1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не одете на шопинг во Солун

Дискусија во 'Мода и стил' започната од milenchica, 21 јануари 2011.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Ах...што би отишла до Германија само за да се изнашопингувам!И 5000 евра да оставам нема да жалам...зашто врие од квалитет...да и тоа ептен квалитет!
     
    На girl1985, rossonerka и femina90 им се допаѓа ова.
  2. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    ДОбро јас озбилно не го сфаќам моментот „ Битно е да е од Солун“, И искрено, не верувам дека некој го збори тоа од што е јак престиж, мислам на два ипол саати е од скопје, за другите градови па и да не зборам! НЕ Е ПАРИЗ ИЛИ МИЛАНО ПООГУ!!! Едноставно изборот е триплиран, цените се фантастично ниски а квалитетот е задоволителен..За 7000 денари, односно околу 140 евра, во скопје едни ЧИЗМИ ќе купиш од графити и тоа ако се на ПОПУСТ!!! еПА ЗА ИСТИТЕ ПАРИ ќе го купиш пола Космос! И тоа нови колекции а не од пред две години! И за накитот, гарантирам дека не е ко на Бит пазар! Искрено, не сум фан на ботони од проста причина што циркони ми се одвратен момент на ланче или обетки, ама во поглед на бакарни и винтиџ аксесорис НЕ СЕ СПОРЕДУВА..Имам преку 50 пара обетки од Битпазар и исто толку од солун, и векот на траење на тие од пазар им е далеку помал..Во поглед на тоа кои се поубави не ви се мешам, ама мене лично накитот од Пул енд Бер ми е далеку поубав и ми личи по урбан од тоа што ќе го најдам на тезгите.. И да бидеме реални, ја не знам од кои тезги на бит пазар вие купувате, ама јас за да најдам нешто асално барам по саат време!
    Поентата ми е дека никој не го плеска СОЛУН како престижно место за шопинг, туку како ПОДОБРО поради поголемиот избор на ПОУБАВА облека која е од брендови со солиден квалитет ама за широката маса, а не од непознати имиња со назаден поглед кон светските модни трендови... и воедно е комплетно независен од личниот вкус на набавувачот. Пример, зимово колекциите на зара беа копија на новите модни трендови во поглед на плетените пуловери и туники. Линијата на познатите креаторски имиња беше пресликана во нивните нови колекции, стилот, не конкретна копија на парчиња. И ако немаш 500 евра за џемпре што ќе вришти Версаче или Кавали, ќе си купиш модерно парче од Зара! Зошто па да не???
    Комплекс е да се перцепира муабетот - ОД СОЛУН МИ Е како фалење, зошто никој не ви трља од нос дека бил во солун, туку вие така го прифаќате од проста причина што очигледно така и го гледате!
     
    На 1234girl, pinkylady, sesilija и 4 други им се допаѓа ова.
  3. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Од споменатите марки вреди само Масимо Дути (според мене), тоа Зара, Бершка, H&M да се разбереме не е некоја марка за да одам во друга држава. Кога живеев во Македонија имав годишна виза за влез во Грција и за сите најважни поводи како и секојдневна облека купував во Солун. Имам пријатели кои живеат во Солун и заедно со нив ги вртев продавниците, купував алишта за многу пристапни цени кои сеуште ги имам зошто и после 100 перења се како нови. Купував Грчки производи значи не овие марки туку вистинска квалитетна грчка конфекција. Кога би одела во Солун пак би купила алишта но не од овие марки што треба по 5 мин да проверувам дали се фелер.
    Мое мислење ако веќе се нафаќате да одите во Грција посетете ги продавниците во градот (не во индустриските зони) сигурно ќе најдете преубави алишта со супер квалитет!
     
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Малку офф...Врти сучи пак Солун е наш! :rofl:
     
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.192
    Допаѓања:
    23.929
    ... и со супер цени, нели?

    Фала што не просветли што е добро и квалитетно во Солун |( Никој не знаше.

    пс. ова е пример за * Е ОВА МИ Е ОД СОЛУН* со акцентот за кој Трендафилка збореше
     
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    * Е ОВА МИ Е ОД СОЛУН*
    па ако е Солун, не е Милано |(
    дееее! Јас прв пат слушам некој да се фали дека имал нешто од Зара и компанија т.е од Солун!*(ко божем само Холивудските звезди и мал дел смртници можат да си го дозволат Солин) :lol:

    Ама ајде! и коментарот на цецилија на место си беше...Нема ништо лошо пишано девојката!
     
    На cecilia му/ѝ се допаѓа ова.
  7. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.192
    Допаѓања:
    23.929
    На место е де. ;) Освен фактот што Зара и таквите ниско буџетни продавници заради кои повекето одиме во солун ги нарекува *марки што треба по 5 мин да проверувам дали се фелер.* а да девојката купува само Масимо Дути и грчка квалитетна конфекција.

    Тука е муабетот за фалење дека се носи Грчка гардероба и се потенцира делот ОД СОЛУН. Зошто нели кај нас нема грчка квалитетна облека и нема Масимо Дути.
     
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Ок сега ти ја фатив поентата :D Не сум прочитала Асално! па Зара и компанија не се некои кој знае што марки бре :rofl: Онака пери-носи купено на попуст! :)

    едит----------- А ШТО ПО ЃАВОЛИТЕ Е БИТНА МАРКАТА?? |( |( |(

    БЕЗ НАВРЕДА АМА МНОГУ МРАЗАМ БРЕНДИРАНИ ДЕВОЈКИ

    ЕХ ЗА СЕ СЕ КРИВИ ВИКТОРИЈА СИКРЕТ :devil:
     
  9. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^Јас па незнам што па толку марка е Масимо Дути,колку што видов целата гардероба е реплика на Ралф Лорен,дури и продавницата е потполно исто наместена како и секоја РЛ продавница.
    Извинете за офф топик
     
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    А јас па прв пат слушам во мојот живот за тоа некое си Масимо Дути ;) Не за друго, и за Тали Вејл ЈАКАТА МАРКА во наводници,од форумов дознав...Изгледа многу затуцан човек сум :) извинете на офф
    А и за Ралф Лорен прв пат слушам :D Не, не без смеење, совен Армани, Гучи и тие таквите од Холивуд што ги знам, за другово појма си немам :) А не сум ни заинтересирана :lol:
     
  11. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^немав појма ни јас кој е Масимо Дути,имам една братучетка која пати од синдромот за купено од Солун,па кога бев со нејзе ја видов продавницата и како што кажав реплика е на Ралф Лорен,све е исто со РЛ само место тоа РЛ има МД
     
  12. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Kорпорацијата INDITEX e една од најголемите текстилни компании во светот која ги има брендовите: ZARA.BERSHKA,PULL&BEAR,STRADIVARIUS,OUSHO,ZARA HOME,MASSIMO DUTTI и UTERQUE(која сеуште ја нема во Грција),и како што може и самите да видите се работи за еден ист производ само со различно име.Така да,незнам колку сте забележале ,но квалитетот,материјалите,каде се шиени итн. се исти без разлика во која продавница се купени.Луѓето си направиле стратегија за таргетирање на широките народни маси(од деца ,тинејџери,повозрасни) секаде во светот и се многу успешни во тоа.
    Пред се ,ова се брендови кои може да си ги дозволи секој(на запад,кај нас малку потешко).
    И не станува збор за некаква висока мода,туку за секојдневна облека.
    А тоа дека Солун е рај за купохоличари се сложувам и полесно е за трошење пари затоа што имаш евра и полесно е во евра кога плакаш затоа што одиш да ги потрошиш.Цените се исти како кај нас, во Манго на пример е за околу 10%поскапо кај нас.Кај нас не ни има друг бренд од овие што погоре ги наведов(да не ја мешаме EVROAZIJA- нема франшиза за ди продаваBERSHKA и STRADIVARIUS).

    :o :o :o
    Бидејки Солун има поголем број на продавници ,а со самото тоа и поголем избор,јас сум за ШOПИНГ ВО СОЛУН.
     
  13. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Летово прв пат ја имав таа чест да одам во соседната ни Грција на одмор. Не дека до сега не сум сакала, туку се додека не почна да работи, дечко ми беше "локал-патриот". Кога почна да работи и виде дека муабетот: " Не одете во Грција-грците не маразат" е прикаска за обичниот народ. Во бизнисот никој не гледа дали си грк или македонец, а политикава ни е мноу контрадикторна, пола влада летува во Грција, пола буџет отиде во грчки фирми за обиколници, проекти и незнам што се не, како да нема фирми во земјава наша...ама ајде, мора и народов на нешто да се пали.
    Туку муабетов ми е , си резервиравме ние хотелче на третиот крак, мирно местенце, запаливме колата и брм, брм...два пати го утнавме патот , а грците беа толку фини, дури и ни цртаа како да стигнеме до местото, на едно место дури и не почастија сокче, да одмориме, па да си го фатиме патот. Кога стигнавме, кој од кој пофин, сите одма те прашуваат од каде си, а ние гордо: "Од Македонија". Никој не не погледна попреку , ниту нешто рече: "А Македонија, убаво, повелете на море, ние ќе дојдеме во Охрид на езеро... "
    И онака со прашалници се чудиме, ова ли беа грците што не мразат, сакаат да не убијат, стават на ражен и сервираат како гиро ? :^)
    И фино си одмаравме, кога облачиња дојдоаа, залади, почна да врне. Едно локално старче ни кажа дека два дена ќе биде такво времето, па ние за да не скиснеме во хотелот, запаливме количето и трк до Солун.
    Во Солун времето троа подобро, па си шеткавме по улиците, и почнав да го лепам носето по излози, кога видов едно фустанче што да ви кажувам. Ама си викам немаш толку пари, седи си мирна, не влегувај во продавницата. И така едно 5 минути си се убедувам дали да влезам или не...и влегов...со кисела фацичка прашувам колку е, кога тоа да ти било 20 евра...и си рачунам 20 евра се 1200 денари..па зошто да не.
    И така задоволна си ја мавтам кесичката со фустанчето во раце, кога гледам друштвово фаќа место во еден кафич, па фино си се напив нес, шмрк на цевчето...кога тоа кафе да ти било, не како кај нас му ставиле две гранули да мириса на нес, тоа грците на штедат на кафето, а цената...исто како на Македонија да го пиеш. 8)
    И така си го терам есапот низ глава уште колку мојот буџет може да издржи, па од таму да гиро во Гирадико ( не тоа на Партизанска ) туку оригиналното, со многу мевце .
    И веќе почна да се стемнува, си ги спакував кесичките во гепек, стомакот полн, квалитетно најадена и напиена.... и назад во хотел. Таму една модна ревија му приредив на дечко ми, да види на што ги потрошил парите :lol:
    Сума сумарум прекрасно си поминав.
    Дали би одела пак ? - ДА !

    Оставете ги тие девојки што Солун го доживуваат како Париз.
    Едно време ако ви текнува Бугарија беше шопинг-мека, и тогаш имаше такви што кога одеа во Бугарија како во Њујорк да отишле. Такви секогаш ќе има. Без разлика дали ќе одите во Солун, во Белград или во Виена на шопинг, ќе видите колку времето касни во земјичкава наша, не само во модата, општо гледано чуден менталитет сме, ништо не ни се погаѓа.
    Затоа секој индивидуално нека си процени што треба да прави, ама сепак мислам дека додека не видиш , не можеш да коментираш.

    И се извинувам што ми е огромен постов, ама морав да си кажам се :)
     
    На pinkylady, sesilija, sweetyears и 8 други им се допаѓа ова.
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    И последно што се изначудив завчера во Солун, јес да секоја година идам на одмор со родителите таму, ниеден проблем сум немала НИКОГАШ, ама завчера прв пат во Солун продавачите ми викаа на македонски фала, приетно, повели, на сестра ми од соблекувална еден и вика остави тука (за облека која нема да ја купи).

    Нема ништо лошо ако не сакаш да одиш во Солун, неќеш ок. Ама да си бил и потоа да не сакаш поради Х причини. А најчесто тие што не сакаат никогаш не биле на Солун и имаат мислење дека е скапо, дека се купува од брендови, а ова се само некои фирми за обична потрошувачка кои за жал ги нема во Македонија, не се оди по квалитет, се оди за попуст, за квантитет, ама за избор пред се каков што немаме тука а пак и тука вриеме од квантитет.

    Само штета што пред се е тинејџерска повеќе гардаробата. Она поквалитетното е пак скапичко и 70% да има попуст некои работи мене ми се пак скапи :$
     
  15. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Леле, а да знаете колку се гордеев кога им кажував на другарките дека маичката ми од Космос и дека е 5 евра!!!! ВАУУУУ!!!!!
    На гз испопаѓаа!!!!!! |( |( |(
     
    На pinkylady, rossonerka и Bokicka им се допаѓа ова.
  16. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Зошто да не одам на шопинг во Солун?

    Кога одам во Солун на шопинг, си купувам квалитетна гардероба по многу ниски цени, си пијам кафе покрај море, се шетам по улици кои мирисаат на цимет, јадам гиро - АМА право гиро, продолжувам со шопинг, седнувам да ручам и полека си тргам накај дома. На граница ќе си земам две до три штеки цигари и сосема задоволна се упатувам кон милото ми Скопје!

    Никогаш не сум кажала дека нешто ми е од Солун. Не знам зошто тоа да го кажам како да е од некое место надвор од планетава. Па побогу не купувам од таму затоа што тоа е од Солуууун (кој во принцип воопшто не е некој моден центар).

    Го сакам целиот Солунски процес на купување и правење мераци. Градот е преубав и можеби шопингот ми е само изговор за да се почувствувам убаво и да си ја исполнам плуќата и душичката со морски воздух.

    Ја сакам целата таа гужва што ја создава градот. Ги сакам слатките кои се печат на самата Цимитски и те опиваат дури шеташ низ продавниците. Го сакам мирисот на гиро. Го сакам Солун како град! Ако сака и на вонземјани нека е, ич не ми е гајле чив е. Мене градот Солун ми е убав и јас сакам секогаш кога имам прилика да го посетам.

    Се што сум си купила од таму ми трае, што значи дека е квалитетно. Пола работи што сум ги купила од Скопје по истите цени од маалските продавнички за два месеци сум ги фрлила.

    Ќе одам во Солун на шопинг и ќе си купам квалитетна гардероба по ефтини цени. Ќе одам во Солун на шопинг, за да го мрднам малце задников од нашето зачадено Скопје. Ќе одам во Солун на шопинг и ќе пијам право нес покрај море. Ќе одам во Солуна града, затоа што таа прошетка ќе ми ја исполни душичката, ќе ми го заскокотка срценцето и ќе ме направи среќна.

    Па, крај краева вреди да се живее за моментите кога си ја полниме душичката нели ;)
     
    На pinkylady, sesilija, Dafnee и 3 други им се допаѓа ова.
  17. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    2.427
    aj и јас да се изјаснам во врска со темава..
    не сум била до сега на шопинг во Солун - не заради тоа што сум некој патриот или нз што, туку заради тоа што никогаш не одам на такви големи шопинзи, некако не можам да се справам со купување многу работи на еднаш, си купувам постепено, што кога ми треба и кога ке си најдам..
    не сум била ни во Шутка заради тоа
    бев во Милано кога имаше огромни попусти и си купив од таму само 2 блузички (па сега видете колку сакам да шетам низ глужва и да чекам ред)
    Сум била на одмор во Грција, и сум била 100000000пати позадоволна од услужноста и условите кои ги пружат грците, за разлика од оние во Охрид ,,,
    Сакам да отидам во Солун, али само на шетање, да отидам да ги видам метеорите, оти знам ако отидам на шопинг ке биде како и секогаш, нема да ми се пробува и чека на каса, па затоа ке си купам само малце работи.. не заради што нема избор, туку заради тоа што јас сум си таква.. :)
     
  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Еве сега ќе ви покажам јес да е вкус нели во прашање. Али јас не сум слушнала одаааамна некој да се фали ова ми е од Солун. Да се фалам за прстен од 1 евро? Не, среќна сум само што не го купив од Македонија за 500 денари истиот. Разликата е 400 денари. За тие 400 уште убава блуза си купив.
    Мене пола накит ми е од бит пазар, супер има работи, финтата е што каснат со некои модели, како на пример vintage накитот е модерен низ овие марки некои си за широка потрошувачка, а кај нас уште го нема.

    Oва е евро ипол. 90 денари.
    [​IMG][​IMG]

    Ова е 3 евра и нешто. Значи 200 денари. како бакар е всушност
    [​IMG][​IMG]

    Оние ланчиња од винтејџ темата повеќето ги имаше 3 евра. Менѓуши не носам, ама секакви имаше од 1 до 3 евра повеќето беа.
    Старфиш е по тој накит сигурна сум дека повеќе купено има.

    Ах да ова ми се прстени од тука по 250 до 300 отприлика ги земав.
    За жал слични тој модел беа по 2 евра од Бершка и Сфера. Жалам што ги купив тука. Па и од пазар земав ваков 150 и таму значи е поскап |(
    [​IMG]

    Блузава пример од 35 евра ја земав за 15. Тоа е 60 или 70% попуст колку доаѓа. 900 денари.
    [​IMG]
    Ова од манго 4 евра значи 240 денари
    [​IMG]

    Ги сакав многу овие фармерки но 38 мали, 40 големи ми беа. од 44 евра на 19 беа
    [​IMG]

    Фармерки тесни средно светли за 7 евра т.е 420 денари

    Патикиве по 30 евра, 1800 денари значи Pull&Bear
    [​IMG]
    [​IMG]

    карирани панталончиња 600 денари :?:

    A дека купував и за муж ми.
    Марк и Спенсер намаление по 25 евриќи беа џемперчиња
    http://www.marksandspencer.com/Blue-Har ... 1295686624
    ова 19 евра 1200 денарчиња
    [​IMG]
    и ова 15, 900 денари
    [​IMG]

    И едно фустанче нова колекција божем, 30 евра свечено пренајубаво, одвај чекам некој на свадба да ме покани да го носам :lol: ајде некој нека се мажи/жени :$
     
    На LivingGlam и ludoto19 им се допаѓа ова.
  19. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Еве јас ќе додадам нешто за накитот.
    Мене ми е слабост да, иако овојпат не купував многу накит.

    Вакви обетки,само бакарни, и со уште еден детал плус, купив за 3 евра. Во Ск вакви ноу веј!
    [​IMG]

    алки вакви, имаше голем избор во Страдивариус, и тоа од 4 до 5.50 евра.
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG]

    Си купив и едно лачненце, од овој тип. Ваквите ланчиња беа од 4 до 6 евра.
    [​IMG]

    Накитот што го купувам таму, со сигурност ви кажувам дека во Ск не сум го нашла, барем не за тие пари.... не знам зошто би ве лажела...
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Старфиш јас се нанервирав за сетовите алки.
    Беа по бројчиња ама мене мали ми беа сите. Беа откупени големите. А мнооооооогу ми се свиѓаа ќе си пукнев од мака што немам потенка рака :D