Не знам дали насловот на темата е во ред и во вистинска категорија. Имам забележано дека родителите повеќе се грижат за тоа каде и со кого излегува и се дружи нивната ќерка, отколку нивниот син. Некој можеби не го почувствувал тоа на своја кожа, но има многу кои добро знаат дека ако не дојдат дома навреме, родителите ќе извртат во глава толку ситуации, а најчесто дека е со некого што ,,ја расипува'' и дека прави ,,лоши'' работи. А што се случува па тогаш кога децата се во врска? Еве. Ситуација 1. Ситуација 2. Возрасна сум и знам што правам, апсолутно ништо лошо, но сепак, имам родители кои работите ги гледаат и замислуваат многу поинаку, само затоа што сум женско. Ме интересираат ваши искуства и мислења на оваа тема.
Ако ја ѕирнеш и убаво прочиташ темата за сексуално вознемирување, ќе видиш дека не е за џабе грижата. За жал, се уште живееме во свет каде што ако си девојка, имаш поголеми шанси да бидеш нападната и повредена.
@Bitter-Sweet не знам точно колку години имаш, но во секој случај, колку и од сегашниот аспект да ти изгледа неферски и те гуши нивниот таков однос - биди среќна што се такви и цени го тоа! На овој ужасен свет, само и само родителите се тие кои те сакаат и најискрено се грижат за тебе. Колку и да е неправедно и сексистички - сепак поголемата грижа за женските и јас ја оправдувам од причина што - само ќерка може да ти дојде дома и да рече "трудна сум". Не го намалувам ризикот кој и кај двата пола постои да дете биде жртва на малтретирање од врсници/од педофил/да биде силувано/киднапирано...но секогаш женските се 'на мета' повеќе. Еве јас имам ќерка и два сина. Иако е сеуште само дете од 7 години ќерка ми, јас поголемо внимание посветувам нејзе да и објаснам да не збори со непознати, да не го лелеави фустанчето, да не дозволува да ја допре некое дете од класот ( а верувај, првачиња се и секакви глупости прават уште од сега, тоа е неверојатно ) и сл. зошто верувам дека од некоја ситница навидум небитна може да се јават трауми за цел живот. Понатаму како ќе расте мора уште повеќе внимание, кон трите деца секако, ама ете си признавам, за девојчето ми е повеќе страв.
Ние сме две сестри. Татко ми е доста конзервативен. Многу внимаваше на нас. Постојано ни кажуваше како треба да се однесуваме, со кого да се дружиме, и др. Оправдано е. На девојчињата отсекогаш повеќе се обрнува внимание, за да не станат нечии жртви.
Не секогаш е 'грижата' на родителите за девојките, е да не бидат повредени. Многу често, грижата е да не бидат 'посрамени'... и тие и нивните родители. Знаеме дека многумина веруваат во тоа дека срам носат девојките со нивното 'недолично' однесување, па после никој нема да сака да ги ожени. Едните се добри родители, другите се сексисти и шовинисти.
Се надевам дека им кажуваш на синовите да не помислат да допираат нечие фустанче или што било друго без дозвола. Во такви ситуации, синовите што чепкаат се проблемот, а не ќерките што го лелеават фустанчето.
Секако дека им кажувам и уште повеќе допрва ќе им кажувам зошто тие се сеуште многу мали ( 4 и пол и 2 и пол) а ќерка ми е веќе девојка од 7 години, кога веќе покажуваат симпатии кон спротивниот пол, па особено и потенцирам кога носи фустан да се однесува дамски, да не го поткрева и сл.
Дете е. Треба да седи нога на нога и да зборува за општественото уредување? Нормално е на 7 години да трча, скока итн.. при такви акробации, фустанчето само се поткрева.
Со примерите што ги наведе @Bitter-Sweet имам другарка на која родителите и се многу конзервативни и едвај и дозволија да има дечко на нејзини 19 години. А на помалиот брат, од прва година средно му беше дозволено без проблем да има девојка. Ова мислам доста кажува. А за тоа со вознемирувањето на женските, кажав нешто слично и во темата за сексуално вознемирување: Не треба да ги учиме само ќерките како да се бранат и да "бидат прибрани" туку и синовите да не допираат девојчиња без дозвола.
Знам дека е дете и секако дека игра трча и сето тоа но девојче на 3 години растрчано во фустанче и девојче на 7 години не е исто, особено во очите на потенцијални па и веќе обележани педофили или повозрасни деца во школо/парк/пред зграда/на улица... Можеби имам претерана грижа, но исто така имам преголема листа на регистрирани педофили и секојдневна нова вест за нов напад врз девојче, момчиња има но многу поретко од девојчиња, тоа е факт. Еве завчера во Охрид во комшии сред бел ден 71 годишен дедо силуваше 11 годишно девојче. Грозно. Па се трудам да се обидам да гледам низ призмата на манијаци ко него и се трудам да ги научам од мали моите деца да видат внимателни.
А ти мислиш дека ако фустанчето и е прибрано, ќе го спречи педофилот? Мислиш дека на таквите индивидуи им треба причина? А како планираш синовите да ги заштитиш?
Јасно ми е дека не е фустанчето тоа што педофилот ќе го привлече, но нели наброив погоре, во круговите во кои се движи ( училница, школски двор, парк, пред зграда ) има и врсници и поголеми деца па ја учам да биде внимателна со фустанчето кое ете како пример го спомнав зошто симптоматично беше во текот на учебната година децата во клас ги задевале девојчињата им кревале фустанчиња и сл. однесување што за првачиња е навистина загрижувачко. А и синовите и ќерката уште од сега ги учам да не зборуваат со непознати, да не прифаќаат ако некој им нуди бомбонче или сл. нити да влезат во возило со непознат па досега задоволна сум од тоа колку сум ги научила, па кога се поздравувам со некој што тие прв пат го гледаат и им се обрати тие прво ме прашуваат дали таа личност ја познаваме и дали да и одговорат. Пред зграда кога играат сум до нив, и во парк и било каде, и јасно ми е дека никогаш нема да се 100% безбедни, но сега засега се што можам е да зборувам и зборувам и да им вметнам некаква основа за понатаму
Се согласувам со @WildMk дека таквата грижа, повеќе контрола е повеќе поради стравот дека ќерката може да ги засрами. Примерот што го кажавте за дека ќерката може да им дојде дома и да рече дека е трудна покажува мала доза на себичност. Ако имаат син, слободно може да ја откачи девојката трудна ако не му чини, додека на неа останува да донесе тешка одлука и да се носи со коментарите од нејзините и други луѓе. Мене досега не ми дозволиле ни еднаш да се вратам покасно од 12. Срамота било девојче толку касно да седи надвор. Ако некој има намера да ми направи нешто, може и во 10 да ми го направи, не е до времето. Додека за брат ми океј, постар е, ама не го контролираат како мене. Исто ситуацијава со дечко. Со мајка ми не сум во добри односи, и секакви одвратни работи има кажувано за мојата врска. И постојано ја грижи фактот дека дома ќе и дојдам дома трудна. . Додека секако за брат ми вакви грижи нема потреба да има.
Спрема мене интелигентните родители повеќе се грижат за машките бидејќи можеби тој ќе се најде во улога силувач и напагач па го чека затворска казна.
Не знам зошто таква поделба. Дали е машко или женско, исто е. Вниманието и грижата треба да бидат подеднакви. И машко и женско можат да бидат жртви на педофил. Девојче може да забремени, машко може било која да забремени. И едниот и другиот можат да налетаат на лошо друштво. И едниот и другиот можат да си го расипат и уништат животот во било која сфера. Силувања, криминал, дрога. Нема разлика меѓу ќерка и син. Потенцијална опасност и за едниот и за другиот од сите страни.
А синот дали го воспитуваш да не го праве тоа на други женски што несакаш да го прават на твојата ќерка? И нели е посрамутување еден ден полиција да ти дојде и да каже обвинет е за силување? Или ќерката што ќе ти каже трудна сум кој е поголем грев ?
И кај мене е така. Повеќе се грижат и испрашуваат каде сум јас отколку за брат ми. И да иста би била ситуацијата како горе на сликата, доколку дознаат дека имам дечко, паники, шок, до сега не сум кажала за никого, па одма испрашување кој е 5 саати би било, а за брат ми би рекле браво само, па макар и на 14-15години да им каже. А јас еве 4та сега ќе сум. Не знам, често е така, кај другаркиве исто, за женско дете родителите многу повеќе се грижат. Тато постојано сака да ме носи, враќа кога одам навечер некаде и кога останувам до покасно, побезбедно било така според него. Не дека ми пречи, мило ми е што се грижат за мене, сепак се родители. Ама дефинитивно за машките деца нема толку многу забрани и испрашувања.
Кажувајте им се' на родителите бе. И мајка ми паничеше и ми бранеше 2 милиони работи, ама ја ги правев и и' кажував. Нека се навикни дека сум своја личност. Не им припаѓам ним.