не патам од тоа да кажам што марка носам небаре тоа те прави човек. Битно ми е да изгледам убаво, пристојно, да се чуствувам убаво во тоа што го носам и како што реков ДА НЕ СЕ НЕРВИРАМ додека пеглам.

    Тие времиња кога киснев по 4 саати во една продавница се одамна зад мене. Сега дури и честопати ме мрзи да пробувам нешто. Море ме мрзи и да гледам, од многу голем избор и многу бои глава ме боли. Сум станала машко изгледа. 30 минути шопинг, ајт создравје. Бегај Бади бегај! :)
     
    На eleni23, senza.parole, Whatsername и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    Јас немам никаков проблем со шопинг во Солун, заради неколку работи.. Прво. Маичката која ќе биде во локалната зграда, ќе ме кошта дупло од онаа што ќе ја купам во Бершка или во Зара или во Сфера или било каде. Второ, робата која ја носат продавниците тука е или од пред две сезони со цени како да се од актуелната, или е роба донесена по избор на продавачката / газдарицата на дуќанот, па уште ти продава муда за бубрези, дека е УНИКАТ...А таа всушност едно успеала да донесе.
    Еднаш одев преку Каро Травел во Грција на шопинг, кога уплатив не знаев дека се работи за шверцерска квази тргоВАЧКА агенција каде што „продавачите и газдите“ на таквите локални бутици НА СВОЕТО ИСПОТЕНО тело облекауваа РОБА за да ја шверцнат, и тоа не баш од бершка и зара туку од пазарот во Солун.
    Епа, не би. Ваму бар знам дека секое парче што ќе го пипнам мириса на миризливи вреќички за облека, и знам дека ќе дадам 3 евра за него а не 800 или 1000 денари, па уште и да е пазарско...
    Друго, парчињата гардероба кои се нудат во Бершка, Зара и слични не носат само нивна етикета. Продаваат и други фирми, што олеснува за нашите трговци да препродаваат и обична пазарска роба како да е од нивните колекции.
    Јас лично, купувам по некое парченце од Зара и од Бершка, секојдневни урбани и ненаметливи, и досега не биле ни избелени ни парталави ни неквалитетни. Можеби таква ми била среќата ама до сега немам на што да се пожалам. Уште ми го пополнуваат плакарот парчиња од пред три години што редовно си ги ускладувам во дневниот аутфит.
    И за крај, Масимо Дути. Ни има ни носат роба од Масимо Дути. А таа продавница ми е невидена слабост. ГУРУ за модни парчиња... Тотално по мој вкус, и да треба само за таа продавница би одела во Солун. Не е нешто прескапа, ни па мастурбирам што е бренд, едноставно стилот кои го диктираат во целост се совпаќа со оној што сакам да го изградам за себеси.
    Така што...
    Мене шопингот во Солун ми претставува задоволство поради - tax free prices, кафе покрај море, квалитетен шопинг и обновена гардероба!
    Не планирам тоа да си го ускратам себеси ни од некакви политички убедувања, ни за некакви „соодветна замена “ парчиња, бидејќи 20 години се убивав од давање пари по Скопјево и на крај пак останував мањак и со пари и со гардероба. Од Космос се враќам со полни ќеси самодоверба.... Мене тоа ми значи.
    А од аспект на политичките „причини“ ПРОТИВ... Еднаш кажав, еве и пак... Да се воддеше паметна политика, која ќе ја поддржував со ставови и со размислувања ќе бев првата што ќе правеше жив ѕид на грчка граница... До тогаш...
    Јас ќе уживам во себеизградувањето и ќе си играм со изборот кој го нудат Солунските продавници. И воопшто не ги осудувам оние кои го прават истото.
     
    На karmenka, pinkylady, Bokicka и 9 други им се допаѓа ова.
  17. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Има логика трендафилка што кажува.
    Имаме сега избор, само немаме дефинтивно попуст како што има во Солун.
    Њујоркер до сега кај нас ми остави впечаток за најдобар попуст, имаа есенски пред да им стигне зимската колекција, како што имаа новогодишен па имаат нов сезонски попуст.
    Теранова/Калиопе вистински попуст немаат едно 3 сезони зашто претходно имаа екстра попуст со 400 денари фармерки, 100 денари блузи, газдата правеше така 2-3 сезони и увиди дека само тој пак има таков попуст во Македонија и реши да има македонски стандарден попуст на некој начин лажен. Сега купува контејнери аутлер колекции и ги става тие парчиња на попуст. Одете во Калиопе пред и после попуст. Ќе увидите дека повеќето парчиња на попуст се нови парталчиња всушност а тие се од пред неколку сезони.

    Дека немаат квалитет Страдивариус, Бершка, Калиопе, Тејли Вејл, Њујоркер точно. Над нив се Зара и Манго и Х&М малку подобро, ах да и Пул&Веар се тука. Како и да е ова е облека за широка потрошувачка, просечни брендови се, и се со слаб квалитет.
    Ама има избор многу повеќе отколку кај нас. Ама јас ќе напоменам пак повеќе од гардаробата е тинејџерска за до школо и до факс, избор за малку постари, за работа па и за искачање нешто штосно што нема да е сукња на карнери и обичен топ немаше. Фустаните беа цветни летни, пак е тинејџерски.

    Ама за акцесорис дефинитивно има избор во Солун. Само тоа се исплати :D
    Прееееееефтино беше, поефтино и од пазар верувајте.
    Пола работи беа евро, 2 или 3 максимум. Е новата колекција беше скапа нормално.

    Ама секој кој има шанса да прошета и да си купи облека каде што има избор оооооогромен, ама и живци треба да имаш ради гужва и да не се нервираш на некултурата.

    Ах да посебно е добро пример оние што сакаат чизми, јакна да си купат онака поскапичко, или накит пример сваровски итн. И планираат над 100 евра да истрошат јес да се цените слични како и кај нас на граница си го зимаш данокот кој им го зголемија сеа на 18. Значи 100 евра даваш за ланче сваровски, си зимаш на граница 20 евра од такс фри. Ама финтата е да купиш повеќе да ти се исплати и патот.
     
    На Kala007 и girl1985 им се допаѓа ова.
  18. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Росоњерка не го разбрав моментот со враќањето на 20%. Може објаснување?
     
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Ако купиш во продавница над 100 или 120 евра (зависи од продавницата) си бараш да ти го одобрат данокот, никој не одбива, дури и ако не знаеш често сами ти кажуваат.
    На пример зимаш во зара јакна, чизми, ташна и испаѓа 120 евра. Кажуваш такс фрее дека сакаш со сметката ти принтаат едно писмо работата е +3 минути, и потоа кога се враќаш на граница на грчката ги даваш пасошите да ги одјавиш и потоа пред да излезеш на едно од последните прозорци има шатлер tax free. Го даваш писмото и ти враќаат данок.
    Ти не си државјанин на таа земја и тие ти го враќаат данокот.
    Ама само тоа е значи над 100 евра. Дека не може пример во Бершка си купила блуза за 5 евра и да ти го враќаат данокот 0,005 евра :lol:

    Тоа е секаде во странство. Каде и да купувате над 100/120 евра побарајте си писмо за такс фрее. И си го барате данокот на границата кога излегувате. Пример нели во ЕУ ако купуваш последна ти е Словенска граница. Епа тука си го бараш на враќање данокот.
     
    На senza.parole, LivingGlam и mims-89 им се допаѓа ова.
  20. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Кога ќе прашате во некој бутик кај нас - чие производтво е парчето облека и они ви одговорат - грчко е... - бидете 100% сигурни дека го набавиле од огромниот кинески пазар во Солун каде што се продава на кило облека ;) И обично се собираат 2-3 соопственички на бутици од кај нас, одат во Солун и едната на пример купува кило од модел во црвена боја, другата кило од истиот во сина боја, третата во жолта на пример и секако по смешна цена и после тоа си ги комбинираат меѓу себе, си ги заменуваат. И со долна облека така се прави на големо таму. Затоа ако видите во некоја продавница прслук за 100 денари и ви речат дека е Грчки - да знаете дека е од таму :) Оригиналната и брендирана облека во Солун не ми се верува баш дека ќе ја најдеме по смешна цена :) Ја има на попуст, ама не е приступачна за сите баш...
    Одете на Кнез Михајлова во Белград да видите каков шопинг ќе направите - јаки брендови, оригинални, голем дел од нив се со пристојни цени и секако нема секоја втора т.н "шмизла" во Скопје да го носи тоа
     
    На Kala007 му/ѝ се допаѓа ова.