1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не одете на шопинг во Солун

Дискусија во 'Мода и стил' започната од milenchica, 21 јануари 2011.

  1. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Само да ги направат уште nike патиките тука 20 еуриќи и нема да има потреба од Солун.
    Барем како најблиска дестинација тоа ми се гледа.
     
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Имам една роднина има бутик и ацесорис, носи штикли, ташни, накит навистина е лудница бутикот, и сама си кажува дека купува од Солун од пазарите, по 20-30 евра штикли а тука ги продава по 2500 денари, па подобро ќе одам во Солун, ќе се прошетам, ќе пијам кафе покрај морето, ќе изедам 10 ГИРА какви што нема тука, и ќе си купам ефтина и убава гардероба и ацесорис. Немам апсолутно никаква причина зашто да не одам на шопинг во Солун!
     
    На 1234girl, thatsmysecret и ludoto19 им се допаѓа ова.
  3. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Досега не сум била на шопинг во Солун, но планирам во блиска иднина да одам од причина што сакам со свои очи да видам дали е толку ефтино и дали има навистина поголем избор од кај нас. И Валона во Албанија ја фалеа дека бил многу убав град за летовање, се додека не отидов и самата се уверив во спротивното.

    Инаку тоа за патриотизмот... Грците не гледаат дали си Македонец, дали си Скопјанец или нешто слично. Имам одено во Грција и имам забележано дека се услужливи со сите, безразлика од каде си. Тие гледаат само да ти удоволат и да ти ги земат парите. Ништо друго не им е битно.
    Па ако јас го ставам мојот патриотизам на кантар заедно со некои други придобивки кои би ги имала од шопингот, како на пример поефтините цени, поголемиот избор и понови колекции на облека - оваа другава страна некако повеќе тежи.

    Би одела во Солун, за да се уверам дали е навистина така. Една прошетка до „наше море“, нема да му штети многу на мојот џеб :)
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    ^ За тоа во право си, кај што бев на одмор беа многу љубезни, некои и македонски збореа :)
    таму не те гледаат со презир дека си македонец, во Охрид онака попреку те гледаат, а тука се љубезни, иронија!
     
    На Offspring и sesilija им се допаѓа ова.
  5. Ruza.Ruzica

    Ruza.Ruzica Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    24
    Се насмеав кога го прочитав насловот на темата. :D Луѓе Солун е светско место и е познат по шопинг не затоа што е евтино туку ексклузивно, маркирано и секако скапо.Ако сакате попусти прошетајте по Рамстор или некое дуќанче во ќош.Во Солун се оди само ако носите доволно пари со себе и трпение.Не правете вакви лоши реклами за Солун не ви е тој крив. :)
     
    На 1234girl и eleni23 им се допаѓа ова.
  6. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    4.845
    Пол:
    Женски
    Пред се едно ОГРОМНО БРАВО!!!! за постот на трендафилка
    Јас никогаш не сум била во Солун на шопинг и не ни планирам да одам
    Зашто?
    Зашто не сум толку опседната со Бершка, стравадиус, Зара и таквите брендови
    Јас си сакам квалитетна гардероба на која не и вришти етикетата
    Не секој бренд значи квалитет, а квалитетна гардероба и тоа како може да се најде кај нас, ама ретко кој има живци да побара. Кај мене во маало има толку локални продавници што ако ви ги кажам цените ќе се згазите од смеење. Преку сезона од таму, а за време на попусти одам на добар шопинг во нашите продавници.
    За капути Макпримат е сон, а за бижутерија да не правам муабет
    Често шетам низ нашите бижутерии и верувајте 80% од бижутеријата ја имам најдено на пазар
    Во бижутеријата Софи што е во ГТЦ баш пред извесно време видов обетки кои многу ми се свиѓаа, но имаа сочна цена 1100 ден. Истите ги најдов на бит пазар за 350
    Освен тоа има и продавници кои можат да ви направат накит уникатен кој нема да го има никој...
    А од ова што го прочитав цела Македонија е на шопинг во Солун и сите ќе ги имате истите работи и сите ќе знаат од каде сте ги купиле.
    Кара исто така има квалитетна македонска роба, хепенинг исто
    А за Дуки Дасо немам зборови, најдобри се!!
    и за крај кај нас сега чевлите се по 600 ден во повеќе проданици...што сакате повеќе?????
     
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    извинете на офф, ама може да појасните каде поточно на битпазар може да се најдат овие менѓушки?????Kако во ботони???? едит--- јас мислам дека секој си има право KAJ CAKA да си пазари! вас некој ви брани во ск да пазарите? не! епа ондак! Cекој кај си сака--- ем волкот сит, ем јарињата на број ;)

    уште еден Eдит преку ********** ми е веќе со марки, скапи, луксузирани.... врло битно дали е марка или не|( |( |( !!! море море :P муабетиве ви се само за на маса :) или за на писта :lol: без лутиш
     
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    10 пати прочитав да не збориш Милано, Париз, Њујорк или сепак си спомнала Солун |(
    Па уште и ексклузивно, маркирано и скапо.
    Аххххх мислиш прво брендови се Зара, Бершка, Страдивариус, Сфера големи? Мислиш се скапи?
    Не е скапо има правилен попуст од 50 до 70% и е најблиску до Македонија со таков попуст и такви брендови. Јес да велат ги има и во Софија тие "брендови" ама го нeмале тој попуст како во Солун. Мож атина е боље ама на кој му се оди +500 километри :lol:

    Луѓето идат зашто имаат избор огромен, како што нема во Скопје.
    Идат зашто има попуст, како што нема во Скопје.
    Купуваат ефтини блузи, патики, фармерки, капути, накит итн, зашто во Скопје нема убави блузи за 100 денари, ни фармерки за 400, ни ташна за 500 денари а притоа да не ја купиш од забутана маалска продавница или некоја со наслов маде ин чајна. Не дека ова од Солун не е кинеско, ама сепак е многу помодерна облека. Облека за широка потрошувачка како што носи обичната народна маса од Европа.
    Ние не носиме 500 или 1000 евра.
    Повеќето од нас верувај идат со 100че или 200ки и се враќаат со 20 кеси за истите пари. А во Скопје кога ќе размислам пример за 10 000 ќе купам капут од 5000, чизми од 3000 и фармерки од 2000.
    Капутите тука се 3000, чизми имаше за 1000 денари, а фармерки убави за 7 евра.

    Не идеме ни за бренд кој е многу познат, кој најмалку е луксузен и нималку е скап напротив идеме зашто е ефтин.

    Ако јас имам пари многу верувај дека нема да одам во Солун на попуст.
    Или ќе одам до некој светски моден центар кај што стварно има добри светски брендови, ќе одам мож до Солун кога нема попуст, ќе си купувам од тука од Бата чизми по 10000, или од Сисли и Мис Сиксти.

    Ама немам пари и одам да си купам од Солун нешто ефтино, а модерно и на попуст.
    Попуст како што продавнициве од Скопје НИКОГАШ немале!

    И само да прашам јас Дуки и Дасо ве пуштаат во нивниот објект во Неготино?
    Јас имам многу работи од нив од Скопје купени ама скапи ми се. Ташните тука им се над 2000 денари големите. А ми кажале ако купувам на мало нема да ме пуштат.
    А по она на интернет не да имаат избор во тоа магацините. Да ме внесат нема да ме изнесат :lol:

    И да погоре шери кажа 350 денари менѓуши. То се 5 евра. Јас не видов менѓуши во Солун повеќе од 3-4 евра. А избор глава да те здоболи. Прстените беа 2 евра. Ланчињата 2/3/4 евра.
    Дури и поефтино од бит пазар. :?:
     
  9. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Еве вака конкретно за чевлите кои ги купив ќе ви кажам: Во Скопје, или било каде кај нас, нема да најдам такви, сигурна сум 100%. СУм барала, и единствено нешто приближно сум видела, и е прескапо за мојот џеб. И отидов во Косомос, ги здогледав, симнати на попуст!!
    А истото важи општо за изборот на чевли кај нас. За ефтини пари, конкретно според својот џеб гледам, нема шанси да купам нешто квалитетно, што ќе трае и нема да се оштети по 3 носења.
    Што ако купам чизми од 600 денари кога знам дека ќе ми се одлепат на првиот снег?

    Не гарантирам за квалитетот на чевлите од Зара, ама убедена сум дека се далеку поквалитетни....

    едит: ме претркаа со постовите.
    јас во мене носев 150 евра, девојки. Да, 150! (другите беа потрошени пред време :D ) И знаете што се изнакупив?!??!! Нема ни да поверувате, ако почнам да наборјувам.
    И за накитот пак: Преефтин е, а преубав. Верувајте дека на Бит Пазат овие ги нема. Јас купувам накит од таму чат-пат, ама изборот во Солун е поголем и далеку подобар! Д ЕНД!
     
    На 1234girl и ludoto19 им се допаѓа ова.
  10. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    4.845
    Пол:
    Женски
    росонерка ај те молам ако имаш купено нешто накит обетки, ланче постирај слика да видам што е толку посебен накитот од Солун. По Што толку се треска цела македонија?
    Баш ме интересира каква е таа бижутерија
    Ова не е со никаква лоша намера да не ме сватите погрешно, само сакам да видам
     
    На baguf4e и Trendafilka им се допаѓа ова.
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Да, и јас сакам да го знам истото, без ниту една лоша намера.
    Еве, во состојба сум да го сликам целиот мој накит дома, некаде над 200 пара обетки, и да споредиме, чисто да знам - што пропуштам и дали вреди целиот тој пат дотаму...
    А вистината е сосем едноставна - како што кажав, поголемиот дел ве боли да кажете ова ми е од пазар.
    Престиж е да се каже - ова ми е од Солууууун (со тој одвратен акцент).
     
    На 1234girl, Noemi, julie77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Anciii

    Anciii Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Кажи ми мора да биде над 100 евра,затоа што јас во средата во зара платив 80 евра ,и мора ли да биде во една продавница не може ли се заедно купено од повеке продавници.Поздрав :)
     
  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Jaс лично купив прстен машна каков што во Скопје видов само во АБ беше 500 денари бев и на пазар немаше машна прстен .Го купив во Солун за евро ипол. А бит пазар прстените се 120-150. Значи поефтино и од пазар.
    [​IMG]
    Секакви други прстени беа од 1 евро до 3 евра.
    Сакаш со був, со машна, со камен голем црн бел зелен, сакаш бакарни прстени. Секакви најубави!

    Ланчињата беа 3 до 5 евра , алките беа 2-3 евра.
    Пола од работите што ги има од темата vintage накитот ги имаше. moda-i-stil/vintage-style-t4424/
    Таков накит нема сеуште кај нас во повеќето продавници не сум видела. Значи тој вид накит пред се.

    Трендафилке ако некој не кажува дека купува од бит пазар лаже! Кај бугарите може да се видат и најголемите госпоџи во градов.
    Ама стварно овој пат јас сум изненадена од накитот во Солун од колку е ефтин и баш е винтејџ накит. Тој преовладуваше.
    И цената е поефтина и од пазар.
     
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Иначе такс фрито е од една продавница да купиш над 120 евра и со тоа они мора писмо да ти дадат со сметка за да ти го вратат данокот. А сметки си дава секоја продавница посебно нели.
    И само писмотот се дава на шалтер таму на граница и они одма гледаат и враќаат.

    Немојте со 15 сметки со вкупна сума од 150 евра да му ги дадете на гркот на граница и да барате такс фри :D
     
  15. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Jас никогаш не сум имала проблем да кажам кога нешто ми е од пазар- дури ќеф ми е да кажам колку ефтино сум го земала кога сите ми го фалат, ама искрено не можам да ве сватам како можете да бидете толку против шопингот во Солун, кога никогаш не сте биле?

    Дефинитивно има повеќе избор, а плус прошетката покрај море, кафето и гирото вредат за секој поминат километар.
    Некогаш е убаво да направи промена нели? ;)

    Јас не велам дека нема ништо убаво во МК, ама убаво е некогаш да се отиде и на друго место.

    Плус производите на Дуки Дасо( името бе :D ) не се воопшто ефтини- точно убави се, ама не се толку ефтини и не се македонски производи туку се увезени од некаде ;)
     
    На 1234girl, LivingGlam, ludoto19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Јас не знам што се убедуваме и разубедуваме дали е подобро да се пазарува во Солун или во Скопје... Не идете бе во Солун, повеќе ни одговара на нас што си купуваме од таму... Купувајте си чкарт од пазари, јас за истите пари ќе си носам Зара и Манго , и ќе носам квалитет кој неможе да се спореди од тезгите на Елит, Еко и на пазарче... Башка веќе рачистивме со тоа дека таа роба е купена од кинескиот пазар во грчка каде што се купува на кило.... А некој спомна облека од македонско производство, јас не сум сретнала нешто убаво, све ми е теткинско... Единствено ми се свиѓаат работите на Дуки и Дасо, ама скапо ми е 3000 денари да дадам за ташна, кога во Солун си наоѓам и за 10 евра
     
    На 1234girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    4.845
    Пол:
    Женски
    нека има повеќе за вас, мислиш криво ми е? нееееееееее
    Секој со своето размислување, јас моето си го кажав и тоа е што е.
    Јас сум си презадоволна од облеката која ја наоѓам тука и се додека е така не одам во Солун
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Shery, се додека не видиш, не можеш да судиш.
    Зошто толку сте ограничени со умот? Гледате како коњите само напред и готово! Па оди, види, прошетај. Можеби навистина ќе бидеш задоволна од шопингот, а се додека не отидеш - нема ни да знаеш.
     
    На irenna, koritsaki, sesilija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    4.845
    Пол:
    Женски
    па сега не викам дека никогаш нема да отидам, туку за сега.
    За аксесорис нема шанси,и да отидам во Солун накит нема да купам. Ташни исто, чевли купувам преку мајка ми од работа
    Па за што да одам?? За маички само?
    Јас убаво си кажав, тука за моја среќа си наоѓам убава гардероба, квалитетна, немам потреба да одам во Солун...
     
  20. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Јас сум апсолутно ЗА одење на Шопинг во Солун и тоа од неколку причини и тоа 1. Имаат прекрасни продавници како од познати така и од локални брендови 2.Можам да шетам низ една продавница колку сакам без некој да трча позади мене и да ме демне да не украдам нешто,што е случај во скопскиве продавници 3. Кога е време на попусти ,тогаш цените се повеќе од фантастични и за малку пари полнам кеси 4. Продавачките се добро информирани за тоа што го продаваат и се ќе направат за да ми помогнат 5-то и можеби најважно е тоа што во продавниците се нуди вистински сезонска облека
    Сега би сакала да искоментирам и за тоа околу патриотизмот за што сметам дека е глупост да се спомнува во ваква тема .Јас себеси се сметам за патриот и тоа го докажувам со тоа што останувам да живеам тука и покрај тоа што е многу тешко. Сум допринела за наталитетот на оваа држава со тоа што сум родила дете. Работам и ги исполнувам сите мои обврски кон државата плаќајки разноразни даноци и давачки.
     
    На 1234girl и pinkylady им се допаѓа ова.