1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не одете на шопинг во Солун

Дискусија во 'Мода и стил' започната од milenchica, 21 јануари 2011.

  1. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Мене ми е криво што не си купив часовник. :(
    Им го флрив меракот на тие со цветовите....ама пуста јас, пишман сум, се мислев и се откажав.
    Здравје!
     
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Знам на кои мислиш. :lol: Јас барав кафен кожен ама немаше, мислам кожа која поминала покрај кожа. Цветните некако ми беа ограничени многу.
    Ах алките бе зашто ми ги постави тука ги сакам ;(

    А да ви ги покажам од Зара ташните на попуст :inlove:
    По 9 евра беа
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Чевливе по 9 исто
    [​IMG]

    Ова 19
    [​IMG]
    [​IMG]

    15 евра
    [​IMG]

    едит.
    а еве ви линк видете си цени кои ги менуваат на неколку дена во зависност од колку парчиња им е останато
    http://www.zara.com/webapp/wcs/stores/s ... 2BTO%2BBUY
     
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Росоњерче мислам дека заслужено треба да си побараш траен попуст у Зара! ;) Каква реклама им удри алал да ти е.
    Јас ќе бидам застапник на H&M еве и може да се јадеме како конкуренција ]:) :lol:

    Шала на страна, не секогаш на попуст ќе најде човек она што го бара. Не секој има окце за шопинг и за наоѓање ефтини и квалитетни парчиња. Така да не може секој да очекува дека ако уплати во агенција за шопинг во Солун ќе се врати со полни ќеси, поготово ако тргнал со скромно буџетче од неколку 50ина евра. Плус рачунајте дека баш вашето бројче и не мора да го имаат. Абе хаос е на попусти, да се утепаш да најдеш нешто и на крај пак гледаш цел град ја носи истата роба која била на попуст. Толку од уникатноста :)
    Така да девојки, оние кои одите во Солун а поготово оние шопинг девици, малку скротете си ги очекувањата, бидејќи тоа дека една знаела да направи добар "kauf" што би рекле браќата Германци, не значи дека ќе биде правило за сите.

    А сеуште цврсто стојам на тоа, дека и во Македонија има огромен избор, само треба да се отвори окцето нашироко и надубоко, и да се гледа :) И пред се да се ослободиме од нашено - секаде е подобро од дома, затоа што не секогаш е така. Цел свет се претвори во огромно потрошувачко, глобално село, и смешно е да се тврди дека само таму или онаму има добар избор и квалитетна роба која нема да се најде никаде. Тоа едино ако Донатела ви направи фустан по нарачка, инаку тешко :)

    Политички и патриотски побуди? Јок. Не го кажувам заради тоа, туку заради реално согледани работи. А веќе па и нашиве врвни политичари ми покажаа верност према државава кога им ги сликаа сончаните г’зови во Грчка на одмор :)
     
    На girl1985 и rossonerka им се допаѓа ова.
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Аааа Пирамитке ќе ти правам промет и на тебе :D

    Иначе јас си ја сакам Зара зашто има колекции кои не се типично тинејџерски како Бершка и Страдивариус, има тука сукњи, панталони, сакоа, палта ...
    Е сега многу убаво им кажа на тие што одам прв пат да не очекуваат многу.
    Се случувало да носам доста пари и речиси сите да си ги вратам и со 3 кеси да дојдам зашто ќе ми пукне филм од гужви, ќе ме мрзи да пробувам итн.
    А се случувало после одмор да отидам само ус пат до Космос и да излезам со 15 кеси.

    A и треба да знаеш да шопингуваш.
    Во Зара во еден дел имаше кондури ставени под фустани кои одвај ги видов. Беа чизмите по 9 евра. Убавите ефтини работи се негде забутани, чевлите се ставени по рафтови итн. Барајте секаде, во Зара треба да се наведнуваш пола чевли се наредени доле под фустаните, сакоата, под се има чевли. Jaкните во бершка се во ќоше. во Страдивариус фустаните беа мислиш у магацин пред да влезеш ставени на закачалки уџум.
    И кога ќе влезеш во продавница одма ти е наредена нова колекција средена, здиплена, светка, значиња NEW NEW NEW ама треба да ги избегнеш и да отидеш таму кај што се е расфрлано, нездиплено и да се изнакупиш :D

    А многу точно пола град ќе го носи она што од Солун си го купил. Проблемот е што ќе помине уште 1 сезона додека да стигнат кај нас винтејџ накитот, додека да стигнат насекаде сакоата, додека да стигнат чизмите со врвки итн. Кинезите каснат со модата на овие шапнскиве фирми :D
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    4.847
    Пол:
    Женски
    ок, убаво за вас што си шетате и си купувате. Да се навратам на мојата желба да го видам накитот.
    Росенерка фала за сликите, со здравје да си го носиш накитот, ама мене лично не ми е ништо посебно. Обична бижутерија
    Сама можам да си направам милион пати поубав, али секој со свој вкус.
    Btw и сликите од облека што си имаш постирано не ми се свиѓаат. Си имам некој свој вкус, не сакам vintage облека, ни таков накит, нити пак широки фармерки и цветни блузи.
    Со ова ми се докажа дека и на попуст без разлика дали е солун, париз, милано ако не најдам нешто што не ми е по вкус џабе ми е и без пари да ми го даваат
    Секоја чест на вас
    поздрав :hai:
     
    На 1234girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Во ред бе Шери секој со свој вкус.
    Не знам што очекувавте фустани Ели Саб, капут Бурбери, фармери Долче и Габана, ташна Мулбери, накит Сваровски и Тифани ...
    Знаеш бижутеријава не е wow во несвест ама за тоа што го нуди е преефтина. Кај нас има многу многу многу скапа бижутерија. Оваа бижутерија е ем помодерна бар за мене и цена дури помала и од наш бит пазар.
    Јас не знам да правам накит, јебига, затоа и си купувам :)
    А 100 пати имам кажано за квалитетот што го нудат овие продавници, подпросечен е. Ама има избор премногу.
    Јас работам и барав таква облека. Таква и ми се допаѓа и таква треба да носам ;)
    И Лобутин нуди 50% попуст. Ама тој е колку 20 чевли од Зара на попуст да си купам. :)
     
    На Hipster, Elen.b, Angelche и 3 други им се допаѓа ова.
  7. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Лобутин има во Солун?? :o
     
  8. purple.butterfly

    purple.butterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    23
    Off topic:
    Трендафилка, да те прашам за попустот во Мак Примат, знам дека имаат секоја година, ама нели е втора половина на јануари? Јас бев во четвртокот и немаше, а и продавачките не знаеле дали ќе има, чекале од газдите шо ќе им кажат. Сега ме зачуди што викаш во февруари, оти лани мислам дека во јануари беше.

    Јас лани си купив многу убаво капутче на попуст за 1990 денари и збор немам за квалитетот - 1 класа.

    Ако разбереш дали и кога ќе биде попустов годинава може да пишеш?
     
  9. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Шери ,Росоњерка има постирано она што е во нејзин стил што и се допаѓало и го има купено , и тоа незначи дека во Солун го има само тој стил , како што и во Мк нема само еден стил во сите продавници и во сите колекции.

    Како второ ,Солун е далеку од град кој важи за светски познат за шопинг ,туку е само град во кој може да се најдат убави квалитетни работи по наш стандард ,а е најблиску како таков до нас :) И далеку од тоа дека во Солун луѓево од кај нас одат за да купат марка Армани Версачи Долче&Габана Кавали , јас мислам дека воопшто ни од излог не ги погледнале што се вика, туку купуваат во продавници кои всушност воопшто и не се марки само се популарен бренд а се со цени како кај нас во Елит ,Еко и остали локални продавници , а со далеку подобар квалитет и избор.

    Трето , ако за ништо друго убаво е да се прошета низ некој друг град па бил Солун или Охрид , а автобуската карта е околу 800 денари ,па ти се исплати и ништо да не купиш да отидеш на кафе,гиро и прошетка.

    Четврто ми се повраќа од феноменот "патриоти сме не идеме во Грција"!!! |( Е тоа што нема да отидете сварно многу ќе крене прашина , ќе ја одбраните државава ,у П.М... |( Народот во Грција не е ни најмалку исполитизиран како нашиот ,и воопшто не се замраат дали се од Македонија , Италија или Пакистан ;) А ние се дур бидеме со такви да не кажам заостанати мислењa ,ќе си се труеме со свој отров ,и ќе стагнираме во место...затоашто Грујо Јанко Петко ни се идоли :^) :puke:
     
    На 1234girl, BoaVista и rossonerka им се допаѓа ова.
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Не не не.
    Само онака треснав дека ја сакам лобутинки, гледав на нет попусти по 250 долари, ама Зара просечна фирма слични беа 20 евра. Па не можеш да очекувап квалитет, уникатност, удобност невидена и којзнае уште што за 20 евра.
    Не е ни бижутеријата Тифани па да паѓаш на гз.

    Иначе баш мнооооогу велат Лобутинките воопшто не се удобни :lol:

    Во Солун нема фирмишта, нема некои брендови светски, додуше мож и има не ни знам кај се.

    Има гардероба, избор и попусти за обични луѓе со скромни примања.
     
  11. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Не ми се верува дека уште се натегате за тоа дали треба или не треба да се оди во Солун. Темава 10 страни достигнала... Тие што се задоволуваат со облека и накит од Скопје - нека си пазарат тука, никој не им брани. Тие пак што сакаат да прошетаат и да видат што нуди Солун - нека одат, па ако им се допаднало, пак ќе отидат.
    Прв пат слушам дека е престиж да се пазари од таму и дека сите се фалат ако си купиле нешто од Солун (со не знам каков акцент :^) ). На крајот на краиштата и порано Солун бил трговски центар во кој цела Југославија пазарела.
    Нема потреба од вакви долгометражни дебати, кој каде сака ќе си купува.
     
    На rossonerka и Miss-Independent им се допаѓа ова.
  12. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    4.847
    Пол:
    Женски
    леле ме нападнавте :D :D
    Па кај реков дека сакам марки и незз што?
    Јас ги прокоментирав сликите што ги има постирано Росонерка. Таман работа дека има само такви работи..
    Ај да се откажам јас од темава зашто измешавме мислења на големо :D
     
  13. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Е ај да ви кажам нешто.Јас сум дијагностициран купохоличар и лани ова време бев во Милано со една цел-ШОПИНГ.Значи она што го нуди Милано,во Солун не ни постои(јес да има некои подобри брендови), и да ви кажам купив една ташна од Прада за 350 евра и тоа во аутлет. една Армани кожна јакна на попуст,балетанки Барбери за керка ми и исти такви за мене, и Маноло Бланик за мене на 80% од ланската колекција(ги купив за толку колку што се кај нас убави брендирани кондури од Шевињон на редовна цена_),што мене искрено многу ми се удобни и до сега ги имам носено неколку пати.Купував и други работи кои ги има и во Солун . Да ви кажам потрошив исто толку пари како и во солун кога одам и кога нема попусти.Според мене ова беше исплатливо ,не за друго имам инвестиции што ке и ги оставам на керка ми во наследство :D :D :D .
    Тоа таму е запад,таму не може да видите човек без ќеса со некое познато лого во рака .
    Инаку кај нас се популарниот Луј Витон и таму е скапичок на попуст една просечна ташна е околу200-300 евра на попуст.
    Јас можеби залутав од темата,но ова беше навистина луксузен шопинг за наши услови.Таму девојките на улица ги гледаш со по неколку кеси од светските имиња,плус тоа се намирисани и нашминкани ко да излегле сега од дома ,а не како да прошле километри на високи штикли. :^) :^) :^)
    И да знаете таму Зара е малку поскапа од грчката(мислам на редовни цени). :D :D :D :D
     
  14. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Има продавници на Луј,Долче Гагана,Армани покрај море во Солун.
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Мене тоа Солун веројатно ми останало во меморија од средно, зашто јас учев во ЈБТ |( и таму секоја е*ана година се трубеше на големо за фамозниот попуст |( и делуваше дека одат нарочито баш таму на шопинг, од чисто претенциозни причини, зашто ниту се носеа нешто екстра убаво (баш напротив, секогаш имаше поубаво дотерани девојчиња кои се облекуваа во Скопје), ама само тоа им беше во устата - од Солун ми е, ама од Солун ми е, ме слушаш ли???
    :^)
    Да, добро, слушнав, од Солун ти е, на попуст.
    Ајде сега get a life.

    Баш заради тоа ми е одбивно, тоа е дел од причината.
    Секако, не тврдам дека сум 100% во право, се надевам во најскоро можно време ќе имам можност да отидам и да си го сменам мислењето, иако ќе повторам - за парче облека реално толку мака не се исплати, ама ок е - сите сме различни луѓе, некому модата му е каприц, некому можност да се истакне зашто нема со што друго, некому религија, а некому - уво не го боли за Лобутин и Марк Џејкобс и Том Форд.

    Ќе кажам за крај една многу битна работа - во Солун или во Скопје, сеедно, гледам дека повеќето тука сме сите во ист кош.
    Сите сакаме да најдеме нешто поевтино и сите чекаме попуст.

    Вистинските модни фанатици и шопингохоличари не чекаат попуст и не прават компромис со парчиња од минатата сезона.
    Одат било каде, во било која доба од годината и купуваат колку сакаат и што сакаат.
    ;)
     
    На FBI, girl1985, ludoto19 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Ах, Тренди, ЈБТ симптоми.... познати ми се, познати |(
    Факт е дека вкус или имаш или немаш. И самиот Господ да ти симне парче облека, ако не знаеш да го комбинираш и носиш, џабе ти е!
    И тоа последното да. И да сакам, не можам да бидам декларирана купохоличарка, без разлика колку уживам во тоа и колку трошам на шопинг. Спокојно си чекам попусти и си ја радувам душичката :)
     
    На girl1985 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  17. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    A јас ви препорачувам да го погледнете Confessions of a Shopaholic направен по истоимената книга на Софи Кинсела, спремете си пуканки и дигнете нозе во вис и уживајте и слатко подсмејте се или пронајдете се во некои моменти :lol:

    [​IMG]
     
  18. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    776
    Луѓе - Грција е прекрасна земја ! :)

    Само што народот, политиката им е ужасна !

    Исто како Македонија ! :)
     
    На Teodora34 и Name им се допаѓа ова.
  19. Elen.b

    Elen.b Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    40
    Ајде и јас да прокоментирам......ако се мислите дали да одите или не јас би ви рекла ДА........Не дека ке бидете главна фаца зошто сте биле на шопинг бев во Солун, како кој знае каде и во какви продавници или брендови, сигурна сум дека скапите брендови и ретко кој ке си ги дозволи.....сите обично пазарат по Х М, ЗАРА.....итн.......но заради што стварно кој бил знае дека таму има мнооогуу поголем избор, облека за секој вкус и стил и потрендовска облека за ниски цени (кога има намаление нормално)......

    Парчињата се потрендовски од тукашните што земаат сите од исто место и ги има во секој втор бутик маалски па после низ град уште 10 како твоето маиче......
    плус....многу поефтино кога има намаление, кај нас нема такви ни продавници ни намаленија, ....пример МАНГО во Солун е поефтино и има повеќе избор.....
    ......Исто робата се чисти до година има нови парчиња намалени, не како тука, се намалуваат од пред 3 години демодираните работи,.......или се вадат во наредните 3 години како да се од оваа сезона,.....
    Евроазија знам дека е аутлет,....ама има работи веќе ептен демодирани а не се намалени поскапи се од што биле пред 3 години да речеме во Солун или Белград или било каде......Така да кој се мисли дали да оди или не нека оди слободно...има за сечиј вкус облека...............



    Има, чисто информативно ти кажувам, http://www.megaoutlet.gr/....Mega Outlet се вика и има Д & Г,..АРМАНИ,....итн не сум била ама викаат дека нема нешто особено, повисоки цени и демодирани работи, само ако сакаш спортска облека вредело......
     
  20. LuisRoyo

    LuisRoyo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    12
    минатото 9843498232398 работи изнакупив од фармерки , џемперчиња, фустанчиња, маички, римјанки..зимата исто..сега неделава идам пак ..едвај чекам..не дека викам дека тука ништо не може да се најде ја у тек на година и од тука купувам по нешто..но мноооооогу голем товар си симнувам -секој месец да морам да барам фармерки џемперчиња..кои ќе ме чинат повеќе..па и да е од било каква маалска продавница.не викам дека мора да е марка, но сакам да е убаво! и у скопје ретко кога нешто ќе обмислам можам да си најдам..и прочитав некој пишал сега на попуст кошули има у ск по 600-800 ден..ја си земав од сфера за 6 евра кошула и 4 евра мајца,значи дури и мајца плус иам! колку и да има попуст кај нас таков ФАКТ е дека нема..кај нас знаат само ќе донесат роба што чини 500 ден ќе ја качат на 2000 и после попуст 1800 фино фино..и бершка сфера пулендбеар не ги сметам за нешто повеќе од трн..зара и мнг ги ставам на некое ниво повисоко..така да оние муабети за брендирана облека не држат вода.. и баш откако е создадена групава читам 21 јануари читам и се чудам :О ја отидов викендот одма штом почна попустот дека нели веќе од идната недела со школо се почнуваше..значи на 15ти јан ја се изнакупив за џабе а веќе идните викенди другарки мои идеа..исто се изнакупуваа..не знам каде сте шетале:) ама очигледно јака дезинформација е дека немало попусти :)


    тотално се согласувам со се тука, значи зимава ја си земав балетанки од манго за 15 евра у солун, тука пролетта ги имаше за 3400! на попуст не ни видов дека беа отпосле.. од бершка летото минато за 2евра-120 ден мајца си најдов >< што ја изнаносев ОХОХОХОХОООО, и ми се скина тек сеа летово..ама не гарантирам дека е квалитет не го ни очекувам за 2 евра ма.да се покажа преквалитетна за тие пари..