1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не одете на шопинг во Солун

Дискусија во 'Мода и стил' започната од milenchica, 21 јануари 2011.

  1. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Не одете на шопинг во Солун
    Прво и основно насловот можеше да биде некоја поблага верзија, нешто како "Лошото искуство од Шопинг во Солун", зашто вака ептен е како некоја пропаганда која го забранува тоа, а не дај боже некој ќе си помисли од политички или било какви причини |( :wasntme:
    Второ како што кажав ова и е само лошо искуство, затоа што пред се јас сум била безброј пати и се нема случено некој поголем инцидент (Може во моментов им е малку хаотична ситуацијата, но во главно се трудат колку што е можно да ги држат работите под контрола)
    Третто, попустите кои траат од таа до таа дата се НАВИСТИНА попусти и до 70/90% за разлика од тие кај нас... Затоа што се знае дека таа роба нема да служи пример на крајот од сезоната и мора да биде распродадена.
    Освен тоа можеш да си дозволиш квалитетни парчиња облека или обувки по ниски цени само затоа што биле на распродажба :inlove:
    Тоа е мое мислење и како што кажав секој може да има различни искуства, но не мора заради тоа да се прават теми кои носат порака НЕ одете или МОРА да одите на шопинг во Солун.
     
  2. anabela931

    anabela931 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    41
    Значи дефинитивно не си го погодила терминот, јас бев пред 2 недели- страшно намаление си изнакупив џемперчиња по 6 евра панталони по 7 евра блузички по 4 евра - од zara, bershka, pull and bear, h &m i tn
    Треба само да се погоди терминот а ако нагазеш намаление дефинитивно се исплака и не само тоа тука нема секој 2 да биде облечен како тебе
     
    На Elen.b му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Сум била два пати на шопинг во солун и би отишла уште сто пати!! Значи кај нив попустот е попуст вистински онака 80% или 90% ,а не ко кај нас 20% ! Жива глупост! Плус имам маичка од таму што ја платив 3 евра и ја носам редовно 4 години па можам да ви кажам дека ни конец не и виси а ја убивам од носење,затоа за квалитет не зборете нешто што не е точно!!( за пул анд биер) станува збор! Исто така имам јакничка 15 евра и ја носам 3 години и нигде во македонијава немам видено ни слична! Исто така патиките од фут лукер можеби се скапи но кога се на попуст имаат стварно добри цени! Во македонија после две години дојдоа такви патики и тоа има избор три пара,а во космос има избор 50 пара! Па мислам има тродупло повеќе избор од кај нас и дефинитивно по прифатливи цени! Многу повеќе се исплати шопингот во грчка(солун)!!!!!!
     
  4. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Јас не сум била и искрено размислувам дали да појдам...
    Не заради темава, скараја да е и далеку, вакви глупости не ме премислуваат, ама ве читам како од брендирани продавници купувате роба по ептен ниски цени за време на попусти. И не ми е јасно: ако тоа се оригинали како може да дојдат до толку ниски цени?! :^)
    А и друго, не се рекло за џабе колку пари толку музика, па и тоа ме премислува. Значи, квалитетот на облеката. Знаеме дека е што е поефтино не е баш квалитетно. А искрено, не сум од оние кои фрлаат пари за после тоа да се скине при второ носење. Затоа и преферирам по скапа облека.
    Не сфакајте ме погрешно, не ви солам памет или нешто слично, само си кажувам мислење зошто не ми с еоди во Солун.
    И уште нешто: насловов е страшен. Звучи ко таму да колат да бесат, да јадат луѓе. Можел поблаг да биде.
     
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Затоа што се на попуст. Кога поминува сезоната се’ што останало се распродава и се воведува нова колекција, облеката не им стои во продавница со години како кај нас.
    Истата облека што ја преферираш и е поскапа ќе ја најдеш и тогаш, само што цената ќе е преполовена.
     
  6. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Па и не се баш некои брандови со јак квалитет, туку онака просечни, масовно производство за масовна потрошувачка. И секаде во светот пазарот функционира така, робата од стара сезона се продава по најниски можни цени, затоа што имаат веќе нова, а ако чуваат залихи од старата роба тоа им повлекува трошоци. Па им одговара да се ослободат од таа роба, а ние просечните купувачи не го менуваме гардероберот секоја сезона, па ни одговара да си носиме и стара роба (јас лично немам проблем со облеката стара и неколку години, а камо ли пак сезони)
    До некаде и важи она колку пари толку музика, неможаш сепак да очекуваш маичка од бершка за 3 евра да ја носиш со години ко лакосте маица на пример. Ама за сезона-две врши работа
    Јас би ти советувала да идеш, да видиш. Сега пред една недела за некои 150 евра си купив мнооогу ствари, неможам ни да си поверувам. А да купував од скопје, само едни фармерки и патикте ќе ме коштаа 100 евра. Значи истите патики кај нас во најк се 70 евра, а таму за 40 ги најдов, и истите фармерки од telly waijl кај нас се мин по 2500, а јас си ги земам за 10 евра. Епа значи само со овие две работи ми се испати целиот пат и те како, а да не зборам за останати фустанчиња, маички, накит за смешни цени
    Значи не зборуваме за оригинали од типит на версаче, лакосте, хилфингер, туку бутици ко зара, бершка, страдивариус...горе доле ко теранова кај нас, за просечни потрошувачи
     
  7. Elen.b

    Elen.b Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    40

    Точно, и јас ке се надоврзам,....толку ефтино е во продавници кои се наменети за широка потрошувачка и за секого, тие во новата колекција не се нешто многу скапи.......а не па на намаление :)
    Но сепак ако сакаш брендови поквалитетни и подобри има и такви, и таму има намаление но сепак, нема да бидат сандали за 10 евра како во овие другите :) Само ке бидат мнооогу поефтини од кај нас, ако и воопшто го има тоа кај нас..............
     
  8. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    Бев во Солун баш на 30 јули,и можам да кажам дека супер поминав,за 80 евра купив Nike :D (не дека се фалам,ама преубави се и цената им беше падната од 90 евра на 55 евра).Си купив 4-5 блузи за смешна цена од 5 евра ( а истите мајци од кај нас за по 800-1000 денари ги купувам).Си купив кошулчиња (ептен интересни со коланчиња) за по 6 евра,мајка ми еден обичен фустан за 6 евра,балетанки за 5 евра од ZARA, имаше кожени чизмички во TALLY WEiJL за 15 евра...Па мислам смешни цени.. И не сум против шопингот во Солун,одам таму да ја сменам облеката,не националноста..
     
  9. Em4ii

    Em4ii Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    51
    јас вчера бев на поминвање можеби половина час бев во космос и си најдов палтенце намалено од 30 евра на 10 шо поголем попуст да ти дадат.. во нашава македонија нема шанси да биди толку намалено :)
     
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    До сите оние кои се најгомеми кобници и противници да се оди во Солун, ги замолувам да одат и да видам барем еднаш па да зборуваат. Не за џабе има толку мн девојки кои редовно одат.
    И да се разбереме, преоцитав негде некој рече целата е да се фалат дека им е од Солун. ВО мојов живот еднаш не сум рекла ОНАКА ПОТЕНЦИРАЧКИ ДЕКА ИМ Е ОД СОЛУН. И амн напуштете го тој ЈБТ синдром, не се сите лигли што биле во солун. незз само како не вие криво да им ги пуните џебовите на македонските сопственички на бутици. НЕ ВРЕДИ стварно. Ако не ми верувате мене, веувајте им на повоздрасните. Мајка ми беше со мене еднаш и самата спореди и ме советуваже да не не купувам мн од скопје, зашто во Солун може да купам нешто за поефтини пари а мн слично ако не и исто.
    Некој не збори за марки, не се марки ни Бершка, страдиваруив,и копамнија, со исклучок на МАНго кое би рекла дека едниствено за издвојува, бидејќи е светски познат бренд со квалитет.
    Одам за да не трошам мн пари за облека бидејќи е апсурд да се трошат по 1000 евра годишно за да се опремиш, за да имаш поголем избор на облека.
    Да бидеме реални, во скопје кога е најдете маички за 300 денари? НЕМА. НИ на пазар веќе нема такво нешто. И да мн ми е гајле дали тие Зара& копани се кавалитет пазар, нека бидат, не ни барам повеќе а маичка што ке ја носан една сезона.
    Реално не одам таму за да после се фалам туку за да купам нешто што е убаво, теренди а не е мн пари. реално никој не сме милионери за да фрламе пари на вуитон, гучи итн.зборам за просечно македонско платиче.
     
    На LaChiquita му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Луѓе искрено мене ми е по "престиж" да пазарам во Скопје него во Солун. Во Солун знам дека за ефтини пари сум изнакупила еден куп ставри, а за да си се подновам во Скопје богами треба повеќе парички. Така да не гледајте на Солун ко повисоко ниво, него ко попристапно
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Овие цветниве парталчиња и морнарскиот фустан што го има 3/4 од женските овде, во Грчка по тезгите ги има на секој чекор, за многу помалку пари него овде што ги шиткаат, сосема истите. Повеќе сакам да купам 5 ствари што ќе ми траат (а траат со години, мене барем), од убаво продавниче, на попуст да, него да го носам истото со пола град и за го платам дупло од што вреди. Пошто хаљинче 1200-1500 минимум е низ нашиве продавници, на попуст ваму е 10 евра, ем бренд, каков таков. Не знам зашто некој што купил нешто од Солун или било каде надвор се етикетира како лигла или сноб, голема работа. За евтини пари се купува дури и таму. Зара и Бершка да не се фолираме, не се баш Теранова во однос на квалитет, Зара особено. Кондури од Зара имам купено на попуст, за иста цена колку што нормален, просечен пар штикли кошта кај нас, ама 4 сезона ми траат, а од овде пар што сум го купила пред распаѓање е, само една година траеја.

    Инаку Хипстер, има и овде маички за 300 денари, ама маичка од пазар за 300 и маичка од H&M за 300 не е истата, по мои лично маици знам. Конец нема мрднато а не се воопшто нови. А маички на попуст од точно 5 евра има. Крај краева кој како си милува.
     
  13. gossipgirl20

    gossipgirl20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    И јас го делам мислењето дека шопинг во Солун е супер особено во овој летен период и при крај на јануари кога можат да се најдат супер парчиња облека, за многу ефтини пари. Разликата во тоа е што во Скопје кога има попусти се продаваат ама баш живи глупости(пример моментално во терранова), а во солун на попустите се наоѓаат супер ствари а пример за тоа се штикли од зара, бершка или страдивариус по 5 евра и чизми за 10 евра, што кај нас нема шанси:).Исто факт е дека сите ефтини работи што можат да се купат сега во солун , кај нас ќе ги донесат за едно 4 месеци во еуроазија, и ќе бидат тродупло поскапи што не е лага.
     
    На Elen.b и maja8 им се допаѓа ова.
  14. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Некој спомна за квалитетот. Квалитетот не е воопшто лош... не е потценувачи лош како кај нас за тие пари. Тука ако купиш на пазар некоја маичка за 200 денари може и првото носење ќе и биде последно, но од Зара или Х&М маичката за 200 денари ти е просечна маичка, која ќе си ја поносиш колку што ќе ја чуваш.

    Нормално неможе да се спореди веројатно со некои си скапи брендови, ама со сигурност работите можеш да ги носиш неколку години. На крајот на краевите, не купуваме облека која ќе ја носиме до крајот на животот.

    Чудно е затоа што ние не сме навикнати на толку големи попусти и толку ниски цени.
    Споредба со цените може да си направите на пример со Манго. Го има и таму, го има и тука - истите работи, различна цена.
     
  15. Elen.b

    Elen.b Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    40
    И колку за информација, работите што ги купуваме тука по маалските продавници што се "ефтини", можете да ги најдете Солун на кинески пазар, 3 ке купите колку едно тука ако не и повеќе, зависи колку те бидува за ценкање :) Кој бил со автобус некогаш во Солун, видел како земаат жени од кинески полни најлони за нивните бутичиња, па после ги кријат на граница, ги ставаат на себе и ги делат да не ги царинат случајно :) И нормално тука за да остварат профит си ги продаваат најмалку дупло.....А за тие пари што сте купиле тука, таму ке си земете 3 такви или барем една од Манго или не знам Зара,...било кое и да е, во секој случај подобра облека:)
     
  16. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е убаво да се отиде во првите денови од попустите, кога робата е посредена. Не сакам кога гледам како ги дрпаат, влечат алиштата, или нафрлани на тезга, па треба да копаш. Јас сакам убаво наредена роба, да можам фино да разгледувам. Оваа година најсмешно беше во Х&М, каде накитот, наочарите постојано паѓаа доле, ги шуткаат, ги газат. Муабетот ми е дека ќе дадам некое евро повеќе, но тоа што ќе го купам да не е испомачкано од нечии антиперспиранси. Ваква слика има и во некои наши дуќани за време на големите попусти.
    Сепак јас си одам во Солун и за летните и за зимските попусти. Ми се допаѓа онаа возбуда, она исчекување пред голем шопинг. Сакам и да се прошетам, па и да плакнам очи во продавниците што не се за мојот џеб, да си каснам нешто. И не купувам по секоја цена, не купувам нешто само затоа што е 2-3 евра. Ова лето си купив три работи (чанта, балеринки, и џемперче од Зара). Многу ми се убавки, постојано си ги гледам и по пристојни цени.
    Значи, ако имате можности, одете во Солун, но не со преголеми очекувања.
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cookiemonster

    Cookiemonster Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    70
    Јас кога го видов насловот на темева бев :^) оваква.Прво ти неможеш да кажуваш каде да одиме на шопинг а каде не!Второ кога прочитав некои мислења за тоа денар не давам за Гриција мислам стварно?Значи Солун не се оди за наш празник и во викенд тогаш сите одат!Се оди во обичен ден,вие или не знаете каде да одите на шопинг или грешен ви е тајмингот.Јас кога отидов во Зара пред 1 месец ги прашав продавачките кога има попуст(оваа година беше порано) и тогаш отидов и си купив за 50 евра 3 маички, пантолони,фустанче и балетанки.А што велите кај нас ги има истите работи.
    Како да не ги имало!!!
    Прво не се толкав квалитет што од Теранова и Калиопе ќе купувам секое 3 девојче (за Битола кажувам пошто таму живеам) ги носи истите работи маичките во теранова се 600 ден тоа се 10 евра па за тие пари ќе си купам од Зара,Масимо Дути,Сфера,H&M и плус се 10 пати по квалитетни!Еден капут што купив од Масимо Дути за 35 евра го имаш истиот модел само различна боја во Хапенинг за 6 и пол илјади денари!Мислам АЛООО!!За тие пари во Солун што сакам ќе си купам.После во Мега Аутлетот од таму јас купувам Sergio Tacchini,Puma,Nike...се поевтини одколку кај нас!
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    :D оваа година дека бев во Грција на одмор па решив успат да го видам Космо, Икеа, Џамбо. Не ме воодушеви воопшто. Го фатив попустот не да не, зедов некои работи чисто колку да си се подновам нешто и за малиот мој. Единствено се воодушевив на собните и градинарските цвеќиња во Икеа и не бев жива ако не купев некое (знам, луда сум, маж ми ќе ме оставеше таму :D 100 пати ми кажа да не се занесувам да не ми прават проблем на граница, ама морав преубави ми беа). А сето друго беше излишно.
    Стрикно да одам на шопинг во Солун не, искрено не.
    Знам дека ја шијат гардеробата во нашите текстилни фабрики. Една моја комшивка е некоја си шефица на текстилен погон и лани ми донесе палтенце Манго :) , да, нивен бренд со етикета. И сега правам споредба, ланските парчиња што ги зедов од Шпанија на ниедно не пишува ..произведено во Малезија, Бангладеш,, или каде уште не туку си стои ,,произведено во Шпанија,,. Кој да го знае што се не прават.
    Сепак тоа се брендови за широка потрошувачка за средна класа.
    Ги бегам тие шопинг тури, не патам од такви комплекси
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Какви комплекси? :^)
     
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Да мора да носам брендирана облека и да се прчам дека ми е од Солун (а Космо е на влез на Солун, не е во Солун :D )